Димитар Ковачевски: македонски политичар и економист

Димитар Ковачевски (24 јули 1974 во Куманово) — македонски политичар и економист.

Ковачевски е поранешен премиер на Македонија во мандатот на 33. влада на Македонија. Претходно бил заменик министер за финансии во Втората влада на Зоран Заев. За претседател на владејачката политичка партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) бил избран на 12 декември 2021 година. Ковачевски го наследил Зоран Заев на премиерската и партиската функција откако Зоран Заев се повлекол, наведувајќи пораз на Локалните избори во 2021 година како причина.

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски: Рани години и образование, Професионална кариера, Политичка кариера
Премиер на Република Македонија
На должноста
16 јануари 2022 – 28 јануари 2024
Претседател Стево Пендаровски
Претходник Зоран Заев
Наследник Талат Џафери
Лични податоци
Роден(а) 24 јули 1974(1974-07-24)(49 г.)
Куманово, СР Македонија,
СФР Југославија
Партија СДСМ
Професија економист, политичар

Рани години и образование

Ковачевски е роден во 1974 година во Куманово. Средно образование завршил во Вотервил, гратче во Минесота, САД. Во 1998 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 2003 година магистрирал на истиот факултет. Во 2008 година докторирал на Економскиот факултет при Универзитетот на Црна Гора.

Неговиот татко Слободан Ковачевски e поранешен градоначалник на Куманово од 2000 до 2005 година и амбасадор на Македонија во Црна Гора по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави во 2006 година.

Професионална кариера

Ковачевски ја започнал својата работна кариера во Македонски Телеком, каде што од 1998 до 2005 година бил соработник за финансии и координатор за регулирање и хармонизација на контрола на финансии. Од 2005 до 2017 година бил на низа директорски позиции во компанијата.

Во 2017 година бил именуван за извршен директор на македонската телекомуникациска компанија „оне.Вип“ (ребрендирана во А1 Македонија во 2019 година), подружница на Групацијата Телеком Австрија, наследувајќи го Никола Љушев. На оваа функција бил до 2018 година.

Политичка кариера

Ковачевски е член на СДСМ од 1994 година. По предвремените парламентарни избори во 2020 година бил именуван за заменик министер за финансии во втората влада на Зоран Заев. Собранието го изгласало на оваа функција на 23 септември 2020 година.

Зоран Заев најавил оставка и како премиер и како претседател на владејачката СДСМ по пораз на локалните избори во 2021 година. Тоа предизвикало нестабилност во кревкото владејачко мнозинство, кое што сепак го преживеало притисокот од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за гласање недоверба. Владата на Заев го зајакнала мнозинството во Собранието откако Алтернатива, која што претходно била во опозиција, влегла во владата. Ковачевски го придружувал Зоран Заев за време на преговорите со Алтернатива, при што се лансирало неговото име како најверојатен наследник на Зоран Заев. Со преговорите било договорено Алтернатива со влегувањето во владата да добие три министерски места, тројца заменици министри и раководни позиции во повеќе институции на централно и локално ниво.

Откако премиерот Зоран Заев и официјално поднел оставка како претседател на СДСМ, Ковачевски победил на внатрепартиски избори одржани на 12 декември 2021 година, наследувајќи го Заев во партијата.

Зоран Заев поднел оставка и од премиерската функција на 22 декември. На 27 декември Централниот одбор на владејачката СДСМ, која што го предводи мнозинството во Собранието, го потврдила Ковачевски за мандатар. Претседателот Стево Пендаровски на 29 декември му го врачил мандатот за состав на нова влада на Ковачевски.

Премиер на Македонија

По дводневна расправа во Собранието за избор на нова влада, владата на Димитар Ковачевски е избрана пред полноќ на 16 јануари 2022 година со 62 гласа „за“ од пратениците.

Академска кариера

Ковачевски бил доцент на два приватни универзитети од 2012 година, прво на Универзитетот Њујорк во Скопје, а потоа на Факултетот за бизнис економија и менаџмент при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, каде што во 2018 година бил избран за вонреден професор.

Наводи

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Зоран Заев
Премиер на Македонија
2022–
Наследник
Партиски функции
Претходник
Зоран Заев
Претседател на СДСМ
2021–
Наследник

Tags:

Димитар Ковачевски Рани години и образованиеДимитар Ковачевски Професионална кариераДимитар Ковачевски Политичка кариераДимитар Ковачевски Академска кариераДимитар Ковачевски НаводиДимитар Ковачевски Надворешни врскиДимитар Ковачевски197424 јулиВлада на Димитар КовачевскиВтора влада на Зоран ЗаевЗоран ЗаевКумановоЛокални избори во Македонија (2021)Премиер на МакедонијаСоцијалдемократски сојуз на Македонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Среден клеточен волуменДржавни празници во МакедонијаМакедонски претседателски избори, 2009СардинијаКилаОвулацијаЛибијаНикола ГруевскиЛазар КолишевскиПоезијаСДСМАнтибиотикКрушевска РепубликаЈордан МијалковИнсектиИзборна единица 4ЦетиризинСписок на најдолги рекиФазли ВелиуЗаушкиДишен системМакедонија во Втората светска војнаПресметување на датумот на ВелигденЦар СамоилБиланс на успехПреспанско ЕзероЈане СанданскиРајко ЖинзифовАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаБиполарно растројствоНикола КаревСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Седум светски чуда на античкиот светКирилицаПаралелограмДијабетична кетоацидозаХерпесВодолија (хороскопски знак)Рак на белите дробовиЏезГрузијаМакедонска азбукаДанела АрсовскаИсламска ДржаваСписок на повикувачки броеви на земјитеСвети ГеоргиОпштини во МакедонијаКокошкаЛегендиМарс (планета)Изборни единици во МакедонијаРоманијаДонтов методЉупчо ГеоргиевскиСкопјеЈаглехидратМексикоСловачкаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоБелградКрсте Петков МисирковБорјан ЈовановскиЛеонардо да ВинчиМачкаПаризРепродуктивен системФосилВеличествениот султан (ТВ-серија)БрадикардијаПреспански договорСерија АРомбДемократијаГрцијаПрва влада на Зоран Заев🡆 More