Стево Пендаровски: македонски политичар

Стево Пендаровски (3 април 1963 во Скопје) — македонски политичар.

Тој е петти претседател на Македонија од 12 мај 2019 година.

Стево Пендаровски: Рани години и образование, Професионална кариера, Во политиката Стево Пендаровски Стево Пендаровски: Рани години и образование, Професионална кариера, Во политиката
Стево Пендаровски


Во служба
На функција од 
12 мај 2019
Претходник Ѓорге Иванов

Роден 3 април 1963(1963-04-03)(61 г.)
Скопје, Македонија, Југославија
Сопружник Елизабета Ѓоргиевска
Претседатели на Македонија

Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар. Во 2000-тите бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии. Пендаровски успеал да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

Рани години и образование

Стево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Неговото семејство потекнува од мијачкото село Галичник. Пораснал во постземјотресно Скопје. Неговите родители биле учители. Средното образование го завршил во скопското училиште „Цветан Димов“.

Пендаровски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1987 година. Подоцна магистрирал и докторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Професионална кариера

По дипломирањето во 1987 година, Пендаровски работел во адвокатска канцеларија во Скопје како приправник. Потоа се вработил во Министерството за внатрешни работи, каде што работел во оддел за аналитика. Во 1998 година бил назначен за началник на управата за аналитика и истражување на Министерството за внатрешни работи, а паралелно бил назначен и за портпарол на министерството, како помошник министер за односи со јавност.

Во 2001 година го напуштил министерството и се приклучил на кабинетот на претседателот Борис Трајковски, каде што работел како советник за национална безбедност. Веста за падот на македонскиот претседателски авион во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година ја дознал во Даблин, каде што бил претставник на претседателот во државната делегација која тој ден требало да ја поднесе апликацијата на Македонија за членство во Европската унија.

По ненадејната смрт на претседателот Трајковски, Пендаровски бил назначен за претседател на Државната изборна комисија (ДИК) од страна на вршителот на должноста претседател на Републиката Љупчо Јордановски, како „непартиско решение“, а во пресрет на вонредните претседателски избори во 2004 година, но останал да раководи со ДИК до локалните избори во 2005 година и во исто својство учествувал и во спроведувањето на референдумот за територијална реорганизација.

Откако се повлекол од функцијата претседател на Државната изборна комисија, во 2005 година Пендаровски се вратил во претседателскиот кабинет, овојпат како советник на претседателот Бранко Црвенковски за национална безбедност, а понатаму за надворешна политика. Пендаровски го напуштил претседателскиот кабинет во 2009 година, кога завршил претседателскиот мандат на Црвенковски.

Од 2008 година Пендаровски предава на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ колеџ во Скопје. Некои од областите за кои предава и истражува се: меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализација, надворешна политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи и други.

Во политиката

Иако не бил член на политичка партија, на почетокот на 2010-тите години Пендаровски бил политички активен во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Во тогашната главна опозициона партија тој членувал во Дипломатскиот совет и Советот за ЕУ интеграција на СДСМ, а подоцна бил назначен и за претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграција на партијата, како надворешен соработник.

Претседателските избори во 2014 година

Пендаровски бил предложен за кандидат на СДСМ на претседателските избори во 2014 година од сите 76 општински организации на партијата. Тој бил официјално избран за претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ на 16-тиот конгрес на партијата на 4 март.

Слоганот на кампањата на Пендаровски на овие избори бил „Македонија заслужува претседател“, а неговата програма се состоела од десет начела.

Првиот круг од овие претседателски избори се одржал на 13 април. Во овој круг Пендаровски добил 326 илјади гласови, 37% од вкупните гласови, и со тоа бил второпласиран, зад тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов, кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг учествувале и Илјаз Халими од Демократската партија на Албанците (ДПА) кој освоил 38 илјади гласови (4%) и Зоран Поповски од Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) кој освоил 31 илјада гласови (3%). ДУИ не учествувала на овие избори и ги повикала Албанците да ги бојкотираат истите, откако со владејачката ВМРО-ДПМНЕ не успеале да се договорат за консензуален претседателски кандидат. Вториот круг од овие претседателски избори се одржал на 27 април, заедно со предвремени парламентарни избори на кои победила ВМРО-ДПМНЕ. Пендаровски влегол во вториот круг со Ѓорге Иванов. Во овој круг Пендаровски добил речиси 400 илјади гласови, 41% од вкупните гласови, наспроти 534 илјади гласови за Иванов. На овие претседателски избори тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов го освоил вториот претседателски мандат.

Овие избори ги влошиле веќе затегнатите односи меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не ги признал претседателските и парламентарните избори. Лидерот на партијата Зоран Заев посочил дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребиле целиот државен систем исклучиво за партиски интерес, обвинувајќи за низа нерегуларности на изборите, и побарал техничка влада. Како резултат на негодувањето за изборите, СДСМ, како главна опозициона партија, преминал кон неучество во Собранието, со тоа што одлучил да ги врати пратеничките мандати освоени на парламентарните избори, со образложение дека прифаќањето на пратеничките мандати би ѝ дале легитимитет на власта, која според СДСМ била добиена преку кражба на гласови..

Кратко по одржувањето на изборите, Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ до 2013 година, кога на чело на партијата застанал Зоран Заев, говорејќи дека СДСМ е во сериозна криза, една од најтешките од формирањето на партијата, и дека за консолидација на партијата е потребно лидерство со голем кредибилитет и уште поголем обединувачки капацитет, „авторитет кој ги надминува рамките на партијата“, дал спорна изјава, велејќи „не сме решение ни јас, ни Заев“ и го посочил Стево Пендаровски како таков, потсетувајќи дека Пендаровски освоил 400 илјади гласови „под еднакво нерегуларни изборни услови“.

Политичката криза и потоа

Лидерот на СДСМ Зоран Заев подолго време посочувал дека поседува материјали од телефонски разговори кои незаконски биле прислушувани од тогашната власт. Разговорите кои биле доказ за незаконски дејствија извршени од тогашната власт биле јавно објавувани во рамките на проектот „Вистината за Македонија“. Пендаровски го поддржал проектот, велејќи дека и тој бил прислушуван три години пред да стане претседателски кандидат и дека мотивите за тоа биле политички, со знаење на првите луѓе на Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за разузнавање.

Аферата околу незаконски прислушуваните телефонски разговори заедно со други причини за незадоволство од тогашната власт довела до длабока политичка криза во Македонија, која се развивала подолго време, а се интензивирала на крајот на 2014 и почетокот на 2015 година. За решавање на кризата започнале преговори помеѓу политичките партии во Македонија, со посредство на меѓународната заедница, кои во средината на 2015 година резултирале во потпишувањето на Договорот од Пржино. Овој договор, меѓу другото, предвидувал одржување предвремени парламентарни избори, оставка на тогашната влада на Никола Груевски и формирање нова влада која ќе има мандат до изборите.

На предвремените парламентарни избори во 2016 година Пендаровски бил носител на СДСМ во првата изборна единица која го опфаќа регионот на Скопје. По изборите Пендаровски бил пратеник во Собранието.

Стево Пендаровски: Рани години и образование, Професионална кариера, Во политиката 
Пендаровски во својство на национален координатор за НАТО

Во 2017 година Пендаровски бил назначен за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО и поради тоа се повлекол од пратеничката функција. Како национален координатор за НАТО, Пендаровски бил дел од државната делегација која присуствувала на самитот на НАТО во Брисел во 2018 година, каде што Македонија добила покана за почеток на преговорите за членство во НАТО, откако во јуни 2018 година бил постигнат договор за конечно решавање на разликите со Грција.

Претседателските избори во 2019 година

Претседателствување

Приватен живот

Наводи

Политички функции
Претходник
Ѓорге Иванов
Претседател на Македонија
2019 –
Наследник
Во служба

Tags:

Стево Пендаровски Рани години и образованиеСтево Пендаровски Професионална кариераСтево Пендаровски Во политикатаСтево Пендаровски ПретседателствувањеСтево Пендаровски Приватен животСтево Пендаровски НаводиСтево Пендаровски19633 априлПретседател на МакедонијаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Специјална антитерористичка единица „Тигар“Македонски парламентарни избори, 2002Партија за целосна еманципација на РомитеБошко СмаќоскиПодржи КоњСтрептококен фарингитисЈоаким КрчовскиОрелХамлетМакедонски парламентарни избори, 2006БразилСписок на команданти на ОНАДемократи (политичка партија)Пипи Долгиот ЧорапОпштина Кисела ВодаВиртуелна машинаСписок на македонски народни и староградски песниЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеМакедонија во Втората светска војнаКавадарциСадула ДуракуФашизамПиреј (роман)Општина ПрилепОпштина Шуто ОризариИменкаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоГеографија на МакедонијаСвети Кирил и МетодијОвулацијаЃорѓија ПулевскиБлагој ДавковГлавна страницаМиле ЗечевиќЖивотниВардарПодметРајко ЖинзифовГолемата вода (роман)ВелигденДајреIP-адресаЉубчо ГеоргиевскиЈулијански календарЗлосторство и казнаИлинка МитреваМаксим ДимитриевскиСтево ПендаровскиДебрцаБалкански рисОтоманска МакедонијаБујар ОсманиРахим БекириГликемијаВлада на МакедонијаЈугославијаЉубиша ГеоргиевскиТетовоДржавни празници во МакедонијаОпштина Маврово и РостушеГустав ШвабРомантизамНина Атанасова-ШкрињариќИзборна единица 7МијациТрапезСкопјеОпштина НовациЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарСложена реченицаГолеми и мали (роман)АлопецијаСоединети Американски ДржавиВанчо ШехтанскиПелистерЉубомир Гајдов🡆 More