Албанци

Албанците (албански: Shqiptarë) се етничка група која воглавно живее во Албанија и Косово.

Албанците се застапени и во околните земји, како во Македонија, Црна Гора, Србија и Грција . Повеќе од половината од денешните Албанци живеат на територијата на Албанија и го користат албанскиот јазик како мајчин јазик. Втората по големина група на Албанци живее на Косово, а потоа следуваат Македонија, Црна Гора, Грција и други. Албанците живеат и како имигранти во неколку западноевропски земји и САД.

Албанци
Shqiptarët
Албанци
Вкупен број
6.6-8 милиони
Подрачја со значајно население
Албанци Албанија 2,312,356
Албанци Косово 1,690,000
Албанци Македонија509.083
Албанци Грција274.390-600.000
Албанци Црна Гора30,439
Албанци Хрватска17,513 (попис 2011)
Албанци Романија10,000
Албанци Србија5,809 (бојкотирале таму),60,000 проц.
Албанци Италија1,300,000 проц.482,627 + 800,000,
Албанци Германија300,000
Албанци Швајцарија200,000
Албанци Холандија60,000
Албанци Шведска60,000
Албанци Обединето Кралство30,000
Албанци Австрија28,212
Албанци Франција20,000
Албанци Норвешка10,000
Албанци Данска8,000
Албанци Финска7,804
Албанци Белгија5,600–30,000
Албанци Украина5,000
Албанци Турција500,000-1,300,000
Албанци Египет20,000 проц.
Албанци САД193,813
Албанци Канада22,395
Албанци Австралија11,315
Јазици
албански
Вероисповед
Албанци

Ислам
сунити, бектеши
Албанци Христијанство:
Католици, Православни, Протестанти

атеисти

Име

Додека егзонимот (домашен назив за земја) „Албанија“ за општиот регион населен од Албанците потсетува на антиката, ова име се заборавило во албанската јазична средина, а денеска ендонимот (домашен назив за народност) е shqiptar, изведен од глаголот shqiptoj („правилно зборува“). Се смета дека овој збор во крајна линија е заемка од лат. excipio. Така, албанскиот ендоним, слично како „Словен“ е, по потекло, назив за „оние што зборуваат јасно, разбирливо“. Меѓутоа постои и значењето „планинци, горјани“.

Во минатото во македонското културно и говорно подрачје се употребувал називот „Арбанаси“ (веројатно од грч. Αρβανοί, Αλβανοί). Подоцна се појавува и називот „Арнаути“ (од тур. Arnavutlar). Откај 18 век почнал разговорно да се употребува називот „Шиптари“ според алб. Shqiptarët. Поради неговата употреба од страна на југословенската влада, Албанците го сметаат за навредлив и настојуваат на употребата на оштоевропскиот збор „Албанци“. Во македонскиот јазик во тековната употреба се смета за политички некоректен.

Етнички подгрупи

Постојат две етнички подгрупи на Албанците. Тоа се Гегите, кои го населуваат северното порачје на Шкумба, и Тоските, кои се на југ. Косовските Албанци се Геги. Постои голем географски простор помеѓу двата региона, којшто го вклучува и главниот град на Албанија — Тирана.

Гегите, кои претставуваат две третини од популацијата, се помалку мешани со неалбанците од Тоските, кои низ историјата потпаѓале на разни влијанија. Во минатото Гегите биле организирани во кланови а Тоските во полуфеудално општество. Пред Втората светска војна Гегите доминирале со Албанската политика, но по војната многу од Тоските доаѓаат на власт, заедно со новата комунистичка влада.

За време на владеењето на Енвер Хоџа, културните разлики помеѓу Гегите и Тоските се потиснати. Во граѓанските немири во 1997 во Албанија, оваа разлика станува јасно видлива, со тоа што Гегите го поддржуваат националистот Сали Бериша, а Тоските се спротивставуваат.

Потекло на Албанците

Албанците се потомци на балкански народи, но точна идентификација не е утврдена до денешен ден. Поголемиот број историчари и јазичари, претпоставуваат дека Албаницте се потомци на Илирите или на Дако-Тракијците. Според Романските истражувачи постои уште една теорија која би ја објаснила Албанската етногенеза а таа гласи дека Албанците имаат поголема врска со Тракијците него што имаат со Илирите, поради тоа што е сатем јазик и дека неминовна е врската на Албанците со Словените, поради тоа што хипотетички, Албанскиот етноним Шќиптар е јазична форма на Словен.

Тезата за илирското потекло на Албанаците, служела за истакнување на природното право за проширување на албанската држава на целата територија на која некогаш живееле Илирите. Оваа теза е изградена само врз основа на јазичаричка шпекулација. Имено, Птоломеј на територијата на денешна Кроја, на својата прочуена географска карта го обележува градот Албанополис, во чија околина живеее племето Албани. А илјада години подоцна, на таа територија се појавува област Арбана, и народ Арбанаси, т.е. Албанци - се зема здраво за готово дека Птоломеј не ги разликувал „р“ од „л“. Науката би можела да прифати теорија за континуитет на име, но нема никакви докази за континуитет на народ. Без разлика на сè, албанските теоретичари се држеле и сѐ уште се држат до својата јазичаричка теорија. Дури ни неспорно утврдениот факт дека албанскиот јазик нема илирско потекло, туку тракиско, односно дакомезијско, едноставно е - игнориран. Зато што докажува дека Албанците не се староседелци, туку потекнуваат од источниот дел на Балканот.

Теоријата за илирското потекло денес е една од темелите на албанската национална идеологија. Постанокот на оваа нова национална идеологија почнува за време на препородот („Рилиндја“) во минатиот век, под мотото: „Религијата на Албанија е албанството!“. Албанството во таа идеологија е бог, а албанската држава „катедрала за вечна молитва кон тоа божество“. Довршување на таа идеологија, под плаштот на марксо-ленинизмот направено е во кабинетот на Енвер Хоџа, каде религиозната реторика е ублажена па мислите се упатени кон „Мајка Албанија“ додека за најголем празник се прославува „Денот на националното знаме“, 28. Ноември, кој се повикува на „светото правило на Илирите“ и албанската нација „која ја чува традицијата и карактерот на Илирите“.

Како ентитет првпат се споменуваат во 1043. Исламот го заменил христијанството кога Отоманското Царство ја зазела територијата на Албанија, во 15 век, па сè до 1912.

Јазик

Поголемиот број на Албанци го зборуваат албанскиот јазик, којшто е од индоевропската група на јазици. Постојат неколку варијации на албанскиот. Двете главни се Гег и Тоск дијалекти.

Етнички обележја

Албанското знаме претставува орел на црвена позадина, користен од Скендербег во востанието против Осмалниите. Албанците се нарекуваат себе „Shqiptarët“ (оригинално шиптари), што на албански значи „Синови на Орлите“ во слободен превод).

Религија

Албанците претежно се со исламска вероисповед, односно околу 57%, но исто така има и католици со 10%, и православни со околу 7%.

Наводи

Поврзано

Tags:

Албанци ИмеАлбанци Етнички подгрупиАлбанци Потекло на теАлбанци ЈазикАлбанци Етнички обележјаАлбанци РелигијаАлбанци НаводиАлбанци ПоврзаноАлбанциАлбанијаАлбански јазикГрцијаЕтничка групаКосовоМакедонијаСАДСрбијаЦрна Гора

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Пере ТошевАвстралијаАтентат врз Киро ГлигоровБубрежна инфекцијаМојот звукКлеопатраЖивотниАлијанса за АлбанцитеКарлес ПуџдемонНовациСловенијаГордана ДувњакИзборна единица 3Лазар МојсовКатерина ШехтанскаЅвезда од КутлешОпштина МогилаОдбојкаЈагодаЧетврта влада на Никола ГруевскиМарија КириХосе МухикаВладо БучковскиВтора светска војнаСписок на македонски филмовиОхридско ЕзероБик (хороскопски знак)Диво месо (драма)Правоаголен триаголникВрапчиштеТунисДождНеважечко гласачко ливчеСтрептококен фарингитисЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеЛевица (политичка партија)ПехчевоПретседател на Собранието на МакедонијаПоштенски броеви во МакедонијаДемократска партија (Македонија)Пропорционална застапеностУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ИстанбулФК Реал МадридСоцијализамНародна Република КинаГрцијаМакедонски парламентарни избори (2014)Производ (математика)ХристијанствоАвтоимуна болестМали сипанициЦер (село)Изборни единици во МакедонијаВолкТриаголникПопис на населението во Македонија (2021)ДропкаПрирокХипертензијаМаксим ДимитриевскиСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001ФаунаНова либерална партијаА1-телевизијаАутизамПроцентМакедонски парламентарни избори, 2016Рамнокрак триаголникХарфаЗајасСкопски земјотрес (1963)ЖолчкаТрговијаБубрежна слабост🡆 More