Јазично Семејство

Јазично семејство е поим што се користи во лингвистиката да се означи група јазици кои се генетски поврзани и потекнуваат од еден заеднички прајазик.

Името потекнува од моделот „јазично стебло“ од историската лингвистика, каде се прави метафора меѓу сродноста на јазиците и сродноста на луѓето.

Јазично Семејство
Главни јазични семејства на светот (во некои случаи географски групи на семејства).

Според податоците на Ethnologue од 2009 година, во светот има 6.909 живи јазици. Еден јазик се определува за „жив“ ако истиот се користи како основно средство за општење кај одредена група на луѓе. Точниот број на живите јазици во светот варира од 5.000 до 10.000, во зависност од тоа што се подразбира под дефиницијата „јазик“ и како да се класифицираат дијалектите. Покрај живите јазици, постојат голем број на мртви и исчезнати јазици.

Структура

Едно јазично семејство е филогенска единица, што значи, сите членови потекнуваат еден заеднички предок и сите потомци од тој заеднички прајазик се вметнати во семејството. Сепак, секоја класификација на јазиците може да се нарече „семејство“. Така на пример имаме јазично семејство индоевропски јазици, но и подгрупите на ова јазично семејство можат да се означат како семејства, односно, словенско јазично семејство, германско јазично семејство, романско јазично семејство итн.

Јазичното семејство може да биде поделено на помали филогенски единици, често наречени „гранки“ на семејството, бидејќи историски и традиционално јазичното семејство се претставува како дрво (лоза). Така на пример, туркиските јазици, угрофинските јазици, монголските јазици и тунгуските јазици се гранки на уралското јазично стебло.

Останата класификација

    Изолирани јазици

Повеќето од светските јазици се дел од едно од јазичните семејства. Тие јазици кои немаат сродни или поврзани јазици се наречени изолирани јазици. Изолираните јазици сочинуваат свое посебно јазично семејство. Таков изолиран јазик на пример е баскискиот јазик. Сепак и во рамките на едно јазично семејство има изолиран член, како што е ерменскиот јазик во индоевропските јазици. Општо гледано, јазичарите сметаат дека и изолираните јазици имаат сродни јазици, но временската разлика е толку голема што тешко е да се реставрира изумрениот сроден јазик.

    Јазичен контакт

Мешаните јазици настануваат кога два јазика стапуваат во контакт и со тек на времето се добива нов јазик, кој е мешавина на двата природни јазика. Ваквите јазици се класифицираат во посебни семејства наречени мешани јазици како што се креолските и пиџините. Како пример за мешаните јазици се хаитскиот креолски јазик или ток писин.

Распространетост

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Јазично Семејство СтруктураЈазично Семејство Останата класификацијаЈазично Семејство РаспространетостЈазично Семејство НаводиЈазично Семејство ПоврзаноЈазично Семејство Надворешни врскиЈазично СемејствоГенетикаИсториска лингвистикаЛингвистикаЛуѓеМетафора

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Слобода или смртАлександар ДаштевскиНезависен политичарСирма ВојводаЦентар ЖупаХосе МухикаДесница (политика)Свети ГеоргиПиринска МакедонијаЛевица (политика)БегалкаСреден векДемократска алтернативаМали сипанициГеографија на МакедонијаКаролина ГочеваОпштина НовациКрушевоПартија на обединети демократи на МакедонијаВиолинаБубрегОпштина РесенЉубомир ФрчкоскиТрапезПтициАрбер АдемиБроеви во македонскиот јазикСмесаОпштина СтуденичаниДвижење БесаГлавна страницаГостиварРепублика МакедонијаСловенијаВоен конфликт во Македонија, 2001Оливер АндоновШармери од осмоПланетаСоединети Американски ДржавиИзборна единица 3Жичени инструментиПопулизамОНАСписок на македонски зборови од турско потеклоНалеј, налејНикола ТеслаСопиштеДемохристијанствоСтефан ГајдовПартија за демократски просперитетПридавки во македонскиот јазикМојот звукЛокални избори во Македонија (2021)Македонски претседателски избори, 1994Илинденско востаниеСојуз на комунистите на МакедонијаИзборна единица 7Црни и жолтиДемократијаБелото ЦиганчеЛДПНикола КљусевИталијаБик (хороскопски знак)Васил ИљоскиАутизамПрилепГласачки системПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеГордана ЈанкулоскаСкопски земјотрес (1963)Стојанче АнгеловРепортажа (филм)Надреден знакБорислав КрмовМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаИзборна единица 9Специјално јавно обвинителство🡆 More