Непалски Јазик

Непалскиот јазик (नेपाली) е јазик од групата индоариски јазици во рамките на индоевропското семејство.

Непалски
नेपाली
Непалски Јазик
Зборот „непалски“ напишан на деванагари
Застапен воНепал, Индија, Бутан
НародКаси (вкл. Гурките)
Говорници13,9 милиони  (2001)
Јазично семејство
индоевропско
Писмодеванагари
Статус
Службен воНепалски Јазик   Непал
Непалски Јазик Индија (во Сиким и округот Дарџилинг, Западен Бенгал)
Регулативен органЈазична академија на Непал
Јазични кодови
ISO 639-1ne
ISO 639-2nep
ISO 639-3nep — опсежен код
Поединечни кодови:
npi — непалски
dty — дотјалски
{{{mapalt}}}
Распределба на непалскиот јазик во светот:
Темносино: главен јазик,
Светлосино: едне од службените јазици,
Црвено: говорниците сочинуваат над 20% од населението, но јазикот нема законски пропишан статус.
Индско писмо
Индско писмо
Оваа страница содржи индски текст. Без соодветна поддршка самогласките може да се прикажуваат на неправилни места, а зборовите може да бидат без сврзници. Повеќе...

Претставува службен јазик и лингва франка во Непал, но се говори и во Бутан, Делови од Индија и делови од Мјанмар (Бурма). ВО Индија, непалскиотужива статус на службен јазик во сојузната држава Сиким и округот Дарџилинг во Западен Бенгал. Неговото влијание е забележливо во Бутан и извесни делови од Бурма. Низ историјата, јазикот се развивал во содејство со околните јазици од тибетско-бурманското семејство, од кои поважна улога одиграле кирантскиот и гуруншкиот, поради што непалскиот има влијанија од истите.

Во минатото, јазикот најпрвин се нарекувал каскура (говор на „касите“, т.е. оризари), потоа гуркали (говор на Гурките), за на крај да биде наречен непали („непалски“). Други називи се парбатија („планински јазик“, говор на народот Парбатија во Непал) и лоцамика („јужен јазик“, говор на народот Лоцампа во Бутан).

Писменост и книжевност

Непалскиот денес се пишува со писмото деванагари, како хинди и санскрит. Во извесен период се користело писмото такри, особено во западен Непал, Утараканд и Химачал Прадеш. Други постари писма што некогаш биле во употреба се буџимол (автохтоно непалско писмо) и ранџана.

Јазикот развил значајна книжевност за краток период во XIX век, поттикнат од дела како Адјатма Рамајана, Сундарананда Бара (1833); Бирсика (анонимна збирка на народни приказни) и верзија на јужноазискиот еп „Рамајана“ од поетот Банубакта. Јазикот се издигнал на светско ниво благодарение на делата на тројца книжевници: Лекнат Пудјал, Лаксми Прасад Девкота и Балкришна Сама. Значаен придонес имаат и авторите што живеат во странство, особено оние од Дарџилинг и Ванараси во Индија. Во последно време се јавуваат и истакнати писатели од дијаспората во Европа, Америка и другите азиски земји.

Поврзано

  • Јазици во Непал
  • Непалски календар

Наводи

  • पोखरेल, मा. प्र. (2000), ध्वनिविज्ञान र नेपाली भाषाको ध्वनि परिचय, नेपाल राजकीय प्रज्ञा प्रतिष्ठान, काठमाडौँ
  • Schmidt, R. L. (1993) A Practical Dictionary of Modern Nepali.
  • Turner, R. L. (1931) A Comparative and Etymological Dictionary of the Nepali Language.
  • Clements, G.N. & Khatiwada, R. (2007). “Phonetic realization of contrastively aspirated affricates in Nepali.” In Proceedings of ICPhS XVI

Надворешни врски

Tags:

Непалски Јазик Писменост и книжевностНепалски Јазик ПоврзаноНепалски Јазик НаводиНепалски Јазик Надворешни врскиНепалски ЈазикЈазикИндоариски јазициИндоевропски јазици

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на државни знамињаВодаБратиславаМатичен млечЧума (појаснување)Стале ПоповСписок на главни градови во светотДаунов синдромАмазонГетеборгПавле АрсоскиМакедонски јазикМахидевранОпштина КратовоРимаЧовекБубрежен каменНаполеон БонапартВелигденСрцеГерманијаМакедонски претседателски избори (2024)ТокиоМоливРадождаМакедонијаДувачки инструментПолип на маткатаБукурешки договор (1913)Општина Шуто ОризариСловенски преселби на Балканскиот ПолуостровБиотички факториМакедонски народен театарЉубовОмов законЛатински јазикОпштина ШтипТројанска војнаПретседател на МакедонијаЕнтерококиМакедонски парламентарни избори, 2014НапонПравоаголникСузан АкбелгеНепалЃурѓовденЈордан Хаџи Константинов-ЏинотБиблијаШвајцаријаОвчи сипанициЛокални избори во Македонија (2013)КултураКлеткаОпштина КавадарциГоран СтефановскиПоезијаРечник на стари македонски зборовиСписок на планини во МакедонијаРасејувањеВолшебното самарчеГликемијаКонстантин МиладиновАлбанијаРенесансаКирил ЛазаровЛист (ботаника)Состави на репрезентациите на Копа Америка 2019Пере ТошевИзборни единици во МакедонијаМагнетБубрегСловенијаИсус ХристосХормонМакедонски народни инструментиКочаниМакедонска радио-телевизија🡆 More