Струшки Вечери На Поезијата

Струшки вечери на поезијата (СВП) — најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга.

Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на управниот одбор на организацијата е Елизабета Шелева.

Струшки вечери на поезијата
Струшки Вечери На Поезијата
Мрежно местоhttp://www.svp.org.mk/ Уреди на Википодатоците


Струшки Вечери На Поезијата
Мостови — поетско читање во рамките на манифестацијата

Историјат на манифестацијата

Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.

Ваквата идеја и иницијатива наиде на позитивен одѕив и со задоволство беше прифатена од Друштвото на писателите на Македонија, Советот за култура на тогашна Народна Република Македонија и Народниот одбор на Општина Струга.

На една од своите седници, Народниот одбор на Општината во 1962 година формира прв фестивалски одбор од 7 членови, составен од претставници на Друштвото на писателитe на Македонија, културни и општествено-политички работници од Републиката и од Струга, чијшто претседател бил истакнатиот поет Ацо Шопов. Фестивалскиот одбор изготви програма распределена во четири вечери на кои настапија писатели од Македонија.

Од година на година бројот на учесници на Струшките вечери на поезијата се зголемувал. Во 1964, тие прераснаа во општојугословенски фестивал на кој зедоа учество поети од сите републики на поранешна Југославија. А веќе наредната, 1965 година, фестивалот ги премина југословенските граници и поприми карактер на меѓународна поетска манифестација на која настапија еминентни поети од неколку земји: Бугарија, Италија, Полска, Романија, поранешниот Советски Сојуз и поранешна Чехословачка. Бројот на земјите учеснички се зголемуваше. По четири години, во 1968 година, на средбите настапија поети и есеисти од 17 земји.

Во 1966 година Струшките вечери на поезијата прераснаа во институција што постојано ја дообликува својата физиономија, изградувајќи поцврсти критериуми врз кои ја конципира програмата и поканува учесници на приредбите. Советот на Струшките вечери на поезијата со своите посебно стручни комисии: програмска, селекциона, комисија за симпозиум, организационо-техничка, жири комисии за доделување награди и други, програмирано ја одвива својата дејност, настојувајќи што подобро и посодржајно да ја осмисли манифестацијата. Бројот на членови на Советот на Струшките вечери сега се движи околу 25, со претседател и двајца потпретседатели.

Струшките вечери на поезијата доживеаја брз растеж и за кусо време станаа единствена меѓународна манифестација од ваков вид, еден вид на мост меѓу литературните меридијани на светот. Тие претставуваат една значајна трибина од која што секоја година одекнува полифоничноста на поетскиот збор, неговите хумани пораки и моќта да облагородува и зближува.

Струшките вечери секоја година се вистински празник како за градот, така и за сите вљубеници на поезијата. Тие станаа значаен културен настан во светот на литературата, манифестација низ која, како низ отворен прозорец, може да се види и чуе што се случува во поезијата, во таа "земја без граници". Пропагирајќи ја поезијата и нејзините вредности, Струшките вечери имаат непроценливо значајна мисија во овој миг, во овој свет што ни се приближува, што го приближуваме.

Името на Струшките вечери на поезијата е внесено во сите поетски карти на светот. Струга е во сите оние што ја посетиле и виделе. Таа е на патот да биде и во оние што допрва ќе ја видат. "Ако постои некаде библиски небесен рај, со идеална убавина, тогаш едно негово овоземно катче е овој град" - запиша еден од многубројните странски учесници, заминувајќи од Струга.

Награди

На Струшките вечери на поезијата се доделуваат неколку награди:

  • Златен венец - највисока награда на фестивалот;
  • Награда „Браќа Миладиновци“ - за најдобра поетска книга на македонски автор, објавена меѓу два фестивали;
  • „Мостови на Струга“ - најдобра поетска збирка од поет-дебитант од светот по пат на меѓународен конкурс;
  • Награда „Енхалон“ - востановена во 2012 година како награда за најдобра песна од млад автор од Македонија прочитана на фестивалот;
  • Награда „Григор Прличев“ - за најдобар препев на поезија од странски автор на македонски јазик. Во 1978 година оваа награда му се отстапила на Друштвото на литературните преведувачи од Македонија;
  • Награда на Радио-Телевизија Скопје - за најдобра книга за деца објавена меѓу два фестивали;
  • Награда на Нова Македонија - за најдобра песна прочитана на Струшките вечери на поезијата;
  • Награда за песна - се доделувала од 1963 до 1967 година за најдобра песна прочитана на фестивалот.;
  • Специјални признанија;

Награда „Златен венец“

Наградата „Златен венец“ е главна награда на Струшките вечери на поезијата. Таа е една од најценетите меѓународни награди за поезија во светот.

Наградата „Златен венец“ се доделува на меѓународниот поетски митинг „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро.

Досегашни лауреати

Година Лауреат Земја
1966 Роберт Рождественски Струшки Вечери На Поезијата  СССР
1967 Булат Окуџава Струшки Вечери На Поезијата  СССР
1968 Ласло Наѓ Струшки Вечери На Поезијата  Унгарија
1969 Мак Диздар Струшки Вечери На Поезијата  СР Босна и Херцеговина
1970 Миодраг Павловиќ Струшки Вечери На Поезијата  СР Србија
1971 Вистан Хју Оден Струшки Вечери На Поезијата  САД
1972 Пабло Неруда Струшки Вечери На Поезијата  Чиле
1973 Еуџенио Монтале Струшки Вечери На Поезијата  Италија
1974 Фазил Хисни Дагларџа Струшки Вечери На Поезијата  Турција
1975 Леополд Седар Сенгор Струшки Вечери На Поезијата  Сенегал
1976 Ежен Гилвик Струшки Вечери На Поезијата  Франција
1977 Артур Лундквист Струшки Вечери На Поезијата  Шведска
1978 Рафаел Алберти Струшки Вечери На Поезијата  Шпанија
1979 Мирослав Крлежа Струшки Вечери На Поезијата  СР Хрватска
1980 Ханс Магнус Енценсбергер Струшки Вечери На Поезијата  Германија
1981 Блаже Конески Струшки Вечери На Поезијата  СР Македонија
1982 Никита Станеску Струшки Вечери На Поезијата  Романија
1983 Сачидананд Хирананд Ватсјајн-Ајгеј Струшки Вечери На Поезијата  Индија
1984 Андреј Вознесенски Струшки Вечери На Поезијата  СССР
1985 Јанис Рицос Струшки Вечери На Поезијата  Грција
1986 Ален Гинсберг Струшки Вечери На Поезијата  САД
1987 Тадеуш Ружевич Струшки Вечери На Поезијата  Полска
1988 Десанка Максимовиќ Струшки Вечери На Поезијата  СР Србија
1989 Томас Шапкот Струшки Вечери На Поезијата  Австралија
1990 Хусто Хорхе Падрон Струшки Вечери На Поезијата  Шпанија
1991 Јосиф Бродски Струшки Вечери На Поезијата  САД
1992 Ференц Јухас Струшки Вечери На Поезијата  Унгарија
1993 Генади Ајги Струшки Вечери На Поезијата  Русија
1994 Тед Хјуз Струшки Вечери На Поезијата  Обединето Кралство
1995 Јехуда Амихај Струшки Вечери На Поезијата  Израел
1996 Макото Оока Струшки Вечери На Поезијата  Јапонија
1997 Адонис Струшки Вечери На Поезијата  Сирија
1998 Лу Јуен Струшки Вечери На Поезијата  Кина
1999 Ив Бонфоа Струшки Вечери На Поезијата  Франција
2000 Едоардо Сангвинети Струшки Вечери На Поезијата  Италија
2001 Шејмас Хини Струшки Вечери На Поезијата  Ирска
2002 Славко Михалиќ Струшки Вечери На Поезијата  Хрватска
2003 Томас Транстремер Струшки Вечери На Поезијата  Шведска
2004 Васко Граса Моура Струшки Вечери На Поезијата  Португалија
2005 Вилијам С. Мервин Струшки Вечери На Поезијата  САД
2006 Нанси Морехон Струшки Вечери На Поезијата  Куба
2007 Махмуд Дарвиш Струшки Вечери На Поезијата  Палестински територии
2008 Фатос Арапи Струшки Вечери На Поезијата  Албанија
2009 Томаж Шаламун Струшки Вечери На Поезијата  Словенија
2010 Љубомир Левчев Струшки Вечери На Поезијата  Бугарија
2011 Матеја Матевски Струшки Вечери На Поезијата  Македонија
2012 Монгане Вали Сероте Струшки Вечери На Поезијата  ЈАР
2013 Хосе Емилио Пачеко Струшки Вечери На Поезијата  Мексико
2014 Ко Ун Струшки Вечери На Поезијата  Јужна Кореја
2015 Беј Дао Струшки Вечери На Поезијата  Кина
2016 Маргарет Етвуд Струшки Вечери На Поезијата  Канада
2017 Чарлс Симиќ Струшки Вечери На Поезијата  САД
2018 Адам Загајевски Струшки Вечери На Поезијата  Полска
2019 Ана Бландијана Струшки Вечери На Поезијата  Романија
2020 Амир Ор Струшки Вечери На Поезијата  Израел
2021 Керол Ен Дафи Струшки Вечери На Поезијата  Обединето Кралство
2022 Шунтаро Таникава Струшки Вечери На Поезијата  Јапонија
2023 Влада Урошевиќ Струшки Вечери На Поезијата  Македонија

Награда „Браќа Миладиновци“

Наградата „Браќа Миладиновци“ е награда за најдобра поетска книга меѓу два фестивала на Струшките вечери на поезијата од македонски творци. Таа е најголемата национална награда за поетско творештво.

Награда „Мостови на Струга“

Наградата „Мостови на Струга“ e награда на УНЕСКО, кој е покровител на Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга меѓу два фестивали, на поет-дебитант.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Струшки Вечери На Поезијата Историјат на манифестацијатаСтрушки Вечери На Поезијата НаградиСтрушки Вечери На Поезијата НаводиСтрушки Вечери На Поезијата Надворешни врскиСтрушки Вечери На ПоезијатаБраќа МиладиновциЕлизабета ШелеваМакедонски јазикПоезијаПоетСтруга

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Програмски јазикАфрикаЛасерМали сипанициТетовирани душиЈодидПубертетШпанијаАнемијаСписок на главни градови во светотБроеви во македонскиот јазикПовикот на дивинатаЧовечко телоРокселанаМагнезиумНикола ГруевскиОхридХристо ТатарчевДаниел ДефоВолк2BonaДувачки инструментКристијан X ДанскиМакедонска револуционерна организацијаТумор на мозокСветлана Ражнатовиќ-ЦецаШтипКоприварка (пеперутка)ПневмонијаСписок на политички партии во МакедонијаФудбалска репрезентација на Фарски ОстровиСлонМагнетно полеЏузепе ВердиГихтПлатонЈужна АмерикаОвчи сипанициМеталВодно растениеКристијано РоналдоСписок на македонски народни и староградски песниЗнаме на МакедонијаХрватски месециАлександар МикиќНародна носијаЕлектрична струјаМонт ЕверестСписок на планини во МакедонијаИфтарСообраќаен знакТинитусОмов законКичевоКлаксвикМандолинаКуранОбновливи извори на енергијаКрушевоТурцијаСкржавецот (драма од Плаут)Список на змии во МакедонијаСписок на ударни музички инструментиМРП вакцинаХипотироидизамТоплинаМакедонски дел од пеколотБалкански рисЕзопМакедонија (регион)Список на повикувачки броеви на земјитеБелото ЦиганчеВагинален исцедокЦистична фиброзаПрограмирањеПовикувачки броеви во МакедонијаЖивотниОхридска пастрмка🡆 More