Државен Завод За Статистика

Државниот завод за статистика е самостојно владино тело, кое има основна задача да продуктира висококвалитетни и веродостојни статистички информации за Македонија.

Основни производи на заводот се статистичките публикации во печатен облик, електронската дисеминација (електронските производи) и статистичките услуги. Основан е на 1 јуни 1945 и има седиште во Скопје.

Државен завод за статистика
Државен Завод За Статистика
Логотип на заводот
Податоци за органот
Основан 1 јуни 1945¹
Надлежност смостоен државен орган на Владата
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 290 (2016)
Раководител Апостол Симовски
(директор)
Мрежно место
stat.gov.mk
Белешки
¹како Македонски федерален статистички уред

Историја

Државниот завод за статистка е формиран на 1 јуни 1945 година како Македонски федерален статистички уред. За прв директор тогаш е именуван правникот Атанас Трпковски. Тогаш заводот функционирал само со две одделенија и тоа одделение за статистика на општествените дејности и одделение за статистика на стопанските дејности. Современиот завод функционира со 7 сектори и многу одделенија и пододделенија.

Задачи на заводот

Државниот завод за статистика е самостојна стручна организација чија надлежност и делокруг на работа се уредени со Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за државната статистика.

Во согласност со Законот за државната статистика, Државниот завод за статистика, врз научни основи, на државните органи, локалната самоуправа, деловните субјекти, јавните претпријатија, јавните служби и на други корисници им обезбедува информации за состојбите и движењата на националната економија, човечките ресурси, демографијата, заштитата на животната средина и во други области.

Државниот завод за статистика е одговорен за продуцирање на официјалната статистика во Македонија, а воедно е и координатор на статистичкиот систем во Македонија. Оваа улога Државниот завод за статистика ја реализира во соработка со други субјекти - овластени носители кои, исто така, се одговорни за продуцирање на официјална статистика во рамките на своите утврдени надлежности.

Државниот завод за статистика е носител на меѓународната статистичка соработка. Во таа насока, значајни се напорите на Заводот за хармонизација на статистичкиот систем на земјата со статистичките системи на земјите од Европската унија, а во функција на задоволување на домашните и странските корисници со споредливи статистички податоци.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Државен Завод За Статистика ИсторијаДржавен Завод За Статистика Задачи на заводотДржавен Завод За Статистика НаводиДржавен Завод За Статистика Надворешни врскиДржавен Завод За Статистика1 јуни1945Влада на Република МакедонијаМакедонијаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХрватскаЈосип Броз-ТитоИлинка МитреваБубрежен каменМРП вакцинаСедум (филм)Основен приходИнфективна мононуклеозаЛасерЧорбаџи ТеодосТранслитерација на македонското писмоЉупчо ГеоргиевскиАјдучка треваДржавни празници во БугаријаРелигијаРоберт ПетковскиНепалГариuf2lnСлепо цревоПитагорова теоремаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеРак на желудникНепроштеноЛиберална партија на МакедонијаДемократски сојузЕстивацијаОпштина ОхридИзборна единица 7Демократска унија за интеграцијаДржавна изборна комисијаЈаглерод моноксидЛокални избори во Македонија (1996)Прекршување (физика)Донтов методМртво МореГлас за МакедонијаИзбориАнтониа ГиговскаПредмет (граматика)Максим ДимитриевскиНадреден знакДемографија на МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2008Стале ПоповЛабуништаВејцеИзраелБраилово26 Април (спортска сала)КрушевоСловачкаЦрвен крст на МакедонијаУпад во Собранието на Македонија (2017)СДСМОпштина Старо НагоричанеНикола КаревИзборна единица 9ПапратШар ПланинаСузана СпасовскаПере ТошевКалендар на Велигденски датумиКорозијаБолести и аномалии на очитеШизофренијаВлада на Талат ЏафериХрватски месециБелгијаСписок на држави и територии во ЕвропаНационален парк ПелистерКумановоИндијаБели мугриДимитар МиладиновСписок на градови во ГерманијаГлагол🡆 More