Дијалекти На Македонскиот Јазик

Македонскиот јазик според поделбите на некои дијалектолози брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи.

Главната граница помеѓу двата блокови источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сѐ до Егејското Море (Бело Море). Главна особина за западните дијалекти е побавниот тоналитет на дијалектите, употребата на тројниот член и акцентот паѓа на третиот слог од крајот на зборот. Заедничка особина за источните дијалекти е побрзиот тоналитет на зборување, кратење на зборовите и променлива положба на акцентот. Дијалектите се зборуваат на сета територија на Република Македонија, Пиринска Македонија, Егејска Македонија (Беломорска Македонија), Мала Преспа и Голо Брдо и југозападно Косово. Македонскиот јазик, со сите негови дијалекти има над 3 милиони говорници.

Дијалекти

Дијалекти На Македонскиот Јазик 
Дијалектичка поделба на македонскиот јазик
    Северно наречје
  Тетовски и горански
  Скопскоцрногорски
  Кумановско-кратовски
    Западно/Северозападно наречје
  Централни
  Гостиварски
  Рекански
  Малорекански (Галички)
  Дебарски
  Дримколски-голобрдски
  Вевчанско-радошки
  Горнопреспански / Охридски
  Долнопреспански
    Југозападно наречје
  Горички (Корчански)
  Костурски
  Нестрамски
    Источно наречје
  Тиквешки
  Штипско-кочански
  Струмички
  Малешевско-пирински
    Југоисточно наречје
  Солунско-воденски
  Серско-драмско-лагадинско-неврокопски

Северно наречје

  • Западна група:
  1. Тетовски (Долнополошки) дијалект
  2. Вратнички дијалект
  3. Скопскоцрногорски дијалект
  • Источна група:
  1. Кумановски дијалект
  2. Кратовски дијалект
  3. Кривопаланечки дијалект
  4. Овчеполски дијалект

Западно наречје:

  • Централна група:
  1. Прилепско-битолски дијалект
  2. Кичевско-поречки дијалект
  3. Скопско-велешки дијалект
  • Западна и северозападна група:
  1. Гостиварски (Горнополошки) дијалект
  2. Горански дијалект
  3. Рекански дијалект
  4. Галички дијалект
  5. Дебарски дијалект
  6. Дримколско-голобрдски дијалект
  7. Вевчанско-радошки дијалект
  8. Струшки дијалект
  9. Охридски дијалект
  10. Горнопреспански дијалект
  11. Долнопреспански дијалект

Источно и јужно наречје

  • Источна група:
  1. Тиквешко-мариовски дијалект
  2. Штипско-кочански дијалект
  3. Струмички дијалект
  4. Малешевско-пирински дијалект
  • Југозападна група:
  1. Нестрамско-костенарски дијалект
  2. Горички (Корчански) дијалект
  3. Костурски дијалект
  • Југоисточна група:
  1. Солунско-воденски дијалект
  2. Серско-драмско-лагадинско-неврокопски дијалект

Географска распространетост

Дијалекти На Македонскиот Јазик 
Дијалекти на македонскиот јазик

Дијалектите на македонскиот јазик се одликуваат по местоположбата на регионот во кој се зборуваат. Македонската јазична територија го опфаќа централниот дел на Балканскиот Полуостров, и тоа сливот на реките Вардар и Струма и долниот тек на реката Места.

Запад

На запад, македонската јазична територија граничи со албанскиот јазик. Поголемиот дел од таа јазична граница се совпаѓа со државната граница меѓу Република Македонија и Албанија, а на географски план неа ја претставуваат планинскиот венец Кораб - Дешат - Јабланица, откаде се спушта на југозападниот дел на Охридското Езеро. По должината на оваа граница, на албанска страна остануваат триесетина населени места со македонско население, во долината на реката Дрим, западно од Дебар, и во областа позната како Голо Брдо и три села на брегот на Охридското Езеро околу градот Поградец (Подградец). Од јужниот брег на езерото, јазичната граница завртува на југоисток и преку планината Галичица излегува на југозападниот брег на Преспанското Езеро, а оттаму продолжува на југ и преку планината Мокра Гора излегува на Грамошта (Грамос), југозападно од Костур. На овој дел од границата, на албанска страна, остануваат десетина села на западниот брег на Преспанското Езеро и три села источно од Горица (Корча), Албанија.

На македонско - албанското јазично пограничје, на потесен ареал живее мешано македонско и албанско население. Оваа област ја опфаќа територијата на правецот Скопје - Тетово - Гостивар - Дебар - Струга - Поградец - Горица. Во овој дел населението главно е двојазично.

Југ

На југ, македонскиот јазик граничи со грчкиот јазик, на сиот простор од планината Грамошта па сѐ до реката Места во Тракија. Според Божидар Видоески и повеќе други јазичари, јазичната граница навлегува многу подлабоко на југ од денешната државна граница меѓу Република Македонија и Грција (т.е. Егејска Македонија). Така, македонскиот јазик може да се слушне сѐ до линијата Грамошта - Бер - Солун. Од Солун таа продолжува на исток и преку областа Богданско (каде се наоѓаат многу познатите, во дијалектологијата села Сухо и Висока) излегува на реката Места, малку посевероисточно од градот Драма.

Во ареалот на македонско - грчката јазична граница, на поширок простор во Егејска Македонија, живее мешано македонско и грчко население. Во северозападниот дел од денешна Грција, покрај македонско, живее и грчко, албанско и влашко население. Тука населението во голем процент е тријазично.

Исток

На исток, македонскиот јазик граничи со бугарскиот јазик. Според македонските јазичари, оваа граница ја претставува планинскиот венец Доспат - Рила. Од Рила границата свртува на северозапад, малку посеверно од Благоевград (Горна Џумаја) и излегува на државната граница меѓу Република Македонија и Бугарија. Официјалниот став на Бугарија е дека во рамките на нејзината територија не се зборува македонски јазик, а на бугарските јазичари дека во суштина, македонскиот е самиот по себе, дијалект на бугарскиот јазик. Според повеќе меѓународни извори, македонскиот јазик се зборува во Бугарија, но не се даваат конкретни податоци за бројот на говорниците, ниту пак за нивната припадност кон определен дијалект на македонскиот јазик.

Македонското население во Пиринска Македонија, која е во составот на Бугарија, покрај службениот бугарски јазик го употребува и својот мајчин (роден) македонски дијалект. Во источните делови на Пиринска Македонија и во делови од Егејска Македонија до Солун, јатовиот глас ѣ се изговара како во Источна Бугарија - дјадо (дядо), нјама (няма), млјако (мляко) наместо дедо, нема, млеко итн.

Север

На север, македонската јазична граница се совпаѓа со државната граница меѓу Република Македонија и Србија.

Разлики во самогласките

Централните западни дијалекти разликуваат пет самогласки, а, е, и, о, у (/i, ɛ, a, ɔ, u/). Речиси сите други дијалекти имаат темна самогласка /ə/. Покрај ова, во разни дијалекти се јавува и фонемско /ɑ/, /æ/ и /y/ и самогласно /l/ и /r/.

Највеќето дијалекти ја имаат самогласката /ɛ/ од првобитното ě (ѣ, јат), но во источните региони ě се развило во /a/ по /c/: источно цал, западно цел. Покрај ова, во најисточните делови на Егејска и Пиринска Македонија нагласеното е ě звучи како /a/ или /æ/. Кај егејските дијалекти пак, ова се јавува безусловно, додека пиринскиот серско-драмско-лагадинско-неврокопски дијалект има /ja/ доколку во следниот слог има задна самогласка, и има /ɛ/ доколку има предна самогласка. На пример, зборовите „бела“ (ж) и „бел“ (м) во разните дијалекти се јавува на следниов начин: Сер-Драма: /bala/ - /bali/, Сухо и Висока: /bæla/ - /bæli/, Неврокоп: /bjala/ - /bɛli/. Во Горица, акцентираното ě станува /iæ/.

Разлики во согласките

Што се однесува до согласните одлики, западните дијалекти се разликуваат од источните по тоа што го губат гласот х (освен во Тетово, Гора и Горица) и гласот „в“ во меѓусамогласна положба (освен во Мала Река и делови од Костур-Горица): „глава“ = гла, „глави“ = глај. Источните дијалекти го задржуваат гласот „х“ (освен Тиквешко-мариовскиот и кумановско-кривопаланечкиот) и меѓусогласното „в“. Источните дијалекти се одликуваат и со епентетичко „в“ пред првичното „о“, каде западните дијалекти имаат епентетичко „ј“: источно „ваглен“, но западно „јаглен“. Двофонемските рефлекси се најкарактеристични за говорите во Егејска, Пиринска Македонија, Костур-Горица и Охрид-Преспа. Серско-драмско-лагадинско-неврокопскиот дијалект се одликува со низа фонемско палатализирани согласки.

Разлики на акцентот и неговите ефекти врз самогласките

Западните дијалекти имаат непроменлив акцент, третосложен во Република Македонија, и второсложен во Егејска Македонија и Албанија. Источните дијалекти пак, заедно со соседните бугарски дијалекти, имаат разни системи на променлив акцент. Во Долен Вардар и Сер-Неврокоп неакцентираните а, е, о (/a, ɛ, ɔ/) стануваат , и, у [ə, i, u].

Наводи

Извори

Надворешни врски

Tags:

Дијалекти На Македонскиот Јазик ДијалектиДијалекти На Македонскиот Јазик Географска распространетостДијалекти На Македонскиот Јазик Разлики во самогласкитеДијалекти На Македонскиот Јазик Разлики во согласкитеДијалекти На Македонскиот Јазик Разлики на акцентот и неговите ефекти врз самогласкитеДијалекти На Македонскиот Јазик НаводиДијалекти На Македонскиот Јазик ИзвориДијалекти На Македонскиот Јазик Надворешни врскиДијалекти На Македонскиот ЈазикБело МореБеломорска МакедонијаВардарГоло БрдоДијалектЕгејска МакедонијаЕгејско МореМакедонски јазикМала ПреспаПиринска МакедонијаРепублика КосовоРепублика МакедонијаСкопска Црна Гора

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПретседателФК БарселонаМенструален циклусРеферендум во Македонија (2018)СиријаИменки во македонскиот јазикЦрна ГораЃорге ИвановКнигаОхридско ЕзероСписок на држави во светотЗмијаПрва светска војнаГерманијаРибиАлбанијаKлиндамицинЗборник на МиладиновциБудимпештаМексикоПанонски легендиСашо ОрдановскиОливер СпасовскиСинонимПоштенски броеви во МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2016Фигура (стилистика)ТриаголникВелигденБеровоСловенијаМетилпреднизолонПавел ШатевКристијано РоналдоДијагоналаХамлетРада МанојловиќПаркинсонова болестИнфективна мононуклеозаДемократска партија на АлбанцитеАцо ШоповАлкохолСоцијалистичка партија на МакедонијаУнгаријаНАТОЕпилепсијаХристијанствоПарите се отепувачкаБелградРомбМеѓашиБојаГаличникМакедонски парламентарни избори (1994)РомантизамЦирозаБања БанскоВитамин Б61937Артан ГрубиПлоштад МакедонијаНационален парк МавровоПрва влада на Никола ГруевскиДекамеронСмоларски ВодопадПартија за движење на Турците во МакедонијаМалтаВасил ИљоскиИндонезијаКичевоАнтон ПановСписок на змии во МакедонијаЦар СамоилПроцентЕлектролитУбиство на Јане СанданскиРамазан🡆 More