Безрбетници: група животн и

Безрбетници (латински: Invertebrata) — голема група на еукариоти во која припаѓаат животните без ‘рбетен столб.

Тука се вклучени најголемиот број од сите видови на животни - според некои автори, на безрбетниците им припаѓаат 96,3% од целото животинско царство, наспроти 4% кои им припаѓаат на животните со ‘рбетен столб (Vertebrata). Безрбетниците се побројни и од сите останати царства (Archaea, Monera, Protista, Fungi и Plantae) заедно.

Безрбетници: група животн и
Бентосни безрбетници од Росовото Море: школки, рилчест црв и морски змиулки.
Безрбетници: група животн и
Thelenota ananas, морска краставица од типот иглокожи, е безрбетно животно.
Безрбетници: група животн и
Helix aspersa: европски белодробен полжав, пример за безрбетно животно.

Терминот безрбетници не е валиден од таксономски аспект, додека терминот ‘рбетници е таксон (поттип) во типот на хордовите животни (Chordata). Хордата е еволутивен претходник на ‘рбетниот столб и се јавува само во ларвениот стадиум кај примитивните поттипови од типот Chordata (Tunicata и Acrania), како и во ембрионалниот развиток на ‘рбетниците (вклучувајќи го и човекот). Поради ова, животните од овие два поттипа (Tunicata и Acrania) некаде се сметаат за безрбетници. Поделбата на животните на безрбетници и ‘рбетници во зоологијата е направена од практични причини - за полесно изучување.

Еволуција и поделба на безрбетните животни

Според традиционалната поделба на царството Animalia, праживотните (Protozoa) се сметаат за безрбетни животни. Но, во современите класификациски системи праживотните се дел од царството Protista. Ваквата прераспределба е направена, пред се, врз основа на структурата на јадрата кај животните и праживотните. Кај првите, јадрото е од везикуларен тип, додека кај вторите тоа е составено од големо јадро (макронуклеус) и мало јадро (микронуклеус), кои имаат сосема поинакви биохемиски одлики. Како безрбетни животни порано се сметаа и некои видови на алги, како еуглената, волвоксот и некои претставници од групата на огнени алги (Dinophyta). Денес и тие се вбројуваат како дел од Protista, бидејќи градбата на нивните клетки е многу поблиска до онаа на растенијата отколку на животните.

Сепак, животните еволуирале од праживотните (одредени динофлагелати), и затоа името на овој таксон е соодветно. Првите животни се оние од безрбетните типови Porifera и Cnidaria. Кај сунѓерите сè уште се огледува консолидацијата на едноклеточните динофлагелати во многуклеточен организам (клеточен степен на телесна организација) и затоа се означени како Parazoa, односно бесткивни животни, додека кај жаркарите веќе почнува потесното поврзување на клетките во ткива (Eumetazoa или ткивни животни).

Типови на безрбетни животни

Постојат околу 35-40 видови на животински типови во зависност од авторот на систематиката. Некои најпознати безрбетни типови на животни се:

Tags:

АрхеаГабаЕукариотЖивотниЛатински јазикПротистаРастенија‘Рбетен столб

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КриптовалутаМомче во пижами со риги (филм)Оливер СпасовскиГуглАндреј ПетровДајреПрирокВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСеверна АмерикаЛавgr7cmОхридАДХДДесет Божји заповедиАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаПиринска МакедонијаГордана Силјановска-ДавковаВитамин Б6Македонски парламентарни избори (1990)Извршна властКамилаХари КостовВтора влада на Никола ГруевскиКорозијаАлександар КирацовскиПрометејСДСМДПАЕнзимОпштина Ѓорче ПетровСписок на команданти на ОНАИзборна единица 4СтругаТамбура (македонска)СтрумицаОрелЉубе БошкоскиВагинален исцедокШармери од осмоТимчо МуцунскиЛокални избори во Македонија (2017)Општина Маврово и РостушеРеферендум во Македонија (1991)Каролина Ристова - АстерудРечник на стари македонски зборовиАлшарПолскаВтора влада на Зоран ЗаевБекир ХалимиЅвезда од КутлешТеодосиј СинаитскиАмазонСрпска странка во МакедонијаМитозаСписок на политички партии во МакедонијаПржински договорОпштина КривогаштаниТатјана ПетрушевскаЗаушкиСветско населениеНикола КаревВакцина против тетанусСписок на градови во МакедонијаДесница (политика)Илинденско востаниеКиро ГлигоровОдбивање (физика)Ќемане (македонско)Општини во МакедонијаХартијаВлада на Македонија од 1992АтинаГоце ДелчевИскра ГешоскаБактерииБилјана ВанковскаЉубиша Георгиевски🡆 More