Дипломат Никола Димитров: Македонски политичар и дипломат

Никола Димитров (р.

30 септември 1972 во Скопје) — македонски дипломат и поранешен министер за надворешни работи на Македонија. Во минатото работел како заменик министер за надворешни работи и амбасадор на Македонија во САД и Холандија. Во 2014 го одбил амбасадорското место во Русија и привремено се повлекол од дипломатијата.

Дипломат Никола Димитров: Македонски политичар и дипломат
Министер за надворешни работи на Македонија
На должноста
1 јуни 2017 – 31 август 2020
Премиер Зоран Заев
Претходник Никола Попоски
Наследник Бујар Османи
Вицепремиер за европски прашања
На должноста
31 август 2020 – 17 јануари 2022
Премиер Зоран Заев
Претходник Бујар Османи
Наследник Бојан Маричиќ
Лични податоци
Роден(а) 30 септември 1972(1972-09-30)(51 г.)
Скопје
Партија Независен
Деца 3
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Кембрички универзитет
Професија правник, амбасадор, дипломат

Животопис

Никола Димитров дипломирал меѓународно право на универзитетите во Скопје и Кембриџ. Димитров својата професионална кариера ја започнал во 1996 година во Министерството за надворешни работи на Република Македонија како советник од областа на меѓународното право за човековите права. Во 2000 година бил назначен за заменик министер. Тој бил и советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски. Во 2002 година бил именуван за амбасадор на Република Македонија во САД, наследувајќи ја амбасадорката Љубица Ацевска. Како 32-годишен, Димитров бил најмладиот амбасадор во САД. За време на неговиот престој во 2004 година САД ја признале Република Македонија под уставното име.

Дипломат Никола Димитров: Македонски политичар и дипломат 
Потпишување на Преспанскиот договор

Димитров бил македонски претставник во преговорите околу спорот за името помеѓу Република Македонија и Република Грција, а бил и правен застапник на Република Македонија при тужбата пред Меѓународниот суд за правда во Хаг против Република Грција за прекршување на привремената спогодба од 1995 година.

Во 2009 година Димитров станал македонски амбасадор во Холандија. По завршувањето на неговиот мандат во 2013 година требало да замине како амбасадор во Германија, но на негово место бил назначен Никола Колев. Во 2014 година одбил да биде македонски амбасадор во Русија и кариерата ја продолжил во Хашкиот институт за глобална правда.

Никола Димитров е син на Димитар Димитров и Ратка Димитрова, истакнати функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Наводи

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Никола Попоски
Министер за надворешни работи на Македонија
2017-2020
Наследник
Бујар Османи
Претходник
Бујар Османи
Вицепремиер за европски прашања
2020-
Наследник
моментален

Tags:

197230 септемвриМинистер за надворешни работи на МакедонијаРусијаСАДСкопјеХоландија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рак на панкреасотВиолета ТомовскаБроеви во македонскиот јазикБранко ЦрвенковскиБик (хороскопски знак)Сузана СпасовскаНасилствоПроста реченицаОмепразолСтрофаПере ТошевЕгејска МакедонијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаМорфологија на македонскиот јазикЛегендаИзборни единици во МакедонијаЗагадувањеМастурбацијаЛибанТом СоерБлаже КонескиАреаКокино (наоѓалиште)Надреден знакТромбозаАлжирКоле НеделковскиВирусПаркинсонова болестАртрозаТротинетСкопјеНатриум хидроксидЈужна ЕвропаПартенија ЗографскиОпштина РадовишАдаптација (биологија)Човечки папиломен вирусКазахстанГрегоријански календарШестаголникАлбанијаБожествена комедијаРимВакцина против тетанусРоманијаСвети Климент ОхридскиТурска кујнаАтанас БадевНационален парк Шар ПланинаРисХипертензијаКочаниАлбер КамиДрачевоПневмонијаМакедонска крвава свадбаМултипликатор на паритеОрелЗлосторство и казнаШтипВремеплов (роман)Изборна единица 3КавадарциОпштина ОхридЦрвени крвни зрнцаРасказВикипедија на македонски јазикПреспански договорПингвинИсторија на македонскиот народПроизвод (математика)ПентоксифилинМакедонска народна музика🡆 More