Белград: главен град на Србија

Белград (српски: Београд или Beograd) е главен град и најголем град во Србија.

Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе. Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.

Белград
Београд / Beograd
Главен град
Град Белград
Belgrade montage. Clicking on an image in the picture causes the browser to load the appropriate article.БеограѓанкаИсточна капија на БелградБранков мостСавски мостСаваДомот на Народното собраниеНов дворецАвалска кулаКула УшќеКула ГардошСрпска академија на науките и уметноститеЦрква „Св. Сава“ - БелградБелградска тврдинаСпоменик на незнајниот јунак
From top: Панорама на Белград, Домот на Народното собрание, Нов дворец, Авалска кула, Кула Ушќе, Кула Гардош, Српска академија на науките и уметностите, Црква „Св. Сава“, Белградска тврдина, Споменик на незнајниот јунак
Знаме на БелградГрб на Белград
Химна: Химна Београду
Himna Beogradu
„Химна на Белград“
ДржаваБелград: Историја, Географија, Општини Србија
ОкругБелград
Општини17
ОсновањеПред 279 п.н.е. (Сингидунум)
Управа
 • ГрадоначалникАлександар Шапиќ
Површина
 • Главен град359,9 км2 (1,390 ми2)
 • Градска1,035 км2 (0,400 ми2)
 • Метро3.222,6 км2 (12,443 ми2)
Надм. вис.&10000000000000117000000117 м
Население (попис 2011)
 • Главен град1,166,763
 • Густина3.241/км2 (8,390/ми2)
 • Градскo1,344,844
 • Градска1.192/км2 (3,090/ми2)
 • Метро1,687,132
 • Метро514/км2 (1,330/ми2)
Демонимбелграѓанец
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код11000
Повикувачки број+381(0)11
ISO 3166RS-00
Рег. таб.BG
ИЧР (2019)0.834 – многу висок
Мреж. местоwww.beograd.rs

Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мизија и бил наречен Сингидунум. Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403 година. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, бугарски, унгарски, отомански итн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006 година.

Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3,6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.

Историја

Во строгиот центар на Белград, под денешната палата Албанија за време на нејзината изградба во 1938 е пронајден скелет на неандерталец кој загинал во борба со мамут чиј скелет е исто така пронајден во близина.Ова говори дека Белград бил населен уште од праисториската доба. Подоцна на просторот на Балканскиот Полуостров пред 7.000 години се развила Винчанската култура па така нејзините остатоци можат да се пронајдат и во околината на Белград кај истоимената населба. Тој простор е населен уште од 3. век п.н.е. од страна на Келтите и набрзо премунува во рацете на Римјаните и станува населба Сингидунум. За време на прогонот на христијаните кој се случил во текот на владеењето на царот Диоклецијан во Сингидунум се спомнуваат првите христијански маченици. Со поделбата на Римското Царство останува под контрола на Византија.

Среден век

Белград: Историја, Географија, Општини 
Турска опсада на Белград 1456.

Сингидунум го освојувале многу освојувачи како на пример Хуните, Сарматите, Острогите и Аварите- пред доаѓањето на Словените во 630. година од нашата ера. Првите записи за словенското име Белград датираат од 878. година. (словенски облик Бјелград), за време на владеењето на Првото Бугарско Царство упатувајќи на впечатокот за тврдината составена од бел камен гледана од страна на реката и Панонската Низина. Градот останал предмет на несогласување меѓу Византиското царство, Унгарија и Бугарија наредните четири века.

Градот преминува под српска власт како дел од Срем во 1284. година. Првиот српски крал кој владеел со Белград бил Стефан Драгутин (1276—1282), владетел на кралството Долен Срем (Мачва). По големите порази во Косовската битка 1389. година, српското царство започнува да се распаѓа а неговите јужни делови со голема брзина преминуваат во рацете на Турците Османлии. Сепак северот на српското царство долго време одолевал на нападите. Српскиот деспот Стефан Лазаревиќ го добил Белград од угарскиот и римскиот крал Жигмунд Луксембуршки, откако станал негов вазал. Во 1405 година Стефан Лазаревиќ го прогласил Белград за своја престолнина. Во наредниот период Белград доживеал голем подем. Повторно биле утврдени старите ѕидини на градот, заедно со замоците, а црквите и тврдините биле обновени, што му помогнало на градот да одолее на нападите на Турците дури 70 години.

Во ова време Белград станал прибежиште на многу балкански народи кои бегале од осмалиската власт. Се верува дека бројот на жители во овој период достигнал и до 40.000-50.000. Турците сакале да го покорат Белград затоа што тој им претставувал главна препрека во нивните понатамошни походи кон Средна Европа. Турците го нападнале градот во 1456. година кога се одиграла познатата Опсада на Белград каде христијанската војска под водство на Сибињанин Јанко успешно го одбраниле градот од турските напади.

Географија

Белград: Историја, Географија, Општини 
Сателитска слика на Белград

Белград се наоѓа на 116,75 метри надморска височина. Историското јадро на Белград ( денешна Белградска тврдина) се наоѓа на десниот брег на реката Сава. Во состав на Белград се и Нов Белгад и Земун кои се наоѓаат на левиот брег на реката Сава, а со тоа и во Средна Европа. Градот лежи на устието на реките Дунав и Сава. Урбаната површина на градот изнесува 359,92 км2. Белград се наоѓа на раскрсницата на западната и источната европска култура.

Клима

Белград има умерено континентална клима. Просечната годишна температура е 12,3 °C. Најтоплиот месец е јули,со просечна температура од 21,8 °C,додека пак најладен месец е јануари со просечна температура од 0,6 °C. Белград во просек има околу 25 дена во годината со темепература преку 30 °C. Просечната годишна количина на врнежи е 680 милиметри. Годишно Белград има околу 2.025 сончеви часа, со јули и август како најсончеви, а декември и јануари како најмрачни месеци со само 2—2,3 сончеви часа дневно.

Општини

Градот е поделен на 17 општини.

Белград: Историја, Географија, Општини 
Municipalities of Belgrade map
Општина Површина (km2) Население (2011) Густина на население (на km2)
Бараево 213 27,110 127
Чукарица 156 181,231 1,162
Гроцка 289 83,907 290
Лазаревац 384 58,622 153
Младеновац 339 53,096 157
Нов Белград 41 214,506 5,232
Обреновац 411 72,524 176
Палиула 451 173,521 385
Раковица 31 108,641 3,505
Савски Венец 14 39,122 2,794
Сопот 271 20,367 75
Стари Град 5 48,450 9,690
Сурчин 285 43,819 154
Вождовац 148 158,213 1,069
Врачар 3 56,333 18,778
Земун 154 168,170 1,092
Звездара 32 151,808 4,744
Вкупно 3,227 1,659,440 514

Демографија

Според пописот од 2011 година, во градот Белград живееле 1.166.763 жители. На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:

народ вкупен број % од вкупното население
Срби 1.050.213 90 %
Роми 16.846 1,4 %
Црногорци 8.454 0,7 %
Југословени 7.312 0,6 %
Хрвати 6.619 0,6 %
Македонци 5.545 0,5 %
Горанци 3.394 0,3 %
Муслимани 3.084 0,3 %
неизјаснети 32.346 2,8 %
Вкупно 1.166.763 100 %

Во територијалната единица Град Белград која се состои од 17 општини живеат 1.659.440 жители (2011 г.)

Знаменитости

Белград: Историја, Географија, Општини 
Поглед на Храмот Свети Сава од плоштадот Славија

Храмот Свети Сава

Храмот Свети Сава во Белград е најголем српски православен храм, и воедно најголем православен храм на Балканот. Тој се наоѓа во источниот дел на Светосавскиот плоштад, во општината Врачар, во Белград. Подигнат е на местото за кое се сметало дека Коџа Синан-паша во 1594 година ги запалил моштите на Свети Сава, основачот на Српската православна црква. Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохијскиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја.

Архитектура

Белград: Историја, Географија, Општини 
Храмот Свети Сава во ноќ
Белград: Историја, Географија, Општини 
Панорама на светосавскиот плоштад: Храмот Свети Сава, споменик на Караѓорѓе Петровиќ и Народна библиотека на Србије.

Храмот се наоѓа на крајот на белградската линија Калемегдан - плоштадот република - Теразије - Белграѓанка - Храмот Свети Сава. Изграден е во српско-византиски стил, со четири ѕвона високи 44 -{m}-. Висината на врвот на куполата изнесува 70 -{m}-, додека е главниот позлататен крст висок е уште 12 -{m}-, што му дава на врвот на храмот вкупна висина од 82 -{m}-, а надморска висина од 134 -{m}- (64 -{m}- над нивото на реката Сава). Поради тоа оваа црква зазема истакнато место на белградскиот хоризонт и видлива е од сите влезови на градот.

Белград како тема во уметноста и популарната култура

Белград како тема во книжевноста

  • Дорќол“ (српски: Дорћол) — збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.
  • „Врачар“ — збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1994 година.
  • „Маѓепсани очила: раскази за Белград“ (српски: Очаране наочаре: приче о Београду) - збирка раскази на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 2006 година.
  • „Портата на Балканот: брз водич низ минатото на Белград“ (српски: Капија Балкана: брзи водич кроз прошлост Београда) — монографија на српската писателка Светлана Велмар-Јанковиќ од 1981 година.
  • „Калемегдан“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.
  • „Белградски приказни“ (српски: Београдске приче) — збирка раскази на српскиот писател Симо Матавуљ.
  • „На Калемегдан“ (српски: Na Kalemegdanu) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.
  • „На Калемегдан“ (српски: На Калемагдану) — песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.
  • „Белград“ - песна на српската поетеса Гордана Пешаковиќ од 2010 година.
  • „Враќање во Белград“ (српски: Повратак у Београд) — песна на српскиот поет Васко Попа.
  • „Горна тврдина“ (српски: Горња тврђава) — песна на Васко Попа.
  • „Теразие“ (Теразије) — песна на Васко Попа.
  • „Врачар Поле“ (српски: Врачар поље) — песна на Васко Попа.
  • „Небојша Кула“ - песна на Васко Попа.
  • „Белград“ (српски: Београд) — песна на Васко Попа.
  • „Нови белградски приказни“ (српски: Нове београдске приче) — збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1981 година.

Белград како тема во музиката

  • „Лето на Ада“ (српски: Leto na Adi) — албум на српската рок-група Блок аут (Block Out) од 1994 година.
  • „Ноќва се пали Белград“ (хрватски: Noćas se Beograd pali) — песна на хрватската рок-група Грч.
  • „Белград“ (српски: Beograd) — песна на југословенската рок-група Фит од 1988 година.

Белград како тема во филмот

  • „Полицаецот од Петлово Брдо“ (српски: Полицајац са Петловог брда) - српски и југословенски филм од 1992 година, во режија на Михаило Вукобратовиќ.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Белград ИсторијаБелград ГеографијаБелград ОпштиниБелград ДемографијаБелград ЗнаменитостиБелград АрхитектураБелград како тема во уметноста и популарната култураБелград НаводиБелград Надворешни врскиБелградЈугоисточна ЕвропаАтинаБалканБукурештГлавен градДунавИстанбулОкрузи во СрбијаПанонска НизинаСаваСрбијаСрпски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Даниела ТемелковскаТрајко ВељаноскиЗаушкиСписок на македонски народни и староградски песниЈордан Поп Јорданов - ОрцетоЛокални избори во Македонија (2005)ИсламМакедонија во Втората светска војнаОпштина Кисела ВодаСуперхеројБразилДржавни празници во МакедонијаРепортажа (филм)Срцева слабостФуражни културиГоран СтефановскиИзборна единица 5Матка (кањон)РимАлтернатива (политичка партија)Божествена комедијаКрпен животТрајно македонско радикално обединувањеМојот звукВанчо ШехтанскиЈужна АмерикаТито ПетковскиПневмонијаКинески прстенФилип ПетровскиХосе МухикаЗијадин СелаКипарНилВагинален исцедокМечкаАвантурите на Том СоерАрбер АдемиКалендар на Велигденски датумиПДППетар Поп АрсовНикола КаревЃорѓија СајкоскиСписок на држави по населениеОхридски рамковен договорКрвИстанбулПретседател на Собранието на МакедонијаОпштина СарајРодина МакедонијаИзборна единица 8Црква „Св. Јован Канео“ - ОхридМенингитисВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаОпштини во МакедонијаАлијанса за АлбанцитеМалиот принцБрадикардијаОпштина Ѓорче ПетровЛеукемијаБалкански ПолуостровБалкански рисАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаРусијаСтрептококен фарингитисШармери од осмоВМРО ДПМНЕВаско НаумовскиСтојан ТарапузаКокосова палмаИзборна единица 4Список на градови во МакедонијаДоматКлеопатраРадмила ШекеринскаАлександар III МакедонскиБошко Смаќоски🡆 More