Радован Павловски

Радован Павловски (Ниш, 23 ноември 1937 — Скопје, 22 февруари 2022) — македонски поет, есеист, патописец и публицист.

Радован Павловски
Радован Павловски
Роден/а23 ноември 1937
Ниш, Кралство Југославија (денес Србија)
Починат/а22 февруари 2022
Скопје, Македонија
Значајни награди„Браќа Миладиновци“
11 Октомври
„Кочо Рацин“
„Повелба на печалбарите“
„Гоцева повелба“
Ацо Шопов

Животопис

Павловски потекнува од гостиварското село Железна Река. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, Србија (1982 - 1985), а во 1985 година се преселил во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на МАНУ и на Сојузите на писатели на Хрватска и на Србија. Од 1985 година бил во брак со македонската сликарка Јулијана Поповска - Павловска († 2011). Павловски починал на 22 февруари 2022 година во Скопје.

Творештво

Павловски е автор е на книгите: Суша, свадба и селидби (поезија, 1961), Корабија (поезија, 1964), Високо пладне (поезија, 1966), Боемија на Природата (1969), Низ проѕирката на мечот (поезија, 1971), Сонце за кое змијата не знае (поезија, 1972), Пир (поезија, 1973), Зрна (поезија, 1975), Молњи (поезија, 1978), Стражи (поезија, 1980), Чума (поезија, 1984), Отклучување на патиштата (патопис, 1986), Клучеви (поезија, 1986), Марена (поезија, 1986), Избрани дела во три тома (1986), Темелник (поезија, 1988), Зрна, Молњи и Клучеви (трилогија, 1989), Бог на утрото (поезија, 1991), Што може поезијата (есеи, 1993), Вселенски деца (поезија за деца, 1993), Демократска џунгла (политички есеи, 1994), Јавач на звукот (поезија, 1995), Порака на поетот до сите поети на светот - Струшки вечери на поезијата (1995), Синот на Сонцето (поезија, 1999), На едно око (поезија, 2002), Се случува вечност (поезија, 2014).

Исто така, тој е автор на манифестите: Епското на гласање (соавтор, 1960) и Манифест на Поетска Република Железна Река (1990).

За своето творештво, Павловски е добитник на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“, на странските награди: „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972). Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во Тринаесеттата едиција на меѓународното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Меѓународниот биографски центар (Кембриџ, Англија) се објавени неговата биографија и библиографија.

Посебни поетски книги му се објавени на повеќе јазици: англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик. Неговата поезија е застапена во голем број антологии на македонската поезија.

Наводи

Tags:

1937202222 февруари23 ноемвриНишСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонска радио-телевизијаЕден на еденРепродуктивен системБолести и аномалии на очитеМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Никола ГруевскиМакедонски претседателски избори, 2004Општина Старо НагоричанеРисто КрлеАутизамСистемски лупус еритематозусРастенијаМасакр кај КарпалакРодина МакедонијаВагинален исцедокСписок на тегоби и болки на стапалатаБугаријаХрватскаУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Список на планини во МакедонијаМакедонски месециШизофренијаСловенијаОбединето КралствоСвети ГеоргиПремиер на МакедонијаОпштина ЖелиноЖелезоЅвезда од КутлешМакедонска азбукаНикола Димитров (дипломат)СердаротМинистер за здравство на МакедонијаЈане СанданскиОпштина ЛипковоЕлизабета ЃоргиевскаОливер СпасовскиСинонимКанцониеротСписок на држави во светотКарлес ПуџдемонНикола КаревРеферендум во Македонија (2004)Нова алтернативаДостоинство (политичка партија)Ревматоиден артритисОпштествено уредувањеМакедонијаВикипедијаОпштина Македонски БродМојот звукМомче во пижами со риги (филм)Македонски ВласиМакедонска крвава свадбаСојузни држави на САДЗНАМОвчи сипанициТартифСоединети Американски ДржавиДоситеј ОбрадовиќДаниел ДефоОпштина КарпошЃорче ПетровХристо УзуновДонтов методОзонска обвивкаПоздивиштаМерсиха СмаиловиќСписок на македонски зборови од турско потеклоСписок на архаични зборови во македонскиот јазикРак на желудникПарадоксот на ДиогенЗагадување на водатаРомски јазикВМРО-ДПМНЕЛевица (политичка партија)🡆 More