Јачмен

Јачменот (науч.

Јачмен
Јачмен
Поле со јачмен во Македонија
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Потсемејство: Ливадарки
Род: Јачмен
Вид: Јачмен (обичен)
Научен назив
Hordeum vulgare
L.
Јачмен
Hordeum vulgare

Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Се користи за производство на леб, пиво, сточна храна и др. Јачмен е житарица која успева во ладните предели.

Јачменот се дели на три врсти:

  1. дворедни (-{Hordeum distichum}-), кои најмногу служат за производство на пиво
  2. повеќередни (-{Hordeum polystichum}- и -{Hordeum vulgare}-);
  3. преодни (-{Hordeum intermedium}-)

Хранливи одлики

Јачменот е одличен извор на прехранбени влакна и содржи и растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се делотворни во намалувањето на холестеролот во крвта и можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Научниците утврдиле дека еден тип растворливи влакна, бета-гликан, е примарна компонента на јачменот која е одговорна за намалување на холестеролот.

Јачмен
Нива со јачмен кај селото Ајватовци, Скопско

Клиничките студии покажале дека конзумирањето на целовитиот јачмен или јачменови производи како што се јачменови зрна, јачменови житарици или јачменово брашно овозможуваат најмалку 3 грама бетагликански растворливи влакна дневно, со делотворно смалување на вкупниот и ЛДЛ холестерол. Студиите исто така покажале дека со зголемувањето на дневното внесување на овие растворливи влакна, резултира уште поголемото намалување на вкупниот и LDL холестерол.

Една четвртина филџан неварено јачменово зрна (отприлика една чаша варен јачмен) содржи околу 2,5 грама бета гликан растворливи влакна. Половина филџан неварени јачменови житарици содржи околу 2 грама бета гликан растворливи влакна.

Растворливите влакна исто така се користат за намалување и апсорбирање на шеќерот и намалување на ризикот од развивање на дијабетис тип 2.

Кага се во прашање нерастворливите влакна во јачменот, тие помагаат во воспоставување на редовно празнење на цревата и можат да помогнат во намалувањето на ризикот од одреден облик на канцер, како што е на дебелото црево. Особено конзумирањето на храна богата со растителни влакна може да го зголеми и продолжи чувството за ситост, што е важно за одржување на оптимална телесна тежина и превенција на гоење.

Холестерол и масти

Покрај сите билки, јачменот е природен без холестерол и има мал дел на масти. Половина чаша јачменови зрна содржат помалку и од ½ грам масти и само 100 калории.

Витамини и минерали

Јачменот содржи неколику витамини и минерали вклучувајќи го ниацин (витамин Б3), тиамин (витамин Б1), селен, железо, магнезиум, цинк, фосфор и бакар.

Антиоксиданси

Јачменот содржи антиоксиданси кои исто така се многу важни за одржување на доброто здравје. Антиоксидансите делуваат така што ја намалуваат стапката на оксидациското оштетување со собирање на слободни радикали кои настануваат кога телесните ќелии користат кислород.

Фитохемикалии

Јачменот содржи фитохемикалии што се природни хемикалии кои се наоѓаат во билките. Студиите покажале дека фитохемикалиите можат да го намалат ризикот од заболување од одредени срцеви болести, дијабетис и рак. Меѓутоа, потребни се додатни истражувања како би се потврдиле овие резултати.

Потврда на FDA за позитивните учиноци на јачменот

Американската FDA (Управа за храна и лекови) после анализите на научните докази и студии, потврдила дека додавање на јачменот на здравата исхрана може да го намали ризикот од срцевите заболувања и намалувањето на вкупниот и LDL холестерол, т.е. да го финализира правилото со кое се дозволува производите кои содржат јачмен на своите пакувања можат да носат ознака дека растворливите влакна се корисни за срцето.

Произведен јачмен во Македонија

Јачмен 
Полиња со засаден јачмен во Св.Николе


Произведен јачмен во Македонија (во тони) (2001-2020)
Јачмен

Јачменот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Девојката го колне јачменот“ (Дјевојка јечам проклиње) - српска народна песна.

Галерија

Наводи

Литература

  • McGee, Harold (1986). On Food and Cooking: The Science and Lore of the Kitchen. Unwin. ISBN 0-04-440277-5.

Надворешни врски

Tags:

Јачмен Хранливи одликиЈачмен Холестерол и мастиЈачмен Витамини и минералиЈачмен АнтиоксидансиЈачмен ФитохемикалииЈачмен Потврда на FDA за позитивните учиноци на јачменотЈачмен Произведен јачмен во МакедонијаЈачмен от како тема во уметноста и во популарната култураЈачмен ГалеријаЈачмен НаводиЈачмен ЛитератураЈачмен Надворешни врскиЈачменЈачмен (род)ВавилонЕвропаЕгипетЖитаркиЛебМесопотамијаНауч.ПивоСточна храна

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Азот (област)КорозијаМиле ЗечевиќСловачкаСвети Климент ОхридскиТуризам во РусијаОпштина СтуденичаниЉубиша ГеоргиевскиЉупчо ДимовскиВлада на МакедонијаПрва влада на Зоран ЗаевОче нашХристијан МицкоскиАлександар Митевски (пејач)СловенијаЖелкиАрбен ЏафериСлепо цревоБиљал КасамиБилјана ВанковскаДесница (политика)Паркинсонова болестПавле ТрајановKлиндамицинКронова болестНационален парк ПелистерМакедонски парламентарни избори (2006)Свети Кирил и МетодијМорфологија на македонскиот јазикКрушевоБелгијаКрешник БектешиОпштини во МакедонијаЦрнила (драма)Staphylococcus aureusМатка (кањон)Македонски парламентарни избори, 2016Вилијам ШекспирКозјак (езеро)Малиот принцКалиум перманганатОксидационо-редукциона реакцијаРепублика КосовоДржавна изборна комисијаРеферендум во Македонија (2018)Даниел ДефоИсус ХристосБојан МиовскиСузан АкбелгеЏо БајденДекамеронНародна Република МакедонијаЗаздравување на ранаОпштина ТетовоШтипОпштина ЧаирВелигденСолунска ГлаваМиле ЈаневскиЈаглерод моноксидСузана СпасовскаМакедонски КонцептМладотурска револуцијаЛокални избори во Македонија (2000)Список на реки во МакедонијаНадреден знакСоветски СојузАзијаМакедонска азбукаНебо од ванила (филм)Пере Тошевuf2lnЈаболковинаИзборна единица 2МочуриштеФранцијаОпштина Старо НагоричанеЏез🡆 More