Македонски Роми

Роми во Македонија — малцинска етничка група во Македонија.

Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66% од вкупното население. Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми, а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот (балканскоромскиот) е службен јазик, покрај македонскиот. Исто така со Уставот од 2001 г. Ромите во Република Македонија се признати како народ единствено во светот. Интересен е податокот дека Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.

Македонски Роми
Карта на Ромите во Македонија (2021)
Македонски Роми
Македонски Роми околу 1900 г.

По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед (познати под името Масарманги, Масрманговци) кои живеат во неколку градови од источна и југоисточна Македонија.

Историја

Македонски Роми 
Роми играат оро, Скопје, 1931

Првите доселувања на Роми на територијата на Македонија се забележуваат во средниот век, односно околу XIV век. Нивното главно доселување е за времето на турските освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на XV век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци. Постои теорија и дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите кои себеси се нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна етничка група од Ромите, кои се со потекло од индиската област Пенџаб од народот Дравиди.

Население

Македонски Роми 
Македонски Роми-музичари во 1863 г.
Македонски Роми 
Број на Ромите во Македонија (2021)

На табелата е прикажан бројот на Ромите во Македонија по општини, според пописот од 2002 година:

Општина Роми
Скопје 23.202
Прилеп 4.433
Куманово 4.256
Битола 2.613
Тетово 2.357
Гостивар 2.237
Штип 2.195
Кочани 1.951
Кичево 1.630
Виница 1.230
Дебар 1.080
Велес 800
Кавадарци 679
Крива Паланка 668
Делчево 651
Берово 459
Неготино 453
Илинден 428
Пехчево 390
Сарај 273
Радовиш 271
Ресен 184
Кратово 151
Струмица 147
Петровец 134
Градско 127
Струга 116
Зелениково 92
Студеничани 73
Свети Николе 72
Охрид 69
Теарце 67
Дојран 59
Ранковце 57
Јегуновце 41
Пробиштип 37
Валандово 32
Босилово 24
Чучер-Сандево 23
Демир Капија 16
Македонска Каменица 14
Гевгелија 13
Долнени 13
Демир Хисар 11
Маврово и Ростуше 10
останати општини 41

Познати Македонски Роми

  • Есма Реџепова - пејачка, „Кралица на ромската песна“
  • Амди Бајрам - пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати
  • Неждет Мустафа - политичар, потпретседател на Владата на РМ
  • Фаик Абди - политичар, пратеник во Собранието на РМ во повеќе мандати, основач на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР)
  • Мухарем Сербезовски - популарен кантавтор, поет и преведувач
  • Бајрам Северџан - глумец
  • Забит Мемедов - глумец, ѕвезда на филмовите „Дом за бесење“ и „Црна мачка, бел мачор“
  • Ферус Мустафов - виртуоз на повеќе инструменти, со светска популарност
  • Неат Велиов - музичар, водач на Кочани Оркестар
  • Вели Мумин - трофеен боксер
  • Адријано Џеладин - сопственик на телевизиско студио во Франција
  • Рахим Бурхан - режисер, раководител на познатиот театар „Пралипе“
  • Јасмин Шабан - поранешна сопруга на Боб Фарел, пејачот од групата „Бони М“

Наводи

Поврзано

Надворешни врски


Tags:

Македонски Роми ИсторијаМакедонски Роми НаселениеМакедонски Роми Познати Македонски Роми НаводиМакедонски Роми ПоврзаноМакедонски Роми Надворешни врскиМакедонски Роми2002Балканскоромски јазикМакедонијаМакедонскиОпштина Шуто ОризариРомиРомски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Меѓународни празнициЕнзимАлександар III МакедонскиСписок на македонски народни поговоркиМесечинаНационален парк МавровоПочваАнемијаЗазански јазикБраќа МиладиновциДебело цревоМихаил БулгаковСписок на реки во МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021)Киро ГлигоровСтрани на светотГрад СкопјеПарацетамолПасхаЈосијаСтрујно колоХромозомМакедонски парламентарни избори (2008)Бик (хороскопски знак)ШтрковиЕфто ПупиновскиПоштенски броеви во МакедонијаРевизор (комедија)Македонска православна црква - Охридска архиепископијаИсламЕрменијаЧинови на полицијата во МакедонијаМорска водаФудбалска репрезентација на Фарски ОстровиСписок на држави и територии по површинаМакедонски народни песниГлаголТајландСузан АкбелгеПорше КајенДонтов методВејселиНеорганско соединениеСДСМСмесаКир ВеликиДевојкаМидаПартија за движење на Турците во МакедонијаЦрн дробИсторија на САДДемократијаСтара скопска чаршијаДелењеПадовски универзитетМавровоВикипедија на македонски јазикКокосова палмаЕнергијаИфтарИзборна единица 3КомунизамЧукотски автономен округСветско првенство во фудбал 2022Воен конфликт во Македонија (2001)БубрегЏек СтајнбергерЕп за ГилгамешДувачки инструментЏулиет ЛуисУкраинаИнформациска РНКСтругаДен на шегатаОксидХиџраДрагана МирковиќСтрофа🡆 More