Македонска Академија На Науките И Уметностите

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) — национална научно-творечка установа основана на 23 февруари 1967 г.

За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Љупчо Коцарев.

Македонска академија на науките и уметностите
Лого на МАНУ
Македонска Академија На Науките И Уметностите
Зградата на академијата во Скопје
КратенкаМАНУ
Основана23 февруари 1967
ЦелДа го следи и поттикнува развојот на науките и уметностите
СедиштеСкопје, Македонија Македонија
Координати41°59′47″N 21°26′30″E / 41.99639° СГШ; 21.44167° ИГД / 41.99639; 21.44167
Членство37 академици, придружни, почесни и дописни членови
Службени јазицимакедонски
ПретседателЉупчо Коцарев
Ген. секретарИзет Зеќири
ПрипадностALLEA, UAI, IAP, ICSU
Мреж. местоmanu.edu.mk

Членство

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 35 се со статус на членови од работниот состав, а 60 се со статус на членови надвор од работниот состав.

Научни одделенија

Во рамките на МАНУ функционираат шест одделенија:

  • Одделение за лингвистика и литературна наука
  • Одделение за општествени науки
  • Одделение за медицински науки
  • Одделение за технички
  • Одделение за природно-математички и биотехнички науки
  • Одделение за уметност

Истражувачки центри

Македонската Академија има и осум истражувачки центри:

  • Центар за енергетика и одржлив развој
  • Центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“
  • Лексикографски центар
  • Центар за стратегиски истражувања
  • Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“
  • Истражувачки центар за културно наследство
  • Истражувачки центар за компјутерски науки и информатички технологии
  • Истражувачки центар за животна средина и материјали

Претседатели на МАНУ

Меѓународна соработка

Македонската академија на науките и уметностите има воспоставено соработка со поголем број академии во светот: Австриската академија на науките, Академијата за општествени науки на Австралија, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Академијата на науките и уметностите на Република Српска, Албанската академија на науките, Британската академија, Бугарската академија на науките, Друштвото на науките од Берлин „Лајбниц”, Естонската академија на науките, Европската академија на науките и уметностите, Италијанскиот национален научноистражувачки совет, Кинеската академија за општествени науки, Косовската академија на науките и уметностите, Кралската шведска академија за литература, историја и старини, Кралската фламанска академија на науките и уметностите, Кралското научно друштво од Лондон, Националната академијата на науките на Белорусија, Националната академија на науките на Украина, Унгарската академија на науките, Полската академија на науките, Полската академија на науките и уметностите, Романската академија, Руската академија на науките, Словачката академија на науките, Словенечката академија на науките и уметностите, Српската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките, Унгарската академија на науките, Хрватската академија на науките и уметностите, Црногорската академија на науките и уметностите и Чешката академијата на науките.

Склучените договори за меѓуакадемиска научна соработка содржат соработка на заеднички истражувачки проекти, учество на научни собири и уметнички приредби, студиски престои, размена на научни искуства, публикации и други информации.

Македонската академија на науките и уметностите е редовен член на Асоцијацијата на европските академии (ALLEA), Меѓународната унија на академии (UAI), Средоземната академија, Меѓуакадемиско партнерство (IAP), Меѓуакадемискиот совет за наука (ICSU), Меѓуакадемискиот совет за Југоисточна Европа и Конференцијата на академии од дунавскиот регион.

Освен со академиите со кои е воспоставена договорна научна соработка, Македонската академија на науките и уметностите комуницира и разменува мислења и искуства по разни прашања од заеднички интерес и со други странски академии и меѓународни научни организации.

Контроверзи

Покрај големиот број публикации, манифестации и соработки со странство, од МАНУ произлегоа неколку контроверзни проекти, како што се: „МАНУ за платформата за решавање на албанското национално прашање“, „За конструкцијата ‚Размена на територии‘“ и „Македонската енциклопедија“ во два тома. Исто така, за работата на МАНУ се реагираше дека „МАНУ да се ослободи од политички канџи“, немањето став за повеќе прашања од општествен, културен и политички карактер, непримањето на помлади членови и менувањето на ставот на претседателот на Академијата во однос на македонското име и идентитет, со изјавата дека договорот со Грција не е добар но дека е нужно зло“.

Публикации и изданија

МАНУ досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите. Изданијата опфаќаат поголем број на стручни монографии, зборници на трудови, научно-истражувачки проекти и студии, збирки, каталози и уметничка книжевност на македонски и англиски јазик. Каталагот на изданијата на МАНУ ги опфаќа следниве позначајни наслови:

  • Макропроект „Историја на културата во Македонија“ (1995 - 2012), 25 книги: Цивилизациите, Религиите и религиските аспекти во материјалната и духовната култура, Народното творештво, Музиката, Архитектурата, Историја на идеите, Археолошки откритија, Театарот, Фотографијата, Ликовната уметност, Јазиците, Градителството на почвата на Македонија.
  • Проект „Економска стратегија на Р Македонија“: Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија: развој и модернизација (1997); Стратегија за извоз на Република Македонија: истражувачки проект (1999); Стратегија за развој на земјоделството во Република Македонија до 2005 година (2001)
  • Ѓорѓија Пулевски, Славјанско-маќедонска општа историја (2003). Издание на оригиналниот текст во ракопис на Ѓорѓија Пулевски од 1892 година на 1061 страница, во подготовка на акад. Блаже Ристовски и Билјана Ристовска - Јосифовска
  • 100 години Илинден (1903-2003). II тома. (2005)
  • Димче Коцо. Археолошка карта на Република Македонија. III томови. (1994-2002)
  • Ѓорѓи Филиповски, Почвите на Република Македонија. VI томови. (1995-2004)
  • Кирил Мицевски, Владо Матевски. Флора на Република Македонија. II тома. (1985 - 2010)
  • Монетите и монетоковниците во Македонија (2001)
  • Интересите на Република Македонија за членство во НАТО (2007)
  • Цветан Грозданов, Живописот на Охридската архиепископија, студии (2007)
  • Цветан Грозданов, Живописот во Македонија: XVIII-XIX, студии (2011)
  • Славко Јаневски, И петто годишно време (2001)
  • Славко Јаневски, Измислена тврдина (2002)
  • Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 1: Галерија Универзум (2005)
  • Славко Јаневски, Книжевно наследство, Том 2: Разговори со Јаневски (2007)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Македонска Академија На Науките И Уметностите ЧленствоМакедонска Академија На Науките И Уметностите Научни одделенијаМакедонска Академија На Науките И Уметностите Истражувачки центриМакедонска Академија На Науките И Уметностите Претседатели на МАНУМакедонска Академија На Науките И Уметностите Меѓународна соработкаМакедонска Академија На Науките И Уметностите КонтроверзиМакедонска Академија На Науките И Уметностите Публикации и изданијаМакедонска Академија На Науките И Уметностите ГалеријаМакедонска Академија На Науките И Уметностите НаводиМакедонска Академија На Науките И Уметностите Надворешни врскиМакедонска Академија На Науките И Уметностите196723 февруариЉупчо КоцаревБлаже Конески

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на цркви и манастири на Македонската православна цркваСилаОпштина БогданциРепублика КосовоМакедонски претседателски избори (2019)ДобовјаниЛимфен јазолКаролина ГочеваЛозје (книга)Атрибут во македонскиот јазикЈордан Хаџи Константинов-ЏинотЕлектромагнетМарокоСписок на државни знамињаКамера опскураМакедонска азбукаДишен системНова алтернативаМојот звукАхилЦрвен крст на МакедонијаДојранско ЕзероИлузијаЕндометриозаЈан Амос КоменскиПетре М. АндреевскиОпштина Маврово и РостушеКрал МаркоАвтоимуна болестБаза (хемија)ДелењеАли АхметиРелигијаРакометДебело цревоХеродотПодметАстероидна месечинаМакедонски претседателски избори (2024)ВласиПоезијаБарешаниМбутска митологијаЦрн дробМатка (кањон)Живко МукаетовПчелиШтрковиСтојан АндовАвстралијаДемир ХисарВирусЕлектронска цевкаЕврејски празнициМакедонци-муслиманиГаличицаГрб на МакедонијаДесет Божји заповедиХипертензијаЖил ВернАнална фисураЦирозаПравоаголникРак на желудникКокино (наоѓалиште)Систем за варењеМакедонски јазикЃомлезеМејозаХераклеја ЛинкестисКамилаЈудаизамПериоден систем на елементитеСедум светски чуда на античкиот светБубрегЖолчкаСтрушки вечери на поезијата🡆 More