Избори Во Македонија

По воведувањето на политичкиот плурализам во тогашната Социјалистичка Република Македонија во 1989, било дозволено формирањето политички партии и во 1990 биле одржани првите слободни и повеќепартиски избори.

Во Република Македонија се одржуваат избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, за Претседател на Републиката и локални избори за советници и градоначалници.

Парламентарни избори

Избори Во Македонија 
Марка на Македонска Пошта по повод 20 години од првите повеќепартиски избори во Република Македонија (ФДЦ 19/2010, 11 ноември 2010)

Пратениците во Собранието се избираат за време од 4 години, на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Парламентарните избори се одржуваат секоја четврта година, во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав, а ги распишува претседателот на Собранието. Парламентарни избори се одржуваат и во случај на самораспуштање на Собранието (предвремени избори), ако за тоа се изјаснат мнозинството од вкупниот број пратеници. Во тој случај, изборите се одржуваат во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

Избори Во Македонија 
Изборни единици во Македонија

По воведувањето на политичкиот плурализам, во Република Македонија се одржани пет регуларни парламентарни избори и четири предвремени парламентарни избори во 2008, 2011, 2014 и 2016 година. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата била во состав на СФР Југославија, а останатите по прогласувањето на независноста во 1991 година.

Изборен модел

Пратениците се избираат според пропорционалниот модел со затворени листи, при што територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици, а во секоја изборна единица се избираат по 20 пратеници.

Од дијаспората можат да бидат избрани тројца пратеници, и тоа само доколку освојат најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори.

Список на парламентарни избори

Избори Во Македонија 
Излезност на парламентарните избори во Македонија во проценти

Претседателски избори

Досега се одржани пет избори за Претседател на Републиката. Првиот мандат на Киро Глигоров бил даден врз основа на избор од страна на Собранието на Република Македонија, согласно тогашните уставни решенија.

Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката, од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Право да поднесат листа на кандидат за претседател на Републиката имаат најмалку 10.000 избирачи или 30 пратеници.

Претседателските избори може да се одржат во два круга. Кандидатот е избран за претседател во првиот круг доколку добие мнозинство гласови од вкупниот број избирачи запишани во избирачкиот список. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател на Републиката не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајца кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите. Претседател бил избран во прв круг единствено на изборите во 1994, а сите преостанати избори се одржале во два круга.

Список на претседателски избори

Избори Во Македонија 
Излезност на претседателските избори во Македонија

Локални избори

Досега се одржани пет локални избори во Република Македонија. Одлика за локалните избори во Република Македонија се честите промени на границите на општините.

На локалните избори се избираат градоначалници и членови на советите на општините.

Бројот на членовите на советот се утврдува во зависност од бројот на жители во општината, и не може да биде помал од 9, ниту поголем од 33 члена.

Жители Членови во
советот
до 5.000 9
од 5.001 до 10.1000 11
од 10.001 до 20.000 15
од 20.001 до 40.000 19
од 40.001 до 60.000 23
од 60.001 до 80.000 27
од 80.001 до 100.000 31
над 100.000 33

Список на локални избори

Референдуми

Досега трипати е распишан референдум на државно ниво и седум пати на локално ниво. Првиот референдум во 1991 е по барање на Собранието, а во 2004 по барање на најмалку 100.000 гласачи.

На локално ниво

Галерија

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Избори Во Македонија Парламентарни избориИзбори Во Македонија Претседателски избориИзбори Во Македонија Локални избориИзбори Во Македонија РеферендумиИзбори Во Македонија ГалеријаИзбори Во Македонија ПоврзаноИзбори Во Македонија Надворешни врскиИзбори Во Македонија19891990ГрадоначалникИзбориПолитичка партијаПретседатели на Република МакедонијаСобрание на Република МакедонијаСоцијалистичка Република Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Карло АнчелотиОпштествено уредувањеУбиство на Јане СанданскиЛавПирамида (геометрија)Арбен ТаравариВладаЖирафаМесечинаСписок на држави и територии во ЕвропаСписок на држави во светотНационален парк ГаличицаПотрошувачЕлектрична струјаЕмоцијаНационален парк ПелистерМали сипанициТромбозаКичевоНаизменична струјаПреспански договорНадреден знакБик (хороскопски знак)СтрумицаЃорге ИвановПиту ГулиТодор АлександровПоплаваСуперхеројДора БакојаниСеверна АмерикаТелефонЗоран МилановиќПапратРелигијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаБлаже КонескиАлбер КамиАнтибиотикМакедонци-муслиманиПечалбариЕгејска МакедонијаГолеми и мали (роман)Кочо РацинМакедонски месециДелтоидСабина Ајрула-ТозијаМитоОпштина КичевоДубаиДебарМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаАдолф ХитлерКатастарски општини во МакедонијаМетодија Андонов-ЧентоЈазовецШизофренијаНационален парк МавровоПолип на маткатаФашизамВелесВардарЈулијански календарСписок на градови во Македонија по населениеАлжирЗагадувањеЗаздравување на ранаРепублика МакедонијаWhat the HellНасилствоСиријаМочуриштеМитологијаБојаЃорѓија Сајкоски🡆 More