Демоним: име за жител на населено место

Демоним (од грч.

Честопати денонимот е изведен од името на местото, но може да доаѓа и од името на народот или некој заеднички предок.

Демонимите како корени

Иако многу демоними се изведени од имиња на места, постојат доста земји именувани по нивното население (Финска од Финците, Германија од Германите, Франција од Франките, Србија од Србите). Меѓутоа, народите и нивните прадедовски родови имаат подолга историја од земјите кајшто живеат. Така, има народи чие име потекнува од име на некој важен род или некој легендарен предок. На пример, Македонците се наречени по јунакот Македон, а Русите по легендарниот предок Рус. Во банту јазиците името на земјата и името на жителите имаат еден ист корен, а се разликуваат во со претставки (на пр. земјата е Буганда, а жителите се Баганда).

Потешкотии

Честопати постојат разлики во ендонимите (самонарекување) и егзонимите (име под кое народот е познат во странство). Егзонимите честопати не го одразуваат вистинското разнообразие во рамките на дадениот регион. На пример, Инуитите во Канада често се групираат со Јупиците под заедничкиот поим Ескими. Иако се слични по јазик, Инуитите и Јупиците се сосем различни етнички групи, што е причината за неприфаќањето на општиот поим.

Демонимите често остануваат неизменети и по крупни политички поделби. Жителите на НР Кина и Република Кина (Тајван) се сметаат за Кинези, со тоа што во Тајван извесен дел од населението се смета и за Кинези и за Тајванци. Северна Кореја и Јужна Кореја признаваат дека Корејците се една нација, иако меѓусебно не се признаваат како држави.

Постојат и неполитички проблеми врзани со демонимите. На пример, жителите на Соединетите Американски Држави се нарекуваат Американци, но ова воедно може да се однесува и на жителите на Северна и Јужна Америка. Во минатото под „Американци“ се подразбирале сите жители на тие два континента, а промената настанала со доаѓањето на САД на меѓународната сцена како светска сила.

Поврзано

Наводи

Tags:

Демоним ите како корениДемоним ПотешкотииДемоним ПоврзаноДемоним НаводиДемонимГрч.Име

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ѓорѓија СајкоскиЛатвијаКрешник БектешиГоце ДелчевПреспанско ЕзероЗагрозен видКонтинентГаличицаМакедонски парламентарни избори (2020)Божествена комедијаУстав на МакедонијаЈужна АмерикаОпштина ГевгелијаТрансверзала (геометрија)РадождаСписок на македонски зборови од турско потеклоОпштина Ново СелоТамбура (македонска)ГемиџииИзборни единици во МакедонијаОпштина СтругаБујар ОсманиИзборна единица 9КумановоНова Демократија (2008)АвангардаАртан ГрубиМакедонски претседателски избори (1999)ПролетНационална демократска преродбаГласањеПитагорова теоремаТумор на мозокМакедонски парламентарни избори (2024)Кирил ПејчиновиќПаркинсонова болестСобрание на Република МакедонијаМакедонија во Втората светска војнаУругвајРистиќева палатаОпштина ОхридЈован СтојаноскиМакедонски БродКипарАрбен ЏафериЏо БајденМакедонски народни инструментиДемократска алтернативаВласите во АлбанијаДијаспораИранМарк ТвенОтоманско ЦарствоБразилОхридско ЕзероЛимонСтојан АндовПрекршување (физика)Ружди ЉатаКатерина ШехтанскаКрпен животМали сипанициПреспански договорОпштина КарбинциОливер АндоновШишевоЖолчкаСписок на змии во МакедонијаБобан ТрајковскиСвети Кирил и МетодијГорјан ПетревскиМакедонски претседателски избори, 2004Рак на белите дробовиКрал МаркоВтора влада на Зоран ЗаевВелко НеделковскиТоше Проески🡆 More