Метаболизам: биолошки процес

Поимот метаболизам (од грчки metabolismos) опфаќа серија на биохемиски процеси и патишта во кои енергијата од храната се трансформира во организмот и се искористува за одржување и одвивање на сите животни функции во истиот.

Специфични белковини во телото го контролираат метаболизмот и секоја биохемиска реакција е координирана со телесната функција. Метаболизмот е константен процес кој започнува со самото зачнување.

Метаболизам: биолошки процес
Структура на аденозин трифосфат (ATP), главен интермедиер во енергетскиот метаболизам

При дефинирањето на метаболизмот, важно е да се разликуваат енергетскиот и интермедиерниот метаболизам, иако всушност тие се неодвоиви. Енергетскиот метаболизам е вкупната топлинска продукција во еден организам, додека интермедиерниот ги претставува биохемиските реакции во клетките и ткивата. Генерално, терминот "метаболизам" се однесува на интермедиерниот метаболизам. Исто така треба да се познава и поимот базален метаболизам, кој е мерка за степенот на метаболизам кој се одвива додека единката мирува.

Синтеза и разградба

Метаболизмот е балансирачки процес кој вклучува два вида на потпроцеси кои се одвиваат во исто време - изградбата на телесните ткива и складирањето на енергија, како и разградбата на телесните ткива и резервите од енергија со цел добивање повеќе горивен материјал за телесните функции:

  • Анаболизам, или конструктивен (асимилациски) метаболизам, се однесува на изградбата и складирањето - растот на нови клетки, одржување на телесните ткива и складирање на енергија за натамошна употреба. За време на анаболизмот, малите молекули се претвораат во поголеми и покомплексни молекули на јаглехидрати, белковини и липиди.
  • Катаболизам, или деструктивен (дисимилациски) метаболизам, ги опфаќа процесите кои произведуваат енергија потребна за сите активности во клетките. Во овој процес, клетките ги разградуваат големите молекули (најчесто јаглехидрати и липиди) со цел добивање на енергија. Оваа енергија обезбедува горивен материјал за анаболизмот, го загрева телото и им дозволува на мускулите да се контрахираат, со што телото се движи. Како што сложените хемиски единици се разградуваат во попрости супстанци, отпадните продукти кои притоа се добиваат се отстрануваат од телото преку кожата, бубрезите, белите дробови и цревата.

Енергијата секогаш поминува низ синџирите на исхрана.

Ендокрина контрола на метаболизмот

Неколку од хормоните од ендокриниот систем се вклучени во контролата на степенот и насоката на метаболизмот. Тироксинот, хормон кој се произведува и ослободува во штитната жлезда, игра клучна улога во одредувањето на тоа колку брзо или бавно ќе се одвиваат биохемиските реакции во телото.

Друга жлезда, панкреас, секретира хормони кои помагаат да се детерминира дали главната метаболичка активност во одредено време ќе биде анаболичка или катаболичка. На пример, по еден оброк, обично се одвива повеќе анаболичка активност, бидејќи јадењето го покачува нивото на гликоза во крвта. Панкреасот тогаш е стимулиран да секретира инсулин, кој им сигнализира на клетките да ја зголемат својата анаболичка активност.

Tags:

БелковинаБиохемијаГрчки јазикЕнергијаЖивотОрганизамХрана

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ДрачевоСедум светски чуда на античкиот светМултипла склерозаБисера Костадиновска-СтојчевскаЕлектрична струјаПартија за движење на Турците во МакедонијаМонархијаРомео и ЈулијаИсторија на парите во МакедонијаТалат ЏафериМакедонски парламентарни избори (2016)Рак на дојкаКисел дождФудбалски куп на МакедонијаВитамин ЕПофално словоФудбалПросветителствоСеверна ЕвропаПланетите во астрологијатаРоманијаГрцијаБедија БеговскаСтале Попов’РбетнициЛазар КолишевскиСупстанцијаСобрание на МакедонијаВиолета ТомовскаТунисПроста реченицаВлекачиШар ПланинаГостиварБалканска приказна (ТВ-серија)Наум МиладиновПравопис и правоговор на македонскиот јазикМакедонци-муслиманиСунѓериШеќерна болестСписок на политички партии во МакедонијаБојаВојдан ЧернодринскиХипертироидизамРак на усна празнинаФашизамДиво месо (драма)ПневмонијаПчелиВенко ФилипчеЈордан Хаџи Константинов-ЏинотМеѓународни празнициВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоГрузијаПингвинБозелТрапезПретседател на МакедонијаСоединети Американски ДржавиГеографија на МакедонијаАрхимедШестаголникТартифМарко Крале и црна АрапинаТодор ПаницаВикипедија на македонски јазикРусијаЗабИнфективна мононуклеозаКиро ГлигоровПтициОпштина БутелПисмоTrackBackЦветници🡆 More