Тимчо Муцунски: политичар

Тимчо Муцунски (р.

29 јули 1989 во Берово) — македонски политичар. Тој моментално е градоначалник на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во минатото бил заменик министер, пратеник и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тимчо Муцунски
Тимчо Муцунски: Животопис, Наводи
Заменик-министер за информатичко општество
На должноста
ноември 2015 – јули 2017
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Наследник -
Пратеник во Собранието
На должноста
2020–2021
Претседател Стево Пендаровски
Премиер Зоран Заев
Градоначалник на Општина Аеродром
На должноста
Стапил
2021
Претходник Златко Марин
Лични податоци
Роден(а) 29 јули 1989(1989-07-29)(34 г.)
Берово, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Партија ВМРО - ДПМНЕ
Занимање Политичар
Вероисповед Православие

Животопис

Образование

Основно образование го почнал во Њујорк, Соединетите Држави, а го завршил во Основното училиште „Љубен Лапе“. Средно образование има завршено во Отава, Канада. Завршил прв циклус на правни студии и дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во јуни 2009 година. По дипломирањето се запишал на постдипломски студии (правни студии од втор циклус). Магистерскиот труд успешно го одбранил на 4 јули 2011 година и се стекнал со називот магистер по право. Во 2019 година ги завршил докторските студии (трет циклус студии по правни науки) на Правниот факултет „Јустинијан Први”.

Со одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, д-р Тимчо Муцунски за првпат бил избран за демонстратор во 2009 година. Со одлукa на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, м-р Тимчо Муцунски во 2015 година бил избран со звањето асистент - докторанд. Во 2019 година е избран за Доцент на научната област римско право.

Тимчо Муцунски има екстензивно научно и апликативно искуство од областа на правото. Тој е со-автор на два основни универзитетски учебници, во издание на Правниот факултет „Јустинијан први”, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” и тоа: „Корпоративно управување“ (2014) и „Право на игрите на среќа“ (2013). Истовремено тој е и со-автор на 20 научни и стручни трудови од областа на правните науки објавени во меѓународни научни списанија. Во својство на научен работник има посетено голем број странски универзитети, а во четири наврати бил предавач на пленарен панел на меѓународни конференции организирани од страна на Институтот Хариман при Универзитетот Колумбија во Њујорк, Соединетите Држави. Тој има учествувано во голем број меѓународни научни проекти во соработка со реномирани странски универзитети како и државни установи од земји членки на Европската унија.

Политика

Од 2015-2017 година, Тимчо Муцунски бил заменик министер за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија.. Од 2018 година, бил избран за Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.. Во 2020 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. На 17 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Тимчо Муцунски победил во првиот круг и станал градоначалник на Општина Аеродром. Тој ја претставувал коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Наводи

Tags:

Тимчо Муцунски ЖивотописТимчо Муцунски НаводиТимчо Муцунски198929 јулиБеровоВМРО-ДПМНЕМакедонијаОпштина Аеродром

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јаглерод моноксидЕндометриозаМалиот принцПролетНаполеон БонапартСтефан ЛазаровКрвен притисокМинистерство за животна средина и просторно планирањеКалеш АнѓаМедЕмпатијаТешкотоКирил ПејчиновиќХерпесСписок на реки во МакедонијаРоманијаБугарски возКрвни плочкиЕлјеса КасоОвулацијаСписок на соработници со државна безбедностМагнетна резонанцијаВојдан ЧернодринскиТабла (игра)Новак ЃоковиќОпштина КарпошЈустинијан IСаша БогдановиќОпштина КончеАнемијаБиљал КасамиМакедонски парламентарни избори (1994)Список на држави и територии во ЕвропаВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Црни и жолтиОпштина Старо НагоричанеОВКПрва светска војнаСтевчо ЈакимовскиМорфинОпштина Кисела ВодаЦер (село)ХипертензијаМакедонска граматикаСојуз на Ромите од МакедонијаВиртуелна приватна мрежаСончев СистемЦиститДемократска обнова на МакедонијаМарија КириБели мугриАкутен панкреатитЛимфомНачини на давање на лековитеШестаголникПере ТошевПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаЗагрозен видАцо ШоповТајландМакедонски денарИнфективна мононуклеозаПетар МладеновскиОпштини во МакедонијаАлександар КирацовскиНова социјалдемократска партијаАвстријаСтојне НиколоваМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаНаселениеЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридБожествена комедијаМакедонски претседателски избори (2019)Список на држави во светотХепатит АНационален парк ПелистерХристо Узунов🡆 More