Тодор Скаловски

Тодор Скаловски (21 јануари 1909, Тетово - 1 јули 2004, Скопје) — истакнат македонски композитор, хорски и симфониски диригент.

Се категоризира во првата генерација македонски повоени композитори. Автор е на голем број вокални, вокалноинструментални и сценски композиции, а покрај творештвото и диригирањето се занимавал со педагошка работа и организација на музичкиот живот во современа Македонија

Тодор Скаловски
Тодор Скаловски
Тодор Скаловски во 2002 година.
Животописни податоци
Роден(а)21 јануари 1909
Тетово, Македонија
Починал(а)1 јули 2004
Скопје Македонија Македонија
Занимањакомпозитор, хорски и симфониски диригент.

Животопис

Тодор Скаловски 
Тодор Скаловски

Музичко образование завршил во Белград, а диригентството го усовршувал на Конзерваториумот „Моцартеум“ во Салцбург кај професорот Вилхелм Фуртвенглер. Скаловски бил долгогодишен соработник на Ловро Матачиќ. Основач е, прв шеф-диригент и директор на Македонската филхармонија во 1944. Основач, прв шеф-диригент и директор на Македонската опера, како и прв заменик главен уредник на Македонското Радио. Како долгогодишен организатор на музичкиот живот Скаловски е основач на неколку меѓународни музички фестивали во Македонија, какви што се Охридско лето и посебно биеналниот меѓународен хорски фестивал во Тетово - ТЕХО. Член е на Македонската Академија на Науките и Уметностите, МАНУ од 1972 г. Добитник е на највисоката награда на некогашна С.Ф.Р. Југославија, АВНОЈ, како и највисоката награда на Република Македонија за животно дело, „11 Октомври“ и др.

Тодор Скаловски е познат по креативната употребата на фолклорни мотиви, во неговите композиции. Со употребата на хармонија, тонални и модални системи, и лиризмот тој е сличен на српскиот композитор Мокрањац и македонскиот композитор Трајко Прокопиев, иако во некои дела како „Македонско оро“, Скаловски користи драмски елементи кои се сметаат како музички пандан на „Тешкото“ на Блаже Конески. Тој исто така пишувал и духовна музика.

Најпознати дела

  • „Македонско оро“
  • „Македонска хумореска“
  • „Величанија Кирилу и Методију“
  • „Гоце“
  • „Рапсодија 2“
  • „Шарпланинска приспивна“
  • свита „Балтепе“
  • ораториум „Земја, камен“
  • Денес над Македонија“ — музички аранжман на државната химна

Надворешни врски

Tags:

1 јули1909200421 јануариДиригентКомпозиторКомпозицијаПедагогијаПовоена македонска музикаРепублика МакедонијаСимфонијаСкопјеТетовоХор

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АлбанијаМејозаСтрујно колоТоше Проески‘Рбетен столбПреспански договорПретседателСписок на команданти на ОНАСписок на држави по населениеМитАнтарктикРак на белите дробовиПовикот на дивинатаЧовечки папиломен вирусРазловечко востаниеРистиќева палатаМуса ЏафериОпштини во МакедонијаВодаЖолто МореЕндометриозаДемократски сили на РомитеСтале ПоповПросветителствоБајкаИнтернетИлинденско востаниеМакедонски ВласиЖолчкаStaphylococcus aureusСписок на држави во светотДимитар АпасиевХераклеја ЛинкестисМакедонија во Втората светска војнаСписок на главни градови во ЕвропаМовМиле ЗечевиќВтора влада на Зоран ЗаевТетовоАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаАнте ПоповскиАмазонМакедонски претседателски избори, 2019Свети Наум Охридски ЧудотворецМакедонски парламентарни избори, 2006Витамин Б6Тито ПетковскиДекамеронАутизамСтрептококен фарингитисМакедонски јазикЈулијански календарСиндром на стекнат имунолошки дефицитДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаТрансверзала (геометрија)Божествена комедијаТрета влада на Никола ГруевскиВладимир ГлигоровПрилепЈосип Броз-ТитоГемиџииТуберкулозаВевчаниКумановоЕвропска УнијаМинистерство за животна средина и просторно планирањеПутурусКамилаКавалНова социјалдемократска партијаМакедонска радио-телевизијаШизофренијаДрогаЃокица ЛукаревскиДневникот на Ана ФранкБалкански рисАлександар Кирацовски🡆 More