Собрание На Македонија

Собрание на Македонија (службено: Собрание на Република Северна Македонија, често именувано како Македонско собрание) — претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во Македонија.

Собранието е еднодомно и според Уставот на Република Македонија може да биде составено од 120 до 140 пратеници, но во сите досегашни состави биле избирани по 120 пратеници. По парламентарните избори од 2011 година, бројот на пратеници се зголемил на 123 пратеници, поради изборот на тројца пратеници од дијаспората, но во најновиот пратенички состав од 2016 година повторно има само 120 пратеници.

Собрание на Македонија
Coat of arms or logo
Тип
Тип
Водство
Јован Митрески
од 26 јануари 2024
Генерален секретар
Цветанка Иванова
од 15 јули 2017
Состав
Места120
Собрание На Македонија
Политички групи
Власт (67)

Опозиција (53)

Избори
Изборен систем
пропорционален со затворени листи
Последни избори
15 јули 2020
Зборно место
Собраниската сала.
Собраниската сала во Палатата на Собранието
Мрежно место
sobranie.mk

Пратениците се избираат на општи и непосредни избори со тајно гласање. Право да биде избран за пратеник има секој државјанин на РМ кој наполнил 18 години, има деловна способност и не се наоѓа на издржување на казна затвор за сторено кривично дело. Пратениците во Собранието на РМ ги претставуваат граѓаните во Собранието, при што одлучуваат по сопствено убедување. Мандатот на пратениците трае четири години и тие не можат да бидат отповикани. Организацијата и функционирањето на Собранието се уредуваат со Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието. Собранието заседава во Скопје. Актуелен претседател на Собранието е Јован Митрески.

Палата

Собранието работи во зградата на Собраниската палата, сместена во близина на Плоштад Македонија во Скопје, наспроти паркот Жена-борец. Палатата била изградена во 1938 година по проект на Виктор Худак, чешки архитект. Објектот е концепиран во модерен архитектонски јазик за тоа време, со специфичен масивен разигран волумен и присуство на чисти фасадни елементи, надвор во форма на петаголник со внатрешен двор со сала. Првично се употребувала од локалната управа во тогашното Кралство СХС, сè до ослободувањето на градот Скопје во ноември 1944 година кога овде се сместува тогашната републичка власт—претседателот, Народното Собрание, Владата и Уставниот суд на ДФ Македонија.

По Скопскиот земјотрес од 1963 година, зградата била оштетена и се презеле големи зафати за нејзино санирање и реконструкција. Како дел од Скопје 2014 пред Палатата е поставен Споменик на Никола Карев, водичот на Крушевската Република. Палатата на Собранието денес располага со повеќе сали за седници, кабинети на Претседателот на Републиката, Претседателот на Собранието, на потпретседателите, како и за раководителите на комисиите, пратеничките групи, стручните служби и секторите, и за генералниот секретар на Собранието и неговите заменици. „Палата на собранието“. sobranie.mk. Посетено на 26 јануари 2021.

Надлежности на Собранието

Собранието на Република Македонија го донесува и изменува Уставот на Македонија, донесува закони и дава автентично толкување на законите, ги утврдува јавните давачки, донесува републички буџет и завршна сметка на буџетот, донесува просторен план на Републиката, ратификува меѓународни договори, одлучува за војна и мир, донесува одлуки за менување на границите на Републиката, донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави, распишува референдум, одлучува за резервите на Републиката, основа совети, избира Влада на Република Македонија, избира судии на Уставниот суд на Република Македонија, врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон, врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието, дава амнестија и врши други работи утврдени со Уставот.

Претседател на Собранието

Собранието е предводено од претседател на која функција во моментов служи Талат Џафери од ДУИ, избран на 27 април 2017 година, неколку минути пред да се случи упадот во Собранието. Првиот претседател на Собранието е Стојан Андов.

Во водството е вклучен и генералниот секретар на која функција од 15 јули 2017 година е Цветанка Иванова од СДСМ.

    Список на претседатели
    Партии

      ЛПМ       СДСМ       ДА       ЛДП       ВМРО-ДПМНЕ       ДУИ

    Статус
  Вршител на должност
Име
(роден/а–починал/а)
Слика Мандат Политичка партија
1 Стојан Андов
(1935–)
Собрание На Македонија  8 јануари 1991 6 март 1996 Либерална партија на Македонија
2 Тито Петковски
(1945–)
Собрание На Македонија  6 март 1996 19 ноември 1998 Социјалдемократски сојуз на Македонија
3 Саво Климовски
(1947–)
Собрание На Македонија  19 ноември 1998 30 ноември 2000 Демократска алтернатива
4 Стојан Андов
(1935–)
Собрание На Македонија  30 ноември 2000 4 октомври 2002 Либерална партија на Македонија
5 Никола Поповски
(1962–)
Собрание На Македонија  4 октомври 2002 8 ноември 2003 Социјалдемократски сојуз на Македонија
Лилјана Поповска
(1956–)
Собрание На Македонија  8 ноември 2003 18 ноември 2003 Либерално-демократска партија на Македонија
6 Љупчо Јордановски
(1953–2010)
Собрание На Македонија  18 ноември 2003 2 август 2006 Социјалдемократски сојуз на Македонија
7 Љубиша Георгиевски
(1937–2018)
Собрание На Македонија  2 август 2006 21 јуни 2008 Внатрешна македонска револуционерна организација

Демократска партија за македонско национално единство
8 Трајко Вељаноски
(1962–)
Собрание На Македонија  21 јуни 2008 27 април 2017 Внатрешна македонска револуционерна организација

Демократска партија за македонско национално единство
9 Талат Џафери
(1962–)
Собрание На Македонија  27 април 2017 26 јануари 2024 Демократска унија за интеграција
10 Јован Митрески
(1980–)
60px 26 јануари 2024 актуелен Социјалдемократски сојуз на Македонија

Собраниски состави

Собрание Мандат Спикер Број на
пратеници
Владин состав Претседател
Собрание На Македонија  I 8 јануари 1991 19 ноември 1994 Стојан Андов 120 Гоговски Киро Глигоров
Кљусев
Црвенковски I
Собрание На Македонија  II 19 ноември 1994 19 ноември 1998 Стојан Андов 120 Црвенковски II Киро Глигоров
Тито Петковски
Собрание На Македонија  III 19 ноември 1998 3 октомври 2002 Саво Климовски
Стојан Андов
120 Георгиевски Киро Глигоров
Борис Трајковски
Собрание На Македонија  IV 3 октомври 2002 26 јули 2006 Никола Поповски
Љупчо Јордановски
120 Црвенковски III
Костов
Бучковски
Борис Трајковски
Бранко Црвенковски
Собрание На Македонија  V 26 јули 2006 21 јуни 2008 Љубиша Георгиевски 120 Груевски I Бранко Црвенковски
Собрание На Македонија  VI 21 јуни 2008 27 јуни 2011 Трајко Вељаноски 123 Груевски II Бранко Црвенковски
Ѓорѓе Иванов
Собрание На Македонија  VII 27 јуни 2011 7 октомври 2014 Трајко Вељаноски 123 Груевски III Ѓорѓе Иванов
Собрание На Македонија  VIII 7 октомври 2014 30 декември 2016 Трајко Вељаноски 123 Груевски IV
Димитриев
Ѓорѓе Иванов
Собрание На Македонија  IX 30 декември 2016 4 август 2020 Талат Џафери 120 Заев I
Спасовски
Ѓорѓе Иванов
Стево Пендаровски
Собрание На Македонија  X 4 август 2020 во заседавање Талат Џафери
Јован Митрески
120 Заев II
Ковачевски
Стево Пендаровски

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Собрание На Македонија ПалатаСобрание На Македонија Надлежности на СобраниетоСобрание На Македонија Претседател на СобраниетоСобрание На Македонија Собраниски составиСобрание На Македонија ПоврзаноСобрание На Македонија НаводиСобрание На Македонија Надворешни врскиСобрание На МакедонијаЕднодомен парламентЗаконодавна властМакедонијаУставот на Република Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВодоземциВооружени сили на ИранМакедонски парламентарни избори (2008)ВелигденМис Елен СтонДенес над МакедонијаКомпирСмоковиПофално словоСоцијалдемократијаДонтов методРасказКиселинаИзборна единица 1Доситеј ОбрадовиќПриродаАголДишен системСолунски атентатиМирјана НајчевскаЛегенда за ПреспаДен на РепубликатаЖолчкаЕфект на стаклена градинаКозјак (езеро)Сузан АкбелгеНевронРисто ПеновПатологијаУметностКалендар на Велигденски датумиСлезинаСтрушки вечери на поезијатаСвети КирилГлаголицаБиљал КасамиПечалбариСписок на политички партии во МакедонијаКорупцијаПартија за целосна еманципација на РомитеАлександар III МакедонскиПеш по светотПолип на маткатаАрмија на МакедонијаЦрно МореХолокаустОпштина БитолаМакедонски претседателски избори (2014)Атмосферски фронтПоетЛеринПраисторијаАлпиМоликаПетровденНационални паркови во Македонија15 априлЧир на желудникотМакедонски јазикДислексијаИсторија на христијанствотоМакедонија во Втората светска војнаСвети Наум (манастир)Паркинсонова болестПрилепПингвинЕдинствена МакедонијаМакедонски ВласиКиро ГлигоровЌемане (македонско)ХипертензијаДен на планетата ЗемјаАлцхајмерова болестМакедонско востаниеСелце (Тетовско)ЦетиризинОстроглава шаркаМакедонски ора🡆 More