Летни Олимписки Игри 1996

Летните олимписки игри - 1996 или официјално познати како Игрите на 26.

Олимпијада се одржаа во Атланта. Градот беше избран за домаќин на игрите во Токио во 1990 со победата над градовите Атина, Белград, Манчестер, Мелбурн и Торонто.

XVII Зимски олимписки игри
Град домаќин
Бр. на држави 197
Бр. на спортисти 10,320
(6,797 мажи, 3,523 жени)
Натпревари 271 од 26 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: Бил Клинтон
Спортска заклетва Тереза Едвардс
Олимписка заклетва Хобл Билингсли
Олимписки оган Мухамед Али
Стадион

Изборот на град-домаќин

Некои чувствувале дека најповолно е Атина да биде град домаќин на игрите како 100 -годишнина од одржувањето на првите модерни олимписки игри. Но, сепак МОК истакнал дека Атина не може да ги организира игрите во 1996, туку евентуално игрите во 2004. Гласањето за избор на град-домаќин на игрите се одржало во рамките на 96. сесија на МОК во Токио на 18 септември 1990. Во следнава табела се дадени резултатите од гласањето за избор на град-домаќин на игрите (the International Olympic Committee Vote History Архивирано на 25 мај 2008 г.).

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1996
Град Земја Прв круг Втор круг Трет круг Четврти круг Петти круг
Атланта Летни Олимписки Игри 1996  САД 19 20 26 34 51
Атина Летни Олимписки Игри 1996  Грција 23 23 26 30 35
Торонто Летни Олимписки Игри 1996  Канада 14 17 18 22 -
Мелбурн Летни Олимписки Игри 1996  Австралија 12 21 16 - -
Манчестер Летни Олимписки Игри 1996  Обединето Кралство 11 5 - - -
Белград Летни Олимписки Игри 1996  Југославија 7 - - - -

Ретроспектива

  • Македонија дебитирала на Олимписките игри како независна земја-учесничка.
  • Мухамед Али го донел олимпискиот факел на олимпискиот стадион.
  • Словенечкиот спортист и поранешен гимнастичар Леон Штукељ присуствувал на церемонијата на свеченото

отворање на игрите на возраст од 97 години.

  • Наим Сулејманоглу станал првиот натпреварувач во подигање тегови кој освоил 3 златни медали.
  • Донован Бејли од Канада победил во трката на 100m со резултат од 9,84s што било светски рекорд во тоа време, а сè уште е Олимписки рекорд.
  • Мајкл Џонсон победил во трките на 200 и 400m, поставувајќи нов светски рекорд на 200m од 19,32s кој сè уште не е соборен.
  • Мари Жозе- Перек го сторила истото во женска конкуренција, но без светски рекорд.
  • Карл Луис (35) го освоил својот четврти Олимписки златен медал во скок во далечина.
  • Спортовите софтбол, одбојка на песок, планински велосипедизам и фудбал во женска конкуренција дебитирале на игрите.
  • Палестина дебитирала на Олимписките игри.
  • Во велосипедизам за првпат на игрите учествувале професионалците. Петкратниот победник на Тур Д'Франс Мигел Индураин победил на хронометарот.
  • Мишел Смит од Ирска освоила 3 златни и еден бронзен медал во пливање. Но, нејзините успеси биле под сомнение на допинг, но таа на сите тестови била негативна.
  • Кери Страг од САД се натпреварувала во гимнастика со повредена нога и во тимскиот натпревар го освоила златниот медал.
  • Еми ван Дикен освоила 4 златни медали воп пливање.
  • Деон Хемингс стабнала првата жена која освоила златен медал за Јамајка и првата жена од Карипските острови од англиско говорно подрачје.
  • На игрите учествувале рекордни 197 земји од кои 79 освоиле барем еден медал.
  • Пет спортисти биле дисквалификувани поради користење на недозволени средства.
  • Андре Агаси го освоил златниот медал во тенис поединечно со што станал првиот тенисе којшто успеал да освоил Гренд Слем и залато на Олимписките игри.
  • Денг Јапинг од Кина освоила 2 златни медали во пинг-понг (поединечно и во двојки) со што успеала да го оствари своето постигнување од игрите 4 години пред тоа.
  • За првпат медал на Олимписките игри освоиле спортистите од Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Бурунди, Хонгконг, Еквадор, Грузија, Мозамбик, Казахстан, Молдавија, Тонга, Словачка, Украина и Узбекистан.
  • Ли Лаи Шан освоил златен медал во едрење за Хонгконг што бил прв и единствен златен медал за Хонгконг. Тоа е и последниот медал за Хонгконг како британска териториија, а на игрите Хонгконг за последен пат настапил под колонијалното знаме.
  • Ксено Милер од Швајцарија освоил злато во веслање во дисциплината поединечно со кормилар.

Спортови

Земји-учеснички

Летни Олимписки Игри 1996 
Учесници 1
Сина = Дебитанти на игрите. Зелена = Земји кои претходно учествувале. Жолтиот квадрат го означува градот-домаќин на игрите (Атланта)

На игрите во Атланта настапиле 10,318 спортисти од 197 земји. 24 земји дебитирале на Летните олимписки игри. Најголем број биле земји кои на претходните игри биле дел од Заедницата на независни држави. Русија настапила како независна земја за првпат по Летните олимписки игри - 1912 кога настапила како Руска Империја.

14 земји дебитирале на Олимписките игри: Македонија, Комори, Палестина, Науру, Доминика, Азербејџан, Бурунди, Зелено'ртска Република, Сент Кити и Невис, Света Луција, Сао Томе и Принципе, Гвинеја-Бисао, Таџикистан и Туркменистан.

10 земји за првпат настапиле на Летните олимписки игри, но претходно настапиле на Зимските олимписки игри - 1994 одржани во Лилехамер: Ерменија, Белорусија, Чешка, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Словачка, Украина и Узбекистан.

Освојувачи на медали

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Летни Олимписки Игри 1996  САД (домаќин) 44 32 25 101
2 Летни Олимписки Игри 1996  Русија 26 21 16 63
3 Летни Олимписки Игри 1996  Германија 20 18 27 65
4 Летни Олимписки Игри 1996  НР Кина 16 22 12 50
5 Летни Олимписки Игри 1996  Франција 15 7 15 37
6 Летни Олимписки Игри 1996  Италија 13 10 12 35
7 Летни Олимписки Игри 1996  Австралија 9 9 23 41
8 Летни Олимписки Игри 1996  Куба 9 8 8 25
9 Летни Олимписки Игри 1996  Украина 9 2 12 23
10 Летни Олимписки Игри 1996  Република Кореја 7 15 5 27

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Летни Олимписки Игри 1996 Изборот на град-домаќинЛетни Олимписки Игри 1996 РетроспективаЛетни Олимписки Игри 1996 СпортовиЛетни Олимписки Игри 1996 Земји-учесничкиЛетни Олимписки Игри 1996 Освојувачи на медалиЛетни Олимписки Игри 1996 НаводиЛетни Олимписки Игри 1996 Надворешни врскиЛетни Олимписки Игри 19961990АтинаАтлантаБелградМанчестерМелбурнТокиоТоронто

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЃомлезеСлуз-цедење во грлотоГлигор ПоповскиКирил ПејчиновиќСојуз на Ромите од МакедонијаНиколај ГогољЕлектричен автомобилЉубовВардарМакедонски народни приказни (ТВ-серија)МарокоЦрно семе (роман)КумановоТромбоцитопенијаТрескавецПрва светска војнаСтевчо ЈакимовскиФК Манчестер СитиЛимфен јазолГолемата вода (роман)Репродуктивен системКрал МаркоШтипОпштина КумановоКалеш АнѓаАтинаБиотички факториКокино (наоѓалиште)СилаАдаптација (биологија)Изборна единица 6СкопјеИсак ЊутнГравитацијаОпштина Кисела ВодаОбединето КралствоЗлосторство и казнаСтрујно колоБелото ЦиганчеБезовоОпераХемоглобинКирил ЛазаровСтево ПендаровскиМалтаЛимфоцитСписок на македонски народни и староградски песниСтара ГрцијаЖивко МукаетовВевчаниОпштина Чучер-СандевоЕлектрична енергијаДрамска уметностБалканска приказна (ТВ-серија)Стара скопска чаршијаПовикувачки броеви во МакедонијаМеѓународни празнициЛарингитисАлцхајмерова болестПоумКрвен притисокЃорѓи АбаџиевЛист (ботаника)Црни и жолтиОлимписки боговиПодметПневмонијаСлавко ЈаневскиИсус ХристосТурцијаТашмаруништаРимска кујнаБаза (хемија)ГамеланНикола ТеслаНедоразбирање (драма)Томе АрсовскиЛав🡆 More