Локални избори во Град Скопје во 2021 година — избори што се одржале на 17 октомври 2021 година со цел да се изберат советници и градоначалник на Град Скопје.
Изборите биле распишани на 6 август 2021 од претседател на Собранието Талат Џафери. Според календарот на ДИК, крајниот рок за поднесување кандидатури за советнички списоци и за градоначалници бил 11 септември 2021 година. Изборната кампања за првиот круг започнала на 27 септември и траела до 15 октомври.
За учество на локалните избори во Скопје биле поднесени 12 кандидатури за градоначалници на Градот Скопје, 15 советнички листи за советот на Градот Скопје, 49 кандидатури за градоначалници за општините во Градот Скопје и 95 советнички листи за советите на општините во Градот Скопје. Во општините Центар, Карпош, Гази Баба и Градот Скопје свои независни советнички листи поднеле граѓанските иницијативи Шанса за Центар, Независни за Карпош, Зелените од Гази Баба и Зелен хуман град. ЗХГ покрај со своја советничка листа настапиле и со свој кандидат за градоначалник, Ана Петровска.
Кампања
Дебати
Прв круг
Дебати за изборите за градоначалник на Град Скопје, 2021
Изборниот процес за избор на Градоначалник на Град Скопје, членови на Советот на Град Скопје, градоначалници и членови на советите на општините во Градот Скопје започнал на 17 октомври во 07:00 часот на сите 685 избирачки места. Дел од местата отвориле со задоцнување поради проблеми со апаратите за биометриска идентификација на гласачите. Процесот течел мирно без поголеми проблеми со времени прекини на одредени избирачки места од технички причини. Броењето и евидентирањето на гласовите траело до раните утрински часови на 18 октомври.
Дел од критиките се однесувале на сличните бои на гласачките ливчиња и следствено мешање на кутиите. Апаратите за биометриска идентификација имале проблеми при распознавање на отпечатоците, а на одредени места 30 % до 50 % од гласачите не можеле да бидат иднетификувани на овој метод. Според претседателот на ДИК, причина за овој проблем било добивањето стари и неквалитени отпечатоци од страна на МВР.
По сумирање на резултатите во шест од општините — Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сарај, биле избрани градоначалници во првиот круг. Во останатите четири општини — Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари, како и во Градот Скопје изборот за градоначалник ќе биде во вториот изборен круг.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Локални избори во Македонија (2021) — Град Скопје, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses. ®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.