Стефан Марковски

Стефан Марковски (Гевгелија, 1 декември 1990) — македонски писател, поет, сценарист и филозоф.

Стефан Марковски
Стефан Марковски
Роден Стефан Марковски
1 декември 1990
Гевгелија, Македонија Македонија
Занимање писател, поет и филозоф

Животопис

Стефан Марковски е роден во Гевгелија, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, како и на Институтот за Филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Магистрирал Филмско и ТВ сценарио на Факултетот за Драмски Уметности.

Пишува уште од основноучилишните денови, кога ги завршил и своите први книги.

За романот „Еднонасочно“ во 2009-та ја добил наградата „Петре М. Андреевски“ за роман на републичко ниво од Фондацијата „Рамковски“.

Во 2014-та му е врачено признанието на Општина Гевгелија – „7 ноември“ за достигнувања во културата и придонес во културната афирмација на градот.

Добитник е на „Гран При“ на поетскиот фестивал „Литературни Искри“ – Гостивар, како и на наградата „Македонска книжевна авангарда“ за збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни“.

За поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ во 2016-та ја добил наградата Бели мугри[1] Архивирано на 4 декември 2016 г., а следната година и наградите Крсте Чачански и Книжевно перо од Хрватското книжевно друштво за збирката кратки раскази „Смртта долетува насмевната“, Книжевен круг за „Фауст го трча плебејскиот круг“.

Ја добил и наградата „Празник на липите“ од Друштвото на писателите на Македонија во 2022 година за најдобра песна напишана по повод истоимената манифестација.

Добитник е и на неколку домашни и странски награди за есеи, филмско сценарио, како и на книжевни резиденции.

Застапен е во повеќе меѓународни антологии. Објавува студии и статии во различни списанија за литература, уметност, наука и филозофија од земјата и странство.

Извадоци од неговото творештво и книги се преведени и објавени на повеќе јазици.

Марковски е главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и е член на редакцијата на ревијата „Стожер“ во издание на Друштвото на писателите на Македонија.

Уредник е и на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, платформата Версополис, Македонскиот центар на Меѓународниот театарски институт (ИТИ) и други меѓународни асоцијации.

Стефан Марковски 
Настап и предавање на Марковски во библиотеката Сан Херонимо во Сан Себастијан, Шпанија

Творештво

Марковски е автор на дела од повеќе области и жанрови, вклучувајќи прозни, поетски, драмски и теориски книги.

  • Романи: Еднонасочно, 2009; Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено, 2018; Анатомија на бумбарот, 2021.
  • Раскази: Продавачот на ветар и магла и други приказни, 2015; Смртта долетува насмевната, 2017, Фауст го трча плебејскиот круг, 2020.
  • Поезија: За некои спомени од онаа некогашност, 2010; Апеирон, 2010; In Nomine, 2016; Сиво сјаат вселените, 2016; По трагата на белиот грифон; 2018, Хипербог, 2019; Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови, 2022.
  • Психолошки и филозофски дела: Хиерархиска еволуција на свеста, 2012; Мета(де)конструкција и општа филозофија, 2012; Среќата е глагол, 2013
  • Драма: Мајстори за огледала, 2019.
  • Теорија: Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм „Се викам Слобода“, 2019.

Во 2019-та бил објавен и поетски избор од Марковски на македонски и англиски јазик насловен Promised Land.

Неговите романи „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ и „Анатомија на бумбарот“, како и збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ се исто така објавени на англиски јазик и достапни на голем број меѓународни книжевни платформи.

Покрај своето книжевно творештво, Марковски е автор на трудови, меѓу кои и на прегледен труд од областа на неврофилозофијата, насловен „Улогата и влијанието на неврофилозофијата врз современите когнитивистички и физиолошки парадигми за свеста“, објавен во 2018 година, како и „Вештачката интелигенција и можноста за програма-генератор на текстови на македонски литературен јазик“, студија која ги анализира можностите за развивање оперативна вештачка интелигенција на македонски јазик.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Стефан Марковски ЖивотописСтефан Марковски ТворештвоСтефан Марковски НаводиСтефан Марковски Надворешни врскиСтефан Марковски1 декември1990Гевгелија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на острови во Средоземното МореНАТОЈудаизамМакедонија во Втората светска војнаТрапезОбединети за МакедонијаАлшарСоветски СојузНационален парк МавровоПартија за целосна еманципација на РомитеБекир ХалимиСтароегипетска митологијаКошаркаШизофренијаРевматоиден артритисПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеЗаушкиОдбојкаМонокотиледониПреспанско ЕзероСтевчо ЈакимовскиЧовекВиолинаПоделба на властаОпштина ЛипковоАртан ГрубиМакедонски народни инструментиЉубчо ГеоргиевскиЃокица ЛукаревскиИзборна единица 3ПсоријазаСердаротВтора влада на Бранко ЦрвенковскиПетар ПанМонакоДудукОпштина СарајИзбори во Република МакедонијаИнфективна мононуклеозаСписок на птици во МакедонијаАлтернатива (политичка партија)ГРОМВтора светска војнаОпштина АеродромВиртуелна машинаДен на планетата ЗемјаЛиберална партија на МакедонијаВооружена престрелка во Куманово (2015)Филип ПетровскиСеверна АмерикаТуберкулозаЗијадин СелаДемократијаНационални паркови во МакедонијаУпад во Собранието на Македонија (2017)Лозје (книга)Список на македонски зборови од турско потеклоОпштина Старо НагоричанеКичевоК-15Охридско ЕзероМакедонско востаниеИзборни единици во МакедонијаХрватски месециМалиот принцОпштина Демир ХисарТоме АрсовскиКарлес ПуџдемонОпштина СопиштеТетанусОпштина ТетовоМакедонски парламентарни избори (2020)Пипи Долгиот ЧорапСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Бубрежна инфекцијаСтрептококен фарингитисСписок на градови во МакедонијаКрушево🡆 More