Каролина Гочева: македонска пејачка

Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) — македонска поп-пејачка, родена во Битола.

Честопати е позната и само по името Каролина. Ја започнала музичката кариера во 1991 година со настап на локалното детско шоу и продолжила да учествува во наредните години, добивајќи се со признание за нејзиниот талент. Во 1992, го издава својот прв детски албум насловен Мамо, пушти ме. Потпишува договор со издавачката куќа Авалон продукција во 2000.

Каролина Гочева
Каролина Гочева: Животопис, Евровизија 2002, 2003 – 2007
Каролина Гочева.
Животописни податоци
Познат(а) и какоКаролина
Роден(а)28 април 1980
Македонија Битола, СР Македонија, СФРЈ
ЖанровиПоп
ЗанимањаПејачка
ИнструментиВокал
Период на активност1991—
ИздавачиАвалон продукција
Мреж. местоwww.karolinagoceva.net
Каролина Гочева: Животопис, Евровизија 2002, 2003 – 2007
Каролина Гочева на „Евровизија“ во Хелсинки.

Дискографијата на Гочева се состои о девет музички албуми коишто опфаќаат поп, R&B, рок, традиционални фолк и етно, џез и светски музички стилови. Кратко откако го потпишала договорот со Авалон продукција, Гочева го издала првиот студиски албум Јас Имам Песна, којшто ја вклучува песната „Немир“ снимена со Тоше Проески. Нејзиниот втор, трет и четврти студиски албум Зошто сонот има крај, Знаеш колку вредам и Во заборав биле издадени во 2002, 2003 и 2005, последователно. Додека нејзините први пет албуми се претежно во стилот на поп, R&B и рок, подоцнежните издадени дела Македонско девојче (2008), Македонско девојче 2 (2014) и Извор (2018) вклучувале елементи од македонската традиционална музика и џез. Оваа промена во звукот води до зголемена популарност, широка прифатеност од публиката и распродадени концерти во Северна Македонија, Србија и Бугарија. Нејзиниот деветти студиски албум, во сорапотка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, Песни за љубов и копнеж, е издаден на 24 декември 2022. Десеттиот очекуван студиски албум е најавен како поп проект којшто е најавен со синглот „Дај на сунце“ (македонски: „Дај на сонце“) и се очекува да биде издаден кон крајот на 2024.

Ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2002 година во Талин, Естонија, со песната „Од нас зависи“ каде се пласира на 19-то место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапува со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето. Гочева има освоено многу награди и признанија во Северна Македонија како и другите Балкански церемонии за награди. Широко е позната како најпознатата македонска поп пејачка за што ги добива називот „македонска поп принцеза/кралица“ и „поп дива“. Иако најголемиот број од нејзините песни се испеани на македонски, Гочева исто така има издадено албуми на српскохрватски и англиски што довело до зголемена популарност во Бугарија и екс-Југословенските држави како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Покрај тоа, Гочева е позната по нејзиниот лежерен моден стил за којшто често соработува со Цаци Пакоска. Со нејзината музичка работа, Гочева придонесува во кампањи против злоупотреба на дрога и рак на грлото на матката.

Животопис

Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапуваше на Скопје фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 бода. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.

Евровизија 2002

Во 2002 година на Македонскиот национален избор Каролина настапува со песната Од нас зависи и победува. Меѓутоа набргу се јавува контроверзија меѓу МТВ и Каролина. Имено Каролина има желба да ја пее песната на англиски јазик, бидејќи според нејзиното мислење на претходните учества на Евровизија Македонија се претставувала на македонски и немала некој добар пласман. За разлика од неа, во МТВ биле убедени дека треба да се пее на македонски, и биле подготвени ако Каролина не сака да ја изведе песната на македонски, на Евровизија 2002 да настапи второпласираната Андријана Јаневска. На крајот, Каролина сепак прифаќа да пее на македонски. Во Талин Каролина се пласира на 19 место, недоволно за Македонија да оди во учество наредната година. Таа година Каролина е избрана за мис Евровизија.

2003 – 2007

Во 2003 година, Каролина го издала албумот „Зошто сонот има крај“, на кој се јавуваат повеќе композиции, од кои најпознати се „Ти можеш“, „Јамајка“ како и „Кажи ми“, со која настапила на „Будва фест 2003“. Притоа, на албумот, овие три песни се испеани и на англиски јазик.

2008–

Во 2010 година, Каролина го издала својот деветти албум „Капка под небото“, што донел нов хит „Не се вракаш“, на кого учествувал Влатко Стефановски.

На 13 декември 2014 година, во салата „Борис Трајковски“, Каролина одржала концерт во рамките на проектот „Македонско девојче“, организиран од „Авалон продукција“.

2023-сега: Претстоен десетти студиски албум

Во март 2023, Гочева дава интервју за емисијата Жилет на Македонската Радио Телевизија. На 13 декември 2023, Гочева ја издава песната „Дај на сунце“ напишана од Дино Мухаремовиќ и аранжирана од Дино Шукало заедно со црнобело музичко видео режирано од Миомир Милиќ. Песната ја има својата премиера на српската радио станица Накси каде што пејачката кратко изјавила дека насловот е повик за женскиот протагонист да го покаже нејзиното убаво лице на сонце. Ја снима песната два месеци пред да биде издадена. Клипот е снимен во ноември, на ладни температури од -5 °C на две локации на македонската планина Бистра, вклучувајќи ги Галичник и Маврово.

Како промоција на песната, се појавува на шоуто Među Nama на српскиот телевизиски канал Nova S во Белград на 21 декември 2023 каде што дава интервју. На 22 декември, се појавува на српското шоу Kec na jedanaest во Белград каде што ја промовира песната, дава интервју и ги изведува своите српски песни „Srešćemo se Opet“, „Kad Voliš“ и „Više se ne Vraćaš“ како и македонската преработка на песната „Ако згрешам нека изгорам“. Пејачката исто така ги споделува своите планови за иден студиски албум на којшто има вклучено некои сопствени аранжирани песни, објавува нов сингл пред неговото издавање и споделува дека очекува да го издаде во септември или октомври таа година. Зборувајќи за идните планови за учество во Евровизиската Песна за Евровизија, таа открива дека последното учество во 2007 ѝ претставувало голема одговорност, дека не би сакала баш повторно да помени преку „толку стресно искуство“ знаејќи го прогресот на социјалните медиуми на полуфиналната и финалната вечер.

На 1 и 2 март 2024, Гочева одржува два последователни концерти во ноќниот клуб Пјур во Скопје; нејзиниот настап добива многу добри критики од новинарите за ЦрноБело коишто ја нарекуваат „фантастична“. Подоцна истиот месец, на 22 март, се појавува во Тирана, Албанија каде што настапува во Националниот театар на опера и балет на Албанија. На 24 март 2024, Гочева го одржува првиот концерт во Крива Паланка каде што настапува со песни од Македонско девојче и Извор покрај нејзините постари песни.

Албуми

  • "Мамо, пушти ме" - 1992 (детски албум)
  • "Јас имам песна" - 2000 (првиот студиски албум)
  • "Зошто сонот има крај" - 2001
  • "Знаеш колку вредам" - 2003
  • "Кад звезде нам се склопе... као некада" - 2003 (на српски)
  • "Во заборав" - 2005
  • "У забораву" - 2006 (на српски)
  • "Македонско девојче" - 2008
  • "Капка под небото" - 2010
  • "Најубави песни" - 2012
  • "Македонско девојче 2" - 2014
  • "Извор" - 2018

Спотови

Спот Година Режисер
Без оглед на сè 2000
Немир 2000
И ќе биде сè во ред 2001
Од нас зависи 2002
Ти можеш 2003
Штом сакаш 2003
Знаеш колку вредам 2003 Чедо Поповски
Срешћемо се опет 2003
Хипокрит 2003
Љубов под облаците 2003
Се лажам себе 2005
Ова срце знае 2005
Умирам без тебе 2006
Мојот свет 2007
Ти и ја 2007
Крај 2009 Tomato Production
Ајде да летаме 2009
За година две 2010 Tomato Production
Не се враќаш 2011 Tomato Production
Тој 2012 Дарко Мораитов
Ѕвона 2017 Мелем продукција
Бели цветови 2018 Чедо Поповски
Од небо до дно 2022 Влатко Владимиров

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Каролина Гочева ЖивотописКаролина Гочева Евровизија 2002Каролина Гочева 2003 – 2007Каролина Гочева 2008–Каролина Гочева АлбумиКаролина Гочева НаводиКаролина Гочева Надворешни врскиКаролина Гочева198028 априлАвалон продукцијаБитолаПејачПоп музикаРепублика Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Национална демократска преродбаРадождаМакедонски народни инструментиСоцијалистичка партија на МакедонијаПравопис и правоговор на македонскиот јазикО писменехМарина Поп ПанковаРамнокрак триаголникАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаКорозијаТодор АлександровРамиз МеркоПопис на населението во Македонија (2021)Воен конфликт во Македонија (2001)ХипертензијаМакедонски парламентарни избори, 2016Прва светска војнаПропорционална застапеностМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Радмила ШекеринскаБубрежна инфекцијаСардинијаОпштина БитолаМиле ЗечевиќМакедонски парламентарни избори, 1990Национален парк Шар ПланинаЗурла (македонска)АфрикаОпштина НовациТом СоерИзборна единица 7Нина Атанасова-ШкрињариќБојан ЈовановскиНикола ГруевскиЗНАММајка ТерезаВасил ТупурковскиИзбори во МакедонијаОливера Николова20000 милји под моретоГордана ДувњакПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаЈордан МијалковКомунизамИзборна единица 9Демографија на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (1998)Жолто МореДемократска партија (Македонија)Стале ПоповЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридМинистерство за животна средина и просторно планирањеТунисГзим ОстрениРусијаПетар ПанАрбен ТаравариУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“Панонски легендиЦветнициКрал МаркоНикола ТеслаОбласти во КазахстанЛеукемијаМакедонски претседателски избори (2024)Поделба на властаАлцхајмерова болестВтора светска војнаСобрание на МакедонијаДемократи (политичка партија)Општина ДебарЦар СамоилЗаконодавна властЛиберална партија (Македонија)Лазар МојсовСтрофаХристијанство🡆 More