Јован Стрезовски

Јован Стрезовски (с.

Подгорци, Струшко, 26 април 1931) — македонски поет, раскажувач и романописец.

Животопис

Роден е во 1931 г. во с. Подгорци, Струшко. Основно училиште и Гимназија завршил во Крагујевац; Учитеска школа во Битола; Филозофски факултет во Скопје.

Неколку години работел како учител во Струшко; бил новинар во Радио-Скопје; директор на Осмогодишно училиште и директор на Cредношколски училиштен центар во Струга; долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата.

Живее во Струга.

Творештво

Поетски книги: „Шепоти" (1958), "Чекори во времето" (1968), "Орфеј на бескрајот“(1971), "Велебилје"(1985), "Блик"(1999), "Сјај и пепел“(2005), „Слоеви“(2009), „Мигот и вечноста“(2013), "Полнотија“(2014), "Времено и трајно“(2016), "Ништо не е конечно“(2018), "Светли и темни ѕвезди во душата“ (2020), "Златоносни наноси“ (2023).

Раскази: "Луѓе со лузни"(1961), "Тајни"(1989), "Сили"(1992), "Живот и соништа"(2007), "Книга на животот“ (2011), "Врати кон неоткриеното“(2017),

"Чувар на тајни“ (2019), "Додека трае убвината“(2022).   

Романи: „Вода“(1972), „Свето проклето“ (1978), „Зарек“ (1981), „Јанза“(1986 ), „Злодобро“ (1990), „Еретик“ (1994), „Животраг“ (1995), „Последно прибежиште“(2003).

За деца и млади: „Светулка“ (1957) песни, „Последниот фишек“ (1968) раскази, „Шарени песни“(1979) песни, "Зелени очила“ (1960) раскази, "Патот до зората“ (1962) роман, "Дружината братско стебло“ (1964) роман, "Шарено огледало“ (1965) песни, "Од Северен до Јужен пол“ (1966) песни, „Синови“ (1968) роман, "Езерски цвет“ (1973) песни, „Саатот кукавица“ (1978) роман, "Езерски сон“ (1990) песни, "Чуден свет“ (1991) песни, „Кој е кој“ (1991) гатанки, "Прва љубов“ (1995) раскази, „Свет во свет“ (2001) песни, „Детски крал“ (2002) песни.               

Сценарија и драми: „Време, води“ игран филм (1980), „Илинка“,ТВ драма (1975)

Книги преведени на други јазици: "Fisheku i fundit" Detska radost, Skopje, (1964); "Son fisek" Sevinc, Skopje, (1968); "Vodа" Svetlost, Sarajevo, BiH, (1975); "Орфеј бескраја" Багдала, Крушевац, Србија, (1975); "Tarimul de la miazaazi" Dacia, Romanija, (1979); "Свето проклето" Народна књига, Београд, Србија, (1980); "Шарено огледало" Народна библиотека Радослав Љумовиќ, Титоград, Црна Гора, (1982); "Зарек" Графос, Београд, Србија, (1983); "Voda" Widawnistvo Lodzkie, Lodz, Polska, (1983); "Cartea urstei" Cartea romaneasca, Bucuresti, Romania, (1983); "Strepnja" Rad, Beograd, Srbija, (1988); "Душа и земја" Графос, Београд, Србија, (1988); "Страх" Радуга, Москва, Русија, (1989); "Братско дерево" Детскаја литература, Москва, Русија, (1990); "Злодобро" Графос, Београд, Србија, (1991); "Romanul Lui Tirpe Rabdatorul Sial Tinei Zaharel" Editura Orient Occident sal, Bucuresti, Romanija, (1993); "Корен" Фонд имени М. Лермонтова, Москва, (1996); "Water (Вода) (на англиски) " Проект на Министерството за култура на Република Македонија. Народна и универзитетска билиотека „Климент Охридски“, Скопје, (2011).

Книгите „Тајни„ (1989) и „Сили“ (1992) содржат над сто кратки раскази од кои три се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

Награди

Јован Стрезовски 
Стрезовски со наградата „Державин“.
  • Награда Радио-телевизија Скопје" за романот „Дружината братско стебло“ (1964)
  • Награда „11 Октомври“ Државна награда за култура и уметност за романот „Вода“(1972)
  • Награда „Стале Попов“ за романот „Свето проклето“на Друштвото на писателите на Македонија (1978)
  • Награда „Гоцева повелба“ за творечки опус (1991)
  • Награда „Книжевно жезло“ на Друштвото на писателите на Македонија (2006)
  • Награда „Ацо Шопов“ за Слоеви на Друштвото на писателите на Македонија (2010)
  • Награда „Державин“ за стихозбирката „Времено и трајно“; (2016)
  • Награда "Стале Попов" на Друштвото на писателите на Македонија за расказите „Чувар на тајни“(2020)

Значење и влијание

Својата песна „Волкот“ македонскиот поет Анте Поповски му ја посветил на Јован Стрезовски.

Наводи

Надворешна врска

Tags:

Јован Стрезовски ЖивотописЈован Стрезовски ТворештвоЈован Стрезовски НаградиЈован Стрезовски Значење и влијаниеЈован Стрезовски НаводиЈован Стрезовски Надворешна врскаЈован Стрезовски193126 априлМакедонциПодгорциСтрушко

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ОрелБитка кај Мечкин КаменМаја ИвановаЕндометриозаИзборна единица 2Митко ЧавковЗНАМРечник на стари македонски зборовиМакедонски парламентарни избори (2002)Џо БајденЅвезда од КутлешАнтибиотик со широк спектар на дејствоТетовоКубаСтрумицаДеменцијаКорупцијаЃорче ПетровЏезМејозаМедузаКошаркаХераклеја ЛинкестисЕволуција на човекотСписок на политички партии во МакедонијаПопулизамЧовечко телоБубрежен каменОпштина Гази БабаВлада на Македонија од 1992Замок БранОпштина ОхридМинистер за здравство на МакедонијаДемократска партија на Србите во МакедонијаУстав на МакедонијаБлаже КонескиМакедонско востаниеИзбори во Република МакедонијаИзбори во МакедонијаКичевоГоце Делчевgr7cmРимска култураХипотироидизамОВКАлександар КирацовскиБитолаАнгинаПиту ГулиМакедонски ораТелевизијаГригор ПрличевХепатит ЦОхридски рамковен договорСредоземно МореПипи Долгиот ЧорапМесечинаФранцијаОпштина КарпошСамоилово ЦарствоГостиварИзборна единица 9ИнтеграЛокални избори во Македонија (2017)ТрапезДропкаБугарски возПанонска НизинаЈапонијаТелефонДанела АрсовскаМиле ЗечевиќПопис на населението во Македонија (2021)Горан МинчевИлијадаЛевица (политичка партија)🡆 More