Анемија, малокрвност или слабокрвност, — нарушување на крвта кое се јавува како последица на поголемо губење на крв, намалено производство или прекумерно уништување на црвените крвни клетки (еритроцити).
Името „анемија“ започнало да се употребува во 19 век, а потекнува од грчките зборови „ан“ (негација) и „хаима“, што во превод би значело „без крв“.
Анемија | |
---|---|
Специјалност | Хематологија |
Анемијата може да се појави како акутна или како хронична. Поблагиот облик на анемија предизвикува само мали непријатности, како: замор, слабост, тромост и главоболка, а за лекување на оваа анемија е доволно само да се промени начинот на исхрана. Но, хроничната анемија може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Постојат неколку видови анемија:
Постојат повеќе причини коишто може да доведат до намалување на еритроцитите во крвта:
Во продолжение, зголемен ризик од појава на анемија имаат: доенчињата, децата до тригодишна возраст, постарите луѓе, хроничните пациенти, алкохоличарите, работниците изложени на отровни хемикалии, луѓе кои боледуваат од анорексија или булимија, луѓето со позитивна семејна анамнеза на анемија итн.
Симптомите на анемијата се разликуваат, во зависност од типот и степенот на заболувањето, општата состојба на организмот и возраста. Најчести симптоми се: слабост, замор, намалена концентрација, чести промени во расположението, втроглавица, главоболка, брмчење во ушите, краток здив, слаб апетит, бледило на кожата, слаба циркулација (студени раце и нозе), забрзана и неправилна работа на срцето, болка во градите, кршливост на ноктите итн. Најчесто, анемијата се дијагностицира преку лабораториска анализа на крвната слика, при што особено внимание се посветува на бројот на еритроцитите, нивото на хемоглобин, количеството на железо во крвта и големината на еритроцитите.
За превенција на анемијата важна улога има исхраната, којашто треба да биде богата со железо (зоб, леќа, грав и другите мешункасти растенија, цвекло, пиперки, зелен лиснат зеленчук, интегрални житарки, јаткасти плодови, суви сливи и кајсии, темно чоколадо итн.). Исто така, витаминот Ц има голема улога во апсорпцијата на железото. Во случај на анемија треба да се избегнува поголемо внесување калциум, којшто ја намалува апсорпцијата на железото во крвта, а истиот негативен ефект го имаат и производите што содржат танин (чај, кафе, газирани пијалаци итн.).
Класификација | |
---|---|
Надворешни извори |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Анемија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.