Бутан

Кралство Бутан (ѕонгка: ) или само Бутан — земја во Јужна Азија, с естена на источниот крај на Хималаите.

Државата на југ, исток и запад се граничи со Индија, а додека на север се граничи со НР Кина. Од Непал, државата е одделена со индиската држава Сиким, а од Бангладеш со сојузната држава Западен Бенгал. На бутански јазик или ѕонгка, државата се нарекува „Друк јул“ (འབྲུག་ཡུལ་) што во превод значи „Земјата на молњестиот змеј“.

Кралство Бутан
འབྲུག་རྒྱལ་ཁབ་
Друк ѓал кап
Бутан Бутан
Знаме Амблем
ХимнаДрук денден
Кралство на змејот-громовник

Бутан
Бутан на карта на источно-средна Азија
Бутан на карта на источно-средна Азија
Главен град
(и најголем)
Тимбу
Службен јазик ѕонгка
Демоним Bhutanese
Уредување унитарна парламентарна уставна монархија
 •  Крал Џигме Кесар Намѓел Вангчук
 •  Премиер Церинг Тогбај
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Национален совет
 •  Долен дом Национално собрание
Основан
 •  Обединување на Бутан XVV век 
 •  династија Вангчук 17 декември 1907 
 •  Индиско-бутански договор 8 август 1949 
 •  Членство во ООН 21 септември 1971 
 •  Проглас. уставна моанрхија 18 јули 2008 
Површина
 •  Вкупна 38,394 км2 (133.)
 •  Вода (%) 1.1
Население
 •  проценка за 2016 г. 797.765 (165.)
 •  Попис 2005 634,982 
 •  Густина 19.3 жит/км2 (196.)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $7.045 billion 
 •  По жител 8.762 $ (115)
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно 2,308 млј. $ 
 •  По жител 2.870 $ (130)
Џиниев коеф. (2012)38.7
среден
ИЧР (2015) 0.607
среден · 13.
Валута нгултрум (BTN) и индиска рупија (INR)
Часовен појас BTT (UTC+6)
 •  (ЛСВ) not observed (UTC+6)
Се вози на лево
НДД .bt
Повик. бр. +975

До скоро, Бутан важеше за една од најизолираните земји во светот, но денес државата е под забрзан развој и има интернет, мобилна, телевизиска и телефонска мрежа. Сепак, Бутан го избалансирал овој модерен развој со својата античка традиција и култура под директно водство на бруто националната среќа. Владата во Бутан презема доста мерки за зачувување на националната култура, традиција, идентитет и природа. Според „Business Week“ и Универзитетот во Лејкастер, Бутан е најсреќната држава во Азија и осма најсреќна држава во светот според истражувањата на универзитетот во 2006 година..

Релјефот на Бутан е разновиден. Така, државата е составена од суптропски рамници на југот па сè до планински предели на север со високи врвови, од кои некои изнесуваат над 7000 метри надморска височина. Државната религија во Бутан е ваѓрајаната. Исто така најголем број од населението се будисти, додека втора најголема религија е хиндуизмот. Најголем град, а воедно и главен град, во Бутан е Тимбу (Тимпу). Вкупната површина на државата е 38.394 км2.

По долгогодишно владеење од страна на монархијата, Бутан ги одржал своите први демократски избори во март 2008 година. Покрај останатите меѓународни организации, Бутан е член на ООН и Јужноазиското здружение за регионална соработка.

Потекло на поимот

Името „Бутан“ најверојатно доаѓа од санскритскиот збор „Bhu-Utthan“ што значи „планински предел“. Исто така, покрај оваа теорија постои и друга теорија која вели дека името на државата доаѓа од санскритските зборови „Bhoṭa-anta“ што во буквален превод би значело „На крај од Тибет“, што и има логика бидејќи Бутан е веднаш до јужната страна на Тибет.

Историски, Бутан бил познат под повеќе имиња, како што се „Lho Mon“ (јужна земја на темнина), „Lho Tsendenjong“ (јужна земја на цеденските чемпреси), „Lhomen Khazhi“ (јужна земја со четири пристапи) и „Lho Men Jong“ (јужна земја на лековити тревки).

Историја

Ран период

Камени алатки, орудија, слонови и остатоци од големи камени структури пронајдени во државата покажуваат дека Бутан бил населен уште во 2000 п.н.е. иако нема записи од тоа време. Историчарите даваат теории дека државата Ломон (што во буквален превод значи „јужна темнина“, придавка која се однесува на религијата Мон) или Моњул („темна земја“ што го означува староседелскиот народ Монпа) можеби постоеле како држави помеѓу 500 п.н.е. и 600 година. Имињата „Ломон Ценденџонг“ (Сандалова држава) и „Ломон Каши“ (Јужен Мон) биле пронајдени во записите на античките Бурманци и тибетските хроники..

Еден од најраните записи за некој настан во Бутан е пасусот на будистичкиот светец Падма Самбава (или познат како Гуру Ринпоче) во 747 година. Раната историја на Бутан не е сосема јасна, бидејќи голем дел од записите биле уништени во пожар во античкиот главен град на Бутан, Пунака во 1827 година. До XX век, развитокот на бутанскиот политички живот бил под силно влијание од религијата и нејзината историја. Сепак, денес нема силни докази кои би потврдиле дека имало јасни записи за Бутан пред пожарот. Различни будистички подгрупи започнале да се појавуваат во Бутан за време на инвазиите на Монголците. По падот на Монголците во XIV век, овие подгрупи започнале да се обединуваат и да ја создадат будистичката религиска подгрупа Друкпа во XVI век.

Ран среден век до XIX век

Бутан 
Италијанска карта од XVII век во која е претставен Бутан.

Сè до почетокот на XVII век, Бутан опстојувал како расцепкана територија на воинствени феудалци, кога подоцна биле обединети од тибетскиот далај-лама и воен водач Шабдрунг Нгаванг Намѓал кога во Тибет имало религиски прогони. За да се бори против религиските насилници, тој изградил ланец на тврдини, познати како ѕонг, и создал законик со кој локалните водачи ги обединил и им воспоставил централна власт. Голем број од таквите тврдини и денес опстојуваат и се центри на религиозни и политички настани. Околу 1627 година, Португалците Естевао Касела и неколку свештеници биле првите Европејци кои го посетиле Бутан одејќи накај Тибет. тие се сретнале со Нгаванг Намѓал на кого му ги претставиле телескопот и барутот и се понудиле на помош во војната против Тибет, но Нгаванг одбил. По престој од околу осум месеци, Канцела напишал писмо од манастирот Чагри во кој го опишал патувањето во Бутан. Ова е редок артефакт од тоа време.

По смртта на Намѓал во 1652, во Бутан избила граѓанска војна. Во таква хаотична ситуација, Тибет ја нападна државата во 1710 и во 1730 година со помош од Монголците. Двата напада биле победени и мировен договор бил потпишан во 1759 година.

Во XVIII век, Бутанците го нападнале и окупирале кралството Куч Бехар, на југ од Бутан. Во 1772 година, Куч Бехар побарал помош од Британската источноиндиска компанија кои пак му помогнале при одбраната од нападите, а подоцна и при напад на Бутан во 1774 година. Мировен договор бил потпишан со кој Бутан морал да ги врати окупираните територии и да ги зачува границите од пред 1730 година. Покрај овој договор, престрелките помеѓу Бутан и Британските колонисти продолжиле и во наредините 100 години, што довело до Дуарската војна, судир за превласт на бенгалските Дуари. Откако Бутан ја изгубил војната бил потпишан договорот од Синчула помеѓу Британска Индија и Бутан. Со договорот, Дуарите биле присвоени кон колонијата, а Бутан добил пари во замена.

За време на 1870-те, моќното соперништво на долините Паро и Тонгса довело до нова граѓанска војна во Бутан, што пак резултирало со превласт на Уѓен Вангчук, гувернерот на Тонгса. Од неговиот центрар во централен Бутан, тој ги поразил неговите политички непријатели и ја обединил државата во која во наредините години имало неколку граѓански војни и побуни.

Понова историја - XIX век до денес

Бутан 
Ташичоеѕонг во Бутан, седиште на владата на Бутан.

Во 1907 година се случиле значајни промени во државата. Уѓен Вангчук бил избран за крал на Бутан од собранието на будистички монаси, владини претставници и влијателни бутански семејства. Британската влада ја признала новата бутанска монархија и во 1910 година Бутан потпишал договор со кој Британија можела да ја „насочува“ надворешната политика на Бутан.

По независноста на Индија од Обединетото Кралство на 15 август 1947 година, Бутан е една од првите држави кои ја признале Индија. Договор, сличен на тој од 1910 година, потпишан на 8 август 1949 година со кој Бутан се стекнал со целосно управување на своите надворешни политики.

Во 1953, кралот Џигме Дорџи Вангчук основал нова легислатура, собрание со 130 пратеници за да се промовираат демократски форми на владеење. Во 1965 година, тој го основал Кралскиот надзорен совет и во 1968 година го оформил кабинетот на министри. Во 1971 година, Бутан бил примен во ООН, кога три години бил набљудувачки статус. Во јули 1972, Џигме Синѓе Вангчук го наследил престолот на Бутан на свои 16 години по смртта на својот татко Дорџи Вангчук.

Проблеми во Јужен Бутан

Во 1980-те години, сè со цел да се зајакне националниот идентитет, се одвивала кампања со која се целело периферните етнички групи да се присвојат кон бутанската култура и општетство. Користењето на јазикот ѕонгка и стариот код на однесување познат како „дриглам намза“ станале задолжителни. Во меѓувреме, на националниот попис се открило дека во државата живее повеќебројно непалско население кое жевеело нелегално во Јужен Бутан. Кога владата се обидела да ги отстрани нелегалните имигранти, започнале да се одвиваат немили настани. Јавни институции, владини канцеларии и места од јавен интерес биле напаѓани. За да се спречеле таквите немили настани, владата била принудена да го регрутира младото население и резервниот состав на војската за да ги згаснат револтите. Голем број на јужнобутанци пребегнале во Непал во кампови на ООН.

Демократски реформи и модернизација

Бутан 
Кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук.

Кралот Џигме Сиње Вангчук вовел значајни политички реформи, префрлајќи ја политичката моќ во рацете на Советот на министри и дозволил импичмент на кралот со обезбедени две-третини од собранието на Бутан.

Во 1999 година, владата на Бутан ја отстранила забраната на телевизија и интернет што воедно го прави Бутан еден од последните држави кои го сториле тоа. Во својот говор, кралот изјавил дека телевизијата е важен дел во модернизацијата на земјата и важен придонес во среќата на Бутан. Воедно, Бутан е единствената држава во светот која мери среќа. но и потенцирајќи дека погрешното употребување на телевизијата може да ги наруши традиционалните вредности на Бутан.

Во 2005 година нов устав бил усвоен во Бутан. Во декември 2005 година, Џигме Синѓе Вангчук изјавил дека својата титула ќе ја предаде на својот син во 2008 година. Во 2007 година Бутан ги одржал првите целосно демократски избори. На 6 ноември 2008 година, Џигме Кесар Намѓел Ванчук станал нов крал на Бутан заменувајќи го својот татко Џигме Синѓе Вангчук и бил крунисан „крал на хималаското кралство“.

Географија и клима

Бутан 
Топографска карта на Бутан

Северниот регион на Бутан е планински предел со високи врвови и со екстремно ладна клима на повисоките места. Повеќето од врвовите во Бутан се високи над 7.000 метри. Највисок врв во Бутан е Кула Кангри со висина од 7.553 метри. Регионот е снежен, со периодично замрзнати реки и мали планински долини што овозможуваат за развивање на локалното сточарство.

Црните Планини во централен Бутан се наоѓаат помеѓу две главни речни системи: Мо Чу и Дрангме Чу реките. Врвовите на Црната Планина се високи од 1.500 до 2.700 метри Главни реки во Бутан се Торса, Раидак, Санкош и Манас. Повеќето од населението на Бутан е населено во централните планински предели на државата.

Бутан 
Кангкар Пунсум — највисока планина во земјата

Југот на земјата, поточно планините Шивалик се покриени со шуми, никотревни долини и врвови со околу 1.500 метри. Тука се наоѓа и висорамнината Дуарс. Дуарс во поголем дел се наоѓа во Индија но мал дел зафаќа и во Бутан. Бутанскиот Дуарс е поделен на два дела: северен и јужен Дуарс.

Климата во Бутан варира, така што на југот од земјата е суптропска а додека во северните планински делови климата е речиси поларна, со многу ладни и снежни денови. Во Бутан се забележуваат пет различни сезони: лето, монсун, есен, зима и пролет. Западен Бутан има поголеми монсунски врнежи, Јужен Бутан има топли лета и ладни зими, и централен и Источен Бутан се посуви одошто Западен Бутан со потопли лета и ладни зими.

Политички систем

Во последните неколку декади, политичкиот систем на Бутан се развил од апсолутна монархија во уставна монархија. Во 1999, четвртиот крал на Бутан создал тело наречено Lhengye Zhungtshog (Совет на Министри). На чело на државата е „Druk Gyalpo“ или Кралот на Друк Јул. Извршната власт е во рацете на Советот на Министри. Законодавната власт се поделила на двете важни тела во државата, односно владата и поранешното Големо Национално Собрание ја извршуваат оваа задача. На 17 декември 2005 година, четвртиот крал Џигме Синѓе Вангчук објавил на нацијата дека првите демократски парламентарни избори ќе се одржат во 2008 година и дека тој ќе го предаде престолот на неговиот најстар син. Кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук го презел престолот на 14 декември 2006 година. Тој станал најмалдиот монарх што владее во светот.

Новиот демократски систем создал горен и долен дом, засновани и составени од политички партии. Изборите за националниот голем дом, Националниот Совет, се одржале на 31 декември 2007, додека изборите за долниот дом со 47 места биле одржани на 24 март 2008. За пратеничките места се бореле две главни политички партии: Народната Демократска Партија на Бутан водена од Сангај Нгедуп и Партијата за мир и просперитет на Бутан предводена од Џигми Тинлеј. Изборите ги добила партијата за мир и просперитет со тоа што освоила 45 места од вкупно 47. Судската власт во Бутан е во рацете на судовите во Бутан.

Административна поделба

Бутан е поделен на четири административни зони (ѕонгдеј). Секоја зона е поделена на окрузи (ѕонгхаг). Во Бутан има 20 окрузи. Поголемите окрузи се понатаму се делат на подокрузи (дунгхаг). На најниско ниво, група села сочинува блок (гевог) и се раководени од управител (гуп) што е избран од народот.

Окрузи

Бумтанг
Чука
Дагана
Гаса
Ха
Лунце
Монгар
Паро
Пема-
гацел
Пунака
Самдруп Џонгкар
Самце
Сарпанг
Тимбу
Трашиганг
Трашијангце
Тронгса
Циранг
Вангди
Подранг
Жемганг
Окрузи во Бутан
  • Бумтанг
  • Вангди Подранг
  • Гаса
  • Дагана
  • Жемганг
  • Лунце
  • Монгар
  • Паро
  • Пемагацел
  • Пунака
  • Самдруп Џонгкар
  • Самце
  • Сарпанг
  • Тимбу
  • Трашиганг
  • Трашијангце
  • Тронгса
  • Ха
  • Циранг
  • Чука
Бутан 
Карта на Бутан.

Поголеми и поважни градови

  • Џакар, место каде за првпат се појавил будизмот во Бутан.
  • Монгар, источен стопански град.
  • Паро
  • Пуенцолинг, стопански центар
  • Пунака, стариот главен град
  • Самдруп Џонгхар
  • Тимбу, главниот и најголем град
  • Трашиганг, најнаселената област во земјата
  • Тронгса, место каде се најголемите и најубавите ѕонги во Бутан.

Стопанство

Бутан 
10 нгултруми

Официјална валута во Бутан е нгултрум и неговата валута е прицврстена за индиската рупија. Индиската рупија е исто така прифатлива како валута за трговија во земјата.

Иако бутанската економија е една од најмалите економии во светот, таа има забрзан развој во последните години, со 8% развој за 2005 и 14% развој за 2006 година. Во 2007, Бутан е втора најбрзорастечка економија во светот, со среден просек од 22.4 %. Тоа е благодарение на Тала хидроелектронскиот проект. Доходот по глава на жител во 2006 година во Бутан бил US$1,321.

Бутан 
Долината Ха.

Бутанската економија се заснова на земјоделството, шумарството, туризмот и продажбата на електрична енергија во Индија. Земјоделието обезбедува живот на околу 80% од населението. Населението се занимава со одгледување на различни култури и одгледување на животни. Покрај тоа, населението се занимава и со текстилната индустрија, се произведуваат марами и ткаенини во различни бои со традиционални везови.

Поради тешко проодната околина, градењето на патишта и друга инфраструктура е отежната. Ова, а и недостапноста на море, придонело да Бутан нема голема корист од трговија со останатите земји, а и во самата држава иато така. Бутан нема железница, но сепак Индија планира да го поврзе Јужен Бутан со потпишаниот договор од 2005. Индија и Бутан потпишале договор за слободна трговија.

Индустрискиот сектор е во почетен период, и поголеми индустриски центри се охрабрувани од владата за успешна работа. Од индустријата, во Бутан има фабрики за цемент, челик и текстил. Многу развојни проекти се зависни од Индија и индиската инвестиција во развој на патната и железничката мрежа. Од земјоделските култури се одгледуваат пченка и ориз, а доста се одгледуваат и животни за месната и кожарската индустрија. Овоштарството е во голем подем во Бутан.

Население, јазик и религија

Бутан 
Стар Бутанец

Религија

Верници во Бутан
Будисти
  
74,8 %
Хиндуисти
  
22,6 %
Бон
  
1,9 %
Католици
  
0,5 %
Муслимани
  
0,1 %
Други
  
2 %

Демографија

Покрај Бутанците, уште неколку етнички групи во Бутан можат да се издвојат. Втората најголема етничка група во Бутан се Нгалопите, будистичка група што живее во западните предели на земјата. Нивната култура е блиска со културата на Тибет. Истото може да се каже и за третата етничка група во Бутан- Шарчопите, доминантна група што живеат во источните предели на Бутан . Често овие народи се нарекуваат источни и западни бутанци.

Процентот на писменост во Бутан е 59.5 %. Средна возраст на државата е 22.3 години со животен век од 62,2 години.

Бутан 
Јазична карта на Бутан.

Јазик

Националниот јазик во Бутан е ѕонгка. Тој е еден од 53-те јазици на тибетската фамилија на јазици. Ѕонгка користи чокеј писмо, идентично писмо со класичното тибетско писмо. Јазикот се учи како национален јазик во училиштата, а додека англискиот јазик се изучува како втор странски јазик. Според „Ethnologue“, во Бутан вкупно се зборуваат 24 јазици, од кои сите се дел од Тибетско-бурманските јазици, освен непалскиот јазик кој е дел од индоариските јазици. Сѐ до 1980-те, владата финансирала учење на непалски во училиштата во Јужен Бутан, но после вооруженото востание во Јужен Бутан, непалскиот јазик се симнал од наставните програми. Некои од јазиците во Бутан се сѐ уште недоволно познати во лингвистиката.

Религија

Бутан 
Манастирот Тактшанг.

Две третини и три четвртини од граѓаните на Бутан се следбеници на ваѓрајаната, што е и воедно национална религија. Околу една третина или една четвртина се следбеници на хиндуизамот. Муслиманите и не религиозните групи се помалку од 1 процент. Според законите во Бутан, религиската слобода се гарантира во рамките на Бутан за сето население.

Религии во Бутан
религија процент
Будизам
  
75 %
Хидуизам
  
24 %
Останати
  
1 %

Култура во Бутан

Бутан 
Танка, будистички универзум.

Бутан има богато и уникатно културно наследство што во голем дел останало недопрено и непроменето поради изолираноста на земјата. Една од поголемите атракции за туристите во земјата се културата и традицијата на бутанците. Бутанската традиција е под големо влијание на Будизмот. Остатоците и влијанијата на Хиндуизмот се присутни во југот на земјата. Двете религии опстојуваат мирно и се здобиваат со поддршка на владата на Бутан. Владата на Бутан се обидува и настојува да ги зачува културните вредности на народот. Поради својата природа и култура, Бутан е наречен „Последен Шангри-ла“.

Националната машка облека се нарекува го, облека до колената заврзана и стегната со колан наречен кера. Жените носат фустани долги до глуждовите, наречени кира, што е свиткано и врзано. Покрај тоа, носат и долга блуза, тоего, што обезбедува топлина под кирата. Социјалниот статус во општеството го одредува видот на текстилот, бојата и декорацијата на облеката. Различно обоени шалови и марами се важни индикатори за социјалната положба, бидејќи Бутан бил феудално општество. Накитот е најчесто носен од жените, особено за време на настани и религиозни фестивали или јавни собири. За да се зајакне и зачува традиционалниот бутански идентитет, владата на Бутан со закон наредила сите граѓани да носат традиционална бутанска облека за време на јавни собири и настани.

Интересно и впечатливо за странските туристи во Бутан е тоа што бутанците, на надворешните ѕидови од куќите цртаат пениси, бидејќи се верува дека тоа ќе ги избрка или спречи лошите духови. Тоа е нормална работа во Бутан, но шокантно за туристите.

Оризот и пченката се главните состојки во традиционалната бутанска кујна. Локалната кујна исто така вклучува и свинско месо, говедско месо и пилешко месо. Покрај тоа, можат да се сретнат и разни супи, сушени овошја и сирење. Познато јадење е Ема Датши, луто јадење со сирење и пиперчиња, кое е и воедно национално јадење на Бутан. Доста често се сретнуваат и сирење и млеко во секојдневната исхрана во Бутан. Од пијалаците, најчесто присутни се чајот, вино и пиво. Бутан е единствената земја во светот каде е забранета продажбата на тутун.

Музика и празници

Бутан 
Маскиран танчер за време на фестивал

Ригсар е стил на пеење на народна традиционална музика во Бутан. Тоа е мешавина на традиционални музички инструменти и датира од 1990-те. Овој стил на пеење бил под силно влијание на индиската музика.

Бутан има неколку јавни празници, од кои повеќето се осврнуваат кон традиционалните сезонски, секуларни и религиски фестивали. Меѓу тие празници се зимскиот солстициум (се одржува на 1 јануари), месечевата Нова Година, роденденот на Кралот, официјалниот почеток на монсунскиот период (22 септември), Националниот ден на Бутан (17 декември) и различни будистички и хиндуски прослави.

Често на прославите во Бутан се сретнуваат традиционални маски и маскирани луѓе, најчесто пропратени со традиционална музика. Танците се енергични, со шарена и многубојна облека, стилизирани костими, митски херои, демони и со животни и богови. Танчерите уживаат кралска патронажа.

Спорт во Бутан

Бутан 
Парада пред натпревар во стрелаштво

Бутанскиот национален спорт е стрелаштво и натпревари во стрелаштво се одржуваат во сите села во Бутан. Овој спорт се разликува од стандардниот олимписки спорт по своите технички одлики како местење на целта во која треба да се стрела. Постојат две целни точки поставени над 100 метри оддалеченост и тимовите стрелаат од едниот кон другиот крај на теренот. Секој член од тимот стрелаат по две стрели во секоја рунда. Традиционалното бутанско стрелаштво е социјален настан и натпреварите се одржуваат организирано помеѓу селата, градовите или аматерските тимови. На овие организирани настани, најчесто има и доста храна и пијалаци придружени со песни и танци.

Друг традиционален спорт е дигорот, спорт што е доста сличен со фрлање копје. Покрај овие два спорта, во последно време и крикетот е доста популарен, особено по воведувањето на телевизиските канали од Индија. Националниот бутански тим во крикет е еден од најуспешните тимови во овој регион. Фудбалот е исто така доста популарен спорт во Бутан.

Поврзано

Наводи

Галерија

Дополнителна литература

Надворешни врски

    Влада
    Општи информации
    Патување

Tags:

Бутан Потекло на поимотБутан ИсторијаБутан Географија и климаБутан Политички системБутан Административна поделбаБутан СтопанствоБутан Население, јазик и религијаБутан Култура во Бутан Музика и празнициБутан Спорт во Бутан ПоврзаноБутан НаводиБутан ГалеријаБутан Дополнителна литератураБутан Надворешни врскиБутанЅонгкаЈужна АзијаБутански јазикЗападен БенгалИндијаНР КинаСикимХималаи

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Поделба на властаФК Слога ЈугомагнатМесопотамијаПреспанско ЕзероБојаМечкаОпштествоИтар ПејоТетовоЖолтицаДождТамбура (македонска)Грегор МенделГихтПролетСобрание на МакедонијаЗаздравување на ранаШизофренијаПарите се отепувачкаГрчка кујнаГемиџииСкратеници во македонскиот јазикМРП вакцинаПреспански договорАнтичка МакедонијаДиво месо (драма)Системски лупус еритематозусСловачкаТодор АлександровСпектрална бојаСтефан ДушанDani su bez brojaЃомлезеПивоЕнциклопедијаКарло АнчелотиСписок на хемиски елементиВојдан ЧернодринскиСпоменка (книга)Ѓокица ЛукаревскиТри сестриСузана ТурунџиеваХепатитСлуз-цедење во грлотоГрадски стадион КавадарциНародна Република КинаЃорче ПетровРаковиМенструален циклусBorn This Way (песна)Ѓорге ИвановДоситеј ОбрадовиќКратовоДеменцијаЗбогум, Румелија (ТВ-серија)Ланец на исхранаК-15ДелфинПисмоЃурѓовденСтевчо ЈакимовскиНатриум хидроксидОфицерски дом (Скопје)НишОрце СтевковскиЧир на желудникотРимска култураСистем за варењеЧешкаЈагулаСтево ПендаровскиВикипедијаМакедонско востаниеТомас Алва ЕдисонБалканска приказна (ТВ-серија)Правоаголен триаголник🡆 More