Роман Големи И Мали

„Големи и мали“ — роман за деца од македонскиот писател Бошко Смаќоски.

За првпат, романот бил објавен во 1966 година, во издание на Новинско-издавачко претпријатие „Нова Македонија“, Редакција „Детска радост“, како осма книга во рамките на библиотеката „Развигор“.

Големи и мали

Содржина

Романот се состои од 24 глави: На улицата „Караорманска“ живеело детето Диме, наречено Диме Такси, бидејќи тој постојано им го носел багажот на луѓето кои се населувале или доаѓале на гости во таа улица. Еднаш, во улицата дошол еден човек по име Стево кој се сместувал во станот на тетка Донка, чиј сопруг бил во затвор. Потстанарот добил бројни домашни обврски во куќата, а тетка Донка постојано се карала со соседите. Во улицата живееле луѓе со различни карактери, а децата правеле бројни палавштини. За разлика од останатите возрасни жители на зградата, кои постојано се карале, единствено судијата водел мирен, повлечен и пристоен живот. Тој бил многу сиромашен човек и никој не знаел ништо за неговото минато. Исто така, тој бил единствениот кој имал разбирање за децата, а тие пак ги слушале само неговите совети. Еден ден, децата забележувале дека судијата подолго време не излегувал од визбата во која живее и откриле дека тој е болен. Тогаш, децата му помагале да оздрави при што ја дознале и неговата приказна: тој бил среќно оженет човек, угледен судија, но неговата ќерка умрела во несреќен случај, а жена му полудела од тага; тогаш, тој ја продал куќата и се преселил во овој град. По таа средба, кај Ѓоре, дете без татко, се родило посебно чувство кон судијата. Но, крупни промени се случувале и кај другите деца од улицата и тие решиле да стават крај на караниците на возрасните. Оттука, тие одржувале состаноци на кои ги решавале проблемите на возрасните. Притоа, тие ги казнувале некои од возрасните, а самите се организирале и ја уредувале улицата и зградата и, воопшто, живееле како сложна и среќна заедница. Тогаш, судијата решил да се ожени со мајка му на Ѓоре, а, исто така, помагал мажот на Донка побрзо да излезел од затвор. Судијата повторно добил работа во судот и се вселил во друг стан на истата улица, а возрасните почнувале да му се додворуваат. По враќањето на сопругот на Донка, потстанарот се селил во друг стан на соседната улица.

Осврт кон делото

„Големи и мали“ е роман во кој тешко може да се определи главниот лик, зашто тој е роман за една скопска улица, така што ако мора да се посочи главниот јунак, тоа е целата улица. Всушност, романот претставува фотографија на маалскиот живот во старото Скопје. Во книгата, возрасните се однесуваат несериозно: времето го минуваат во банални караници и озборувања, а само еден од нив отскокнува со своето однесување — Судијата кој има почит кон децата, а тие пак, под влијание на него, се обидуваат да го поправат светот на возрасните и ја разубавуваат улицата, а возрасните ги казнуваат за нивните лоши постапки. Романот изобилува со комични сцени, а духовитоста е основниот стил на авторот. Притоа, една од најчестите постапки со кои се постигнува хумористичниот ефект е карикирањето. На тој начин, романот е остра критика на светот на возрасните и неговото лицемерие, но и пофалба на детската невиност, нерасипаност и пријателство.

Изданија

  • Првото издание на Романот било отпечатено во 1966 година, во печатницата „Нова Македонија“, во тираж од 12.000 примероци. Техничкото уредување е дело на Миле Арсовски, лектурата ја извршила Лидија Ежова, а коректор била Елена Павлова. Книгата има 79 страници, а покрај романот, таа содржи и основни биографски податоци за авторот. Романот е првиот подолг прозен текст на Бошко Смаќоски и за него, тој ја добил првата награда на конкурсот на „Детска радост“, во 1966 година.
  • Во 2016 година, издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“ го објавила своето трето издание на романот. Книгата има вкупно 152 страници, а покрај основниот текст содржи и осврт кон делото со насловот „Лицемерниот свет на возрасните“ (дело на Венко Андоновски), како и куса биографија на Смаќоски. Илустрацијата на корицата е дело на Здравко Гиров, техничкото уредување и компјутерската обработка ги направил Игор Добрески, а лектурата ја извршила Лорета Шкиљевиќ. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-228-261-9. Таа е испечатена во печатницата „Напредок“ во Тетово во тираж од илјада примероци.

Наводи

Tags:

Роман Големи И Мали СодржинаРоман Големи И Мали Осврт кон делотоРоман Големи И Мали ИзданијаРоман Големи И Мали НаводиРоман Големи И Мали1966БиблиотекаБошко СмаќоскиДетска радостКнигаРоман

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на острови во Средоземното МореДаниела ТемелковскаКрал МаркоДесет Божји заповедиАна ФранкВлада на Димитар КовачевскиДржаваРастенијаЃорге ИвановСловенијаОпштина ЦентарСписок на политички партии во МакедонијаЕвроХари КостовГраѓанска опција за МакедонијаХемороидТапанПетре М. АндреевскиАнархизамСкопјеСтадион Рајко МитиќМакедонски парламентарни избори, 1998Биполарно растројствоЈани МакрадулиДневникот на Ана ФранкСтефан ЛазаровОрман (Скопско)Ден на планетата ЗемјаЖолто МореВелигденТоме АрсовскиДаниел ДефоМакедонски парламентарни избори (1994)Скратеници во македонскиот јазикСписок на македонски зборови од турско потеклоМакедонски РомиЉупчо ЈордановскиДемократи (политичка партија)Црвена Вода (Скопско)Кинески прстенБилјана ВанковскаПрва влада на Зоран ЗаевЧовекДемократска партија на Србите во МакедонијаРајко ЖинзифовАфионКатица ЈаневаСонцеБолести и аномалии на очитеФотосинтезаРеферендум во Македонија (1991)ДропкаГане ТодоровскиМоликаПиринска МакедонијаКожлеВагинален исцедокИзборна единица 5Марина Поп ПанковаБугаријаФилип ПетровскиРимско ЦарствоВостание на СкендербегСојуз на комунистите на МакедонијаВакцина против тетанусМакедонски народни инструментиМетодија Андонов-ЧентоКавадарциБиблијаИсус ХристосОбединето КралствоСардинијаСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеЦрн дробМочуриштеГерманијаДекамерон🡆 More