Петре М. Андреевски: македонски поет, романописец и раскажувач

Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 — Скопје, 25 септември 2006), попознат како Петре М.

Андреевски— македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.

Петре М. Андреевски
Петре М. Андреевски: Животопис, Книжевно творештво, Награди
Роден/а25 јуни 1934
Слоештица, Демирхисарско, Кралство Југославија
(денес Македонија)
Починат/а25 септември 2006(2006-09-25) (возр. 72)
Скопје, Македонија
Занимањепоет, романописец, раскажувач и драмски автор, академик
НационалностМакедонец
ПериодТрета генерација повоени македонски писатели
Значајни делаПиреј, Дениција
ДецаСергеј Андреевски
Петре М. Андреевски: Животопис, Книжевно творештво, Награди
Гробот на Петре Андреевски во с. Слоештица

Животопис

Петре М. Андреевски е роден во демирхисарското село Слоештица, во 1934 година. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност. Работел во Македонската телевизија, а бил и уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центари на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател). Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. По неговата смрт, на 9 октомври 2007 година, Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, посмртно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.

Во 2022 година, во родното село Слоештица, е отворена Спомен-соба во чест на Петре М. Андреевски.

Книжевно творештво

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.

Стихозбирки:

  • Јазли (1960)
  • И на небо и на земја (1962)
  • Дениција (1968)
  • Дални наковални (1971)
  • Пофалби и поплаки (1975)
  • Вечна куќа (1987)
  • Лакримариј (1999)

Збирки раскази:

Романи:

Книга со драми (1984), во која влегуваат:

  • Време за пеење
  • Богунемили

Есеи:

Стихозбирки за деца:

Интервјуа:

Награди

Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати). Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Наводи

Поврзано

Tags:

Петре М. Андреевски ЖивотописПетре М. Андреевски Книжевно творештвоПетре М. Андреевски НаградиПетре М. Андреевски НаводиПетре М. Андреевски ПоврзаноПетре М. Андреевски1934200625 септември25 јуниДемирхисарскоДрамски авторПоетРаскажувачРоманописецСкопјеСлоештица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТалофитОпштествено уредувањеПросветителствоОпштина ИлинденИзборни единици во МакедонијаКанцониеротШизофренијаЛокални избори во Македонија (2000)Список на градови во Македонија по населениеАДХДРечник на стари македонски зборовиВикипедија на македонски јазикСписок на македонски народни поговоркиНина Атанасова-ШкрињариќПирамида (геометрија)ХипотироидизамСашо МијалковТурпијаУнгаријаГ’зим ОстрениМакедонски ВласиМаја ИвановаХипертензијаСрцев ударВоен конфликт во Македонија (2001)Хазби ЛикаБиполарно растројствоИзборна единица 1ДекамеронРибиГевгелијаТито Петковскиgr7cmЖелезоПовикот на дивинатаЖолто МореАлбанијаСписок на команданти на ОНАКалиопиК-15Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаТелефонДен на независноста на МакедонијаМечкаМинистер за здравство на МакедонијаОпштина ТетовоСкржавецот (Плавт)Родина МакедонијаРесенВооружена престрелка во Куманово (2015)ПрирокОпштина Старо НагоричанеСписок на птици во МакедонијаГолемата вода (роман)ЗНАМСписок на повикувачки броеви на земјитеОпштина ПрилепВардарЃорче ПетровВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Список на тегоби и болки на стапалатаЃурѓовденАлтернатива (политичка партија)Скопско КалеРелигијаЖивотниГоран СтефановскиОбединети за МакедонијаТумор на мозокВагинален исцедокКронова болестСвети Наум (манастир)КошаркаУпад во Собранието на Македонија (2017)Втора влада на Зоран ЗаевАвантурите на ПинокиоТурција🡆 More