Мочуриште

Мочуриште или блато — влажно подрачје со шумска растителност.

Многу мочуришта се јавуваат покрај поголеми реки, каде суштински зависат од нивниот водостој. Други пак, се јавуваат на бреговите на поголемите езера. Некои имаат изолирани делчиња со нормална растителност, додека пак други имаат суви возвишенија обраснати со водни растенија или растенија што трпат повремени поплавувања. Постојат два вида на мочуришта: „вистински“ барски шуми и „преодни“ мочуришта од честак. Водата во едно мочуриште може да биде слатка, соленикава или солена (морска). Најголемите мочуришта во светот се среќаваат крај големите реки како што се Амазон, Мисисипи и Конго.

Мочуриште
Мочуриште кај езерото Селигер, Русија.
Мочуриште
Мочуриште во Сидел, Луизијана, САД

Геологија

Одлика на мочуриштето е застојаноста на водата или многу бавен проток. Под извесни околности, мочуриштата можат да се создадат и од самите реки. Друга одлика за мочуриштата е тоа што се присутни во мошне низок топографски релјеф.

Одводнување

Исцедувањето или мелиорација е начин на отстранување на мочуриштата со цел да се претворат во обработливо земјиште или пак за да се заштити населението од болестите кои ги причинуваат мочуришните инсекти. Човекот во минатото ги исцедувал мочуриштата и за сеча на дрва. Европа има изгубено половина од мочуриштата, додека пак во Нов Зеланд се уништени цели 90%.

Денес постои свест за еколошката важност на мочуриштата: живеалиште за рибите, констрола на поплавувањата, пречистување на водата, складирање на јаглеродот и како дом за разновидни животни и растенија. Во разни краишта во светот, мочуриштата денес се заштитени и постојат големи потфати за нивно обновување.

Мочуриштата во Македонија

Мочуриште 
Поглед на Моноспитовското Блато

Во минатото Македонија имала разни богати мочуришта со разновиден жив свет. Такви биле Катлановско, Моноспитовско, Пелагониско, Струшко, Негорско, Овчеполско и Студенчиште. Пред мелиорациските потфати, во Македонија имало 86.000 ха мочурливи површини, а по овие потфати се останати 22.000 ха

Денес поважни мочуришта се Катлановското, Моноспитовското и Белчишкото Блато. Моноспитовското се смета за последно големо мочуриште во земјата. Големи блатни површини постоеле во околината на Скопје, во подрачје наречено Скопска Блатија. Голем дел од нив во поново време се исцедени, и останати се само мали делови. Поскромните блата по котлините се предмет на проучување и заштита.

Список на поважни мочуришта

Список на поважни мочуришта во Македонија
Мочуриште Место Белешки Координати
Белчишко Блато со Сини Вирој Белчишта, Дебрца
Катлановско Блато Катланово, Петровец
Моноспитовско Блато Моноспитово, Босилово
Кундинско Езеро Кундино, Пробиштип
Мездра и Ѓерам Мездра, Свети Николе
Мокро и Суво Езеро Страцин, Кратово замочурени езера на Козјак
блата Ченгино Кале - Клепало Ченгино Кале, Берово под Малешевските Пл.
Еленско Блато на Буковик кај Пехчево меѓу Кадиица и Малешевски Пл.
Студенчишко Блато Студенчишта, Охрид
Струшко Блато Радолишта, Струга крај Охридското Езеро
Слана Бара Царев Врв, Крива Паланка тресетиште на Осоговските Пл.
Кравја Млака на Караорман, Дебрца
Стењско Блато Стење, Преспа

Мочуриштето како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Мочуришна земја“ — песна на северноирскиот поет Шејмас Хини.
  • „Мочуриште“ (англиски: Swamp) — песна на американската рок-група Токинг хедс (Talking Heads) од 1983 година.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Мочуриште ГеологијаМочуриште ОдводнувањеМочуриште Мочуриштата во МакедонијаМочуриште то како мотив во уметноста и во популарната култураМочуриште ПоврзаноМочуриште НаводиМочуриште Надворешни врскиМочуриштеАмазонБрегВодно растениеВодостојЕзероКонго (река)МисисипиМоклиштеРекаСлатка водаСолена вода

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РомиГуглСрцев ударПрва влада на Зоран ЗаевЛила СтојановскаВанчо ШехтанскиДемократска обнова на МакедонијаИнтернетСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаИлинденско востаниеЕдинствена МакедонијаПоделба на властаТапаниЈугославијаМакедонско востаниеДемократска алтернативаСтрујно колоОпштина Шуто ОризариБлерим РекаКипарЗурла (македонска)Бубрежна инфекцијаГолосеменициЛибанТоше ПроескиИзборна единица 9Гарванот (поема)БајрамСаво КлимовскиТелевизијаВиножитоПолитички спектарЏезОпштина КумановоОпштина Македонски БродКрпен животСДСМЗевсТартифЈужна АмерикаМалтаПат околу светот за 80 денаИзборна единица 2ЛасерСписок на градови во Македонија по населениеДржавни празници во БугаријаПанкреасВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)УДБАПоздивиштаОпштина ТетовоРоманијаДржавни празници во МакедонијаДемократска партија (Македонија)ИталијаГордана СилјановскаВртоглавицаБигорски манастирСписок на градови во МакедонијаДемографија на МакедонијаОслободителна војска на КосовоСоветски СојузЦар Едип (драма од Софокле)Втора влада на Зоран ЗаевСрпска странка во МакедонијаРисто КрлеВилма ТрајковскаИмер СелманиБРИКСЏек ЛондонИзвршна властСиндром на стекнат имунолошки дефицитУкраинаГлаголи во македонскиот јазикЗагрозен видОпштина Чучер-СандевоШтип🡆 More