Пролет: годишно време

Пролет — едно од четирите умерени годишни времиња.

Годишни времиња
Пролет
Лето
Есен
Зима

Пролетта го означува преминот од зима во лето. Нејзините денови се долги околу 12 часа со растечка дневна должина, и настануваат некаде пред рамноденицата. Едногодишните растенија цветаат во пролетта. Во северната полутопка, празниците како Велигден и Ден на планетата Земја се случуваат во пролет, која трае од мај до јуни. Во јужната полутопка, празниците како Рош ашана и Јом кипур се случуваат во пролет, која трае од септември до декември. Исто така, сезоната на тропски циклони започнува за време на доцна пролет во двете полутопки, иако е поретка во северниот Атлантски Океан отколку во басените на другите океани.

Дефиниција

Пролет: Дефиниција, Пролетта како тема во уметноста и во популарната култура, Настани 
Разнобојни пролетни градинарски цвеќиња

Метеоролозите, воопшто ги дефинираат четирите годишни времиња во повеќе климатски области, зима, пролет, лето и есен. Тие се разграничуваат според вредноста на нивните просечни температури на месечна основа, со секое годишно време да трае три месеци. Трите најжешки месеци според дефиницијата се лето, трите најстудени се зима, а посредните празнини се пролет и есен. Пролетта, дефинирана според овој став, може да започне на различни датуми во различни региони. во мнозинството на локациите во северната полутопка, пролетта настанува за време на месеците март, април и мај. (Лето во јуни, јули, август; Есен во септември, октомври, ноември; Зима во декември, јануари, февруари.) Мнозинството од јужната полутопка ќе има спротивни годишни времиња со пролетта во септември, октомври и ноември.

На северната полутопка пролетта започнува на 21 март, а завршува на 21 јуни.

Пролетта како тема во уметноста и во популарната култура

Често, пролетта се јавува како тема во уметноста и во популарната култура.

Пролетта како тема во книжевноста

  • „Првата пролетна песна“ (српски: Прва прољетна песма) — песна на српскиот писател Иво Андриќ од 1914 година.
  • „Пролетта ми буди преплавени чувства“ — расказ на македонската писателка Христина Аслимоска од 2005 година.
  • „Пролет во фабриката“ — песна на македонскиот поет Никола Јонков Вапцаров.
  • „Пролет“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.
  • „Пролет“ — песна на Никола Јонков Вапцаров.
  • „Пролетта и децата“ — песна на ирачкиот поет Абдул Вехаб ал-Беати.
  • „Пролет“ — песна на рускиот поет Евгениј Винокуров.
  • „Отвори ѝ прозорец на пролетта“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.
  • „За татковината и пролетта“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.
  • „Белградските баби и пролетта“ (српски: Београдске баке и пролеħе) — песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.
  • „Мало пролетно чистење“ — расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.
  • „Пролет“ — песна на словенечкиот поет Каетан Кович.
  • „Пролет“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.
  • „Пролетна вечер“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.
  • „Пролет, 1918“ (хрватски: Proljeće hiljadudevetstotina i osamnaeste) — песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.
  • „Пролет“ (руски: Весна) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1918 година.
  • „Исцрпна слика на пролетта“ — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.
  • „Поетот и пролетта“ (српски: Pesnik i proleće) — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.
  • „Наеднаш сум опиена со пролетта“ (српски: Najednom sam prolećem opijena) — песна на Десанка Максимовиќ од 1983 година.
  • „Пролетна тага“ (српски: Prolećna seta) — песна на Десанка Максимовиќ од 1983 година.
  • „Пролетни песни (српски: Proletnje pesme)“ — песна на Десанка Максимовиќ.
  • „Пролетна песна“ (српски: Prolećna pesma) — песна на Десанка Максимовиќ.
  • „Девојката ѝ се радува на пролетта“ (Devojka se raduje proleću) - песна на Десанка Максимовиќ.
  • „Пролет, а јас венам“ (српски: Proleće, a ja venem) — песна на Десанка Максимовиќ.
  • „Во пролет“ (српски: U proleće) — песна на Десанка Максимовиќ.
  • „Што направи пролетта“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.
  • „Пролет (пет песни)“ — поетски циклус на рускиот писател Борис Пастернак од 1918-1922 година.
  • „Пролет во шумата“ — песна на Борис Пастернак од 1956 година.
  • „Ти ли беше, пролет“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.
  • „Во пролет“ — песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.
  • „Збогум, пролет“ — збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1937 година.
  • „Пролет“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.
  • Кратката пролет на Моно Самоников“ — роман на Димитар Солев, од 1964 година.
  • „Пролет“ — песна на полскиот поет Леополд Стаф.
  • „Пролет“ — песна на арапскиот поет Абу Тамам.
  • „Грчка пролет“ — книга на германскиот писател Герхарт Хауптман.
  • „Звукопис на пролетта“ — песна на рускиот поет Велимир Хлебников од 1921-1922 година.
  • „Пролет (српски: Proljeće)“ — расказ на српскиот писател Бранко Ќопиќ.

Пролетта како тема во сликарството

  • „Флора, алегорија на пролетта“ (хрватски: Flora, Alegorija proljeća) — фреска на хрватскиот сликар Иван Рангер од 1750 година.
  • „Пролет во градината“ (хрватски: Proljeće u vrtu) — слика на хрватскиот уметник Фердо Ковачевиќ од 1913 година.

Пролетта како тема во музиката

  • „Будење на пролетта“ — песна на македонската рок-група Mooger Fooger.
  • „Пролет“ (англиски: Spring) — песна на американската хард-кор група Рајтс оф спринг (Rites of Spring).
  • „Бојата на пролетта“ (англиски: The Colour of Spring) — музички албум на англиската поп-рок група Ток Ток (Talk Talk) од 1986 година.

Настани

Празници

Наводи

Tags:

Пролет ДефиницијаПролет та како тема во уметноста и во популарната култураПролет НастаниПролет ПразнициПролет НаводиПролетЈом кипурЈужната полутопкаАтлантски ОкеанВелигденГодишни времињаДен на планетата ЗемјаЕдногодишно растениеЗимаЛетоПразникРамноденицаРош ашанаСеверната полутопкаТропски циклонУмерен појас

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

НационализамАлександар III МакедонскиБугарски возСписок на градови во Македонија по населениеВелигденМинистерство за животна средина и просторно планирањеРеферендум во Македонија (2004)Исламизацијата во МакедонијаЃорче ПетровТапаниХепатит ЦИзборна единица 1АфрикаЕвропска УнијаДунавМакедонски БродАнална фисураЕгипетМонакоВасил ИљоскиВселенаСписок на држави по населениеПанонски легендиМакедонски претседателски избори, 2014ОстеопорозаПингвинЛила СтојановскаКрпен животКалиопиДемократски сојузМакедонски народни инструментиКочо РацинПоздивиштаМакедонски претседателски избори (2009)Весна БендевскаДневникот на Ана ФранкМакедонија во Втората светска војнаРак на дојкаЕвропаЗмијаАлшарДимитар АпасиевДемократска партија на Турците на МакедонијаПапратОхридски топчест сунѓерЗнаме на МакедонијаСузана СпасовскаБроеви во македонскиот јазикДелчевоСловенијаМенструален циклусДесница (политика)КрушевоК-15Ромски јазикХартијаСписок на политички партии во МакедонијаДПАФилиз АхметСкопјеБорислав КрмовКошаркаТунисНикола КљусевКрвКамилаАцо ШоповПравоаголникПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаРомантизамМојот звукУд (македонски)Општествено уредувањеТалофитПолитика на МакедонијаКафеИндонезија🡆 More