Радолишта: село во Општина Струга

Радолишта — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.

Радолишта
Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Панорама на селото

Радолишта во рамките на Македонија
Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Радолишта
Местоположба на Радолишта во Македонија
Радолишта на карта
Координати 41°9′51″N 20°37′23″E / 41.16417° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.16417; 20.62306
Регион Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Југозападен
Општина Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Струга
Област Дримкол
Население 2.067 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6333
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26044, 26544
Надм. вис. 684 м
Радолишта на општинската карта
Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Радолишта во рамките на општината
Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Радолишта на Ризницата

Потекло на името

Името на селото првпат е споменато како „Радолиште“ во 1342 година.

Постојат повеќе објаснувања за потеклото на името:

  • Од Радовлишта што означува „Радовлје“ (некое село) и -ишта, со значење „место каде што се наоѓа(ло) Радовлје“.
  • Од личното име Радол/Радослав/Радислав
  • Од старословенското Радовлишти добиено од стигматската форма со значење куќи, палати или од патронимиското име со значење син, потомок.

Географија и местоположба

Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на селото со селската џамија

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, во југозападниот дел на Струшкото Поле, чиј атар се издига до сртот на планината Јабланица, каде се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е рамничарско-ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 700 до 820 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 4 километри.

Селото се наоѓа на источните падини на планината Јабланица, десно од регионалниот пат Струга-Ќафасан. Околни села се: Калишта, Франгово и Шум.

Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Љугу Франгут, Пуза Алију, Мечкина вода, Гропа љамес, Регае портес, Гропе Браимит, Корита Тоне, Корија Рајца, Џафер Џура, Аре Френговарит, Гропа Клења, Чесма волинчес, Сенка радолишка, Рујен, Гропе масовит и Краста. Месностите во котлинскиот дел на атарот ги носат следниве имиња: Шкрка, Фиериште, Ливада френговас, Блатат, Врештат, Куќерлина, Огради и Ќерамитица.

Селото има збиен тип. Постојат повеќе маала, главно именувани по родови, како што се: Оџалари, Даутлари, Черменика, Врчар, Ускалар и други.

Историја

Селото спаѓа меѓу најстарите села во Струшко. Во него е откриена една римска или старовизантиска базилика. Подоцна, во ова село се наоѓала и црквата „Св. Богородица“, која во периодот 1342-1345 година, кралот Стефан Душан ја предал на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ од Охрид. Во грамотата на царот Душан е спомената под името Оу Радов’лиштехь. Селото било седиште и на една православна епархија.

Во минатото, селото било словенско-христијанска населба. Меѓутоа, од почетокот на XIX век, тука започнале да се населуваат Албанци. Тие, како муслимани, биле повластени во рамки на тогашното царство, и постепено постарите родови започнале да се иселуваат. Последните две христијански домаќинства го напуштиле селото околу 1900 година. Родовите се иселиле во селото Вишни и во градот Струга.

Во самото село и во атарот се сретнуваат старини, претежно од христијански гробишта и од 3-4 цркви. На едно од тие места се наоѓал некогашниот средновековен храм „Св. Богородица“.

На 28 октомври 1944 година германските окупатори го извршуваат еден од најголемите масакри за време на Втората светска војна на територијата на Македонија. Стрелаат 82 жители на Радолишта и ги горат до темел куќите на селаните. Стрелањето успеале да го преживеат само седуммина радолиштанци. Тие паднале меѓу мртвите тела на соселаните, не пуштајќи ни глас, а во вечерните часови успеале да избегаат.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 14,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 814 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 336 хектари, а на пасиштата 227 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Селото има услови за полјоделство, шумарство и сточарство. Освен тоа, жителите оделе и одат и на печалба.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.214—    
19531.380+13.7%
19611.617+17.2%
19712.097+29.7%
19812.814+34.2%
ГодинаНас.±%
199113−99.5%
19942.892+22146.2%
20023.119+7.8%
20212.067−33.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Радолишта имало 700 жители Албанци муслимани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радолишта е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Албанци и 100 Македонци.

Селото е големо, населено со албанско население и со пораст на населението. Така, селото во 1961 година броело 1.617 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 2.892 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Радолишта живееле 3.119 жители, од кои 1 Македонец, 3.085 Албанци, 1 Турчин и 32 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.067 жители, од кои 1 Македонец, 1.954 Албанци и 112 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 700 1.214 1.380 1.617 2.097 2.814 13 2.892 3.119 2.067

Родови

Во селото живее муслиманско-албанско население.

Постари албански родови се: Оџалари, Лена, Мамутлар, Даутлар и Ајрула. Предците на родот Лена се доселени од селото Врче, Албанија.

Понови албански родови се: Черменика, Колоња, Врчар, Зуљалар, Шемолар, Волинче, Мерколар, Ускалар и Белица. Родот Врче потекнува како и родот Лена. Родот Черменика доселен е од селото Фнарс, од областа Черменика во Албанија. Во тој род се знае следнава генеалогија: Реџо (жив на 70 години)-Љуман-Раман, основач на родот. Родот Белица е доселен од селото Долна Белица. Родот Колоња доселен е од областа Колоња во Албанија.

Општествени установи

Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Радолишта, во која покрај селото Радолишта, се наоѓале и селата Вишни, Заграчани, Калишта, Мали Влај, Радожда, Франгово и Шум. Во периодот 1950-1952 година, исто така, постоела Општина Радолишта, во која влегувале селата Заграчани, Радолишта и Шум.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места место бр. 1875, 1875/1, 1876, 1876/1 и 1877 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.

На локалните избори во 2017 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.252 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.280 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Радолишта: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Детаљ од Радолишката базилика
    Археолошки наоѓалишта

Близу до селото Радолишта, на северниот брег на Охридското Езеро, е откриена ранохристијанска базилика. Црквата е трикорабна со нартекс и анекси северно и јужно од објектот. Подовите во наосот и нартексот се изведени во мозаик со геометрики, растителни и зооморхни слики. Датира од V-VI век.

    Џамии
  • Џамија — главна селска џамија.

Личности

    Родени во Радолишта

Иселеништво

По Првата светска војна, некои жители се преселиле во Албанија и во Турција. По Втората светска војна, некои домаќинства заминале во Струга (10 к.), Охрид (8 к.) и Битола (7 к.). Има иселеници и во другите соседни села: Заграчани (Леши, 2 к.) и Долна Белица (Радолиштани, 2 к.).

Галерија

Наводи

    Забелешки

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Радолишта Потекло на иметоРадолишта Географија и местоположбаРадолишта ИсторијаРадолишта СтопанствоРадолишта НаселениеРадолишта Општествени установиРадолишта Самоуправа и политикаРадолишта Културни и природни знаменитостиРадолишта ЛичностиРадолишта ИселеништвоРадолишта ГалеријаРадолишта НаводиРадолишта ПоврзаноРадолишта Надворешни врскиРадолиштаДримколОпштина СтругаСтруга

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Кралство ЈугославијаОпштина ПласницаПравославиеЃорче ПетровМакедонски јазикСлуз-цедење во грлотоФлебитисМакедонски народен театарБилјана ВанковскаДесница (политика)Филип II МакедонскиРимска кујнаАцо ШоповМатка (кањон)Смртна казнаМоливПиреј (роман)Отоманско ЦарствоМјузиклИлузијаМРП вакцинаГодинаРак на грло на маткаСписок на птици во МакедонијаПавле АрсоскиПрилепАнтон ПановСтар заветКрвен притисокСписок на пеперутки во МакедонијаСписок на повикувачки броеви на земјитеОксидМакедонски парламентарни избори (2008)Оче нашЗглобБрод (пловило)ХрватскаНиколај ГогољРевматоиден артритисИзборни единици во МакедонијаДренок (Струшко)Студена војнаСписок на македонски народни поговоркиМали ВлајЏ. Р. Р. ТолкинМали сипанициМитИзборна единица 6Лимфен јазолДелењеОлимписки боговиБошко СмаќоскиТриаголникБугаријаПМГ колективФранцијаСлавко ЈаневскиРадождаЦрна смртШвајцаријаОхридСтруен ударКавадарциПетре М. АндреевскиОпштина Чучер-СандевоДабАдаптација (биологија)КлеткаГихтЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеОпштина Демир ХисарХрватски месециПеперугиРечник на стари македонски зборовиВојскаСврзник🡆 More