Рак На Желудник

Карциномот на желудникот може да се појави во било кој дел од желудникот и може да се прошири и на останатите органи, претежно во хранопроводот (езофагус), белите дробови, лимфните јазли и црниот дроб (хепар).

Рак На Желудник    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Желудочниот карцином е причина за околу 800.000 смртни случаи годишно во светски размери.

Рак на желудник
Рак На Желудник
Карцином на желудник
СпецијалностОнкологија, гастроентерологија Уреди на Википодатоците
Рак На Желудник
Карцином на желудник

Причини

Инфекцијата со Хеликобактер пилори се верува дека е причинител за повеќето случаи на карцином на желудникот, додека автоимуниот атрофичен гастритис, интестиналната метаплазија и многу генетски фактори се поврзани со зголемен ризик за појава на овој карцином. Диететскиот режим исто така има огромна улога во појавата на желудочниот карцином – димена храна, солена риба и месо. Нитратите и нитритите се најчести супстанци кои се наоѓаат во чадените меса. Тие се претвораат од страна на одредени бактерии како Хеликобактер пилори во компоненти кои директно предизвикуваат желудочен карцином. Од друга страна, конзумацијата на свежо овошје и зеленчук кои содржат антиоксидансни витамини (А и Ц) се поврзани со намален ризик од желудочен карцином. Многу важен но превентибилен фактор е употребата на цигари – го зголемува ризикот за 40% (кај лесните пушачи), до 82% кај тешките пушачи. Друг важен фактор е конзумацијата на алкохол, пред се, жестоки пијалаци. Желудочниот карцином почесто се јавува кај мажите отколку кај жените со однос 3:1.

Знаци и симптоми

Желудочниот карцином е често асимптоматски (не покажува симптоми) или предизвикува само неспецифични симптоми во најраните фази. Со тек на време со појавувањето на симптомите најверојатно е дека карциномот достигнал напредната фаза и обично има лоша прогноза.Желудночниот карцином ги дава обично следниве симптоми:

    • Фаза 1 (ран стадиум)
      • Индигестија или жаречка сензација
      • Губиток на апетит, особено за месо
      • Абдоминална непријатност (дискомфорт) или иритација
    • Фаза 2 (среден стадиум)
      • Слабост и замор
      • Дуење на стомакот, особено после оброците
    • Фаза 3 (доцен стадиум)
      • Абдоминална болка во горниот дел од стомакот
      • Гадење и понекогаш повраќање
      • Дијареа или опстипација
      • Губиток на тежина
      • Крварење (повраќање на крв или постоење на крв во столицата) – темна крв – мелена. Ова може да доведе до анемија.
      • Дисфагија (отежнато голтање) – овој знак посочува на тумор во кардијата или ширење на желудочниот карцином во хранопроводот.

Овие симптоми може да се појават и при други проблеми, како стомачен вирус, улкус на желудникот или целијакија.

Дијагноза

Се поставува врз основа на анамнезата и целокупната историја, физикалното испитување, гастроскопски испитувања, горно-дигестивна рендгенографија (со контраст), компјутеризирана томографија. Од абнормалното ткиво кое се гледа со гастроскопија се зема биоптичен материјал и се испитува хистопатолошки. Може да се земе примерок од столицата со цел испитување на окултно крварење.

Терапија

Оперативниот зафат е најчестиот третман за гастричните карциноми, при што се отстранува или дел од желудникот заедно со зафатените лимфни јазли или пак се отстранува и дел од дванаесетпалечното црево и панкреасот. Долнотретинските тумори може да подлежат на Билрот 1 или Билрот 2 оперативна процедура. Ендоскопската мукозна ресекција е третман за туморите во ран стадиум, каде промената е сместена само на мукозата.Хируршките интервенции се куративни кај помалку од 40% од случаите, а во случај на метастази, хируршката интервенција може да биде само палијативна метода.Хемотерапијата е стандард во терапијата. Се користат цитостатици како 5-флуороурацил, доксорубицин, митомицин Ц, цисплатин и таксотере или пак нивни комбинации.Радијационата терапија е палијативна метода која се користи за намалување на големината на туморот и намалување на болките.Мултимодалната терапија – претставува комбинација од оперативен зафат, хемотерапија и радијациона терапија.

Наводи

Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори


Tags:

Рак На Желудник ПричиниРак На Желудник Знаци и симптомиРак На Желудник ДијагнозаРак На Желудник ТерапијаРак На Желудник НаводиРак На Желудник Надворешни врскиРак На ЖелудникБелите дробовиЦрниот дроб

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БајкаВлада на Љубчо ГеоргиевскиХипотироидизамДекамеронСолунски атентатиСписок на планини во МакедонијаИзборна единица 6ГликемијаЦар Едип (драма од Софокле)Десет Божји заповедиДржавна изборна комисијаКирил ПејчиновиќТетанусЗамок БранСинонимМакедонски претседателски избори (1994)БРИКСЧернобилска несреќаИзборни единици во МакедонијаСашко КедевОрелСоветски СојузСтароегипетска митологијаВелесХартијаСветлинаБубрежен каменНикола КаревХемороидЛокални избори во Македонија (2009)Независен политичарДебарСложена реченицаПиту ГулиТрета влада на Никола ГруевскиСтара скопска чаршијаБалканска приказна (ТВ-серија)Втора влада на Никола ГруевскиРак на белите дробовиОпштина ПрилепБиљал КасамиАлтернатива (политичка партија)ЕнциклопедијаTrackBackМакедонски месециДржавни празници во БугаријаМакедонски парламентарни избори (2002)ОВКМиле ЗечевиќМинистер за здравство на МакедонијаМуса ЏафериСашо ОрдановскиМозокВила ВодноОбединето КралствоУставен суд на МакедонијаВеројатностПанонска НизинаМинистер за финансии на МакедонијаЕгипетБременостДиво месо (драма)Единствена МакедонијаПридавкаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеПреспанско ЕзероШишман АнгеловскиМакедонска радио-телевизијаМеѓународен ден на трудотКрешник БектешиПолжавиАртан ГрубиРомиБиполарно растројствоЛибанОпштина СтуденичаниЗемја (планета)🡆 More