Демократски Сојуз

Демократскиот сојуз (ДС) — политичка партија од Република Македонија.

Основана е на 25 март 2000 година. Нејзин претседател е Павле Трајанов.

Демократски сојуз
ВодачПавле Трајанов
Генерален секретарВерица Филиповска
Основана25 март 2000
ШтабСкопје, Република Македонија
Полит. положбаЛевица
Боибела, темна нијанса на сина
Собрание
1 / 120
Општини
0 / 80
Мрежно место
www.demokratskisojuz.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Цели на партијата

Поттикнување и развој на демократските процеси и владеење на правото, заштита и унапредување на основните човекови права и слободи, заштита на националните и државните интереси, суверенитетот територијалниот интегритет на Република Македонија, остварување на економски, социјални, политички, културни и други права и уверувања на граѓаните, ефикасна борба против организираниот криминал, корупцијата и наркоманијата, вклучување на граѓаните во создавањето и решавањето на актуелните животни прашања, слобода на информирањето и воспоставување на јавноста како коректор на извршната, законодавната и судската власт и учество во постапката за избор на претставници во органите.

Политичка активност

Партијата за првпат учествувала самостојно на парламентарните избори во 2002 година на кои освоила 1,2% од гласовите и не успеала да освои мандат. Во декември 2003 година стапи во коалиција „Третпат“, заедно со Демократската алтернатива и со Социјалистичката партија на Македонија. По повлекувањето на партијата од коалицијата пред локалните избори 2005 година, партијата останала во коалиција со СПМ, а подоцна овие две партии се приклучиле во изборна коалиција предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапиле и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори за пратеник во Собранието на Република Македонија бил избран претседателот на партијата, Павле Трајанов. Партијата останала во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на трите последователни парламентарни избори во 2008, 2011 и 2014.

На парламентарните избори во 2016 година, Демократскиот сојуз учествувал во коалицијата „Коалиција за промени и правда“ составена од партиите ФроДеМ, МОРО-РП и ДЕМОС. Коалицијата освоила 10.028 гласови или 0,84% од вкупниот број на гласови и не успеала да освои пратеничко место.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 1 пратеничко место.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Демократски Сојуз Цели на партијатаДемократски Сојуз Политичка активностДемократски Сојуз НаводиДемократски Сојуз Надворешни врскиДемократски Сојуз200025 мартПавле ТрајановРепублика Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рамнокрак триаголникТристан и ИзолдаТумор на мозокСеверна АмерикаСмесаЧовечко телоХомеостазаЈудаизамХајди (роман)Свети Наум Охридски ЧудотворецОпштина РесенСојуз на комунистите на МакедонијаСвети ГеоргиРисБошко СмаќоскиСветлинаМухамед ХалилиДемократски социјализамРеченицаФранческо ПетраркаПравоаголникХосе МухикаЦрна ГораДропкаСписок на повикувачки броеви на земјитеРоберт ПетковскиПарите се отепувачкаБосна и ХерцеговинаЛазар КолишевскиНАТОСлуз-цедење во грлотоСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001ЃурѓовденХераклеја ЛинкестисЕритематозни дерматозиМакедонски парламентарни избори, 2006Црква „Св. Јован Канео“ - ОхридВМРО ДПМНЕЗвездана АнгеловскаАртан ГрубиСтарословенска азбукаФранцијаМарија КириГлаголЗагрозен видДржавна химнаСоединети Американски ДржавиМакедонски парламентарни избори, 1990Општина СтуденичаниРеферендум во Македонија (1991)Повикувачки броеви во МакедонијаЛокални избори во Македонија (2000)Љубиша ГеоргиевскиАлијанса за АлбанцитеМакедонски претседателски избори, 2019Македонски парламентарни избори, 1998Биполарно растројствоЉубомир ФрчкоскиБолести и аномалии на очитеЗоран ЗаевМакедонски парламентарни избори (2008)Јане СанданскиБиљал КасамиПере ТошевЧовекМеѓународен ден на трудотПиперИзборна единица 8Големи и мали (роман)Македонски претседателски избори (2019)Владо БучковскиСрбијаРециклирањеАнархизамМечкаЈордан Поп Јорданов - Орцето🡆 More