Непал

Непал (непалски: नेपाल), офиц.

Сојузна Демократска Република Непалрепублика на Хималаите. Се наоѓа во Јужна Азија. Се граничи со Кина на север и со Индија на југ, исток и запад. Главен град е Катманду. Сè до 2008 г. земјата била кралство.

Сојузна Демократска Република Непал
संघीय लोकतान्त्रिक गणतन्त्र नेपाल
Непал
Знаме
Геслоजननी जन्मभूमिश्च स्वर्गादपि गरीयसी(деванагари)
„Мајката и Татковината се поголеми од Небото“
Химна„Сочинет од стотици цветови“
Сају тунга пулка
Непал
Местоположба на Непал
Главен град
(и најголем)
Катманду (непалски: काठमांडौ)
27°42′N 85°19′E / 27.700° СГШ; 85.317° ИГД / 27.700; 85.317
Службен јазик непалски
Признаени регионални јазици мајтилски, неварски, боџпурски, Тару, Гурунг, таманг, магарски, авади, шерпа, киранти и останати 100 јазици.
Демоним непалец
Уредување република
 •  Претседател Бидја Деви Бандари
 •  Премиер Шер Бахадур Деуба
Обединување
 •  Прогласено кралство 21 декември 1768 
 •  Објавена држава 15 јануари 2007 
 •  Прогласена република 28 мај 2008 
Површина
 •  Вкупна 147,181 км2 (93rd)
 •  Вода (%) 2.8
Население
 •  проценка за јули 2008 г. 29,519,114 (40-та)
 •  Попис 2007 28,875,140 
 •  Густина 184 жит/км2 (56-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $31.582 милијарди 
 •  По жител $1,142 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $12.698 billion 
 •  По жител $459 
Џиниев коеф. (2003–04)47.2
висок
ИЧР (2014) 0.540
низок · 145та
Валута рупија (NPR)
Часовен појас NPT (UTC+5:45)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+5:45)
Се вози на лево
НДД .np
Повик. бр. 977

По повеќевековно владеење на апсолутни монарси, во 1990 година е воведена уставна монархија. Сепак монархот и по воведувањето на уставната монархија задржал голем дел од власта, поради што помеѓу населението се јави големо незадоволство, кое во 1996 резултира со отпочнување на граѓанска војна во Непал. Од едната страна во војната се маоистичките бунтовници, а од другата приврзаниците на кралот. На 28 мај 2008 Непал е прогласен за република, под новото уставно име Демократска Република Непал.

Етимологија на име

Непал има население од повеќе од 26 милиони луѓе, составено од над 40 различни раси и племиња. Земјата нуди таква разновидност што посетителот ќе го видат на било кој начин животот од камено време, во далечниот запад и високите ридови. Две поголеми групи во Непал се: Тибето-Бурман, или Монголоиди од север, и Индоариевци од југ. Многу обичаи се наследени од двете страни и се развиени од страна на влијанија на земјиштето, климата и расположливи ресурси. Најголемата групи можат да бидат поделени врз основа на географски локации по височина.

Административна поделба

Непал е поделен на 5 развојни региони (непалски: विकास क्षेत्र), 14 административни зони (अञ्चल) и 75 окрузи (जिल्ला). На чело на секој округ стои извршен управник одговорен за јавниот ред и мир, како и за усогласување на работата на владините служби.

Региони

Непал 
Карта на развојните региони во Непал

Петте региони се следниве (од исток кон запад):

  • Источен развоен регион или „Пурванчал“ (पुर्वाञ्चल विकास क्षेत्र)
  • Централен развоен регион или „Мадјаманчал“ (मध्यमाञ्चल विकास क्षेत्र)
  • Западен развоен регион или „Пашчиманлал“ (पश्चिमाञ्चल विकास क्षेत्र)
  • Среднозападен развоен регион или „Мадја Пашчиманлал“ (मध्य पश्चिमाञ्चल विकास क्षेत्र)
  • Далекузападен развоен регион или „Судур Пашчиманлал“ (सुदुर पश्चिमाञ्चल विकास क्षेत्र)

Зони

Непал 
Карта на зоните во Непал

Еве список на зоните во земјата:

  1. Багмати
  2. Бери
  3. Давалагири
  4. Гандаки
  5. Џанакпур
  6. Карнали
  7. Коси
  1. Лумбини
  2. Махакали
  3. Мечи
  4. Нарајани
  5. Рапти
  6. Сагармата
  7. Сети

Стопанство

Главна стопанска гранка во државата е сѐ уште земјоделството, иако сѐ повеќе се застапени и услужните дејности (туризмот). Државата голема помош прима од дарителите, односно од Германија, Кина, Јапонија и Соединетите Американски Држави. Најзастапени земјоделски култури се пченката, пченицата, оризот, памукот,тутунот, компирот и чајот. Сточарството во Непал е исто така прилично развиено. Се одгледуваат овци (2,4 милиони), говеда (7 милиони), свињи и кози. Индустријата сѐ уште е во развиток. Развиени се прехранбената индустрија и чевларството. Од рудите има злато, бакар, железо, манган и никел.

Население, јазик и религија

Во Непал живеат повеќе од 60 различни етнички заедници и касти. Четири најбројни групи се кшатрије (околу 16%), брамани (околу 13%), магар (7%) и тару (6,75%). Познатите шерпи, познати како водачи на алпинистичките експедиции, сочинуваат само 0,68% од целото население. Хиндуизмот е најбројна религија (80%), па потоа следи будизмот (11%). Основачот на будизмот Сидарта Гаутама (Буда) е роден во Непал. Околу половина од населението го зборува непалскиот јазик. Непалското знаме е единствено државно знаме кое нема правоаголна форма. Половина од населението на Непал живее под границата на сиромаштијата (1,25$ дневно).

Религија

Верници во Непал
Хиндуисти
  
81,3 %
Будисти
  
9,0 %
Муслимани
  
4,4 %
Кирати
  
3,0 %
Католици
  
1,4 %
Други
  
0,9 %

Наводи

Tags:

Непал Етимологија на имеНепал Административна поделбаНепал СтопанствоНепал Население, јазик и религијаНепал НаводиНепалЈужна АзијаГлавен градИндијаКатмандуКинаКралствоНепалски јазикРепубликаХималаи

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рамиз МеркоПрекршување (физика)СловенијаМакедонски КонцептПавле ТрајановОслободителна војска на КосовоГане ТодоровскиФлебитисЈагодаПечалбариБујар ОсманиОпштина Шуто ОризариОхридско ЕзероСтолицаМакедонски денарСтојан ТарапузаНиколиќДУИХороскопски знациГлас за МакедонијаГлаголСписок на острови во Средоземното МореИлеусОслободителна народна армијаБиблијаРак на грлоДајреДемократска алтернативаАнтоан де Сент ЕгзипериБлаже КонескиМакедонски парламентарни избори, 2002ПриродаРусијаДемократи (политичка партија)Менструален циклусМакедонски претседателски избори, 2019Список на дипломатски претставништва на МакедонијаОливера НиколоваТегавецРастенијаФеудализамАлбанијаСвети Наум Охридски ЧудотворецОпштина СарајАлександар КирацовскиВласиБолести и аномалии на очитеЦер (село)Алцхајмерова болестДеменцијаКрешник БектешиХазби ЛикаРимско ЦарствоСашко КедевФилип ПетровскиБубрежна инфекцијаПерунСпоменка (книга)Прсти на рацетеЖивотниКатерина ШехтанскаОтоманско ЦарствоОНАСкендербегМуса ЏафериСолунски атентатиФашизамГерманијаАнтарктикСветлинаОпштина ЧаирОпштина ДебрцаЧетврта влада на Никола ГруевскиНационален парк ГаличицаРоднински односиСписок на змии во МакедонијаПодметФаунаЛогистика🡆 More