Село Јабланица: село во Општина Струга

Јабланица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Јабланица
Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на раштрканото село Јабланица

Јабланица во рамките на Македонија
Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Јабланица
Местоположба на Јабланица во Македонија
Јабланица на карта
Координати 41°18′47″N 20°34′49″E / 41.31306° СГШ; 20.58028° ИГД / 41.31306; 20.58028
Регион Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Југозападен
Општина Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Струга
Област Дримкол
Население 308 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6336
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26022, 26522
Надм. вис. 840 м
Јабланица на општинската карта
Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Јабланица во рамките на општината
Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Јабланица на Ризницата

Потекло на името

Името на селото првпат е споменато како „Јабланица“ во 1342 година. За името постојат повеќе варијанти од каде потекнува:

  • Суптантивизирана придавка (со првично значење „вода покрај која расте јаблан“) од исчезнатиот збор „јаблан“ и наставката -ица;
  • Образување со наставката -ица од апелативната основа „јаблан“ (вид шумско дрво), кое најпрво се однесувало на Јабланичка Река, а потоа преминало на планината и на селото; и
  • Од исчезнатото хидронимиско име Јабланина од апелативот јаблан + -ица.

Географија и местоположба

Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на дел од селото

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица, чиј атар високо се издига на планината. Селото може да се смета како планинско, на надморска височина од 840 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 25 километри.

Селото Јабланица се наоѓа во областа Дебарски (Долни) Дримкол, на 25 километри северозападно од градот Струга и 37 километри јужно од Дебар.

Воглавно се наоѓа на една пространа планинска тераса на левата страна на Јабланичка Река, во помал дел и на нејзината десна страна.

Селото има седум маали: Дејкоска, Горна, Шајноа, Гроф, Топлец, Бојкоо и Ломница. Маалите се раштркани и поради тоа селото е од разбиен тип. Помеѓу првите и три главни маала се наоѓа Збориште.

Историја

Името на селото Јабланица првпат се споменува во периодот од 1342-1345 година во Душановата повелба за манастирот „Св. Богородица Перивлепта“ од Охрид. Селото во минатото имало чести напади од албанските племиња Геги и Тоски. На десната страна од Јабланичката Река има месност викана Велјаре, каде има гробови за кои се смета дека се од загинатите од качачките напади. На врвот Топлец има остатоци од муслимански гробови за кои се смета дека се торбешки, чии жители биле приморани да се раселат поради качачките напади и присилната албанизација.

Во XIX век, Јабланица било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.925 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.548 хектари, а на обработливото земјиште само 312 хектари.

Селото, во основа, има мешовита функција.

Население

Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Народната носија од Јабланица е типична носија од Дебарски Дримкол
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.188—    
19531.300+9.4%
19611.488+14.5%
19711.393−6.4%
19811.187−14.8%
ГодинаНас.±%
1991818−31.1%
1994741−9.4%
2002553−25.4%
2021308−44.3%

Според податоците од 1873 година, селото имало 120 домаќинства и 366 жители мажи, од кои 18 Македонци-муслимани и 348 Македонци.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Јабланица имало 960 жители, сите Македонци (850 православни и 110 муслимани). По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јабланица имало 992 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Македонци.

Во 1961 година, Јабланица претставувало големо село со 1.488 жители, речиси целосно македонско население, додека во 1994 година тоа преминало во средно село по големина со 741 жител, од кои 736 Македонци и 5 жители Турци.

Според попис од 2002 година, во селото Јабланица живееле 553 жители, од кои 545 Македонци, 1 Србин и 7 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 308 жители, од кои 266 Македонци, 1 Турчин и 41 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 960 992 1.188 1.300 1.488 1.393 1.187 818 741 553 308

Родови

Јабланица е македонско-торбешко село.

Родови во селото се:

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Бизимовци (11 к.), Батковци (4 к.), Ѓеровци (9 к.), Симиџијовци (5 к.), Бандовци (3 к.), Менкиновци (6 к.), Буклијовци (4 к.), Цоклевци (4 к.), Лазаревци (2 к.), Шиниковци (5 к.), Чулупановци (3 к.), Палиовци или Поповци (5 к.), Ѓергевци (4 к.) и Пејчиновци (6 к.), родовите Бандовци, Менкиновци, Буклијовци, Цоклевци и Лазаревци се гранка од родот Симиџијовци;
    • Доселеници: Косковци (1 к.), Белковци (4 к.), Долинци (2 к.), Аџијовци (8 к.), Кочовци (4 к.), Шикулевци (4 к.) и Петровци (4 к.), сите се доселени од селото Мартинеши (во Албанија), близу до реката Мат; Домазетовци (5 к.), доселени се од Мартинеши или Стеблево (во Албанија); Велоклењовци (6 к.), Топузовци (2 к.), Будиновци (3 к.), Марковци или Терзијовци (3 к.) и Цаповци (1 к.), доселени се од селото Клење, Голо Брдо; Лекици (15 к.), доселени се од некое место Леки-Лекаит кај Скадар (северна Албанија); Апостоловци или Постоловци (3 к.), доселени се однекаде; Алачковци или Кајшовци (2 к.), потекнуваат од предок кој дошол како домазет од селото Брчево; Пентелешовци (4 к.), доселени се од некое место кај Солун (Егејска Македонија); Цоклевци (3 к.), вистинските Цоклевци се гранка од родот Симиџијовци, но овие Цоклевци потекнуваат од предок кој бил посинет од Солунско и Тримовци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Нерези.
  • Торбешки родови: Садиковци (3 к.), Ајдовци (1 к.), Шабовци (2 к.), Адемовци (2 к.), Јусковци (2 к.), Демировци (4 к.), Јашаровци (5 к.) и Асковци или Асокленовци или Асовци (6 к.), стари родови се во селото. Шабовци, Адемовци и Јусковци се гранки од православниот род Домазетовци. Демировци и Јашаровци се гранки од православниот род Пејчиновци. Последниот род е доселен од селото Себишта, Голо Брдо.

Општествени установи

Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Јабланица, се наоѓале и селата Безово, Лакаица, Луково, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Јабланица било дел од некогашната општина Бороец, во која влегувале селата Бороец, Јабланица и Лакаица.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1890 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Јабланица, каде влегуваат селата Јабланица и Лакаица.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 579 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 570 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Село Јабланица: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Илија“
    Археолошки наоѓалишта
  • Кале — утврдување од римско време.
    Цркви
    Џамии
    Реки
    Споменици
  • Спомен-плоча од НОБ на сретсело

Личности

    Родени во Јабланица
  • Богдан Алексиев — член на Македонско-одринските доброволни чети;
  • Глигор Алексов — член на Македонско-одринските доброволни чети;
  • Наум Пејчинов — македонски револуционер, деец на ВМРО;
  • Димитар Домазетов (1865-1903) — деец на ВМРО;
  • Цветко Стојанов (1872-?) — македонски револуционер;
  • Милан Ѓурчинов (р. 1928) — есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар;
  • Добри Ставрески (1933-1994) — македонски пејач;
  • Александар Ѓурчинов (1934-2015) — филмски режисер и сценарист;
  • Петко Домазетовски (р. 1935) — македонски поет, раскажувач и фолклорист;
  • Витомир Долински (р. 1961) — македонски новинар, поет и публицист;
  • Елизабета Пејчиноска — австриска и американска глумица и продуцентка.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Село Јабланица Потекло на иметоСело Јабланица Географија и местоположбаСело Јабланица ИсторијаСело Јабланица СтопанствоСело Јабланица НаселениеСело Јабланица Општествени установиСело Јабланица Самоуправа и политикаСело Јабланица Културни и природни знаменитостиСело Јабланица ЛичностиСело Јабланица ГалеријаСело Јабланица НаводиСело Јабланица ПоврзаноСело Јабланица Надворешни врскиСело ЈабланицаДебарДримколОпштина СтругаСтруга

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Големи и мали (роман)СолунСписок на хемиски елементиГамеланНова алтернативаПолиграфМухамедМеѓународни празнициМојот звукСкопско КалеАлан Маркес ЛоуреироПеш по светотМакедонски народни инструментиДржавни празници во МакедонијаПролетРимХепатитЉубе БошкоскиМјузиклВевчаниЗбунети годиниИзборна единица 1РомантизамЛехово (Леринско)Главна страницаАстероидна месечинаМакедонски претседателски избори (2019)Список на реки во МакедонијаИсторија на христијанствотоСписок на македонски народни и староградски песниИзет МеџитиТемператураМакедонски парламентарни избори, 2008ТрстСтево ПендаровскиМерилендПроста реченицаКога тргнав ЦветоМахидевранСтевчо ЈакимовскиЖивко ЧингоМакедонски парламентарни избори, 2011Хајди (роман)Овчи сипанициЛеонтијШар ПланинаОпштина БоговињеМорфологија на македонскиот јазикЦрн дробКралство ЈугославијаСловенска писменостTrackBackКултураВиенаВизантијаЕпикаРимска кујнаБременостРимска уметностСтрадањата на младиот ВертерПоштенски броеви во МакедонијаЛидија ДимковскаВрхбоснаНова годинаБалкански ПолуостровГордана Силјановска-ДавковаСветлинаКирил ПејчиновиќЧума (појаснување)ЃомлезеОпштина Кисела ВодаМинистерство за животна средина и просторно планирањеМалиот принцГоце ДелчевБорис ТрајковскиБроеви во македонскиот јазикБезовоСоцијалистичка Република Македонија🡆 More