Руси

Русите се најбројниот словенски народ кој припаѓа на источнословенската група на народи и јазици.

Русите бројат околу 140 000 000 луѓе и главно се населени во Русија (81% од населението), а има големи руски заедници во поранешните републики на СССР, Летонија каде сочинуваат 26% од населението) , Естонија (25% од населението), Казахстан (23% од населението), Украина (17% од населението), Белорусија (8% од населението), а во поново време се забележуваат и големи руски емигрантски заеднци во САД, Австралија и Канада.

Руси
русские
Вкупен број
~ 135 милиони
Подрачја со значајно население
Руси Русија: 111,016,896
Руси Украина8,334,100
Руси Казахстан3,793,764
Руси САД
(со руско потекло)
3,163,084
Руси Белорусија785,084
Руси Узбекистан620,000
Руси Канада
(со руско потекло)
500,600
Руси Латвија487,250
Руси Киргистан419,600
Руси Молдавија369,488
Руси Естонија342,000
Руси Бразил
(Russian ancestry)
200,000
Руси Германија189,326
Руси Литванија174,900
Руси Туркменистан142,000
Руси Азербејџан141,687
Руси Аргентина
(имигранти од 1895 до 1946 )
114,303
Руси Таџикистан68,200
Руси Грузија67,671
Руси Шпанија42,585
Руси Романија (Lipovans)36,397
Руси Финска33,401
Руси Обединето Кралство32,000
Руси Чешка 31,941
Руси Италија25,786
Руси Австралија21,436
Руси Грција18,219
Руси Кина15,631
Руси Франција15,601
Руси Бугарија15,595
Руси Ерменија14,660
Јазици
руски
Вероисповед
воглавно православни христијани
Сродни народи
Словени, особено Источни Словени

Русите говорат на руски јазик кој е најзборуваниот словенски јазик и во огромно мнозинство се православни христијани.

Русите како мотив во уметноста и во популарната култура

Во романот „Злосторство и казна“, Фјодор Достоевски пишува дека „Русите, воопшто, се широки луѓе... широки како нивната земја и необично се наклонети кон фантастичното и хаотичното...“ Во расказот „Твор и Калинич“ од збирката „Записите на ловецот“, рускиот писател Иван Тургенев пишува: „Русот толку верува во својата сила, што не се штеди ниту себеси: тој малку се бави со своето минато и смело гледа напред. Што е добро — тоа му се допаѓа, што е паметно — тоа дај му го, а од каде доаѓа тоа — нему му е сеедно.“

Во своето дело „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ, кога ги опишува особините на руските жени, за нив вели дека се само љубовници. Во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, српскиот писател Светислав Басара вели дека Русите се наклонети кон претерување, гигантизам и вознесување над сите човечки мерки. Исто така, тој пишува дека гревовите на Русите се големи, зашто тие дрско се мешаат во божјата работа и сакаат да го спасат светот, како и дека Русите се по природа идеалисти дури и тогаш кога се приврзаници на материјалистичките доктрини.

Една песна на полскиот поет Збигњев Херберт се вика „Приказна за руските емигранти“.

Една песна од албумот „Сонот на сините желки“ на британскиот рок-музичар Стинг се вика „Русите“ (англиски: Russians).

Наводи

Tags:

АвстралијаБелорусијаЕстонијаИсточни СловениКазахстанКанадаЛетонијаРусијаСАДСССРСловениУкраина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИсламМакедонски парламентарни избори (2020)Германска граматикаИзборна единица 1КазахстанТриаголникБудимпештаСузан АкбелгеДедо Иљо МалешевскиАтрибут во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори (2016)Атанас БадевСрцев ударПортугалијаРусијаДебарДубаиЉубовМаксим ДимитриевскиВекторВиктор ИгоКрсте Петков МисирковАнтибиотикАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаЦрвени крвни зрнцаТангентен четириаголникДелфинЃорѓија СајкоскиМинистерство за животна средина и просторно планирањеМакедонски парламентарни избори (2006)Македонски народни носииАристотелПолскаТаблица на изводиК-15Вештачка интелигенцијаПлатаЕкстрофија на мочен меурСинонимДве МарииДржавни празници во БугаријаСузана ТурунџиеваРисто НиковскиХематокритЖелкиЧир на желудникотСеверна ЕвропаОпштина ОхридПолип на маткатаПаркинсонова болестЧинови на полицијата во МакедонијаВодаСтара скопска чаршијаРепублика МакедонијаДарко КаевскиСвети НиколеТеодосиј СинаитскиРак на белите дробовиЕрменски јазикСписок на реки во МакедонијаТоше ПроескиСветлинаЛимфомБиблијаНаизменична струјаОбновливи извори на енергијаЕгејска МакедонијаСтарословенски јазикОпштина ЧаирОпштествено уредувањеМатка (кањон)Глаголични броевиСрцеХепатит🡆 More