Фуражни Култури

Фуражни култури или крма — растителен материјал (главно листови и дршки) што се користи како сточна храна, во свежа состојба или сушена.

Историски гледано, во почетокот поимот ги опфаќал растенијата што животните ги користеле директно, како треви, жита или недозреани житни култури, но подоцна се користи во поширока форма и вклучува растенија што се косени, сушени и давани како храна на животните, особено сламата или силажните растенија.

Фуражни Култури
Напасување добиток

Иако терминот сточна храна има поширока дефиниција, поимот фуражни растенија важи за земјоделски култури, едногодишни или двегодишни, кои се одгледуваат за да се искористат за пасење или за добивање сено како храна за добитокот.

Видови фуражни култури

Фуражни култури се:

Начини за чување на фуражните култури

За да се задоволат потребите на животните од храна во било која сезона, потребно е да се зачуваат фуражните растенија. Главно, се користат следниве три методи:

  • природно сушење — со што се добива сено;
  • дехидратација — отстранување на водата од сомелените растенија. Резултатот е добивање гранулирана сточна храна;
  • силажа — метод за релативно влажно зачувување на фуражните растенија врз основа на контролирана киселинска ферментација.

Сламата, споредниот производ од житните култури, исто така може да се користи како сточна храна во периодите кога нема ниту една друга храна. Сепак, пожелно е сламата да се измеша со други хранливи состојки, за да се зголеми хранливоста и да се подобри апетитот на добитокот.

Во Македонија

Фуражните култури најчесто се одгледуваат заедно со индустриските култури и нивната застапеност во Македонија е релативно мала, односно изнесува околу 10%.

Во 2007 г. фуражните култури во Македонија се одгледувале на вкупна површина од 21.458 хектари, поделени на следниве култури:

Површина на посеави од фуражни растенија
во Македонија, 2007 г.
Култура Површина
(ха)
Удел
(%)
Добиточна репка 186 0,86
Луцерка 13.709 63,88
Детелина 5.725 26,68
Пченка за зелена маса 675 3,14
Фуражни смески 706 3,29
Други фуражни растенија 458 2,13
Вкупно 21.458 100

Наводи

Надворешни врски

  • Ивановски, П. Р.; Прентовиќ, Т; Кабранова, Р. (2011). Практикум по фуражно производство (PDF) (I. изд.). Скопје: УКИМ.
  • Пребарувач на цени на добиточна храна и житарки во Македонија Архивирано на 9 февруари 2018 г. — Земјоделски пазарен инфпормативен систем (ЗПИС) (македонски)

Tags:

Фуражни Култури Видови фуражни културиФуражни Култури Начини за чување на фуражните културиФуражни Култури Во МакедонијаФуражни Култури НаводиФуражни Култури Надворешни врскиФуражни КултуриЖивотниЖитоЛист (ботаника)РастенијаСилажаСточарствоТреви

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Репродуктивен системЃокица ЛукаревскиКиро ДоневВиницаФК ТетексГрадови во АвстријаКирил ПејчиновиќПланетаЛумбагоЈелена РозгаМало ЦрскоКронова болестМоскваЧовечко телоОлимписки боговиТабла (игра)Глаголска придавкаСкопски земјотрес (1963)Полип на маткатаФК МиланЖелезоСулејман ВеличествениотИлеусВоен конфликт во Македонија, 2001ХоландијаСтале ПоповКој сака да биде милионер?ХектарСкопско (пиво)КочаниМасакр кај КарпалакСписок на политички партии во МакедонијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаМедДимитар КовачевскиМакедонски БродКиро ГлигоровСамоубиствоОмораниИсламот во МакедонијаДен на Жените МироносициСпасен СилјаноскиХанс ЦимерСтругаНационален парк ГаличицаПеколот (Божествена комедија)ЛеукемијаСевастополВодаFБаталјон за специјални намениОпштина ДолнениТрескавецТоше ПроескиБабуна (река)КалиопиРазвој на македонската азбукаРимска култураГемиџииСловенијаМачкаСветско населениеОтоманско ЦарствоКостур (град)Предлози во македонскиот јазикГлавна страницаРумена ВојводаКоле КанинскиЕритематозни дерматозиСредоземно МореАстрологијаМакедонија (регион)Лазар КолишевскиStreptococcus pyogenes🡆 More