Србо Ивановски

Србо Ивановски (Штип, 1928 - Скопје, 12 март 2014) — македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор и писател за деца.

Србо Ивановски
Роден/а1928
Штип
Починат/а12 март 2014
Скопје
Занимањепоет, раскажувач, романописец, драмски автор, писател за деца
НационалностМакедонец
Значајни наградиКочо Рацин“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Григор Прличев“, „Книжевно жезло“, „Бранко Миљковиќ“.

Животопис

Србо Ивановски е роден во 1928 година во Штип. Се школувал во родното место, а дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како уредник во неколку списанија и весници, како и долгогодишен уредник во Радио Скопје. Toj e член и поранешен претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1949 година, како и член на Македонскиот ПЕН центар. Починал на 12 март 2014 година во Скопје.

Творештво

Србо Ивановски е автор на поезија, раскази и романи за возрасни и за деца. Тој е претставник на втората македонска поетска генерација, а во современата македонска поезија се појавил во 1950 година. Негови поважни дела се:

  • Лирика (поезија, 1950),
  • Желби и меѓи (поема, 1950),
  • Средби и разделби (поезија, 1953),
  • Бели крикови (поезија, 1956),
  • Маѓепсан патник (поезија, 1966),
  • Пена од планината (поезија, 1972),
  • Прстен на времето (поезија, 1993),
  • Горчлив корен (поезија, 1994),
  • Челуст на времето (поезија, 1996),
  • Близу до животот близу до смртта (поезија, 1998).
  • Жена на прозорецот (раскази, 1955),
  • Кога тетин Клименте шеташе над градот (раскази 1982),
  • Желките од рајската градина (раскази, 2009),
  • Осамени (роман, 1957),
  • Мартин Нуната (роман, 1979),
  • Леонида трча окрвавен (роман, 1980),
  • Додека го чекавме Андреја (роман, 1990),
  • Балада за исчезнатите (роман, 1994),
  • Неподобниот (роман, 1997).

Исто така, Ивановски е познат и како автор на текстот на познатата детска песна „Елко, елко“, создадена во 1952 или во 1954 година, на музика на композиторот Тодор Скаловски.

Иако на почетокот од книжевната кариера бил типишен претставник на соц-реалистичката поезија, подоцна станал изразито модернистички поет. Во неговата проза доминираат теми и мотиви од секојдневниот живот, со повремено свртување кон темите од НОБ, а во романот „Емигранти“ го опишува животот на иселениците.

Награди

За своите дела, Ивановски е добитник е наградите „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Стале Попов“. За поемата „Елена“, во 2006 година ја доби наградата „Григор Прличев“. За целокупниот поетски опус, во 2008 година ја доби наградата „Книжевно жезло“, што ја доделува ДПМ. Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник“ во 1976 година ја доби наградата „Бранко Миљковиќ“.

Наводи

Надворешни врски

Поезија од Србо Ивановски Архивирано на 28 октомври 2007 г. Поезија од Србо Ивановски[мртва врска] раскази од Србо Ивановски Архивирано на 8 декември 2008 г.

Tags:

Србо Ивановски ЖивотописСрбо Ивановски ТворештвоСрбо Ивановски НаградиСрбо Ивановски НаводиСрбо Ивановски Надворешни врскиСрбо Ивановски12 март19282014Драмски авторМакедонциПисател за децаПоетРаскажувачРоманописецСкопјеШтип

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Еден на еденОпштина ПласницаСтароегипетска митологијаКоле НеделковскиГрцијаМовТетовоПравоаголникЈохан ТарчуловскиПечалбариМакедонски претседателски избори, 2014ЛатвијаОпштина НовациСреден векМонакоВила ВодноОпштина КарбинциИсторија на македонскиот народСоветски СојузДемократска обнова на МакедонијаЕгипетБРИКСIP-адресаМакедонски парламентарни избори (1990)Гордана Силјановска-ДавковаТимчо МуцунскиМакедонска радио-телевизијаИстанбулЛозје (книга)Авантурите на ПинокиоЃорѓија ПулевскиИндонезијаАзијаАДХДАмди БајрамПовикувачки броеви во МакедонијаДемократска партија на АлбанцитеОпштина КрушевоИсус ХристосСолунски атентатиМијациЕпилепсијаСадула ДуракуЈордан Хаџи Константинов-ЏинотЌемане (македонско)Џек ЛондонПреспанско ЕзероСтефан ЛазаровЈордан КамчевВлада на МакедонијаОНАСердаротГрегоријански календарПочваГустав ШвабТартифОхридска пастрмкаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаДемократијаБујар ОсманиАнемијаГерманијаИменкаМатка (кањон)АфрикаЛиберално-демократска партијаЈордан МијалковОливер СпасовскиКомунизамЛокални избори во Македонија (2005)Македонски парламентарни избори, 1994Прва влада на Бранко ЦрвенковскиБитолаВасил ИљоскиОпштина КичевоБубрежна инфекцијаМакедонски парламентарни избори, 2016🡆 More