Атанас Раздолов

Атанас Раздолов — македонски револуционер и писател.

Атанас Раздолов
Атанас Раздолов
Роден 1872 година
Берово, Македонија
Починал 1931 година
Софија, Бугарија
Занимање Македонски револуционер и писател

Биографија

Раздолов е роден во 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад тој го напушта родното место и оди во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членува во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од Васил Главинов.

Во 1901 година е затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.

За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот потпоручник Георги Светогорски.

Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година.

Творештво

Атанас Раздолов 
Биста во градот Берово

Раздолов е автор на 15 книги, помеѓу кои се: „Песните на востаникот“ (1895), „Крвавиот исток и бездушна Европа“ (1889), „Пред министерските врати“ (1907), „Иднината на балканскиот полуостров“ (1914). Објавил и повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по курири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата.

Пример од поезијата на Атанас Раздолов

Следната поема е извадок од „Песните на востаникот“.

Так в срцето македонско
да в‘згласим ниј борбата
срешту племе анадолско
да развием знамената

Нек покажем на турчина
на цинцарја и на грка
на б‘лгарина, на србина
и на всеки што ни брка

Че не ламптим за корони
за царштина и за слава
не штем да сме ниј барони
в македонската држава

Но се трудим да в‘ведем
братство, равенство, свобода!
трудим се да с‘здадем
љубов мила в народа!

Трудим се и верваме
че в борбата ште успеем:
надеждата не губиме
скоро песен ште запеем.

Белешки

Надворешни врски


Tags:

Атанас Раздолов БиографијаАтанас Раздолов ТворештвоАтанас Раздолов Пример од поезијата на Атанас Раздолов БелешкиАтанас Раздолов Надворешни врскиАтанас РаздоловМакедонци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Емил ДимитриевАвтобиографија (Григор Прличев)Македонски парламентарни избори, 2006АнгинаШтипСДСМНационален парк ГаличицаЧовечки папиломен вирусРак на дојкаМакедонска граматикаОпштина Крива ПаланкаДемократијаГлас за МакедонијаРодина МакедонијаОпштина Шуто ОризариТарабукаКрвна групаЗагадување на воздухотОпштина Демир ХисарОпштина БрвеницаКатица ЈаневаСловенијаНеологизамПоп-музикаГоце ДелчевРециклирањеХазби ЛикаПеколот (Божествена комедија)АлшарМРП вакцинаЛиберално-демократска партијаАдаптација (биологија)Велигденски јајцаСтароегипетска митологијаВелики четвртокМала РечицаОпштина КумановоПустина (роман)Марија АнтоанетаСрбијаПанкреасМакедонски парламентарни избори, 1990Македонски парламентарни избори, 1998Хороскопски знациСвети Наум (манастир)Лазарова саботаЛила СтојановскаДПАВикипедијаТимчо МуцунскиАфрикаЗборник на Миладиновци20000 милји под моретоХрватскаЃурѓовденЏезВасил ТупурковскиИзборна единица 7Александар III МакедонскиСтојан АндовГлаголицаКалендар на Велигденски датумиУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Македонски претседателски избори (1994)АДХДЉупчо ГеоргиевскиМакедонска крвава свадбаРомантизамСветлинаКисел дождМакедонски парламентарни избори, 2016ТунисДомашно говедоЗа наша МакедонијаНова социјалдемократска партијаБолести и аномалии на очитеОпштина ИлинденПетар Гошев🡆 More