Праживотни

Праживотните (латински: Protozoa) се едноклеточни еукариотски протисти.

Всушност, тие се најпрво настанатите еукариоти кои, најверојатно, се развиле од предци кои имале градба слична на денешните прокариоти. Нивна основна одлика, секако, е едноклеточната градба на телото, со присуство на едно или поретко повеќе јадра. Во внатрешноста на едноставното тело, т.е. во протоплазмата се вршат сите животни функции: варење, дишење, екскреција итн. За вршењето на овие функции служат разните органели, кои се развиле од протоплазмата и функционираат аналогно на органите на многуклеточните организми.

Праживотни
Парамециум - пример за праживотно
Праживотни
Протозои (Flagellata)

Одлики на праживотните

  • Протоплазмата на праживотните е диференцирана на надворешен потенок слој- ектоплазма и внатрешен, подебел слој- ендоплазма. Во обата слоја се наоѓаат разновидните органели, но повеќето се сместени во ендоплазмата. Од повеќето органели во ендоплазмата, најважно е јадрото. Ако има повеќе јадра, тогаш сите тие се еднакви или диференцирани во микронуклеус и макронуклеус. Само кај мал број праживотни протоплазмата е незаштитена, т.е. телото е голо, како кај амебата, и затоа кај нив формата на телото е променлива. Кај други пак, протоплазмата е заштитена (било со потенка еластична мембрана со белези на жива материја- пеликула или со поцврста, без белези на живот мембрана- кутикула), со што формата на телото е постојана. Некои праживотни, пак, формираат черупка од органска или минерална материја, во која често се вклучени и туѓи честички (песочни зрнца и сл.).
  • Движењето кај праживотните е различно. Постојат дури и неподвижни протозои (праживотни) и протозои со седентарен начин на живот. Кај оние што се движат, движењето се врши со различни органели. Кај амебите и нивните сродници постојат псевдоподии (лажни ножиња), кај камшикарите- флагелуми (камшици) и кај цилијатите- цилии (трепки).
  • Исхраната на праживотните е автотрофна или хетеротрофна. Автотрофно се исхрануваат само мал број видови, т.е. тие, како и зелените растенија вршат фотосинтеза (како дел од камшикарите, кои поседуваат хлорофил сместен во органелите хроматофори). Хетеротрофно се хранат поголем дел од праживотните. При хетеротрофната исхрана, разликуваме холозојски и сапрозојски начин на исхрана. Холозојските видови се хранат со цврсти органски делчиња, а сапрозојските со течна, растворена храна што ја земаат осмотски. Има протозои кои се хранат и паразитски.
  • Дигестијата (варењето) на храната кај холозоите се врши во хранливата вакуола. Кај некои посложени праживотни (холозои), како цилијатите, освен хранлива вакуола има и клеточна уста, голтник и анус.
  • Респирацијата (дишењето) се одвива по пат на дифузија. Протозоите го земаат кислородот на овој начин преку целата телесна површина.
  • Екскрецијата (излачувањето) на непотребните или штетни материи од метаболизмот се врши преку органелата пулсативна вакуола (контрактилна вакуола). Кај посложените праживотни (како кај парамециумот), освен контрактилна вакуола има и доводни каналчиња. Несварената храна се отстранува преку егзоцитоза низ хранливата вакуола.
  • Реагирањето на светлина, допир, хемиски стимуланси и др., главно се врши преку телесната површина. Но, има и такви протозои кои имаат органела наменета за примање на дразби- очно петно (или пигментен штит).
  • Размножувањето е бесполово или полово. Бесполовото е со делба (бинарна, мултипна), додека половото е претставено со копулација, конјугација, автогамија, плазмогамија, кариогамија итн.

Tags:

ВарењеДишењеЕдноклеточни организмиЕкскрецијаЕукариотиКлеточно јадроЛатински јазикМногуклеточни организмиОрганОрганелаПрокариотаПротистиПротоплазма

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Волфганг Амадеус МоцартОзонска обвивкаШармери од осмоМоскваПневмонијаРисКандидГолосеменициВеројатностСамоилово ЦарствоСојузни држави на САДТурцијаПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеМарокоТатјана ПетрушевскаКирилицаПолскаИзборна единица 3ВикипедијаВитамин Б6ПочваГерманијаСкратеници во македонскиот јазикМитко ЧавковВилма ТрајковскаСтале ПоповПиту ГулиОпштина ПрилепШар ПланинаРистиќева палатаКоле НеделковскиКубаТартифРепублика МакедонијаСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Народноослободителна борба во Вардарска МакедонијаГоран СтефановскиАлшарТетанусДесница (политика)Стево ПендаровскиПанкреасРециклирањеОпштини во МакедонијаМитозаДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаИзборна единица 6МочуриштеАтентат врз Киро ГлигоровЛозје (книга)ТалофитВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоРесенМасакр во СребреницаКристина АгилераБојан ЈовановскиМарија АнтоанетаОпштина СтругаМарко ЦепенковТамбура (македонска)ХамлетСвети Наум Охридски ЧудотворецМРП вакцинаКанцониеротРазловечко востаниеТоме АрсовскиВлада на МакедонијаДоктор ОфболиЦрни и жолтиАнтибиотик со широк спектар на дејствоПсоријазаСтрептококен фарингитисХристо УзуновВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Ослободителна Народна АрмијаПолип на маткатаМинистер за финансии на Македонија🡆 More