Солун: град во Егејска Македонија

Солун (грчки: Θεσσαλονίκη, Тесалоники) — град во Егејска Македонија и вториот по големина град во Република Грција, главен град на периферијата Централна Македонија.

Поради тоа се нарекува уште симбротевуса (грчки: συμπρωτεύουσα), што значи „сопрестолнина“, т.е. дека го дели статусот со Атина. Градот е познат и под други имиња како Σαλονίκη на грчки, како Selânik на турски, како Salonica на латински, како Солун на српски. Во Грција, овој град претставува еден од најголемото седиште на индустријата, трговијата, културата и туризмот. Населението во градското подрачје изнесува 1.030.338 жители (попис 2001), а со околината 1,285.61, и се наоѓа на 200 километри јужно од главниот град на Македонија, Скопје. Градот Солун е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО.

Солун
Θεσσαλονίκη
Град
Thessaloniki montage. Clicking on an image in the picture causes the browser to load the appropriate article.Плоштад АристотелБела кула (Солун)Црква „Св. Димитрија“ - СолунКонцертна сала (Солун)
Знаме на СолунАмблем на Солун
Амблем
Солун is located in Грција
Солун
Солун
Координати: 40°39′ N; 22°54′ E / 40.65° СГШ; 22.9° ИГД / 40.65; 22.9 22°54′ E / 40.65° СГШ; 22.9° ИГД / 40.65; 22.9
ЗемјаСолун: Историја, Демографија, Клима Грција
РегионЕгејска Македонија
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
Основан315 п.н.е.
Денешен облик1912
Општини7
Управа
 • ГрадоначалникСтелиос Ангелудис (независен)
Површина
 • Општина19,307 км2 (7,454 ми2)
 • Градска111,703 км2 (43,129 ми2)
 • Метро1,455,62 км2 (0,56.202 ми2)
Најг. вис.&10000000000000250000000250 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2021)
 • Општина317,778
 • Ранг2.
 • Градскo824,676
 • Градска0,0.074/км2 (0,019/ми2)
 • Метро1,091,424
 • Метро0,75/км2 (1,9/ми2)
Демонимсолунци, солуњани
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.53xxx, 54xxx, 55xxx, 56xxx
Повик. бр.231
Рег. таб.NAx-xxxx до NXx-xxxx
Светец-заштитникСв. Димитрија Солунски (26 октомври)
БМП (2009)19,9 млјд. евра
 • По жител17.200 евра
Мреж. местоthessaloniki.gr

Историја

Основање на градот

За основач на Солун се смета македонскиот крал Касандар во 315 п.н.е. на или близу местото каде се наоѓал древниот град Терма и 26 други помали села. Касандар градот го нарекол според неговата жена Тесалоника, полусестра на Александар Македонски. Според грчките извори, Филип II Македонски името на својата ќерка го дал по неговата победа над Тесалијците, со значење „победа над Тесалијците“. Градот во тоа време бил автономен дел на Македонското Кралство. Солун многу брзо се развивал по своето основање и така во текот на II век п.н.е. веќе ги добил и своите ѕидини за одбрана на градот. По распадот на Македонското Кралство во 168 п.н.е. Солун станал важен центар во Римската Република. Израснал во важен трговски центар на патот Вија Егнација и сѐ поголемата трговска размена меѓу Европа и Азија. Градот бил седиште на една од четирите римски покраини во Македонија.

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Споменик на Александар Македонски во Солун.

Во 379 година, кога римската префектура Илирик била поделена помеѓу Источната и Западната римска империја, Солун станал главен град на новата префектура Илирик.

Римски период

По пропаѓањето на македонското кралство во околу 168 година п.н.е. Солун паднал во рацете на Римјаните и веднаш станал многу важен трговски центар на Вија Егнација. Најмногу се тргувало помеѓу Европа, Африка и Азија. Градот станал еднен од четирите главни римски реони во Македонија. Во тоа време градот си ја задржил својата власт, но со него владеел римски претор. Од тој период датира и солунскиот акропол кој се наоѓа на северното брдо и е изграден во 55 година п.н.е.. Поради големото трговско значење на градот, римјаните морале да изградат пристаниште.

Почетоци на христијанството

Солун како и цела Македонија бил еден од раните центри кои го примиле Христијанството како своја официјална религија. На своето второ патување, апостолот Св. Павле, кој проповедал во месната синагога, која била главна за Евреите од реонот, го поставил почетокот на христијанското братство и црква. Месните еврејски водачи биле незадоволни од него, поради што и го избркале од Солун во градот Бер. За заштитник на градот се смета Свети Димитрија кој градот го добил во 306 година. Денешното постоење на градот и неговата важност за светот се препишуваат токму на Свети Димитрија. Тој бил римски проконзул во времето на царот Максимијан и бил затворен и мачен во римските затвори, место каде денеска се наоѓа црквата „Свети Димитрија“, изградена во 463 година од страна на римскиот потпрефект Лирика.

Византиски период

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Заштитник на градот-Свети Димитрија

По пропаѓањето на Римското Царство и неговата поделба на источно и западно царство, каде како главни центри на новите империи се издвојувале Рим и Цариград, градот Солун потпаднал под Источното Римско Царство или уште попознато како Византија. Солун бил втор по важност град веднаш по Цариград. Во 390 година градот прераснал во место каде избувнал голем револт против владетелот Теодосиј I и неговите готски платеници. Така римскиот генерал во оваа побуна заедно со уште неколку други високи функционери на империјата биле убиени и погубени, што резултирало до создавање на еден голем за тоа време масакар, каде од 7.000 до 15.000 жители на градот биле ликвидирани на тогашниот хиподром. По овој настан сѐ до пропаѓањето на Византија, Солун бил изложен на постојани земјотреси вклучувајќи го рушењето на голем број згради и објекти како од тој период така и од периодот на Римското Царство. Најголем бил оној од 620 година.

Кон крајот на VI век и почетокот на VII век, од зад Карпатите Словените го започнале своето населување на Балканот и истиот го опседнале. Скоро целиот Балкански Полуостров бил населен од страна на Словените. Останал само главната метропола на Македонија, Солун. Во историјата е познат походот кон Солун од страна на Словенитекој останал неуспешен. Во Солун исто така се родени и словенските браќа Свети Кирил и Методиј, кои земајќи го јужниот говор во Македонија го создале старословенскиот јазик (глаголицата) и кои на повик од царот Ростислав отишле во Велика Моравија каде ја распространиле и ја утврдле православната вера и подоцна на повик од папата заминале за Рим, каде барале признавање на нивната азбука. Во IX век, градот бил нападнат од страна на бугарскиот цар Симеон I каде ја разбил византиската војска и каде подоцна продолжил кон Цариград. Во 904 година градот бил нападнат од страна на Сарацијците од Крит и по десет дена пљачкања, рушења и убивања заминале од градот со големо богатство и со 22.000 робови, главно млади машки потомци од Солун. По овој грабеж, градот многу брзо се опоравил и заедно со Византија ги доживеал своите „златни векови“. Бројот на населението на градот нагло се зголемувал. Секоја есен надвор од ѕидините на Солун се одржувал саем во чест на Свети Димитрија, кој траел 6 дена. Во тоа време, овој саем бил еден од најголемите во целиот свет.

Господарскиот голем развој на градот исто така продолжил и во XII век за време на династијата Комнини која ја проширила византиската граница кон север во Србија и Унгарија. Во градот, во тоа време се наоѓала и основната коварница на пари, што претставува и уште еден знак дека Солун бил еден од најразвиените градови во светот во тоа време.

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Македонски носии од Солунско
Солун: Историја, Демографија, Клима 
Градските ѕидини од византиско време

Веднаш по смртта на царот Мануил I Комнин во 1180 година започнало и пропаѓањето на Византија. Така, во 1185 година, нормадските владетели од Сицилија најпрвин го нападнале а потоа и окупирале градот, што резултирало до уништување на долговековниот расцвет на градот. Нивното владеење со градот траело околу една година бидејќи биле поразени повторно од страна на Византија и така тие биле принудени на повторна евакуација. Солун од картата на Византија бил повторно избришен во 1204 година кога Цариград бил освоен од страна на крстоносците во текот на Четвртата крстоносна војна. Солун и околината потпаднале во составот на Солунското кралство под контрола на Латинското Царство. Во текот на 1207 година, бугарскиот цар Калојан пристигнал пред вратите на Солун и бил на пат да го преземе градот, пред да биде предаден од страна на сопругата си и убиен од цар Борил. Така во 1224 година градот преминал под власта на Епирското Деспотство. Градот повторно бил вратен на Византија во 1246 година. Во текот на XIV век за завладување на градот дошло до религиозен судир наречен исихастички спор, помеѓу епископот Григориј Палама (Γρηγόριος Παλαμάς), кој ги бранел исихастите, и Варлаам кој жестоко ги нападнал, обвинувајќи ги за ерес. Во спорот победил Григориј Палама.

Подоцна, кога Отоманското Царство сѐ повеќе зајакнувало и сѐ повеќе се доближувало кон Солун, поради невозможност да го заштити градот византискиот цар Андроник III Палеолог го предал на Венеција. Градот останал во венециски раце сѐ до 1430 година кога бил преземен од страна на Турците.

Отомански период

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Ротунда- најстарата зграда во Солун

Во 1492 година, по прогонувањето на сефарадските евреи од Шпанија, голем дел од нив се населиле во Солун. Градот се претворил во еден од најголемите еврејски центри на Балканот и пошироко. На 29 март 1430 година, на чело со султанот Мурат II по тридневна опсада го зазел Солун. Во текот на Отоманското владеење на Солун, градот станал мултикултурно општество во кој живееле голем број на Турци, Македонци, Бугари, погрчени Македонци (заведувани како Грци) и Албанци, како и сефардски Евреи, кои претсавувале 60.000 жители од вкупните 130.000 на градот. Солун во територијата на Османлиското Царство останал околу пет векови со што станал, како и во византиско време, еден од најважните трговски центри на Балканот. Железничка станица во градот била изградена во 1888 година. Во Солун исто така е роден и Кемал Ататурк во 1881 година под чија команда подоцна избувнала и Младотурската револуција, повторно во Солун. Солунската афера исто така зела голем замав на Балканот.

Основање на ВМРО

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“

Солун бил многу важен центар и за Македонците кои живееле таму, кои се образувале и кои дејствувале за создавање на посебна македонска држава на Балканот. Така, на 23 октомври 1893 година, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ била основана ВМРО, чија цел била добивање на автономија за Македонија и Одринска Тракија преку револуционерна борба. Во Солун, од тој период се познати и големите терористички напади од страна на ВМРО и нејзините членови наречени гемиџии. Солун останал во рамките на Отоманското Царство сѐ до 1912 година.

Период по Балканските и Светските војни

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Навлегување во градот на грчката војска во 1916 година

По Балканските војни, градот стапил во составот на Грција. Населението на градот многу тешко можело да се утврди поради секојдневното прогонување на месното население и доаѓање на Грци од разни делови на државата. Во текот на Првата светска војна за градот се водела голема битка, воглавно против Бугарија. Подоцна, во 1917 година, голем дел од градот бил зафатен од пожар кој случајно или не го подметнале француските војници. Така, од вкупно 271.157 жители на Солун, 72.000 останале без покрив на главата. Обнова на градот во почетокот била забранета сѐ додека не бил донесен план за модерен развој на градот. Тој план бил направен од страна на францускиот архитект Ернест Хебрард, со кој Солун станал модерен европски град. Поради овој пожар голем број од еврејското население го загубило својот имот. Голем дел од нив се упатиле кон Ерец Израел и САД. Населението на градот многу брзо пораснало по војната од 1922 година помеѓу Грција и Турција. Грција го изгубила малоазиското крајбрежје и градот Измир. Така, илјади бегалци од тие реони се населиле во Солун. Под власта на Нацистичка Германија градот паднал на 9 април 1941 година и под нивна окупација бил сѐ до 30 октомври 1944 година. Градот бил многу оштетен како резултат на сојузничкото бомбардирање каде нацистите биле целосно поразени.

Период по војната

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Поглед на градот

По војната, Солун многу брзо се обновил и бројот на жителите повторно започнал да се зголемува. Градот својот најголем економски подем го доживеал од 1950 до 1980, но без урбанистички план, што довело до големи сообраќајни метежи, кои во денешницата се секојдневие на градот. Во 1978, градот бил погоден од голем земјотрес со јачина од 6,5 степени. Со овој земјотрес биле разрушени многу објекти и споменици во градот и животот го загубиле 40 луѓе.

Во денешно време, како и во минатото, Солун е многу важен центар за Југоисточна Европа и Европската Унија. Во моментот, Солун е еден од најразвиените градови на балканскиот полуостров.

Демографија

Број на население во Солун

Година население
1981 406.413
1991 383.967
2001 363.987

Еврејската населба во Солун

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Еврејското маало

Еврејската населба во Солун, наречена Лададика била една од најголемите населби во градот. Евреите во времето на Османлиското Царство го сочинувале половина од вкупното население на градот. Исто така, оваа населба во тоа време служела како една од најбогатите на Балканот, со најразвиена трговија. Но, работите многу се промениле кога градот бил преземан и стапил во составот на Грција во 1912 година. Градот практично згаснувал во сабота, на еврејскиот сабат. Опаѓањето на бројот на Евреите во Солун најмногу се променил по 1917 година кога во градот владеел можеби најголемиот пожар што дотогаш се паметил во Солун. Освен поради пожарот, бројот започнал да се намалува и поради хеленизацијата на градот од страна на грчката држава, која намерно го отежнувала процесот на повторно враќање на Евреите како и на многу Македонци во нивните сопствени домови, иако нивните домови биле компензирани. Така, голем број од Евреите во Солун се исселиле и никогаш повеќе не се вратиле во градот. Најмногу се населиле во Турција, САД, Александрија и по цела Европа. Солунските Евреи (скоро 96% од нив[се бара извор]) во текот на нацистичката окупација за време на Втората светска војна биле однесени низ логорите низ Европа, со што била скоро целосно уништена еврејската заедница во градот. Денеска, во градот живеат само околу 1.000 Евреи бидејќи повеќето од нив се населени во Израел и САД.

Година Вкупно население Евреи Удел
1842 70.000 36.000 51%
1870 90.000 50.000 56%
1882/84 85.000 48.000 56%
1902 126.000 62.000 49%
1913 157.889 61.439 39%
1943   53.000  
2000 363.987 1.000 0%

Етнички состав на населението

Година Население Евреи Турци Грци

(со многу погрчени Македонци)

Македонци Роми други
1882 104.000 45.000 15.000 20.000 20.000 2.000 2.000
1890 118.000 55.000 26.000 16.000 10.000 2.500 8.500
1911 128.000 64.000 25.000 22.000 10.500 2.700 3.700
1913 157.889 61.439 45.889 39.956 6.263 2.721 1.621

Клима

Во градот преовладува средоземна клима која опфаќа многу топли лета и средни влажни студени зими.

Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек
Максимална температура [°C] 9 10 13 18 23 28 31 30 26 21 14 10
Минимална температура [°C] 1 2 5 7 12 16 18 18 15 11 6 2
Врнежи на дожд (mm) 40 38 43 35 43 30 22 20 27 45 58 50
Рекордни температури [°C] 20 22 25 31 36 39 42 39 36 32 27 26

Стопанство

Стопанството и економскиот развој на Солун бележи многу голем подем, особено во последните 20 години. Најразвиен е индустрискиот и трговскиот сектор. Во индустрискиот сектор најмногу се произведува: рафинирано масло, хемикалии, текстил, брашно, цемент, фармациско производство и алкохол. Бројот на невработеноста во градот е многу мала. Според податоците од 2002 година, бројот на невработеноставо Солун изнесувал 10%, но според некои статистичари овој процент е и помал.

Архитектура

Архитектурното лице на Солун секогаш било сфаќано како голем предизвик на архитектите. Освен за неговото трговско значење, Солун низ вековите бил град каде се одржувале многу битки, град кој бил под власта на многу народи, град низ кој поминувале културните обичаи и ритуали на многу европски народи. Главниот стар град во Солун во кој биле опфатени архитектурни дела од времето на Римското Царство, Византија и Отоманското Царство се променил главно во 1870 година кога крајбрежието било срушено и повеќето од древните ѕидови во градот биле исто така срушено вклучувајќи ја и онаа на Белата кула. Во последните 47 години, Солун го опседнал со голем економски раст, населението на градот се зголемило за 70% достигајќи 135.000 во 1917 година. Планот за новиот Солун бил направен од страна на Ернест Хебрард, француски архитект, кој заедно со неговата екипа се трудел планот на градот да го направи во духот на Византија. Исто така, најмногу се оддало внимание на важните византиски цркви и отоманските џамии, додека рушевините во горниот дел на градот биле објавени за културно наследство. Овој план исто така го вклучил и местото на идниот универзитет во Солун кој постоел некогаш на истото место. Така, властите во градот ги обновиле делови од најраните византиски ѕидини и објекти, кое доведело до расширување на туризмот и во поглед на архитектурните особености на градот. Сите тие нови атракции главно се расположени и се наоѓаат на крајбрежјето. Но, со промена на идеологијата за проектирање во Западна Европа, дошло до потреба големите згради и објекти кои се наоѓаат во централното подрачје на градот да бидат конструирани.

Сообраќај

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Меѓународен аеродром Македонија

Автопатишта

Првиот автопат покрај Солун бил направен во 1970 година. Во моментот Солун е достапен преку автопатот GR-1/E75 од Атина, GR-2, (Егнатија) и GR-12/E85 од Сер и Софија.

Железничка станица

Во Солун постои една од најголемите железнички станици на Балканот, со директни врски до Скопје, Софија, Белград, Москва, Виена, Будимпешта, Букурешт и Истанбул, како и освен до Атина, и до други поголеми центри во државата. Скоро во Грција беше пуштена и патничка линија помеѓу Солун и Литохоро, Пиерија, со кое времето на патување се намали за 45-50 минути.

Аеродром

На 20 километри од градот се наоѓа меѓународниот аеродром Македонија (грчки: Διεθνής αερολιμένας Μακεδονία). Има секојдневни летови во и вон државата.

Знаменитости

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Карта на старините во Солун
  • Белата кула во Солун (грчки: Λευκός Πύργος, турски: Beaskule), која претставува симбол на градот. Оваа кула е градена во времето на византиското Царство и денеска е претворена во музеј на градот;
  • Сводот и гробницата на галеријата, исто така е позната и како Камара
  • Базиликата Свети Димитар, која претставува еден од најголемите храмови на христијаните од овој крај
  • Плоштадот Аристотел (грчки: Πλατεία Αριστοτέλους)
  • Храмот Света Софија
  • Римската палата

Музеи

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Влезот на Археолошкиот музеј во Солун

Манифестации

Солун е домаќин на многубројни фестивали и манифестации, вклучувајќи:

Медиуми

Весници

Дневници

  • Македонија (грчки: Μακεδονία)
  • Ангелиофорос (грчки: Αγγελιοφόρος)

Телевизии

  • ΕΡΤ3 - Канал на грчката радиотелевизија (грчки: Ελληνική Ραδιοφωνική Τηλεώραση)
  • Македонија ТВ (грчки: Μακεδονία TV)
  • TV100
  • Аполон TV (грчки: Απόλλων TV)
  • Best TV
  • ТВ Валкања (грчки: TV Βαλκάνια)
  • Europe One
  • Омега ТВ (грчки: Ωμέγα TV)
  • Орион ТВ (грчки: Όριον TV)
  • Панорама ТВ (грчки: Πανόραμα TV)
  • Гноми ТВ (грчки: Γνώμη TV)
  • ТВ Тесалоники (грчки: TV Θεσσαλονίκη)
  • Вергина TV (грчки: Βεργίνα TV)
  • 4E

Радио

Спортски клубови

Солун: Историја, Демографија, Клима 
Навивачите на ПАОК
Солун: Историја, Демографија, Клима 
Спортската сала на Арис во кошарка
  • Ираклис ФК - прва лига (2005-2006: 4 место)
  • ПАОК ФК - прва лига (2004-2005: 5. место)
  • Арис ФК - прва лига (2004-2005: 14. место)
  • Аполон Каламарјас - прва лига (2004-2005: 12. место)
  • Агротикос Астерас - трета лига
  • Епаноми - трета лига
  • Павлос Мелас ФК - трета лига

Солун како тема во уметноста

Галерија на слики

Збратимени градови

Познати родени во Солун

Поврзано

Наводи

Извори

  • Апостолос Папајанопулос,Споменици на Солун, Rekos Ltd, непозната дата.
  • Апостолос П. Вакалопулос, Историја на Солун, Институт за балкански студии, 1972.
  • Солун: Туристички водич и карта на улици, A. Кесопулос, 1988.
  • Марк Мазовер, Салоника, град на духови: христијани, муслимани и евреи, 1430-1950, 2004, ISBN 0-375-41298-0.
  • Градски водич низ Солун, Издавачка куќа Axon, 2002.
  • Џејмс К. Скедрос, Свети Димитриј од Солун: Граѓански патрон и свет штитеник, IV-VII век (Теолошки студии на Харвард), Trinity Press International (1999).
  • Вилма Хастаоглу-Мартинидис, Реструктуирање на градот: Меѓународни натпревари за урбан дизајн на Солун, Андреас Пападакис, 1999.

Надворешни врски

Солун: Историја, Демографија, Клима  Статијата „Солун“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).

Tags:

Солун ИсторијаСолун ДемографијаСолун КлимаСолун СтопанствоСолун АрхитектураСолун СообраќајСолун ЗнаменитостиСолун МузеиСолун МанифестацииСолун МедиумиСолун како тема во уметностаСолун Галерија на сликиСолун Збратимени градовиСолун Познати родени во Солун ПоврзаноСолун НаводиСолун ИзвориСолун Надворешни врскиСолун2001АтинаГлавен градГрадГрадови во ГрцијаГрцијаГрчки јазикЕгејска МакедонијаЛатински јазикМакедонијаРепублика ГрцијаСветско наследствоСкопјеСрпски јазикТурски јазикУНЕСКОЦентрална Македонија (Грција)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Петар Поп АрсовКанадаМултипла склерозаЦистична фиброзаБлаже КонескиОптичка мамкаАритметичка прогресијаСмрекаФлебитисМарко ЦепенковГрб на МакедонијаАвстралијаСтарословенска азбукаЦрн дробРепродуктивен системМакедонски парламентарни избори (2008)РелигијаБалканска приказна (ТВ-серија)Основни SI-единициХороскопски знациДесет Божји заповедиЕзопОливера НиколоваУбивањето на светиот еленОбединето КралствоИшијасПапратИменкаПолурамнинаГалаксијаМухамедВештачка интелигенцијаПенис (човек)КумановоРоботикаМагнетна резонанцијаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотЧернобилска несреќаБиблијаРак (болест)РадовишМакедонски претседателски избори (2019)Панонски легендиИзвори на енергијаТопографска картаФидијаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикБубрежен каменРогачФотосинтезаСемејствоАргентинаРастворСтудена војнаШвајцаријаПоплаваВевчански карневалБалкански ПолуостровАтинаТерористички напад на концертната сала „Крокус“МагнетСписок на градови во Македонија по населениеАлгинска киселинаЗемји членки на Европската УнијаМалиот принцМоскваАдаптација (биологија)Славко ЈаневскиПиреј (роман)Општини во МакедонијаГлобусХипертензијаСтарецот и моретоАнемијаМакедонски парламентарни избори (2024)ОрхидеиЧовечки скелет🡆 More