Фауна

Фауна (од лат.

Еквивалентниот поим кај растенијата е флора. Флората, фауната и другите облици на живот како габите заедно се нарекуваат биота.

Фауна
Упростен шематски приказ на фауната на еден остров

Во трудовите на зоолозите и палеонтолозите, поимот „фауна“ се однесува на збир од типичниот животински свет во некој временски период или на некое место (на пр. „фауна на Сонора“ или "фауна на камбриумот“. Може да се однесува и на подмножество од фауната во подрачје, како: „... Поречието се одликува со богата цицачка фауна...“.

Потекло на поимот

Зборот „фауна“ е изведен од римската божица Фауна, надлежна за земјата и плодноста и сродните шумски духови наречени фауни. Под истиот поим може да се подразбира и пишано дело (книга, попис) на животни. Поимот прв го употребил шведскиот биолог Карл Линеј во насловот на неговото дело „Фауна на Шведска“ (Fauna Suecica, 1745).

Видови на фауна

Фауна 
Австралиска и новозеландска фауна од првото издание на „Нордиска семејна книга“ (1876–1899)

Епифауна

Епифауната опфаќа водни животни што живее на површина на најдолниот слој на водата (наспроти во самата тиња).

Инфауна

Инфауната е сочинета од бенталски организми што живеат во самото дно на некоја водна површина, особено во тињата и талозите. Членовите на оваа група стануваат сè помали и пооскудни на поголеми длабочини, додека пак бактериите се подоследни.

Криофауна

Криофауната се состои од животните што живеат во или веднаш до мраз.

Криптофауна

Криптофауна се животните што се среќаваат мошне ретко и се сметаат за изумрени или митолошки (на пр. чудовиштето од Лох Нес).

Макрофауна

Макрофауната подразбира бенталски или почвени организми што не би се протнале низ сито од 0,5 мм. Во морските длабочина, за макрофауна се сметаат организмите што не поминуваат низ сито од 0,3 мм.

Мегафауна

Мегафауната се однесува на особено големи животни на извесно подрачје или временски период, како на пр. австралиската мегафауна.

Мезофауна

Мезофауната подразбира макроскопски почвени без‘рбетници како што се членконогите и цевчестите црви. Членовите ма мезофауната се крајно разновидни; само земјените болви (Collembola) имаат 6.500 видови.

Мејофауна

Мејофауната ја сочинуваат мали бенталски безрбетници што живеат во морски и слатководни живеалишта (најчесто песоци). Овие организми се поголеми од микрофауната, но помали од макрофауната, поточно оние што можат да поминат низ сито од 0,5 – 1 мм, но би се задржале на сито од 30 – 45 μм.

Микрофауна

Микрофауната опфаќа микроскопски животни, како што се праживотните и ротиферите.

Други

Други видови на фауна се авифауна (со значење „птичја фауна“) и ихтиофауна (што значи „рибја фауна“).

Поврзано

Наводи

Tags:

Фауна Потекло на поимотФауна Видови на фаунаФауна ПоврзаноФауна НаводиФаунаБиотаГабиЖивотЖивотниЛат.РастенијаФлора

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Наум НаумовскиВелесНационален парк МавровоЦрни и жолтиИсус ХристосВардарЕлектронска цевкаПоезијаСтранствувањето на Чајлд ХаролдСрцева слабостКамено времеРак (болест)Општина ПробиштипДора БакојаниСписок на држави во светотАјкулаПравопис и правоговор на македонскиот јазикХомо (филм од 2020)КумановоОпштина БеровоМРП вакцинаДелењеГравитацијаСлавко ЈаневскиСреден векМахидевранНаполеон БонапартСловенска писменостПрирокКувајтРасказЛирикаЛокални избори во Македонија (2009)Црно семе (роман)Николај Римски-КорсаковГетеборгДемократска партија на Турците на МакедонијаЕкологијаВтора светска војнаРадождаГлаголРомео и ЈулијаБогородичната црква во ПаризМакедонски народен театарСкопски земјотрес (1963)Општина ЗелениковоПанкреасЕнтерококиСинонимОпштина БоговињеБошко СмаќоскиХананПаралелограмКултураМавровоЦрна ГораРелигијаТирЛетно сметање на времетоАнална фисураЖелезоКоле НеделковскиПридавкаЈугославијаОче нашГеографска картаВирусХристијан МицкоскиГихтМакедонски претседателски избори (2024)Жичени инструментиЧленконогиАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаВекторБлаже КонескиТокиоТалат Џафери🡆 More