Будизам

Будизамот (санскрит: बौद्ध धर्म, буда дарма) — нетеистичка религија која опфаќа различни традиции, верувања и практики во голема мера врз основа на учењата припишувани на Сидарта Гаутама, познат како Буда (оној кој е разбуден) кој живеел во 5 век п.н.е.

во североисточна Индија.. Во светот постојат различни извори што тврдат различни бројки за бројот на верници но сепак бројката се движи помеѓу 230 милиони и 1.691 милијарди верници. Најголем дел од будистите живеат во Азија.

Будизмот го признава Буда како свет учител кој помагал на луѓето да ги надминат нивните страдања според законите на карма преку разбирањето на Четирите Величествени Вистини а со тоа реализирајќи ја вистинската природа на феноменот и избегнување на кругот на страдања и како краен стадиум е препородувањето познато како Самсара.

Методите што ги користи будизмот за постигнување на самсарата се: етичка прилагоденост, култивација на мудрост, тренирање на мозокот преку учење и медитација, несебично однесување, одрекување од светските работи, побожни обреди и во некои гранки на религијата, разбудување на свети суштества за да им помогнат на луѓето во достигнување на Нирвана.

Будист е човек што пребегнува во Трите Накити: Буда, оној кој е разбуден, Дарма, учењето и Санга, будистичкото општество.

Будизмот се проширил преку две главни гранки: Теравада, што се проширил кон југ и исток од неговото место на создавање и денес се проширило во Југоисточна Азија, и Махајана, кој најпрво се проширил кон запад од местото на создавање потоа северно и источно во Источна Азија. Подоцна, двете гранки се прошириле кон Европа и Америка.

Додека Будизмот се практикува главно во Азија, и двете главни гранки сега ги има насекаде низ светот. Проценките за будистите во светот значително се разликуваат во зависност од начинот на кој будистичкото придржување е дефинирано. Будизмот е исто така признат како една од најбрзорастечките религии во светот.

Будистичките училишта не се согласуваат при интерпретација на Гаутама Буда. Некои клучни текстови, познати како никаи или агами, се зачувани од двете гранки на будизмот. Некои од материјалите се зачувани од страна на тибетскиот будизам. Овие текстови се центар на Теравада, но се ретко користени во Махајаната. Најзначајните Махајана натписи се Сутрите на Махајана. Зачетоците на некои дефинирани Махајана идеи се во агамите.

Покрај тоа што најчесто будизмот е сметан за религија, некои научници не ја вметнуваат во таа категорија , или пак според други будизмот е фамилија на религии. Исто така има и научници што тврдат дека будизмот нема дадено јасен став за својот статус .

Распространетост

Будизам 
Ширење на будизмот низ вековите.

Будизмот е четврта најголема религија по христијанството, исламот и хиндуизмот. Таа е застапена во следниве држави:

Будизмот како мотив во популарната култура

  • „Бодисатва“ (англиски: Bodhisattva) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1973 година.

Извор

Статистиката се внесува со консултирање на https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/index.html Архивирано на 7 ноември 2017 г.

Наводи

Tags:

Будизам РаспространетостБудизам Будизмот како мотив во популарната култураБудизам ИзворБудизам НаводиБудизамАзијаБудаДармаИндијаСанскрит

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Изет МеџитиМакедонски парламентарни избори (2008)Зборник на МиладиновциХрватски месециСписок на реки во МакедонијаРециклирањеВеличествениот султан (ТВ-серија)Црн ДримДржавна изборна комисијаМиом на маткаКрал МаркоГригор ПрличевМакедонски претседателски избори (2004)Браќа МиладиновциÈ (кирилица)Оче нашТрајно македонско радикално обединување1937ОрелМакедонски парламентарни избори (2014)МоликаДропкаМочуриштеДемократска партија на Србите во МакедонијаАзијаСолистЈосип Броз-ТитоЗагадување на воздухотЈаглерод моноксидЦветнициМакедонски парламентарни избори (2002)БерлинМесечинаПрва светска војнаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаМртво МореЗвукПросветителствоСедум светски чуда на античкиот светМакедонски парламентарни избори (1998)Црнила (драма)Оливер СпасовскиМакедонски претседателски избори, 1999Народноослободителна борба во Егејска МакедонијаГостиварВилијам ШекспирИнтервал (музика)ПаралелограмПланетаСвети МетодијБлаже КонескиБосна и ХерцеговинаСкопски земјотрес (1963)Глаголи во македонскиот јазикПапратМачкаБубрежна инфекцијаНародна Република КинаНационален парк Маврово22 априлМладотурска револуцијаБојаПремиер на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (1990)Македонска граматикаИзборна единица 5Среден векБелото ЦиганчеФудбалКнигаПреспански договорКлеопатраВртоглавицаГраѓанска опција за МакедонијаМеѓашиРасказТерморегулацијаОсновни SI-единициЛумбаго🡆 More