Општина Струга: општина во Македонија

Општина Струга — општина во Западна Македонија.

Административно средиште на општината е градот Струга. Општината е проширена согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога кон старата Општина Струга се припоиле поранешните општини Делогожди, Велешта, Лабуништа и Луково.

Општина Струга
Општина
Седиштето на Општина Струга
Седиштето на Општина Струга
Знаме на Општина СтругаГрб на Општина Струга
ДржаваМакедонија
СедиштеСтруга
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникРамис Мерко
Површина
 • Вкупна483 км2 (186 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно50.980
 • Густина110/км2 (270/ми2)
Часовен појасСЕВ (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+02:00)
Повикувачки број+046
Регистарски табличкиSU
Мреж. местоstruga.gov.mk/mk/

Историја

Зграда на општината

Општина Струга: Историја, Демографија, Општествени установи 
Седиштето на Општината до 2022 година.

Општина Струга имала повеќе седишта односно згради низ текот на годините. Во 1965 година, зграда на општината била Зградата на Народната одбрана (ул. „Владо Малески“ б.б.), каде бил сместен претседателот на општината, народната одбрана и други одделенија.

До ноември 2022 година, адреса на општината била на плоштад „Маршал Тито/Мајка Тереза“ бб. На 4 ноември 2022 година, општинската власт службено се преселила во Старата зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“.

Демографија

Општина Струга: Историја, Демографија, Општествени установи 
Карта на Општина Струга со селските атари.
Општина Струга: Историја, Демографија, Општествени установи 
Демографска карта на Општина Струга по населено место.
Општина Струга: Историја, Демографија, Општествени установи 
Јазична карта на Општина Струга. Мајчин јазик на населението по населено место.

Општината се состои од 43 села и градот Струга.

Според податоците од пописот на население спроведен во 2002 година, во Општина Струга имало 63.376 жители. Оваа бројка не е значајно променета во однос на бројот на жители со пописот од 1994 (според тогашната административно-територијална организација), кога во тогашната општина живееле 62.679 жители. Во градот Струга живеат околу 33.376 жители

Стапката на наталитетот во 2004 е 10,2 %(на 1000 жители) , а стапката на смртност изнесува 7,5 % (на 1000 жители). Стапката на смртност кај доенчињата изнесува 10,6 ‰ промили. Природниот прираст во бројка е 101, во промили е 2,7. Со овие податоци општината е под просекот на Републиката. Миграционото салдо во 2004 година е 6. Притоа како доселени се регистрирани вкупно 223 лица, од кои 152 се доселени граѓани во рамките на РМ. Бројот на вкупно отселените изнесува 217, од кои 150 се отселени граќани во рамки на РМ. Карактеристично е дека од вкупно отселените граѓани најголем број (113) се од женски пол, а најчести причини за преселување се склучувањето брак и семејните причини (78 и 52 редоследно). Просечната густина на населението изнесува 130,6 лица на км2.

Бројот на склучени бракови во 2004 година е 288 или 7,8 брака на 1.000 жители и бројка на разводи 12 или 0,3 разводи на 1.000 жители. Во однос на склучените бракови Општината е над, додека во однос на разведените бракови Општината е под републичкиот просек, односно спаѓа во групата општини со најниска стапка на разведени бракови. Структурата по пол за Општина Струга е 31.743 (50 %) жени и 31.633 (50 %) мажи. Просечната старост на населението, според пописот од 2002, изнесува 33,1 години. Учеството на младо население до 20 годишна возраст изнесува 36,2%, најголемо учество во вкупното население има населението со старост под 40 години 67,2% додека процентот на население над 60 години е 11,7.

Демографија на старата општина Струга (1996-2004)

Според пописот од 2002 година, a според старата територијална поделба, општината имала 36.892 жители.:

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 17.686 47,9
Албанци* 15.324 41,5
Турци* 2.008 5,4
Роми 112 0,3
Власи 647 1,7
Срби 100 0,2
Бошњаци 31 0,08
останати 984 2,6
    * Во општината има Македонци-муслимани кои во добар дел се изјасниле како Албанци или Турци поради политичко-религиски причини.

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици:

Јазик Говорници Удел (%)
македонски 19.939 54
албански 15.408 41,7
турски 885 2,3
ромски 64 0,1
влашки 343 0,9
српски 75 0,2
босански 13 0,03
останати 165 0,4

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии:

Вероисповед Следбеници Удел ( %)
православни 17.515 47,4
муслимани 18.967 51,4
католици 30 0,08
останати 380 1,03

Демографија на новата општина Струга (2004-денес)

Според пописот од 2002 година, a според новата територијална поделба, општината имала 63.376 жители.:

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 20.336 32
Албанци* 36.029 56,8
Турци* 3.628 5,7
Роми 116 0,1
Власи 655 1
Срби 107 0,1
Бошњаци 103 0,1
останати 2.402 3,7
    * Во општината има Македонци-муслимани кои во добар дел се изјасниле како Албанци или Турци поради политичко-религиски причини.

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици:

Јазик Говорници Удел (%)
македонски 29.135 45,9
албански 32.225 50,8
турски 989 1,5
ромски 64 0,1
влашки 344 0,5
српски 87 0,1
босански 15 0,02
останати 517 0,8

Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии:

Вероисповед Вкупно Удел (%)
православни 19,764 31,1
муслимани 42,867 67,6
католици 35 0,05
протестанти 1 0,001
останати 709 1,1

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Струга е Рамиз Мерко од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2005-2013. Советот на општина Струга е составен од 27 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

Општина Струга: Историја, Демографија, Општествени установи 
  АА: 8 места
  СДСМ: 7 места
  ДУИ: 6 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  БЕСА: 2 места

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Струшки вечери на поезијата - најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на организацијата е Славе Ѓорѓо Димоски.

Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.

Култура и спорт

Во Општина Струга има повеќе спортски клубови. Во фудбал најголеми претставници се ФК Караорман и ФК Струга, во кошарка е КК Црн Дрим, додека во ракомет се РК Струга и ЖРК Стружанка.

Иселеништво

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Општина Струга ИсторијаОпштина Струга ДемографијаОпштина Струга Општествени установиОпштина Струга Самоуправа и политикаОпштина Струга Културни и природни знаменитостиОпштина Струга Редовни настаниОпштина Струга Култура и спортОпштина Струга ИселеништвоОпштина Струга ГалеријаОпштина Струга НаводиОпштина Струга Надворешни врскиОпштина Струга12 април20042005Западна МакедонијаОпштина ВелештаОпштина ДелогождиОпштина ЛабуништаОпштина ЛуковоОпштини во МакедонијаСтруга

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Саат-кула (Битола)Пенис (човек)СлаткаристикаСтар векМакедонски парламентарни избори, 2011Македонски парламентарни избори (2020)АртрозаСлезинаРепродуктивен системЦрно семе (роман)КувајтХристијанизација на Киевска РусијаЛалеМалтаАјкулаЗанаетОпштина ЧаирОпштина КумановоОпераМекотелиГлаголКумановоРадолиштаОктомвриска револуцијаСписок на градови во Македонија по населениеБорис ТрајковскиРак на грло на маткаОливера НиколоваВенко ФилипчеМаксим ДимитриевскиЛила СтојановскаСинонимАртритисМузикаХомерБиблијаМакедонија во Втората светска војнаСмоларски ВодопадСтале ПоповЦрна смртЏорџ Гордон БајронЧасовен појасТуризамБуринецМерилендДаме ГруевСелциОпштина ЗелениковоМатичен млечДен на независноста на МакедонијаДајреСрцева слабостОхридМаркови Кули (Прилеп)Светлана Ражнатовиќ-ЦецаЦрвени крвни зрнцаСојуз на Ромите од МакедонијаБроеви во македонскиот јазикЕнтерококиПреспански договорЛевица (политичка партија)Биотички факториМакедонски претседателски избори (2024)Автоимуна болестМакедонци-муслиманиОпштина Кисела ВодаМикеланџело БуонаротиГаличка свадбаКронова болестБалканска приказна (ТВ-серија)Ревизор (комедија)Повикувачки броеви во МакедонијаБаклаваПериоден систем на елементитеМустафа IБезово🡆 More