Родина Македонија

Родина Македонија (скратено РОДИНА) — политичка партија во Република Македонија.

Партијата е формирана на 30 март 2020 година во Скопје. Претседавач на претседателството е Зоран Јованчев.

Родина Македонија
Основана30 март 2020
ШтабСкопје, Република Македонија
МладинаРодина млади
ИдеологијаМакедонски национализам
Конзерватизам
Антикомунизам
Антифашизам
Анти-НАТО
Анти-ЕУ
Панславизам
Бои     црвена      жолта
Собрание
0 / 120
Општини
0 / 80
Мрежно место
www.rodina.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Создавање

Родина Македонија се создава како реакција и алтернатива на предавничките политики на двете најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Сметајќи дека Македонија оди во погрешна насока уште од самото осамостојување, тие за прв пат од која било друга политичка партија претходно, нудат алтернатива во БРИКС и ЕАЕС, притоа пркосејќи и со ставовите дека се против НАТО и Европската Унија.

Основни цели

Како основни цели на Родина Македонија се издвојуваат:

  • Враќање на името Македонија
  • Враќање на шеснаесет зрачното сонце за официјална употреба
  • Не во НАТО и не во ЕУ
  • Влез во БРИКС, ЕАЕС, ШОС, Пат на свилата
  • Заштита на децата од трансродови и сексистички идеологии
  • Повеќедетно семејство
  • Заштитена природа и неотуѓивост на нејзините ресурси
  • Македонија да прави стратешки, економски и безбедносни сојузи само во свој интерес

Органи на Родина

-собрание;

-централен одбор;

-претседателство;

-совет за Родина;

-генерален секретаријат;

-општински одбори;

-задгранични одбори.

Собрание

Собранието е највисок орган на Родина.

Собранието:

-ги донесува и менува статутот и програмата на партијата;

-ги избира членовите на претседателството на партијата;

-разгледува прашања од општ интерес за партијата;

-ги утврдува основните насоки и ставови за делување на органите и на партијата во целина;

-усвојува извештаи за работа на органите и телата на партијата;

-донесува деловник за работа и

-врши и други работи од интерес и значење за партијата.

Централен одбор

Централниот одбор е највисок политички и раководен орган на Родина помеѓу две собранија.

Централниот одбор:

-раководи со партијата меѓу две собранија;

-се грижи за спроведување на одлуките на собранието и на другите органи и тела на партијата;

-дава политички оценки и креира партиски ставови по разни прашања од општествено-политичките, економските и другите случувања;

-утврдува кандидат за Претседател на Републиката, кандидати за пратеници, кандидати за градоначалници и членови на советите на општините и Град Скопје;

-утврдува предлог на статут или за изменување и дополнување на статутот, врз основа на иницијативи од претседателството, основните помошни органи и тела, општинските одбори, советот за Родина и/или поединци – членови на партијата ;

-донесува одлуки за внатрепартиски избори;

-ја следи работата на носителите на јавните функции од редот на Родина;

-донесува финансиски документи во врска со работењето на партијата;

-формира комисии, работни тела и други органи од значење за работата на Одборот;

-донесува одлука за коалицирање или прекин на коалицирањето, на предлог на претседателството;

-донесува акти за реализирање на својата активност;

-врши и други работи од значење за работата на партијата.

Претседателство

Претседателството е политичко – извршен орган на партијата.

Претседателството:

-утврдува предлози на акти кои ги донесува централниот одбор;

-ги спроведува актите кои ги донеле собранието или централниот одбор;

-ги следи актуелните општествено-политички и економски случувања, расправа во врска со нив, зазема став по истите и во врска со тоа предлага иницијативи и мерки до централниот одбор, а по потреба и до собранието;

-се грижи за организационата мрежа на партијата и презема мерки за унапредување на истата;

-на предлог на претседавачот на претседателството избира генерален секретар на партијата;

-донесува одлука за исклучување и одговорност на партиските членови;

-донесува одлуки за основање и распуштање на општинските одбори и задграничните комитети;

-донесува одлуки за промена на претседавачи и одговорни лица во општинските одбори;

-се грижи за материјално-финансиското работење на партијата;

-определува лице задолжено за материјално – финансиско работење на партијата;

-одлучува за набавка на движни и недвижни ствари за потребите на партијата;

-основа и укинува помошни органи, тела, комисии, одбори и работни групи за потребите на партиските активности;

-дава предлози до собранието и централниот одбор за преземање одредени мерки и активности;

-одлучува за тековни активности од значење и интерес за партијата;

-врши и други работи и задачи кои се во функција на извршување на партиските ставови, одлуки и заклучоци.

Членови на претседателството:

  1. Зоран Јованчев-претседавач
  2. Томе Ширков-заменик претседавач
  3. Коста Јовчевски Корчагин-член
  4. Гордана Гоџо-член
  5. Зоран Тапчановски-член
  6. Александар Стефановски-член
  7. Никола Чоневски-член

Совет за Родина

Советот за Родина е орган на партијата кој има советодавна, надзорна и иницијативна функција, чија основна функција е зачувување на изворните принципи на програмските определби заради кои е основана партијата.

Член на советот за Родина може да биде лице кое:

-учествувало во првичните активности на создавање, профилирање и дефинирање на идеолошката ориентација, програмата и целите врз кои се темели партиско – политичката активност на Родина Македонија, пред нејзиното формално основање;

-е веќе докажано во својата партиско – политичка активност и кое покажало континуитет и доследност кон основните програмски цели;

-во ниту еден момент не оставило сомнеж за неговите искрени и чесни намери во врска со делувањето на Родина Македонија;

-давало во континуитет значајни резултати во реализација на програмските цели;

-е континуирано присутно на работните состаноци и активности на Родина Македонија и

-е посветено на основните идеолошки и програмски цели на Родина Македонија.

Родина млади

Родина малди е младински огранок на Родина Македонија, а е формиран во 2023 година. Целите на подмладокот на Родина е промовирање на патриотизмот кај младите македонци и развивање на чувството на солидарност од еден македонец кон друг. Покрај тоа Родина млади ја промовира идејата за новиот мултиполарен свет кај младите и ги едуцира за положбата и значењето на Македонија во истиот.

Локални избори 2021 година

Родина Македонија учествуваше на Локалните избори 2021 година со свои кандидати за градоначалник на Град Скопје, Општина Центар и Општина Берово и со свои советнички листи за Град Скопје и во општините: Аеродром, Центар, Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Бутел, Конче и Македонски Брод.

Кандидати за градоначалник

  1. Град Скопје - Владимир Трајковски
  2. Општина Центар - Силва Јовановска
  3. Општина Берово - Горанчо Костевски

Кандидатски листи за членови во советот

  1. Град Скопје, носител на листа - Томче Ширков
  2. Општина Центар, носител на листа - Софија Ачкоска
  3. Општина Аеродром, носител - Елизабета Чингарова Матевска
  4. Општина Кисела Вода - Елена Чоневска
  5. Општина Гази Баба - Добринка Накева
  6. Општина Карпош - Теона Трајковска
  7. Општина Бутел - Никола Чоневски
  8. Општина Конче - Васка Ристова
  9. Општина Македонски Брод - Тони Радески

Надворешни врски

Статут на партијата

Поврзано

Политички партии во Македонија

Tags:

Родина Македонија СоздавањеРодина Македонија Основни целиРодина Македонија Органи на РодинаРодина Македонија Родина младиРодина Македонија Локални избори 2021 годинаРодина Македонија Надворешни врскиРодина Македонија ПоврзаноРодина МакедонијаРепублика Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Лила СтојановскаОпштина ПробиштипОлимписки боговиСолиФудбалБор (град)ГлаголСветлана Ражнатовиќ-ЦецаСтевчо ЈакимовскиОпштина Кисела ВодаМакедонија во Втората светска војнаСтара ГрцијаПланетаСамоилово ЦарствоРимска уметностНикола КаревСкопски земјотрес (1963)Повикот на дивинатаДојранско ЕзероКлинесто писмоНаум НаумовскиХепатитРепродуктивен системЅвезда од КутлешХристијан МицкоскиИсак ЊутнЧасовен појасБактерииЦрноризец ХрабарВија ЕгнацијаПредмет (граматика)Македонски парламентарни избори (2014)ПолицијаСписок на електрани во МакедонијаБакарХемоглобинПрва помошПрекршување (физика)Мајка ТерезаАлиса во земјата на чудатаПротестантствоРечник на стари македонски зборовиЈугославијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаШтипСловенска писменостКрушевска РепубликаКорабОпштина ШтипОхридско ЕзероДаут-пашин амамЧинови на Армијата на МакедонијаАлкалоид (претпријатие)Јордан Хаџи Константинов-ЏинотМечкин КаменЕлектрична енергијаГоран БреговиќГај Јулиј ЦезарЛетно сметање на времетоОпштина КичевоЗагребИзраелДемократска партија на Турците на МакедонијаСкопјеТројанска војнаЕрнест ХемингвејНова годинаБорис ТрајковскиИсторија на македонскиот народАлгиВоен конфликт во Македонија (2001)Славко ЈаневскиКвадратСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваTrackBackМекотели🡆 More