Непал (непалски: नेपाल), офиц.
Сојузна Демократска Република Непал — република на Хималаите. Се наоѓа во Јужна Азија. Се граничи со Кина на север и со Индија на југ, исток и запад. Главен град е Катманду. Сè до 2008 г. земјата била кралство.
Сојузна Демократска Република Непал संघीय लोकतान्त्रिक गणतन्त्र नेपाल | ||||
---|---|---|---|---|
| ||||
Гесло: जननी जन्मभूमिश्च स्वर्गादपि गरीयसी(деванагари) „Мајката и Татковината се поголеми од Небото“ | ||||
Химна: „Сочинет од стотици цветови“ Сају тунга пулка | ||||
Главен град (и најголем) | Катманду (непалски: काठमांडौ) 27°42′N 85°19′E / 27.700° СГШ; 85.317° ИГД | |||
Службен јазик | непалски | |||
Признаени регионални јазици | мајтилски, неварски, боџпурски, Тару, Гурунг, таманг, магарски, авади, шерпа, киранти и останати 100 јазици. | |||
Демоним | непалец | |||
Уредување | република | |||
• | Претседател | Бидја Деви Бандари | ||
• | Премиер | Шер Бахадур Деуба | ||
Обединување | ||||
• | Прогласено кралство | 21 декември 1768 | ||
• | Објавена држава | 15 јануари 2007 | ||
• | Прогласена република | 28 мај 2008 | ||
Површина | ||||
• | Вкупна | 147,181 км2 (93rd) | ||
• | Вода (%) | 2.8 | ||
Население | ||||
• | проценка за јули 2008 г. | 29,519,114 (40-та) | ||
• | Попис 2007 | 28,875,140 | ||
• | Густина | 184 жит/км2 (56-та) | ||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||
• | Вкупен | $31.582 милијарди | ||
• | По жител | $1,142 | ||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||
• | Вкупно | $12.698 billion | ||
• | По жител | $459 | ||
Џиниев коеф. (2003–04) | 47.2 висок | |||
ИЧР (2014) | ▲ 0.540 низок · 145та | |||
Валута | рупија (NPR ) | |||
Часовен појас | NPT (UTC+5:45) | |||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+5:45) | ||
Се вози на | лево | |||
НДД | .np | |||
Повик. бр. | 977 |
По повеќевековно владеење на апсолутни монарси, во 1990 година е воведена уставна монархија. Сепак монархот и по воведувањето на уставната монархија задржал голем дел од власта, поради што помеѓу населението се јави големо незадоволство, кое во 1996 резултира со отпочнување на граѓанска војна во Непал. Од едната страна во војната се маоистичките бунтовници, а од другата приврзаниците на кралот. На 28 мај 2008 Непал е прогласен за република, под новото уставно име Демократска Република Непал.
Непал има население од повеќе од 26 милиони луѓе, составено од над 40 различни раси и племиња. Земјата нуди таква разновидност што посетителот ќе го видат на било кој начин животот од камено време, во далечниот запад и високите ридови. Две поголеми групи во Непал се: Тибето-Бурман, или Монголоиди од север, и Индоариевци од југ. Многу обичаи се наследени од двете страни и се развиени од страна на влијанија на земјиштето, климата и расположливи ресурси. Најголемата групи можат да бидат поделени врз основа на географски локации по височина.
Непал е поделен на 5 развојни региони (непалски: विकास क्षेत्र), 14 административни зони (अञ्चल) и 75 окрузи (जिल्ला). На чело на секој округ стои извршен управник одговорен за јавниот ред и мир, како и за усогласување на работата на владините служби.
Петте региони се следниве (од исток кон запад):
Еве список на зоните во земјата:
|
|
Главна стопанска гранка во државата е сѐ уште земјоделството, иако сѐ повеќе се застапени и услужните дејности (туризмот). Државата голема помош прима од дарителите, односно од Германија, Кина, Јапонија и Соединетите Американски Држави. Најзастапени земјоделски култури се пченката, пченицата, оризот, памукот,тутунот, компирот и чајот. Сточарството во Непал е исто така прилично развиено. Се одгледуваат овци (2,4 милиони), говеда (7 милиони), свињи и кози. Индустријата сѐ уште е во развиток. Развиени се прехранбената индустрија и чевларството. Од рудите има злато, бакар, железо, манган и никел.
Во Непал живеат повеќе од 60 различни етнички заедници и касти. Четири најбројни групи се кшатрије (околу 16%), брамани (околу 13%), магар (7%) и тару (6,75%). Познатите шерпи, познати како водачи на алпинистичките експедиции, сочинуваат само 0,68% од целото население. Хиндуизмот е најбројна религија (80%), па потоа следи будизмот (11%). Основачот на будизмот Сидарта Гаутама (Буда) е роден во Непал. Околу половина од населението го зборува непалскиот јазик. Непалското знаме е единствено државно знаме кое нема правоаголна форма. Половина од населението на Непал живее под границата на сиромаштијата (1,25$ дневно).
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Непал, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.