Даме Груев: македонски револуционер

Дамјан Јованов Груев или само Даме Груев (Смилево, 19 јануари 1871 — Русиново, 23 декември 1906) — македонски револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација.

Возвишуван е како апостол и волја на револуционерна Македонија.

Дамјан Јованов Груев
19 јануари 187123 декември 1906
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија
апостол и волја на револуционерна Македонија
Прекар:Даме • Смилевчето • Волјата на револуционерна Македонија
Роден во:Смилево, Македонија
Починал во:Русиново, Македонија
Служба во:Македонско национално движење
Период на служба:18931906
Чин:Член на Централниот комитет  • Главниот штаб на II Битолски револуционерен округ
Единици:Четнички институт
Командува/л со:Македонска револуционерна организација
Битки/војни:Илинденско востание • Борба за Македонија
Одличја:национален херој
Други занимања:учител • училиштен инспектор
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија
Печатот Ц.М.Р.К., со потпис на Даме Груев, се потпишал со псевдонимот Брајан Митрев
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија
Факсимил од писмо на Даме Груев'
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија
Поштенска карта. На предната страна е ликот на Даме Груев, на задната страна пишува: Лишен од сите човечки права, при полно отсуство на какви и да било услови за една легална, културна борба, фрлениот во очај македонски народ, повторно е принуден да се заложи за последното средство — оружјето — и да се бори против тиранијата за слобода или смрт. Даме Груев е роден 1871 г. во Смилево, Македонија: Еден од основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација и неуморен апостол на македонското ослободително дело, загинал за ослободувањето на Македонија на 23 декември 1906 г. во Русиново. Најдолу: Серија I — Борци паднати за слободата на Македонија, No. 2, издание на Сојузот на македонските студентски друштва во туѓина
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија
Споменик на Даме Груев, плоштад Македонија, Скопје
Дел од темата
Пантеон на бессмртните предводници на македонската револуционерна епопеја“
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија

Се родил во селото Смилево, тогаш во Османлиското Царство, а денес во Македонија, во семејството на Јован и Тула. Се школувал во родното село Смилево, Ресен и Битола, Солун и Белград и во Софија, каде што студирал историја на Високата школа. Во Солунската егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј (1887/1888) учествувал во големиот бунт на учениците во борба против бугарската пропаганда во Македонија, со барање за воведување во настава на македонски народен говор, а во Гимназијата во Белград во бунтот против српската пропаганда. На Универзитетот во Софија го формирал Македонското студентско друштво, кое имало за цел ослободување на Македонија од османлиската власт. Меѓутоа поради убиството на бугарскиот министер за финанси, Белчев, Македонското студентско друштво се самораспуштило, а Даме заминал за Македонија.

Во текот на образовната одисеја на потегот Солун — Белград — Софија, Даме и неговите сопатници созреале и разбрале дека ослободувањето на Македонија лежи во самите Македонци.

По враќањето во Македонија, дава иницијатива за формирање Учителски сојуз со чисти револуционерни идеи, но ваквата иницијатива не заживеала. Набргу потоа се нашол како егзархиски учител во родното Смилево, а во учебната 1892/93 година бил назначен за учител во Прилеп. Во овој град, поради конзервативната чорбаџиска средина, немало услови за револуционерно делување и незадоволен од таквата средина, Даме решил да замине во Солун. Во културниот, економскиот и политичкиот центар на Македонија, Даме се вработил во печатницата на Коне Самарџиев, македонски чорбаџија и издавач.

Заедно со Петар Поп Арсов и со Иван Хаџи Николов формирал македонска револуционерна група во која влегле: Андон Димитров, Христо Батанџиев и др. Христо Татарчев. Оваа група ги поставила основите на Македонската револуционерна организација. На конститутивниот состанок, Јануарска средба, Даме станал прв секретар на Централниот комитет. Од Солун заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука првпат се сретнал со Гоце Делчев.

По враќањето во Солун бил училиштен инспектор. По разговорите во Софија со раководството на Врховниот комитет на македонската емигрантска организација во Бугарија и во Цариград со егзархот Јосиф (1895) се уверил дека Македонската револуционерна организација не само што не можела да смета на поддршка туку и дека претстоело жестоко конфронтирање поради противречности меѓу двете страни. Османлиските власти го протерале во Битола (1898), каде што бил уапсен (август 1900) во врска со Попставревата афера и бил осуден на 10 години затвор.

Од затворот во Битола одржувал врски, давал инструкции и ја раководел месната организација. Бил префрлен од Битола (мај 1902) во затворот во Подрум-Кале во Мала Азија, каде што бил заедно со Христо Татарчев и Христо Матов. Во затворот останал 10 месеци (до март 1903). По амнестирањето се вратил во Македонија (во Смилево), а потоа заминал во Солун, каде што имал неколкудневна средба со Гоце Делчев, по прашањето за кревање на востание.

Даме одлуката за востанието ја прифатил како завршена работа и решен самиот да ја преземе фаталната одговорност. Оттука неговата изрека: Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај! и отпатувал за Битола, на пат за Смилево. Во почетокот на мај претседавал со Смилевскиот конгрес. Тогаш бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ во состав: Дамјан Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов.

На 2 август било кренато Илинденското востание. Груев го доживеал мигот на историскиот чин, но и ужасите на страдањата на својот народ решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите и кадрите на движењето.

По Востанието Даме останал во Битолско со народот за да работи на консолидирање на Организацијата. Учествувал на подвижниот Прилепски конгрес (мај 1904), каде се залагал за централизирана Организација како тајна држава во османлиската држава, како подземна Република.

Претседавал на Рилскиот конгрес во 1905 и бил избран за член на Централниот комитет. Се ангажирал за надминување на поделбите, меѓутоа единството постигнато на Конгресот траело кратко.

Груев одлучил да се врати на теренот во Македонија. Загинал во борбата на врвот Петлец кај Русиново. Населението од Русиново го погребало во дворот на селската црква. Подоцна неговите телесни останки биле пренесени во Смилево.

Потекло

Роден сум во 1871 г. во с. Смилево (Битолско). Татко ми се викаше Јован, а дедо ми - Грујо. Татко ми беше ѕидар...

— Даме Груев, Спомени

Даме потекнува од мијачкото семејство Лавдовци кое имало куќа во Долното маало на Смилево. Селото се наоѓа во подножјето на Бигла Планина. Кон крајот на 19 век селото влегувало во рамките на Битолската каза и се состоело од две мала, Старо и Ново Смилево. Центарот на селото се наоѓал во Ново Смилево и имало околу 400 куќи, а Старо Смилево имало 10 куќи. Во селото имало егзархиска црква и училиште. Татко му се викал Јован, а дедо му — Грујо. Неговата мајка Тула потекнувала од родот на Кузмановци. Јован и Тула имале четири деца: Дола, Фидан, Ѓорѓи и Дамјан .

Образовна одисеја

Најпрвин учев во селото, во кое имаше основно бугарско (егзархиско б.н) училиште. Учител ми беше Атанас Башев од Ресен. Потем учев од I до IV клас во Битола, а V и VI клас во Солун, од каде заминав за Белград, и таму продолжив со образованието, останувајќи таму една година и неколку месеци. Од Белград дојдов во Софија, и се запишав како студент по историја на високата школа. Тоа беше во 1889 година. Во четвртото полугодие ја напуштив Високата школа, поради познатата училишна афера со Рачо Косев, и заминав во Македонија...

— Даме Груев, Спомени

Смилево

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Смилево во почетокот на XX век

Груев основното образование го започнал во учебната 1878/79 година во родното Смилево, при егзархиското училиште Св. Кирил и Методиј кај учителот Атанас Башев од Ресен . Во учебната 1881/82 година Даме го завршил четири годишното основно образование со одличен успех. Учителот Башев го посоветувал Јован Груев да му овозможи на својот син да го продолжи образованието, дополнително влијаел и смилевскиот првенец Павле Чуранов.

Битола

По советувањето на смилевскиот учител, во учебната 1882/83 година Даме се запишал прв клас прогимназија во Ресен. Таму бил сместен во куќата на Башев. Меѓутоа егзархиската црковно-училишна општина од Битола се обратила до црковно-училишна општина во Смилево барајќи од неа да предложи еден стипендист за школување во Битола.

Општината во Смилево го избрала Даме и тој го напуштил Ресен заминувајќи за Битола каде што се запишал прв клас во Битолската егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј . Груев најпрво се сместил кај своите роднини во Смилевскиот Баир, а подоцна во егзархискиот училиштен интернат . Во училиштето и интернатот Груев имал можност да се запознае со повеќе врсници од околината на Битолскиот вилает. Во учебната 1885/86 година Даме го завршил четвртиот клас на Битолската егзархиска прогимназија со одличен успех .

Солун

Даме беше повеќе низок, отколку среден на бој. Лицето лесно мургаво. Коси и веѓи костенови. Често долната уста од лево конвулзивно се свиткуваше на лево и со тоа неговото лице - инаку доста симетрично - стануваше мило.

— Никола Дејков, Даме Груев - Спомени - Коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Петар Поп Арсов
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Учителите и учениците од Солунската гимназија во учебна 1888 — 1889 година

Даме Груев во учебната 1886/87 година се запишал во Солунската егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј, која била вистински расадник на револуционерни идеи. Низ клупите на оваа гимназија минале голем број на македонски револуционери: Ѓорче Петров, Пере Тошев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Гоце Делчев, Борис Сарафов и други .

Таа имала престиж и реноме над останатите образовни институции, не само егзархиски туку и во однос на сличните институциите на останатите пропаганди во Македонија. Во неа предавале еминентни македонски и странски професори . Гимназијата располагала со опремени кабинети, нејзината библиотека располагала со богата литература од светско реноме: Виктор Иго, Димитриј Иванович Писарев, Шекспир, Гогољ, Пушкин, Лермонтов и други, а меѓу учениците кружела и забранета литература.

Во такви услови, Даме се запишал во петти клас и се сместил во егзархискиот интернат. Никола Дејков истакнува дека Даме од другарите бил наречен Смилевчето . Тие бргу се спријателиле. Понекогаш разменувале идеи за Мисли од Стојан Заимов и Записките по бугарското востание од Захариј Стојанов. Во гимназијата Даме се запознал и со Петар Поп Арсов кој бил сведок на училишниот бунт од учебната 1883/84 година. Двајцата набргу формирале училиштен кружок кој се занимавал со разни прашања од минатото, но и од современоста, општата состојба во Македонија. Активноста на овој кружок особено се почувствувал во учебната 1887/88 година кога дошло до нов училиштен бунт .

Поводот за бунтот биле политичките борби помеѓу русофобите и русофилите во Бугарија, тие се прошириле во солунската егзархиска општина и гимназија . Политичките борби биле искористени од учениците за истакнување на своите барања. Тие го организирале бунтот затоа што: Не можеле да работат на бугарски јазик, туку сакале да им се предава на нивниот домашен македонски дијалект .

Најпрво се побунил целиот шести клас во кој бил и Даме и петмина од седмиот клас. Учениците побарале да се смени директорот или во спротивно се заканиле дека ќе го напуштат интернатот и гимназијата. Поради притисокот на учениците директорот Кандиларов бил отстранет, меѓутоа не дошло до смирување на напнатата состојба.

Кон крајот на јануари 18 ученици од седмиот клас се побуниле и го напуштиле пансионот. За нов директор бил поставен Никола Начов, а тој донел одлука за исклучување на осуммина ученици, намалување на поведението, одземање на стипендиите и забрана за излегувањето од пансионот. Поради оваа одлука, како знак на протест половина од учениците на седмиот клас ја напуштиле гимназијата, а во текот на овие случувања од гимназијата биле исклучени 38 ученика. Меѓу исклучените биле Даме и Петар Поп Арсов, кои ја имале предводничка улога во овие случувања.

Белград

Ние самите го бевме пробале дејството на таа пропаганда... Ни се вети стипендија и ни се даде. И тогаш јас со уште неколку Македончиња отидовме во Белград. Тука можевме да ги согледаме српските намери бидејќи силно се грижеа да ни ја внушат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик, кое уште повеќе нè раздразнуваше.

— Даме Груев, Спомени - Коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Светомир Николаевиќ
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Улицата Цар Душан во 90- те година на 19 век, во позадината на левата страна е домот на друштвото Св. Сава

Случувањата во Солунската егзархиска гимназија биле следени од страна на српскиот конзул Петар Карастојановиќ. Конзулот со посредство на Темко Попов стапил во контакт со исклучените ученици и им ветил дека со негова помош ќе можат да го продолжат образованието во Србија, на учениците им била ветена финансиска и морална поддршка ако го продолжат образованието во Србија . Откако српските институции ги извршиле сите подготовки, започнале со префрлање на македонските ученици во Србија, на неколкупати биле префрлени по 33 ученика од Македонија. Даме со деветмина на 21 септември 1888 година пристигнал во Белград .

Во Белград, Даме и неговите сопатници се обратил до српскиот министер за просвета и црковни работи, Владан Ѓорѓевиќ. Во обраќањето тие побарале да се запишат во сосдветните класови и да им се даде финансиска поддршка, а за возврат ветиле:

    а ние со својата сила ќе поработиме, што порано да стекнеме знаења, како би и биле од корист на нашата околина, а со тоа и за целото српство, па нас да не нè мачат Бугарите и останатите туѓинци .

Даме бидејќи во Солун не го завршил шестиот клас, го запишал повторно истиот клас но како вонреден ученик. Во Белград, тој најпрво бил сместен во живеалиштето на Тодоровиќ, а подоцна се префрлил во пансионот на друштвото Свети Сава. Освен сместување, ова друштво на учениците им обезбедувало и материјална поддршка. Набргу потоа по барање на претседателот на друштвото св.Сава, Светомир Николаевиќ, Даме и неговите соученици биле префрлени во Светосавскиот пансион кој се наоѓал во куќата на владиката Виќентие.

Поради лошите услови дошло до незадоволство меѓу македонските учениците и нивна жалба до Министерството за просвета. Набргу таквото незадоволство се претворило во бунтовништво и поради тоа бил исклучен ученикот Димитар Попов, пријател на Петар Поп Арсов. По исклучувањето на Попов состојбата се смирила, меѓутоа незадоволството меѓу македонските ученици останало. За оваа состојба Светомир Николаевиќ во својот извештај до Министерството за надворешни работи истакнал:

    Оние ученици што се родум поблизу до Србија, како од Скопје, Тетово и Куманово, ќе бидат добри за нашата народна мисла, т.е. за мислата на српското единство. Но за оние од внатрешноста на Македонија, нив нешто ги мачи. Тие немаат решителност како првите и уште се сомневаат во можноста од блиско српско ослободување .

Целта на српските институции била македонски ученици да се школуваат во Србија, а потоа да се вратат во Македонија каде требало да работат во интерес на српската идеја. И покрај таквите околности во учебната 1888/89 година Даме го завршил шестиот клас како вонреден ученик. По завршувањето на испитите заминал во Македонија за да го помине летниот распуст со семејството.

На 30 август 1889 година се вратил во Белград. По враќањето, друштвото Св. Сава на Даме му одобриле со завршен шести клас да може да се запише на Великата школа . Српските институции сакале македонските ученици порано да го завршат школувањето: па што порано да бидат од корист за татковината, и да и послужат на српската народна идеја. Искористувајќи ја таа можност, Димитар Мирчев, Владимир Бојаџиев и Даме Груев се запишале на Правниот факултет. Меѓутоа друштвото Св. Сава сакало тие да се запишат на Филозофскиот факултет бидејќи било на мислење дека македонските ученици и студенти на тој начин ќе бидат покорисни за српската пропаганда во Македонија. Поради таквиот стремеж на друштвото Св. Сава дошло до недоразбирање. Даме Груев, Димитар Мирчев и Владимир Бојаџиев се обратиле до Главниот одбор на друштвото, во обраќањето тие истакнале:

Податотека:Барање до Главниот одбор на друштвото Св. Сава да му се одобри упис на високата школа.jpg
Барање до Главниот одбор на друштвото Св. Сава за одобрување на упис при Високата школа
Факсимил на документот од барањето за упис во Високата школа
Податотека:Свидетелство за завршена гимназија во Белград на име Даме Груев.jpg
Свидетелство за завршена гимназија на име Дамјан Груев (иќ)
Список на ученици кои биле сместени во пансионот на друштвото Свети Сава, Даме е во 22 ред под името Дамјан Грујевиќ
    Потребата изискува... да се подигне просветата како основа за понатамошно развивање на народната свест. Но, не треба да се заборави... дека ние при ширењето на народната просвета ќе наидуваме на отпор: ќе доаѓаме во судир со бугарската и грчката пропаганда, а уште повеќе со турските власти... За да може да се шири просветата... треба да се брани од непријателските напади... Поради тоа би било потребно помеѓу нас покрај филозофи да има и по некој правник... напоменуваме... би било доста пробивно кога правниците по две години српско право, третата година би слушале турско право во Цариград за да го научат турскиот јазик и да стекнат знаење од правото на турската држава, и тогаш со турски свидетелства би имале прилично авторитет и кај самите турски власти во Македонија и Стара Србија .

Какво требало да биде образованието на македонските ученици, српските институции немале изградено заеднички став. Министерството за надворешни работи, барало оние ученици кои имаат завршено IV, V, VI клас при бугарските гимназии, да слушаат скратен едногодишен курс на Учителската школа, како питомци на Министерството за надворешни работи, а по курсот требало да се вратат во Македонија како учители. Со оваа одлука бил запознаен управникот на Учителската школа и тој во одговорот меѓу другото истакнал:

    некој од овие ученици не говорат добро српски, бидејќи учеле во средно школо на бугарски јазик, па затоа неопходно е потребно, барем две години да поминат како ученици во српски школи .

Барањето било прифатено од српското министерство за просвета и го препратило до претседателот на Министерскиот совет, министерот за надворешни работи, друштвото Св. Сава и управникот на Учителската школа. На ваквата одлука се спротивставил првиот министер Груиќ. Тој побарал да се организира едногодишен учителски курс бидејќи така налагала општата состојба во Македонија. Министерот бил на став дека една година е доволна да се научи српскиот јазик и историја.

Поради притисокот на првиот министер, Учителската школа решила македонските ученици да ги изучуваат предметите: српски јазик и книжевност, српска историја и географија, методика и школска работа, хигиена и црковно пеење. Обидот на српските институции да направат од македонските ученици, вистински Срби, довел до незадоволство меѓу македонските ученици. Даме во разговор со Петар Поп Арсов истакнал:

    На волкот во устата дојдовме, Петре, ама да видиме што ќе излезе од сето тоа. Татко ми арно ми велеше, Србинот едно дава, потоа две сака. Има нешто нечисто во таа работа .

Незадоволството кулминирало со немири во училишниот пансион, а на чело на ова истапување застанале Петар Поп Арсов, Никола Наумов и Христо Поп Коцев. Поради таквото нивно држење, тие биле избркани од пансионот на друштвото Св. Сава, а не им било дозволено да го продолжат образованието во Белград и затоа ја напуштиле Србија.

Исклучувањето на овие ученици не го смирило незадоволството. Таквата состојба набргу ја искористил бугарскиот дипломатски претставник, Димитар Минчевич. Тој започнал преговори со македонските ученици за нивно префрлање во Бугарија. Бугарското дипломатско претставништво во Белград било посетено од: Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Даме и други. На средбите, Минчович ветил морална и материјална помош истакнувајќи дека ако заминат за Софија ќе можат да се организираат врз македонска основа .

Македонските ученици по инструкција на Минчевич, на 1 февруари 1890 година испратиле Адреса до Српското народно собрание. Оваа Адреса била потпишана од 28 до 30 ученици, а Даме бил третопотпишан. Во неа било истакното:

    На секој му е познато, дека тоа е земја (Македонија б.н) населена од мнозинство Словени, и тоа — Бугари. Меѓутоа, од пред некое време српското јавно мнение толку се зазело со пишување за да ги посрби Македонците, така што тоа заземање постана вистинска страст, како за сите српски новинари, така и за државниците, книжевниците, па и за поедини приватни луѓе. Не слушајќи ги толку авторитетите на образовниот свет, тие сакат насила да го уверат целиот свет дека во Македонија живеат чисти, овејани Срби!
    Меѓу таквите грешки спаѓа и основањето на друштвото Св. Сава со задача да го шири српството во несрпски краишта. Ние кои до вчера бевме благодејанци на тоа друштво... Мислевме, дека нашите браќа Срби ќе нè издржуваат нас без задни цели, но, за жал, ние луто се излагавме. Да знаевме, дека нашето доаѓање овде ќе има такви последици, ние никако не би ни дошле... Но, што гледаме сега? Гледаме се врши некаква политичка цел, гледаме дека ние веќе постанавме оружје против својата народност, со еден збор ние сме — изиграни.
    Во последно време... ние видовме како друштвото Св. Сава истера тројца питомци од општествениот пансион, а полицијата двајца од нив ги протера надвор од земјата само затоа што се осмелија гласно да ја кажат својата народност. Овој неодамнешен настан, нас нè жегна до срце, бидејќи нив ги истераа како Бугари, следува дека ние не сме тоа што тие биле, значи не сме Бугари, тогаш нормално — Срби. Зарем ние Срби? Ние, со кои овде секаде се постапуваше како со Бугари, ние кои овде и од малите деца сме нарекувани Бугари?! ... Ние не можеме само да се восхитуваме на толкавата дрскост на оние, кои нас нè нарекуваат Срби, кога тие со тоа не прават ништо друго, освен, ранување на срцето, како на нас, така и на секој родољуб Македонец. Тоа се причините, кои нам ни дадоа повод малку сериозно да се замислиме и што е можно порано да престанеме да бидеме оружје за подигање на нова пропаганда во нашата мила татковина...

По предавањето на Адресата, нејзините потпишувачи биле исклучени од училишните институции и пансионот. Поради тоа дошло до нереди, а била употребена и жандармеријата за да се воспостави редот. По притисок на српските власти, тројца потписници на Адресата, писмено се откажала од своите потписи со изговор дека не потпишале своерачно.

На 3 февруари 1890 година, 17 ученици меѓу кој и Даме, од претседателот на друштвото Св. Сава побарале да заминат во Македонија. Таа ноќ учениците од бугарското дипломатско претставништво добиле 35 динари за патни трошоци. Следниот ден властите издале наредба да се испрашаат потписниците на Адресата, да кажат дали тие навистина тие се потпишале, дали некој им ја подготвил изјавата, кој ги поттикнал да го напуштат училиштето и да се вратат во Македонија. Биле испрашани 15 ученици по три групи, во првата група бил Даме. Тој во текот на испрашувањето истакнал:

    Јас се потпишав на изјавата од 1 февруари оваа година. Петар Поп Арсов од Велес, филолог од втора година, ни зборуваше и докажуваше дека сме Бугари. Тој после Божиќ си замина од овде, кога умре татко му. Не знам кој е потпишан на изјавата, а јас сам се потпишав. Јас никој друг не потпишав, ниту знам дали некој така направил. Таа изјава ја поднесовме до Народното собрание единствено со цел да покажеме дека сме Бугари .
    Јас мислам дека е чесно да се каже вистината, а не како некој Димитрије Поповиќ, филолог втора година, од Охрид, кој не шпионираше нас, а меѓутоа и тој мислеше дека е Бугарин и ни го докажуваше тоа и на нам со Петар Поп Арсов со којшто го преведе на бугарски јазик Бездушник од Л. Комарџиќ кој го однесе Арсов и кој таму ќе го печатат. Може овде кај себе да го има ракописот. Тој е уште во пансионот. Никој нас не нè наговорил да се вратиме дома, но како што јас мислам се решивме да одиме поради тоа што Бугарите се истерани, и тогаш кога ние би останале би значело, дека ние сме Срби, а јас тоа не сум. Мене ми донесе 50 динари од дома некој Коста. Н, кираџија. Никој од дома не ми пишуваше да го напуштам училиштето. Никому не се заканував дека ќе го тепам .

По испрашувањето, Даме заедно со 33 македонски ученика го напуштил Белград и заминал за Софија, каде што требало да го продолжи образованието, меѓутоа на нивниот пат имало нови искушенија.

Софија

Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија, оти ни беше ветено од бугарскиот дипломатски агент во Белград, г. Минчович, дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас Македонците... Нашето друштво не е политичка организација... Ние со ништо не згрешивме со бугарските закони. Нашиот грев е во тоа што го сакавме нашето отечество. Кога дојдовме тука, се надевавме братски да не помогнете да создадеме своја интелигенција, која ќе го поведе отечеството во борба за ослободување. Како што изгледа ние сме измамени.

— Даме Груев, Спомени - Коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Коста Шахов
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Софија

Во Софија, Даме се запишал историја при Софискиот универзитет Св. Климент Охридски. Таму живеел заедно со својот пријател Димитар Мирчев. При престојот во Софија, на чело на бугарската влада стоел премиерот Стефан Стамболов. Овој бугарски политичар бил протурски ориентиран и со својата политика сакал да добие поголеми отстапки од Високата Порта за Бугарската пропаганда во Македонија. Стамболов бил против сите истапи кој биле насочени кон Османлиското Царство, вклучително и оние на Македонската емиграција во Бугарија и македонските студенти и ученици.

Меѓутоа и покрај таквата политичка атмосфера во Бугарија, Даме со неколку свои пријатели кон крајот на 1890 година формирал тајно друштво под името Македонско студентско друштво.

Друштвото било основано врз македонска основа, тоа им било ветено уште во Белград од страна на бугарскиот дипломат Минчович. Во текот на подоцнежното полициско испрашување Даме истакнал дека:

    Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија, оти ни беше ветено од страна на бугарскиот дипломатски агент во Белград, г. Минчови дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас Македонците .

По истакнати членови на друштвото биле: Дамe, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Никола Дејков и Никола Наумов, а посебна улога при формирањето на друштвото имал Коста Шахов. Друштвото имало за цел: Ослободување на Македонија од турското ропство, формирање на револуционерна организација во Македонија, врбување на истомисленици и нивно препраќање во Македонија, издавање на едно списание што ќе се спротивстави не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди што го цепат македонскиот народ на Бугари, Грци и Срби. За оваа дејност, во своите спомени Даме вели:

    студентите Македонци во Вишата школа се нафативме да се организираме во име на идејата за самообразование и заемно влијаење. Целта ни беше: по завршувањето на учењето да си се прибереме сите внатре во Македонија, во која имаше голема потреба од сили на интелигенцијата. Сред тој наш тесен, интимен круг веќе се беше родила идејата да се издигне револуционерна организација во Македонија... Во Софија повеќе меѓусебно се запознававме. Кога се токмевме да формираме „друштво“ (во тек беше изработка на правилник — статут). Се предвидуваше целите на друштвото да бидат научни, а всушност се подготвувавме да се собереме за идна револуционерна дејност... Сметавме да дејствуваме главно во насоката да се бара применување на Берлинскиот конгрес. Мислевме да создадеме организација, по образец на Револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето, да дејствуваме по примерот на Ботев, Левски, Бенковски и сл.. Добро ја бевме проучиле таа организација... Бевме се запознале и со историјата на српските движења .

Друштвото сакало своите идеи да ги прошири меѓу македонската емиграција и затоа Даме и Димитар Мирчев одржувале часови при вечерното училиште на социјалистичкото друштво Нов Живот. Слушатели на ова училиште биле македонски печалбари.

Меѓутоа плановите на Друштвото биле попречени од убиството на бугарскиот министер за финансии Христо Белчев. Овој атентат ги раздвижил бугарските власти и тие започнале со апсења. Проследувањата особено биле силни меѓу македонската емиграција и студентите социјалистите. Даме бил притворен во петтиот полициски участок, каде што бил задржан 15 дена. Во текот на испрашувањето, Даме бил запрашан за неговите врски со социјалистичкото друштво Нов Живот, а потоа истрагата била насочена кон Македонското студентско друштво. Во участокот бил запрашан зошто е потребно организирање на македонските студентски во посебно друштво. На ова прашање, Даме одговорил дека на Македонија ѝ недостасува интелигенција која по враќањето во отечеството (татковината) ќе ги брани нејзините интереси. Во понатамошното исправување му било посочено дали тоа не води кон сепаратизам и со тоа и се нанесува штета на бугарштината во Македонија, на ова прашање Даме одговорил:

    Досегашното искуство на нас Македонците ни покажа дека само со сопствени сили можеме да се избориме за ослободување на Македонија.

На прашањето: Кој ви пречи тука во Софија да се школувате и како чесни Бугари да заминете за Македонија да работите заедно со нас на ослободувањето на Македонија? Даме одговорил:

    Нашето друштво не е политичка организација... Ние со ништо не згрешивме со бугарските закони. Нашиот грев е во тоа што го сакавме нашето отечество. Кога дојдовме тука, се надевавме братски да не помогнете да создадеме своја интелигенција, која ќе го поведе отечеството во борба за ослободување... .

Во текот на понатамошната истрага, бил запрашан која е причината за напутшање на Солунската егзархиска гимназија, зошто го продолжил образованите во Белград и зошто дошол во Софија. Даме одговорил дека вината лежела во строгиот режим на Гимназијата и друштвото Св. Сава кое сакало да ги посрби Македонците . На последното испрашување истрагата била насочена кон Македонското студентско друштво и планираното списание, оттука бил запрашан: Зошто ви е потребно такво списание кога во Бугарија има такви во кои можат слободно да пишуваат сите па и Македонците? На прашањето, Даме одговорил:

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Вишото училиште во Софија
    Тукашните списанија не можат да обезбедат доволен простор за македонските проблеми, а положбата во Македонија е таква што бара посебно гласило. Нам ни престои долга и макотрпна борба за обединување на народот во Македонија за да се спротивставиме не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди, кои го цепат народот на Срби, Грци и Бугари .

Ова било последно испрашување и тогаш било констатирано дека според полицијата се барал Димитар Груев од Прилеп, а не Дамјан Груев од Смилево, Даме сепак бил запрашан дали го познава тој човек на што добиле одговор дека немал можност да се запознае со него по што бил ослободен.

Во текот на истрагата, полицијата составила извештај во кој било истакнатo дека Даме е горделив и лукав човек кој со својата тврдоглавост може да создаде непријатности за бугарската влада и бугарската политика кон македонското прашање. Полицијата препорачала Даме да биде исклучен од Вишото училиште и да се испрати на отслужување на воен рок во бугарската армија со цел за да биде отстранет од Софија.

Даме додека бил во притвор, бил исклучен од Вишото училиште и добил покана за отслужување на воен рок. Затоа Даме и Никола Наумов заминале за Македонија. Притворањето и заминувањето на Даме и Никола Наумов придонеле да дојде до растурање на Македонското студентско друштво.

Крај на патувањето

Мислата за национално обединување на Македонците, иако под маската бугарска, се зафати во 1890 г. Во крајот на 1889 г. се префрлија во Бугарија 30-40 души ученици и студенти Македонци од Белград во Софија. Тие ученици се душата на сите настани во Македонија оттогаш досега

— Крсте Петков Мисирков, За македонцките работи

Со враќањето на Даме во Македонија доаѓа до крај на патувањето на релација Солун — Белград — Софија. Даме и неговите сопатници на ова патување созреале и разбрале дека ослободувањето на Македонија лежи во самите Македонци. За оваа појава Крсте Петков Мисирков во својата книга За македонцките работи истакнува:

    Мислата за национално обединување на Македонците, иако под маската бугарска, се зафати во 1890 г. Во крајот на 1889 г. се префрлија во Бугарија 30 — 40 души ученици и студенти Македонци од Белград во Софија. Тие ученици се душата на сите настани во Македонија оттогаш досега. Тие беа запознаени со Србија и Бугарија, со нивните култури и цели во Македонија. Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави — ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со сви сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија. По нивна иницијатива во почетокот на деведесеттите години се образува едно национално сепаратистичко движење со цел да се одделат интересите на Македонците од бугарските со издигнување на едно од македонските наречја на степен на литературен јазик за сите Македонци. Орган на тоа сепаратистичко движење на Македонците во Бугарија беше списанието „Лоза”.Но тоа духовно движење на Македонците не и’ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза” и фати да ги гони Македонците сепаратисти. Од тоа уште време побегна Дамјан Груев, којшто беше во бројот на Македонците ученици што преминаа од Белград во Софија и во бројот на сепаратистите. Немајќи во Бугарија почва за национален сепаратизам, Македонците што пребегаа од Белград во Софија, се зафатија со образување на револуционерни организации во Бугарија и во Македонија. Видните Македонци револуционери сепаратисти, како Делчев, беа само ученици на првото поколение Македонци ученици српски и бугарски. Исто така и Сарафови другите подоцнежни револуционери се јавија само како нивни продолжувачи и следбеници, но не иницијатори на револуционерната организација. Од самиот зафаток на револуционерната организација Македонците во Бугарија, или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, едно затоа што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добие поддршката на бугарската влада, на бугарскиот народ и на Бугарската егзархија .

Враќање во Македонија

Сетне во Прилеп поминав пак во чисто учителска работа. Немаше почва (револуционерна б.н) таму. Учителите беа со конзервативни идеи. Дури ништо не можеше да се стори по (револуционерната б.н) идејата со нив. Учителите, дури странеа од мене, кога се беше расчуло, дека сум исклучен од Вишото училиште во Софија и дека сум заразен од социјалистички идеи. Во суштина социјализмот го должам на социјалистичката средина во Софија. Сериозно не бев го изучувал социјализмот, ниту некогаш сум бил предаден со фанатизам на тоа учење. Во Македонија ме дразнеа како социјалист, и јас, предизвикан сум го заштитувал тоа учење, но како активен социјалист не сум бил и ниту сум мислел, дека за него има почва во Македонија

— Даме Груев, Спомени, коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Пере Тошев учител во Прилеп
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Учителскиот кадар во прилепската гимназија во учебната 1892-93 година

Во април 1891 година Даме заедно со Никола Наумов ја минал границата и се вратил Македонија. По враќањето се населил во Битола. Во текот на престојот во овој град, Даме стапил во контакт со учителите: Лука Ѓеров, Никола Дуртанчев, Неделко Дамјанов и Никола Кочов. Во текот на овој престој во Битола, Даме дал иницијатива за формирање Учителски сојуз. Најверојатно тоа бил обид за оживување на идејата за формирање револуционерна организација во Македонија, поставена уште во Софија од страна на Македонското студентско друштво, а се пристапило и кон изработка на Устав . За да се прошири револуционерната идеја било предвидено да се создаде една подвижна околиска библиотека. Меѓутоа сите обиди биле попречени од претседателот на егзархиската црковно-училишна општина во Битола, Козма Пречистански .

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Даме учител во Прилеп

Во почетокот на јули 1891 година, Даме до егзархиската општина во Битола поднел барање за негово назначување за учител, а под влијание на општинската комисија, Козма Пречистанки го назначил Даме за учител во Смилево. Даме во учебната 1891/92 година бил егзархиски учител во родното место со плата од 30 лири . Во Смилево, Даме предавал и во егзархиското училиште но и во вечерното училиште кое било новоотворено. Вечерното училиште било поставено врз чисти просветни цели , за разлика од егзархиското, во кое имало и црковни предмети. Во Смилево, Даме не презел револуционерна агитација, најверојатно поради проблемите во текот на негово назначување и општата состојба во селото кое било егзархиско-конзервативно настроено.

Во учебната 1892/93 година, Даме бил назначен за егзархиски учител во Прилеп со плата од 40 лири. Во градот, Даме се вселил во куќата на Коне Браиловецот до Васил Крапче спроти билјардото на Чичовци. Неговиот престој во градот не одел глатко, требал да мине низ разни владици и комисии, а по назначувањето бил ставен под надзор поради неговото минато. Во тој период Даме се приклучил на аматерската драмска група која ја приготвувала драмата Вера, Надеж и љубов, а Даме ја играл ролјата на Луција . Во новата градска средина, Даме не бил прифатен поради неговото минато.

Во тој период негови поблиски пријатели биле: Пере Тошев, Самарџиев, Ицко Ангелов, Сотир Хаџиилиев, Јован на Димак и други . Даме и во овој период не се откажал од својата идеја за основање на една револуционерна организација во Македонија. Меѓутоа услови за формирање таква организација во Прилеп нема, првенствено поради козерватизмот во прилепската средина. Таквата состојба во Прилеп, придонела Даме да го напушти градот по завршувањето на учебната година. Во писмото испратено до Никола Дејков, Даме истакнал дека нема да остане без работа и дека најверојатно ќе замине за Солун .

Волја на револуционерна Македонија

Основање на Македонската револуционерна организација

Во Солун ја поминав следната година, на работа во печатницата на Самарџиев. Тука се сретнав со свои стари другари: Поп Арсов, Андон Димитров (род. од солунското с. Ајватово, сега член на битолскиот суд); д-р Христо Татарчев, Хаџи Николов (од Кукуш), Христо Батанџиев (од Гуменџе, секретар на солунската општина?). Со нив ја обновивме старата идеја. Се згрупиравме, и сложно изработивме статут-правилник. Во неговата основа ги поставивме истите начела: барање да се примени Берлинскиот конгрес.

— Даме Груев, Спомени

Солун како економски, културен и политички центар на Македонија привлекол голем дел од македонската интелигенција , особено онаа која била револуционерно настроена, а меѓу нив и Даме. Тој во јули го напуштил Прилеп и се нашол во Солун каде што се вработил како коректор во печатницата на Коне Самарџиев, со плата од 50 лири и услов да не му се мешаат во работата.

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Христо Татарчев, прв претседател на Централниот комитет на МРО
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Солун во 1897 г.

Во Солун, Даме наишол на повеќемина соистомисленици кои ги делеле неговите идеали. Во 1892 година во македонскиот центар се нашол Иван Хаџи Николов, а на 11 септември 1893 година тој ја отворил својата книжарница. Есента 1892 година како лекар во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ се вработил Христо Татарчев.

Во есента 1893 година како професор при Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ се вработил Петар Поп Арсов. Даме и Поп Арсов заедно созреале на релацијата Солун — Белград — Софија, тие двајца биле едни од главните протагонисти на Македонското студентско друштво во Софија, Поп Арсов преку Лозарското движење се запознал со Иван Хаџи Николов и најверојатно Арсов бил врската помеѓу Даме и Хаџи Николов. Даме од Арсов разбрал за нереализираните револуционерни планови на Хаџи Николов .

Во август 1893 година Даме се запознал со Христо Татарчев, барајќи од него медицинска помош. На третата средба Даме се отворил и разговарале за политичката положба на нашиот народ. Даме на оваа средба се обврзал да пронајде други лица за идејата, а Даме во тој период се зближил и со Андон Димитров.

На 21 октомври, односно 2 ноември (во нов стил) 1893 година покрај солунскиот брег се сретнале Даме, Иван Хаџи Николов и Антон (Андон) Димитров, тие разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да формираат револуционерна организација. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев. Се договориле за два дена да имаат нова средба, на која дошло до создавање на Македонската револуционерна организација.

На 23 октомври 1893 година, (стар стил), се одржал состанок на кој присуствувале Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила — Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово — Солунско и секако домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско. На оваа средба била разгледана општата состојба во Македонија, и дошле до заклучок дека положбата на населението е неподнослива, за да се подобри потребна е една: планомерна и сериозна акција, и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има .

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Белата кула
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Споменик на основачите на МРО во Скопје

Била разгледана и опцијата самата османска власт да ја подобри положбата на христијаните преку реформи, но се согласиле дека тоа е невозможно, сè додека не дојде до суштинска промена во душите и традицијата на муслиманите . Откако ја отфрлиле оваа опција едногласно се согласиле да се формира револуционерна организација. Според И. Х. Николов тогаш биле прифатени следните начела:

    Организацијата да е тајна и револуционерна, нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна, во неа ќе членуваат родени и лица што живеат во Македонија без разлика на вера и народност, политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија, да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави .

Јануарската средба се одржала на 5 јануари 1894 година , пред Богојавление, за божиќните празници. Тогаш дошло до конкретно основање на Македонската револуционерна организација. На оваа средба била дефинирана целта, а било донесено и името на Организацијата и ЦК.

За време на јануарската средба бил конституиран Централниот комитет во него влегле 6-мината основоположници. За претседател бил избран Христо Татарчев (псевдоним Свеимиров), за секретар и касиер бил избран Даме Груев (Брајан Митрев), а Иван Хаџи Николов во отсуство на Татарчев ја заземал неговата позиција.

Централниот комитет го задолжил Петар Поп Арсов да го создаде нацрт-уставот и да ја напише брошурата Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници . Во врска со зачленувањето во организацијата бил прифатен предлогот на Иван Х. Николов, дека во организацијата можат да членуваат сите кои имале јасни децентрализирачки ставови во однос на црковно-просветното дело во Македонија, тие да се сметаат за погодни, а оние кои биле приврзаници на егзархиската централистичка политика да се сметаат за непогодни .

Први револуционерни чекори

Нашето ново сепаратистичко движење, имено е плод на обидот на Бугарија да се добере до нас. Тоа излезот го наоѓа во заземањето едно ново поведение од страна на Македонците спрема соседите, а првенствено кон Бугарија... новите сепаратисти си поставуваат за цел спроведување меѓу населението на мислата за самостојно работење... Но тоа не значи уште од сега да се проповеда со бајрак. Се стремиме некое време да проповедаме тајно, додека се подзасилиме, но и за да не дадеме можност на непријателот да биде претпазлив и да ни пречи.

— Даме Груев, 7 февруари 1894, писмо до Никола Дејков
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Портрет на Даме
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Солунската машка гимназија во 1900 година.

Првите чекори на Македонската револуционерна организација се тесно поврзани со Даме. Тој се истакнувал со своето образование и комуникативност, со челична волја и вроден реалистички осет, се пројавил како сјаен агитатор и неуморен организатор . Даме бил слаткодумен и авторитетен . Даме во своите агитации:

    секогаш тргнуваше од основната мисла дека економската положба се наоѓа во тесна врска со политичката слобода . При револуционерната агитација бил внимателен, но понекогаш директно запрашувал: Готов ли си да умреш за Македонија.

Татарчев, првиот претседател на Централниот комитет на Македонската револуционерна организација за Даме вели: беше еластичен, прониклив и практичен ум, помалку на теорија, отколку на дело. Во практика тој имаше нешто сократско по иронијата и методот на пропагирањето на ослободителната идеја. Секогаш почнуваше со вообичаени нешта од животот, кои го засегаа собеседникот, додека најпосле го воведе во гонетата цел. Тој вообичаено се однесуваше со извесен сомнеж кон собеседникот, обично прикриен со иронија и смев, кои го издаваа неговиот внатрешен немир. Неговиот индуктивен манир и вера во народните сили многу му олеснуваа во пропагандата. Тие квалитети, од него создадоа еден редок организатор — апостол .

Бидејќи Солун бил одреден за престолнина на Организацијата, како град кој требало да одигра историска улога за македонскиот народ , првата револуционерна активност била меѓу солунското егзархиско граѓанство. Првите членови на Македонската револуционерна организација биле покрстени од Даме, а меѓу првите биле: Алексо Келешов, Васил Папанчев, Атанас Мурџев, Александар Хаџи Панов, Славејко Стрезов и Тодор Станков. Набргу потоа, биле покрстени Васил Мончев и поп Стамат Тончев од село Бугариево, кој ја проширил организациската мрежа низ солунските села.

Во првата половина на 1894 година бил создаден Училиштен кружок во солунската гимназија, а негов раководител бил Даме. Целта е преку овој кружок да се агитира меѓу повисоките класови на машката егзархиска гимназија и ширење на револуционерните идеи меѓу македонските ученици. Податоци за создавањето и организацијата на кружокот дава Тодор Станков. Овој кружок со Даме одржувал врска преку ученикот Александар Хаџи Панов од Прилеп, притоа членовите на кружокот одржувале редовни состаноци со Груев, на овие средби тој им давал револуционерна литература која тие требале да ја прочитаат до следната средба, а тогаш требало да се продискутира за прочитаното, по што Даме го поставувал прашањето:

    Дали народот во Македонија може да се организира за ослободување од Турците преку револуционерна борба?.

Со ваквото делување учениците се револуционизирале, а кружокот се ширел. Седмокласниците од гимназијата се подготвувале за идна револуционерна дејност и агитација во името на Организацијата низ Македонија, додека пак шестокласниците требало да го заземаат нивното место во кружокот. Една недела пред завршувањето на учебната година членовите на кружокот во станот на Петар Поп Арсов формално дале заклетва пред евангелие, кама и револвер.

Во овој период Даме се соочил и со неуспех во обидот за привлекување на нови членови, тој бил одбиен и од блиски познаници. Меѓу нив бил Димитар Мирчев, соученик на Даме, кој подоцна се нашол во егзархиската групација и Бугарското тајно револуционерно братство. За време на велигденските празници во 1894 година, Даме и Иван Хаџи Николов заминале за Сер со цел да го поканат Христо Матов да влезе во Организацијата, но неговиот одговор бил дека ќе размисли . Меѓутоа Мирчев и Матов не биле единствените кои дале негативен одговор. Даме во писмото до Никола Дејков од 7 февруари 1894 година истакнал:

    Нашиот народ е затапел, своето го презира, а за верба во себе тешко сака и да слушне. Црковно-училишните работи од пред неколку години се во владение на неколцина... Народот се отеглил целосно, малку ги согледува и цени своите интереси. Затоа барањето сега на негово содејство честопати удира на камен, како да се кани за поход на Кина .

И покрај неуспехот, Даме и неговите содејци не се откажале од агитацијата. Според Даме прво нивно дело е отворањето на Неделното училиште во Солун . Кога е отворено ова училиште точно не се знае, според Иван Хаџи Николов одлуката за формирање на Неделното училиште е донесена за време на некоја од средбите од страна на основоположниците на Организацијата. Меѓутоа факт е дека ова училиште егзистирало во февруари 1894 година . Тоа било сместено во покривот на зградата која била сметена до црквата Св. Димитрија. Негови раководители биле Даме и Лазар Димитров додека пак училишните предавања ги изведувал Иван Ачков . Преку оваа училиште требало да се покрене духот на населението и да се провери дали има погодна почва за делување меѓу населението во Солун, откако било потврдено дека почвата е погодна по два месеци училиштето било затворено.

Македонската револуционерна организација бргу успеала да стекне авторитет сред егзархиската средина во Солун. Во текот на изборите за црковно-училишната општина победила списокот на Организацијата на чело со Татарчев. Меѓутоа егзархиската групација се пожалила кај Бугарската егзархија и новоизбраната општинска управа не била потврдена 10 месеци. Бил донесен нов правилник и биле спроведени нови избори, но списокот на Организацијата повторно победила.

Новоизбраната пансионска комисија била непризнаена од Михаил Сарафов, директор на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Затоа солунската општина на чело со Татарчев испратила заканувачко писмо до Егзархијата во кое било истакнато дека тие ќе ги прекинат врските со Цариградскиот оддел и со самата Егзархија бидејќи тие застанале зад Сарафов. Даме истакнува дека со судирот меѓу општината и директорот успеале да предизвикаат:

    ... љубов и интерес меѓу масата, која се беше преобрнала во едноставен набљудувач... а и тоа сега не е малку. Назад сè уште суштинските ѓурултии, но тие се неизбежни за да се посоживи народот. Ептен го убија со тие пусти помошти... на многу места сме допуштиле националното сознание и единство, само со пари да се добива. Што можеш да очекуваш од таков народ и може ли најпосле да се нарече народ, кога нема ништо што би го поврзало со поттикнување .
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Михаил Сарафов
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Прослава при солунската гимназија по повод денот на браќата Кирил и Методиј

Преземањето на солунската егзархиска општина, всушност бил почеток на борбата која ја започнала Македонската револуционерна организација за контрола на црковно-учлишните општини во Македонија

Поради недостаток на изворна документација не е познато кога биле формирани првите револуционерни јадра низ Македонија. Меѓутоа вр основа на коресподенцијата на Даме може да се каже дека работите се одвивале динамично. Многу бргу биле воспоставени контактите со внатрешноста и Бугарија. Дека работите добро се одвивале потврдува и Даме во писмото од 9 февруари 1894 година испратено до Дејков:

    ... во внатрешноста се образуваат тајни кружоци од месни лица... тие се потчинуваат на извесна Организација и се наоѓаат во заемни односи... Инструкциите се уважуваат само откако ќе станат решение на Централниот .

Во писмото од 31 март 1894 година Даме истакнал: Крајната цел за сега останува приватна, додека за членовите е задолжително да внесуваат извесна сума во фондот сообразно својата состојба... Не е неопходно членовите меѓу себе да се знаат, туку само претседателите контактираат .

Врз основа на писмата кој Даме ги испратил до Никола Дејков може да се каже дека првите револуционерни јадра низ Македонија биле воспоставени во текот на февруари и март 1894 година . Овие револуционерни кружоци не претставуваат комитети во вистинска смисла на зборот, меѓутоа тие биле основа за идните револуционерни комитети на Организацијата.

Обиколка низ Македонија

Од Кавадарци отидов во Прилеп. Тука го затеков Алексо Панов, со него и со Јордан Поп Костадинов (учител, тамошен), и со Јордан Гавазов (железар) и неколцина други формиравме „комитет“ („месен комитет“). Претседателот се избираше од сите. Оттаму отидов во Битола. Тука најдов познати другари - Пере Тошев, со кого порано заедно учителствувавме во Прилеп (тој е родум од Прилеп; а завршил VI клас во Пловдив). Тој беше единствениот со кого бев поинтимен, и со кого си имав разбирање, но тогаш уште бевме немоќни да започнеме нешто. Во Битола Пере Тошев беше без служба, живееше кај своите браќа, банкари... По неколку дена од Битола заминав во Ресен, по повод осветувањето на црквата. Оттука отидов во Охрид. И во двата града формиравме комитети. Се вратив преку Ресен, туку не се сеќавам точно дали формиравме комитет и во Ресен... Во Охрид во Комитетот влегоа учителите Александар Чакаров (сега учител во Новоселци), Лев Огненов (главен учител). Откако наминав и во Струга, се вратив назад во Битола. По пат не придружуваа Алексо Панов Прилепчанчето и Григорев - Попев, прилепчанец. Се сретнавме во Ресен при посветувањето на црквата. Воопшто идејата се пресретнуваше добро во потесен круг

— Даме Груев, Спомени
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Даме, Григор Попев и Александар Хаџи Панов во арнаутска облека на пат за Охрид
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Собирот при осветувањето на црквата Св. Кирил и Методиј во Ресен, меѓу народот е и Даме

Во летото 1894 година по барање на Централниот комитет, Даме презел една поголема обиколка низ Македонија во текот на јули и август, неговата намера била подготви револуционерна почва. Најпрво го посетил Штип каде што наишол на неколку граѓани кои биле благонаклонети, меѓутоа Даме сепак сметал дека е прерано да зборува за револуционерната идејата и затоа тогаш не бил формиран револуционерен комитет.

Во јули Даме се нашол во Кавадарци и го формирал првиот револуционерен комитет на Организацијата во Македонија . Прв член во Кавадарци бил ученикот Иван Минчев, тој со Организацијата бил запознаен уште во Солун, а Даме преку Минчев стапил во контакт со главниот учител Пане Иванов и кавадаречкиот учител Иван Велков. Даме им дал преписка од уставот кој го носел со себе, тие двајца дале заклетва пред Даме, а за претседател на комитетот бил поставен учителот Пане Иванов. Во Кавадарци Даме се задржал неколку дена, а потоа со членовите на комитетот заминал за Ваташа каде што биле покрстени неколкумина.

Од Кавадарци, Даме заминал за Прилеп. Во овој град бил формиран комитет со помош на веќе покрстените Александар Хаџи Панов и Тодор Станков. Во прилепскиот револуционерен комитет влегле: Александар Хаџи Панов (претседател), Тодор Станков, Атанас Иванов, Иван Гагалев, Јордан Гавазов, Јордан Поп Костадинов и други .

Даме набргу пристигнал во Битола каде што се сретнал со својот пријател Пере Тошев. Најверојатно тогаш бил формиран комитет во кој влегле: Пере Тошев (претседател), Атанас Лозанчев, Григор Попев и Георги Пешков. Во Организацијата тогаш биле вклучени Неделко Дамјанов и други десет души. При посетата на Битола, Даме го поканил својот познаник од студентските денови Никола Наумов да се вклучи во редовите на Организацијата, но неговиот одговорот бил негативен.

Од Битола, Даме заминал за Ресен каде што се одржало едно советување на организациските членови. Како повод за советувањето било искористено осветувањето на ново изградената црква Св. Кирил и Методиj. Советувањето започнало во куќата на Татарчеви и траело три дена. На него присуствувале претседателот на Организацијата, Христо Татарчев, Даме, Атанас Лозанчев, Георги Пешков, Григор Попев, Трајко Доревски, Александар Хаџи Панов, Славејко Стрезов, Александар Чакаров, Атанас Мурџев и Тодор Станков . Оваа советување требало да има регионален карактер и одлуките донесени требало да се однесуваат само за Битолскиот револуционерен округ меѓутоа тие влијаеле во целина врз Организацијата.

По советувањето, Даме во придружба на Александар Хаџи Панов и Григор Попев заминал за Охрид. За да остават впечаток биле облечени во арнаутска облека и со револвери во појасите. Сакале да покажат: ете, гледајте не, ние станавме четници. Овој чин бил овековечен со една фотографија. Во Охрид тие се сретнале со Кирил Прличев, Никола Филипчев, Лев Огненов и стружанецот Александар Чакаров. Даме зборувал одделно со секој од нив и им го објаснил неговото доаѓање во градот и целта на неговата пошироката обиколка низ Македонија. При оваа посета бил формиран комитет во Охрид, а во него влегле: Георги Николов, Никола Филипчев, Лев Огненов и Александар Чакаров.

Даме го продолжил патувањето кон Струга во придружба, Попев, Хаџи Панов и Александар Чакаров. Ноќта групата престојувала во куќата на Чакаров, а престојувале и неколку учители. Христо Матов со кого се виделе дента не се појавил на средбата. На овие разговори главен збор има Даме. За Дамевата агитација, Григор Попев истакнал:

    (Даме б.н) зборуваше за економската положба, откако истакна дека таа може да се подобри само при политича слобода. Даме можеше да зборува со часови без да почувствува умор... При спроведувањето на своите агитации, Даме секогаш тргнуваше од основната мисла дека економската пложба се наоѓа во тесна врска со политичката слобода. Својата мисија Даме ја откриваше само на лица во кои има доверба .

При посетата на Струга бил формиран комитет во кој влегле: Хаџов, Шајнов и Чакаларов . По формирањето на комитетот, Даме со своите пријатели се вратил по истата релација: Струга — Охрид — Ресен — Битола. Во текот на двомесечната обиколка, Даме успеал во Битолскиот вилает да формира организациска мрежа со што биле надминати организациските јадра од претходниот период, со обиколката била поставена базичната мрежа на Битолскиот револуционерен округ.

Штип

Тогаш во Штип дојдоа Гоце Делчев и Дели Иванов. Во делото веќе имавме посветено неколкумина од еснафите. По Божиќ се посветија во делото и други луѓе. Делчев веднаш ми остави силен впечаток со својата отвореност и чесност. При првите обиди да приклучува нови луѓе, тој беше дури и претерано отворен, па мораше да го контролираме, за да не ја искаже нашата слабост, слабоста на Организацијата. Тој постојано се стремеше да ја каже сета вистина, бидејќи сметаше оти секој треба да ја прифати идејата исто онака како што и тој ја прифатил. Беше многу пргав

— Даме Груев, Спомени
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Гоце Делчев, срцето на револуционерна Македонија
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Штип во почетокот на 20 век
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Поглед кон Ново Село во почетокот на 20 век

Во учебната 1894/95 година Даме пристигнал во Штип како учител. Неговото заминување од Солун било во согласност со Централниот комитет, тој требало да го прошири влијанието на Организацијата во Скопскиот вилает, или во најмала рака да создаде пункт во тој дел од Македонија, бидејќи веќе во другите делови постоела базична мрежа.

Училишната управа го поставила Даме за главен учител, но на тоа се спротивставил Скопскиот егзархиски владика Максим. Истовремено Егзархијата на истото место го поставила и Туше Делииванов, оттука за да се прекрати спорот со владиката, Даме се повлекол од функцијата главен учител , меѓутоа отстапката пред владиката била само привидна, бидејќи Туше бил човек на Македонската револуционерна организација. Во Штип, Даме живеел во куќата на Мите Теранцелиев, стар селски учител. Куќата на стариот селски учител се наоѓала во близината на училиштето и црквата Св. Богородица .

Даме веднаш се зафатил за апостолска работа и за кратко време во Организацијата покрстил неколку нови членови: Тодор Лазаров, Димитар Мирасчиев, Мане Муфтиски и Коце Дончев . По првите покрстувања бил формиран и комитетот во градот, а во него влегле: Тодор Лазаров (претседател), Михаил Арсов, Александар Малински, Мише Развигоров, Мите Теранцелиев и Ефрем Чучков . По формирањето на комитетот, Даме презел дејност за проширување на револуционерната идеја низ селата.

Заедно со Трајко Калајџиев, откако претходно бил поканет од учителот Кралев, заминал за селото Горни Балван. Пред Кралев, Даме отворено зборувал за револуционерната идеја. Меѓутоа на оваа средба бил и братот на Кралев, кој бил турски заптија. Апостолот сакал да го придобие братот на Кралев на страната на Организацијата, но во тоа се излажал. По неколку дена заптијата заминал за Штип на средба со Даме, а потоа заминал во селото Немањици каде што подметнал едно компромитирачко писмо меѓу црковните книги. По една недела, заптијата се вратил во Штип со двајца Турци, кои биле облечени во арамиска облека, тие требало да бидат претставени пред Даме и да остават впечаток на востаници. Тој им поверувал и ги поканил во својот дом. Во меѓувреме, селаните од Немањици дошле кај Даме и му објасниле за случувањата во селото по откривањето на подметнатото писмо, истовремено бил приведен и учителот Кралев, оттука Даме разбрал дека се работи за стапица. Веднаш ги уништил сите компромитирачки материјали и коресподенција. Целата случка завршила без никакви последици .

Во меѓувреме, Туше Делииванов и Гоце Делчев поднеле молба до Егзархијата за да бидат назначени за учители во Македонија. По десет дена биле назначени за учители во Штип. Делчев бил назначен за учител од страна на учителската управа во Штип, а Делииванов бил назначен од Егзархијата. Кон крајот на октомври или почетокот на ноември 1894 година во Штип, пристигнале Гоце и Делииванов . Уште неслезени од коњите биле пречекани од Даме, тој ги повел со себе и ги сместил во куќата на Мите Теранцелиев. Таму им ја отстапил својата соба и се преместил во помала каде што имало еден кревет. Уште првата вечер Даме ги отворил карите со прашањето зошто не останале во Бугарија, на тоа Делчев одговорил:

    Зарем може да има друго место за еден Македонец, освен во Македонија? Зарем има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде по широко поле за работа отколку во Македонија .
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Црквата Успение Богородично и училиштето во Ново Село, почетокот на 20 век
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Куќата во која живееле Даме, Гоце и Туше

Делчев на долго ги објаснувал своите планови, а Даме воодушевен од слушнатото рекол: Добро сте ми дошле !, и им дал еден примерок од уставот на Организацијата . Следната вечер Делчев положил заклетва пред првенецот на Организацијата . Груев бил импресиониран од Гоце, а за него вели:

    Делчев веднаш ми направи впечаток со својата отвореност и чесност .

Таа вечер тројцата ја поделиле организациската работа, Даме и Делииванов го презеле Штип и селата од неговата страна, Гоце го презел Ново Село и селата од таа страна. Околу Божиќ, веќе целиот град и Ново Село биле опфатени од револуционерната треска. Биле организирани собранија на посветените, членовите биле поделени на групи на чело со началник (десетар). На собранијата, се давале упатства, се делеле книги и весници . Во текот на револуционерната агитација, според Даме, Гоце бил премногу отворен и морале да го контролираат.

Во меѓувреме Гоце формирал канали за комуникација со Бугарија, а Даме раководел со штотуку отвореното Неделно училиште во Штип. Даме го искористил претходното искуството кое го стекнал со сличната институција во Солун. Во работата на Неделното училиште учествувале повеќе учители, но најдобро предавал Даме, повеќето од граѓаните ги напуштале другите часови или предавањата за да го слушаа него . Меѓу останатото, за штипските граѓани била изведена театарската претстава Иванко и други пиеси со револуционерна содржина, а како глумци се појавувале: Даме, Гоце, Делииванов, Ѓурков и други . Десет дена пред завршувањето на учебната година, Даме, Гоце и Делииванов во близината на бањата Кнежовица организирале проштално собрание со раководителите и членовите на Организацијата. На собранието била разгледана состојбата и биле дадени упатства за идната дејност. Во текот на неполна година, благодарение на Даме, Гоце и Делииванов, во Штип и Ново Село имало 400 заколнати членови на Македонската револуционерна организација.

Сите околни села биле организирани, во секое село имало од 4 до 5 души, а некаде и по 20 души, имало уредено канали за пренесување на оружје, литература и друго. Три дена пред завршувањето на учебната година, Даме го напуштил Штип и се вратил во Солун, меѓутоа Даме бил спокоен, бидејќи во Штип го оставил Гоце Делчев, кој веќе ги пројавил своите високи организациски квалитети .

Прв контакт со Македонскиот комитет од Софија

Се најдов со Туфекчиев, Љапчев и со Китанчев. Јас им раскажав за нашата организација внатре, што имаме и што сме сториле. Китанчев беше веќе болен, па не можевме да прикажуваме за востанието. Ова последново многу ни пречеше на планот. Веднаш разбрав со какви средства започнале, па не очекував никакви особени резултати

— Даме Груев, Спомени
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Трајко Китанчев

На 19 март 1895 во Софија се одржал І македонски конгрес на македонската емиграција при што дошло до формирање на Македонскиот комитет на чело со Трајко Китанчев. Комитетот се залагал за политичка автономија на Македонија приложена и гарантирана од големите сили. Македонскиот комитет како легална организација и со поддршка на бугарската влада и кнезот Фердинанд I многу бргу го организирале и спровеле т.н. Мелничко востание. Меѓутоа Централниот комитет на Македонската револуционерна организација бил незадоволен од иницијативата на македонските емигранти во Софија . Затоа по барање на самиот ЦК околу 10 јули 1895 година во Софија престојувал Даме. За овој престој Даме вели:

    ... заминав за Софија да проучам што се гони со четите, кои беа започнале да ја минуваат границата, — се готвеше востанието во 1895 г. До тогаш ние внатре немавме никакви врски со надворешната организација во Кнежевството .

Во Софија, Даме се сретнал со главните дејци на Македонскиот комитет: Трајко Китанчев, Андреј Љапчев и Наум Туфекчиев. На оваа средба Даме ги информирал за Македонската револуционерна организација и побарал морална и материјална поддршка. Даме истакнува дека со Трајко Китанчев не разговарале за востанието, иако тоа многу им пречело. Од овие контакти Даме разбрал со какви средства започнала сета акција, па затоа тој од Мелничкото востание не очекувал особени резултати. Меѓутоа за него како и за Организацијата била важно што македонската емиграција почнала да работи во истиот дух.

Додека престојувал во Софија, Даме успеал да ја добие наклонетоста на дел од македонските емигранти во Бугарија да се заложат кај Училишниот оддел во Цариград за да биде назначен за училиштен инспектор во Солунско со што се создале услови за негово враќање во Централниот комитет. Откако ја уредил оваа работа, Даме ја напуштил Софија и преку Пловдив — Одрин — Дедеагач се вратил во Солун.

Враќање во Централниот комитет

(Даме б.н) фактички ја раководеше целата работа на Организацијата - ги пречекуваше и испраќаше сите пратеници од провинцијата, како и сите видни Македонци коишто доаѓаа во Солун, и со ретка умешност ги изучуваше и привлекуваше за идејата, притоа приспособувајќи се по најчуден начин кон професијата, интересот и карактерот на секој еден, тој лично даваше директиви на сите раководители од провинцијата кога доаѓаа во Солун воопшто. Даме ги држеше сите нишки на Организацијата, којашто живееше, растеше и се пројавуваше главно под негово директно и силно влијание

— Велко Думев, Даме Груев - живот и дело...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Ѓорче Петров
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Христо Матов

Во летото 1895 година како училиштен инспектор се вратил во Солун, а требало да стапи на должноста на 1 септември со плата од 70 лири. Тој бил поставен од страна на Егзархијата, односно Училишниот одел во Цариград за училиштен инспектор во Солунската каза и имал должност да ги надгледува егзархиските училишта, да се грижи за реализација на наставната програма и да дава извештаи за работата на учителите. Даме требало своите извештаи да ги испраќа преку Солунската црковно-училишна општина до Училишниот одел.

Дамевото назначување за училиштен инспектор уследило откако дел од македонските емигранти од Бугарија се заложиле за него кај оделот во Цариград и всушност тој под маската на училиштен инспектор требало да ја продолжи својата револуционерна дејност во Солун. Според бугарскиот трговски агент од Солун, Атанас Шопов, Даме бил назначен за инспектор по препорака на бугарскиот воен министер Рачо Петров. За овие случувања Даме во писмото до својот пријател Дејков истакнал:

    Тоа е нова служба за тука и моето назначување не е баш удобно и за самото началство, но требаше да ми се даде леб во Солунско бидејќи моето физичко растројство го изискува тоа. И да знаеш, друже, сега колку сум здрав и добар! Авансирам со восхит .

Веднаш по враќањето во Солун, дал иницијатива за одржување на организациско советување под маската на Учителски собир. На советувањето биле присутни Даме, Пере Тошев, Гоце Делчев, Иван Хаџи Николов, Атанас Маџаров и други раководители на Организацијата. Коста Кондов истакнува дека всушност на советувањето имало учители од цела Македонија, блиски до револуционерната идеја или посветени во Организацијата. Меѓу нив биле: Сава Михајлов, Христо Ников, Христо Динков, Гоце Червениванов, Трајко Јотов (Ѓотов), Ванчо Мицов и други. Главна тема на советувањето бил односот на Организацијата кон Македонскиот комитет во Софија и Бугарската егзархија. Советувањето минал под влијание на Пере Тошев и било решено Кондов да однесе писмо од Пере до Васил Иванов К’нчов во Цариград како и да ги претстави барањата на Организацијата пред Комитетот во Софија. Со оваа советување Организацијата јасно го поставила својот став во однос на надворешните фактори, а нејзините барања до Комитетот биле: МК во Софија да дејствува во хармонија со целите и задачите на МРО и заемно да ги почитуваат респективните територии, МК во иднина да не испраќа чети во Македонија, ниту вооружени поединци, МК да не влегува во врска со самонаречени претставници на МРО, кои немаат полномоштво, ниту пак да им дава средства и материјали во нејзино име, МРО предупредува дека ќе биде беспоштедна кон сите што не ги почитуваат нејзините закони и правилници, и кон оние, што без нејзина согласност вооружени навлегуваат на нејзина територија. Враќањето на Даме во Централниот комитет имало преродбенички карактер не само со Централнниот комитет туку и за Организацијата во целина. Според Ѓорче Петров:

    практичните работи ги вршел Даме, кој исцело бил предан на работата, особено за градот Солун .

Во овој период, Дамевите организациските способности до целосен израз. Тој ги користел велигденскиот и коледниот одмор за да ги посети градовите во внатрешноста на Македоннија, покрстувајќи нови членови. Во Солун доаѓале доверливи личности од внатрешноста кој биле покрстувани во Организацијата. Сета оваа дејност придонела да дојде до зацврстување на постојните комитети, но и до формирање на нови. Самиот тој вели дека, тогаш Централниот комитет почнал поредовно да функционира и го добил она суштинско значење на Централен. Најголемиот дел од коресподенцијата ја водел Даме. Пошта се добивала од голем број на градови претежно од Солунско и Битолско. Писмата биле шифрирани со хемиско мастило до разни адреси. За Солунско пишувал Даме. Поважната коресподенција ја пишувал со Ѓорче Петров, а Христо Татарчев како претседател на ЦК ги потпишувал најважните писма. Писмата на ЦК биле со другарски карактер, а многу ретко во форма на заповеди.

Дека добро напредувале е фактот што на 25 август 1895 година, Даме во Организацијата го покрстил Христо Матов, кој на пат за Скопје за да ја преземе директорската должност при тамошната егзархиска гимназија, минал низ Солун. Заедно со Матов во Организацијата го посветил и поранешниот свој соученик Христо Поп Коцев, кој потоа го основал првиот комитет во Одрин. Даме во текот на својата револуционерна дејност настојувал на испразнетите места при егзархиските институции да бидат назначени луѓе блиски до македонската револуционерна идеја и оттука се обидел да го сондира својот пријател Никола Наумов, тогашен секретар при Скопската егзархиска митрополија, меѓутоа не се случило.

Меѓутоа Даме продолжил со својата агитација. Во Воден тој ги покрстил градските чорбаџии и првенци. Даме се сместил во куќата на Ване Занешев и ги повикал неговите браќа Зано и Ичо, а потоа пристигнале Ване Лажев и свештеникот Димитар Поп Тушев, сите биле покрстени во Организацијата, a таму не се правело разлика меѓу егзархистите и патријаршистите. Во 1895/96 година под раководство на Даме, Централниот комитет започнал да го издава хектографираниот весник Востаник.

Ѓорче Петров, истакнува: Солунскиот весник на Дамета врвеше за потежок по содржина и по издржан стил, а нашиот (битолскиот, На оружје б.н) беше побуен, пожив .

Судир со Врховниот комитет

Зошто не користите шифрирана азбука, или сметате дека ние живееме во Швајцарија?... Ние се криеме од ѓаволот, а вие не вадите на пазар

— Даме Груев, Спомени - Коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Андреј Љапчев
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Данаил Николаев

Во периодот меѓу 3 и 16 декември 1895 година се одржал ІІ македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија. Меѓу другото, конгресот ги разгледал односите помеѓу Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, комитетот бил преименуван во Врховен македонски комитет, а за претседател бил избран генералот Данаил Николаев.

По изборот на генералот Николаев за претседател, Македонскиот комитет манифестирал тенденција за потчинување на Организацијата и претворање на нејзиниот Централен комитет во орудие за остварување врховистичките цели. Уште пред одржувањето на ІІ македонски конгрес, Комитетот го поканил ЦК да испрати свој делегати, но поканата била одбиена. По конгресот, и покрај тоа што Организацијата ја одбила поканата за учествува, од своја страна ВМК до ЦК испратил писмо од 28.12.1895 година во кое известува за работата на конгресот и било истакнато дека конгресот го овластил комитетот да стапи во тајна врска со Организацијата. Со ова писмо, Комитетот се обидел да ја објасни својата улога и улогата на Организацијата во македонското револуционерно движење. Комитетот за себеси го задржал правото над дипломатијата, а според погледите на самиот Комитетот, Организацијата требала да претставува средство за притисок. На оваа писмо ЦК одговорил со свое писмо од 20.01.1896 година, потпишано од Татарчев и Даме во кое било истакнато дека:

    ние продолжуваме да го подготвуваме народот во духот на зацртаната програма и остануваме согласни со сите, кои ја споделуваат нашата девиза.

Во февруари 1896 година односите меѓу двете организации уште повеќе се влошиле кога Гоце Делчев остро се спротивставил на обидот на генералот Данаил да се наметне над Организацијата. Делчев по враќањето во Македонија во писмо до Н. Зографов истакнал дека: Рибата смрди од главата, така е и со Врховниот. Затоа во март 1896 година во Софија се нашол Даме со цел да ги смири односите меѓу двете организации. Неговата посета била официјална како делегат на Централниот комитет на Македонската револуционерна организација. На 17 март 1896 година, Даме учествувал на заседанието на Врховниот комитет, а таму ги претставил ставовите на самата Организација. Според Протокол No. 14 од 7 март, Груев ги претставил условите:

    Централниот комитет на МРО (б.н) да ги запази за себе не само внатрешната автономија по однос на пропагандата, но и уште да остане наполно независен спрема ВМК во дејствата како: избирање на датуми за востание, негово прогласување и водење на преговори по делото како со приватни и официјални лица и институции, така и со некои влади.
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Факсимил од писмото на ЦК до Врховниот комитет

Toj истакнал дека ако Врховниот комитет го добие правото да одлучува за сите прашања, тој може да стане извор за наметнување на незрели и необмислени мненија . Барањата на Даме биле одбиени од Комитетот и тој поднел свој услови: 1) Само со решение на ВМК ќе бидат преземени какви и да се дејства во Македонија; тој ќе се смета за единствено компетентен за определување датум за подигање востание; 2) Неговите решенија ќе бидат ставени во исполнување преку ЦРМК, ако пак последниот најдува за неудобно и невозможно за исполнување на тие решенија, тој го известува за тоа, заедно со мотивите, ВМК; ако тој и по повторното изучување и разгледување на заемното решение и претставените мотиви настојува на своето прво решение, ЦРМК е се задолжува безусловно да ги исполни; 3) ЦРМК без знаење и согласност на ВМК не ќе може да влегува во спогодба ниту со приватни и официјални лица и установи, ниту со кои и да се влади; тој не ќе може од нив да добива помош во пари, оружје или совети. Според Протоколот на Врховниот комитет, Даме се обврзал да ги претстави ставовите на Комитетот пред Централниот комитет на Организацијата, меѓутоа според Ѓорче Петров: Даме иронично само слушал и се потсмевал, та затоа генералот, па и Јосиф Ковачев, не можеа да го поднесат .

Условите на Врховниот комитет не биле прифатени од страна на Даме и затоа истите тие услови во форма на решенија биле испратени до Централниот комитет, меѓу другото било истакнато дека Даме како делегат на Централниот комитет додека бил во Софија ги прифатил условите, тоа биле направено најверојатно за да се предизвика раздор меѓу членовите на Централниот комитет. Даме од своја страна реагирал на таквото тврдење дека тој дал согласност и во писмото до Андреј Љапчев истакнал: во дадениот случај немало потреба од слично изопачување, но тоа нека остане за сметка на составувачот. Даме истовремено протестирал и поради начинот на коресподенцијата од страна на ВМК .

Солунски конгрес од 1896 година

Тајната македонско-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области

— Член 1, Устав на ТМОРО
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Уставот на ТМОРО

Развојот на организацијата на преден план исфрлила голем број на внатрешни и надворешни прашања, потоа се покажало дека постојните нормативни акти се тесни за понатамошен развој на Македонската револуционерна борба, а истовремено дошло до засилување на странските пропаганди кои носеле опасност за организацијата. Овие, како и други прашања биле разгледани на Солунскиот конгрес

На конгресот присуствувале: Даме, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Ѓорче Петров како членови на Централниот Комитет. Додека како прествници на револуционерните реони присуствувале: Гоце Делчев — Штип, Пере Тошев — Битола, Христо Матов — Скопје, Петар Поп Арсов — Прилеп, Велко Думев — Велес, Кирил Прличев — Воден, Благој Калејчев — Сер и Христо Поп Коцев како претставник на Одрин. Организацијата од овој конгрес излегла со ново име: Тајна македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО) .

На дневен ред имало голем број на прашања по што биле донесени следните одлуки: Организациската територија да се подели на 7 окрузи: Солунски, Битолски, Скопски, Велешко — Тиквешки, Струмичко — Џумајски, Штипски и Одрински. Прилеп и Цариград имаат право директно да кореспондираат со ЦК, додека пак Централниот комитет со внатрешноста на Македонија кореспондира преку окрузите и затоа било решено ЦК да има посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни за комуникација меѓу ЦК и Задграничните претставници, а окрузите имаат посебни шифри за комуникација меѓу себе.

Во врска со децентрализацијата, бил одбиен предлогот на Пере Тошев окрузите да имаат посебни печати, на тоа се спротивставил Даме. Било решено во организацијата да можат да членуваат сите без разлика на верата и народноста и дека делото ќе има чист македонски карактер. За Одринско било решено да биде третирано одделно од Македонија, но Македонија и Одринско претставуваат единствена кауза преку извојување на автономија за двете области.

По прашањето за вклучување на жените во организацијата, кое било поставено од Ѓорче Петров, било решено самите реоните да одлучуваат. Тенденцијата на Врховниот комитет да се наметне над ЦК на организацијата и да ја претвори во орудие за остварување на своите цели, била оценета како опасна по целото македонско ослободително дело и да се заземе став да се разубедува ВК да ја напушти таквата тенденција. Било решено да биде отворено Задгранично претставништво во Софија кое ќе има задача да ја претставува организацијата и да застане пред надворешните посегања. Во врска со проегзархиските групи во Македонија, било истакнато дека портите на организацијата се отворени за секого кој ќе ги прифати начелата на организацијата.

Ставот кој организацијата го зазела кон странските пропаганди се гледа во членот 2. од уставот на ТМОРО во кој се истакнува дека: Тајната македонско — одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области. На крајот било решено Гоце Делчев и Ѓорче Петров да изработат нов устав и правилник врз основа на конгресните одлуки.

Донева афера

Владата е надвор од себе од јад поради неуспехот во својот поход, пустите аги си ја изгубија совеста

— Даме Груев, Спомени - Коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Доне Стојанов Тошев
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 

На 7 април 1896 година дошло до првата афера која била предизвикана директно од самата Организација. Тој ден на влезот на Битола, кај црквата Св. Недела, колџиите од Режијата за тутун во товарот со ориз на Дончо Штипјанчето пронашле 10 празни бомби, 150 набои за револвер и нешто барут. Меѓутоа поради мерките на Организацијата и цврстината на Доне не дошло до поголемо проследување и провала од пошироки размери .

Мерки за санација на аферата презеле Битолскиот револуционерен комитет и Централниот комитет во Солун, а особено Даме. Два дена по избувнувањето на аферата, Даме писмено се обратил до Андреј Љапчев, член на Врховниот комитет, а следниот ден на 10 април испратил ново писмо до Љапчев во кое предложил конкретни мерки. Во писмото Даме истакнал дека пред аферата, Делчев сакал да замине за Ќустендил на средба со тамошниот началник на Врховниот комитет и затоа замолил ако се утврди дека Делчев се наоѓа таму да биде задржан зад границата.

Даме информирал и за мерките на османлиската власт како и за вознемиреноста во турската средина поради откриените бомби. Во понатамошниот дел од писмото, Даме информирал дека за разлика од вознемиреноста во турската средина, откривањето на бомбите кај македонското население имало плодотворен ефект бидејќи аферата послужила како: поткрепа на самата пропаганда на делото .

На 17 април 1896 година, Даме испратил ново писмо до Љапчев во кое било истакнато дека, Доне ништо не кажал кое би можело да биде компромитирачко за Организацијата, а претресите на турската власт биле неуспешни. Поради неуспехот, во турската средина се појавиле гласини дека поради интерес на истрагата, од Цариград ќе биде донесен хипнотизер за да извлече признанија од Доне .

Мерките на Организацијата и издржливоста на Доне придонеле од оваа афера да не дојде до некој сериозни последици по македонското револуционерно дело. Тешките провали допрва доаѓале, а Даме предвидел дека ќе има афери, дека е невозможно да се избегнат, дека тие дури и се потребни . Аферите за Даме претставувале удари врз меко железо , а железото по ударите станувало уште поцврсто.

Обид за дискредитирање од страна на Врховниот комитет

Јас останувам смаен, но затоа пак и задоволен, бидејќи ми се даде можност да проверам, што се мислело и прифатило надвор, макар за мене непријатно... дека сум син на селанец и дека можеби страдам од селска простота и јас не одрекувам, но дека уше сум и гамен, тоа првпат го слушам сега по вашето предавање.

— Даме Груев, Спомени - Коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Атанас Јанков
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 

По Солунскиот конгрес од 1896 година, Врховниот комитет на чело со генералот Николаев не се откажал од тенденцијата да се наметне над Централниот комитет на Организацијата. Оттука дошла и една мистериозна понуда од страна на Комитетот до Организацијата, за доставување на 3.000 англиски пушки. Врховниот комитет побарал од ЦК да испрати свој човек во Софија за да организира канал за пренесување на пушките, поради затегнатост на односите Даме одбил да замине, а на негово место заминал Ѓорче Петров.

Во Софија, имал средба со Данаил Николаев, Андреј Љапчев, Димитар Ризов и Тома Карајовов. На оваа средба генералот Николаев истакнал дека англиската влада на Врховниот комитет му дала 3.000 пушки и дека тие се наоѓаат на англиски пароброд во Средоземното Море. Николаев истакнал дека пушките ќе ги дада на Централниот комитет под услов да се крене востание во една или две околии во Македонија. Ѓорче Петров ги прифатил пушките, но го одбил барањето за востание.

Додека Ѓорче преговарал во Бугарија, Даме заедно со поп Стамат Тончев ја раководел подготовката на местото во ѓолот близу Солунскиот Залив за прифаќање на пушките. Таму Даме се задржал 2-3 дена, а во меѓувреме се разболел. Меѓутоа ниту паробродот ниту пушките не се појавиле, понудата на Комитетот била блеф. Додека Даме ги чекал пушките, во Софија Ризов и Љапчев отворено му ласкале на Ѓорче Петров дека тој и Пере Тошев се сериозни луѓе, во текот на дискусијата тие побарале да се мавне Даме од Солун , за да можат да работат заеднички.

Даме Груев за Врховниот комитет бил гамен што игра важна улога во Солун но тие немале никаква доверба во него, оттука Врховниот комитет во контактите со Ѓорче и Пере Тошев сакале да го дискредитираат Диме и тој да биде отстранет од Солун. По Солунскиот конгрес од 1896 година имало размислувања во Централниот комитет, Даме да го напушти Солун и да замине за Сер но откако била откриена играта на Комитетот, дошло до промена на одлуката и во Сер бил испратен Велко Думев. Врховниот комитет се обидел да го дискредитира Даме и преку братот на Христо Татарчев, Божидар, кој напишал писмо до својот брат истакнувајќи дека тој во Солун е опкружен со најниски суштества. На ваквите истапувања Даме не останал рамнодушен и протестирал писмено кај Љапчев. Во писмото било истакнато:

    Јас останувам смаен, но затоа пак и задоволен, бидејќи ми се даде можност да проверам, што се мислело и прифатило надвор, макар за мене непријатно... дека сум син на селанец и дека можеби страдам од селска простота и јас не одрекувам, но дека уше сум и гамен, тоа првпат го слушам сега по вашето предавање. Без сомнение од тоа јас не треба да се вознемирувам, бидејќи декорацијата ми се прави од луѓе како... Ризов, Карајовов и сл., коишто малку ме познаваат, а првиот дури никако... После овие и многу други ваши успеси и слични потфати и празнословија, јас не можам да не ве сожалам, бидејќи со вашето врховенство го убивате своето призвание, кога пак вам местото ви било подготвено во некоја порнографска академија... Со оние, коишто досега ве посетиле, не сакајќи ни направивте доволна услуга, бидејќи им го закрепнавте сознанието за неопходноста од нашето внатрешно единство... .

Врховниот комитет сакајќи да го потчини Централниот комитет на Организацијата се обидел да го дискредитира Даме но бил постигнат спротивен ефект, односно задкулисните игри на Комитетот ја втурнале Организацијата кон бугарската влада и отцепениот Македонски комитет на чело со Наум Туфекчиев.

Меѓутоа и покрај неуспехот да се дискредитира Даме, Комитетот не се откажал од својата намера и од тука кон крајот на 1896 година во Солун пристигнал полковникот Атанас Јанков. Тој бил пратен од страна на Врховниот комитет и со себе носел нов предлог за договор. Јанков имал средба со Христо Татарчев и Даме, на оваа средба полковникот ветувал пари и оружје истакнувајќи дека треба да дојде до обединување на двете организации. Сите предлози на Атанас Јанков биле одбиени од страна на Централниот комитет. Христо Куслев истакнува дека за време на оваа мисија Јанков го дал сигналот за создавање на Бугарското тајно револуционерно братство .

Главна алка

Тогаш Централниот комитет почна да функционира поредовно, тогаш тој се здоби со суштинско значење на „централен“

— Даме Груев, Спомени
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Рачо Петров

Во летото 1896 година по барање на Централниот комитет, Даме престојувал во Белгија каде што требало да се занимава со експлозивни материјали . На враќање тој минал низ Софија и со посредство на Борис Сарафов и Антон Бозуков имал средба со бугарскиот воен министер Рачо Петров. Министерот на своја одговорност на Даме му ветил 2.000 мартинки . Во Софија, апостолот имал контакт и со отцепениот Македонски комитет на Наум Туфекчиев, а неговите дејци во околината на Витоша организирале демонстрација со ракување на бомби и динамит .

Во август 1896 година Даме се наоѓал во Солун, а учебната 1896/97 година и понатаму бил училиштен инспектор. По Солунскиот конгрес во Централниот комитет влегле: Татарчев, Даме, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Ѓорче Петров. Во март 1897 година за Софија, како задграничен претставник заминал Ѓорче, а на негово место бил кооптиран Григор Попев. Во втората половина на 1897 година си заминал од ЦК и Андон Димитров, а во летото 1898 година Даме бил интерниран во Битолскиот вилает по што во Централниот комитет влегле Христо Матов и Пере Тошев. Од заминувањето на Ѓорче и Андон Димитров па сè до интернацијата, Даме бил главната алка во Централниот комитет. За овој период Даме вели дека: Ја продолживме дејноста . Дополнително светло за овој период на Даме даваат неговите соработници.

Даме продолжил со раководењето на Училишниот кружок во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во учебната 1896/97 година поп Стамат покрстил 21 ученик. Во март, Татарчев и Хаџи Николов предложиле, Даме да замине за втор задграничен претставник, но тој го одбил предлогот и на негово место заминал Ѓорче Петров.

Во овој период, Даме презел и конкретни мерки за создавање на вооружени сили на Организацијата. Тој лично го ангажирал терористот, а подоцна и војвода Андон Ќосето, а со негово залагање во првата половина на 1897 година се формира првата чета во Солунскиот вилает. Даме се сретнал со стариот ајдучки војвода Апостол Петков и Иван Карасулијата и ги поканил да влезат во Организацијата, тие прифатиле и биле покрстени од поп Стамат.

Контакт со бугарската влада

Ние не можеме да се сообразуваме со политиката и желбите на кнежевската влада, туку ќе работиме самостојно и со неа ќе се бориме, како што се бориме со сите наши противници

— Даме Груев, Спомени - Коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Бугарскиот премиер Константин Стоилов

Македонската револуционерна организација поради заткулисните игри на Врховниот комитет започнува контакти со бугарската влада. Целта на Централниот комитет е да добие материјална и финансиска помош од владата во Софија. Меѓутоа односите помеѓу двете страни не оделе глатко и поради тоа бугарскиот премиер Константин Стоилов сакал да има разговор со некој од повисоките раководителите на Организацијата. Трговскиот агент од Солун, Атанас Шопов го препорачал Даме, а меѓу другото во препораката истакнал дека неговото:

    ... назначување како инспектор во Солун станало по препорака на тогашниот воен министер, полковник Петров. Сето време во Солун тој бил претседател на Комитетот и се занимавал со Организацијата. Неговото инспекторување и учителствување било само за лице. Негови коресподенти во Софија се Ѓорче Петров и Стаматов .

Во март 1898 година, Даме заминал за Софија и таму остварил средба со бугарскиот премиер. Каков бил текот на овој разговор дознаваме од писмото на бугарскиот премиер до Атанас Шопов во Солун од 25 април 1898 година, премиерот Стоилов по писмото напишал:

    ... Мојата цел беше да видам што гонат тие господа, да им дадам да разберат дека тие не можат да ни налагаат нам, на владата, нивните погледи и дека ако сакаат да работат корисно тие треба да се во хармонија со нас. Сакав да ги ангажирам водачите на Организацијата да работат со нас, бидејќи јас мислам дека постоењето на Организацијата како средство против нелојалните дејства на спротивставените нам пропаганди е нешто корисно. Наместо таа пропаганда да стои под влијанието на неодговорни луѓе со сомнителен патриотизам и уште посомнителен здрав разум, подобро да се наоѓа под контрола на владата .

На средбата Даме многу отворено ги претставил погледите на Организацијата и положбата на работите во Македонија, а бугарскиот премиер од своја страна ги претставил категорички и јасно сопствените ставови. Разговорот минал врз веќе изградените принципи на двете страни. Меѓутоа до подобрување на односите по оваа средба не дошло. Бугарскиот премиер не ветил нишо конкретно, а Даме побарал помала сума на пари за поттик. Следниот ден, Даме имал средба со секретарот на бугарската влада, Топчилешов, тој информирал дека конечниот одговор ќе го добијат од Димитар Ризов.

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Трговскиот агент Димитар Ризов

По заминувањето на Даме од Бугарија, Столиов го известил Ризов за средбата истакнувајќи дека погледите на Даме за помош од бугарската влада биле многу правилни и умерени. Премиерот побарал од Ризов да имаат што поскорешна средба, но дека најдобро би било тој сега да остане во Скопје бидејќи постоела опасност од некакви дејствија од страна на Организацијата . Според Ризов, од оваа средба со бугарскиот премиер, Даме бил разочаран и едвај ли не навреден па затоа сакал да ја втурне Организацијата во што поскора акција .

На 30 јуни 1898 година во Солун, Даме имал разговор со трговскиот агент Атанас Шопов. Тој сакал да го убеди Даме дека Организацијата треба да се откаже од насилното собирање на пари бидејќи тоа носело опасности и ги повторил ставовите на бугарската влада по тоа прашање. На средбата Даме истакнал дека Организацијата е свесна за опасностите, но доколку би имале други извори за финансирање немало да собираат пари по пат на убиства и насилство. Toj обвинил дека бугарската влада не си стоела на зборовите и дека не била искрена спрема Организацијата , дека бугарската влада правела различни пречки и затоа Организацијата ќе се бори против бугарската влада .

По средбата помеѓу Даме и бугарскиот премиер дошло до затегнување на односите меѓу двете страни. Односите во иднина не се подобриле, а напротив дошло до целосно разединување по окружното на бугарскиот премиер од 30 септември 1898 година испратено трговските агентства во Македонија. Во оваа окружно, премиерот наредил агентставата да се запознаат со дејноста на Организацијата и да ја стават под контрола на владата, односно Органзацијата да дејствува во хармонија со погледите на владата.

Во окружното имало тешки зборови за Даме и другите раководители на Организацијата дека тие се разбојници. Окружното во Солун, Шопов јавно го прочитал пред сите бугарски трговци , а Даме веќе бил интерниран во Битола. По пристигнувањето на окружното, Централниот комитет на Организацијата им наредил на своите комитети да ги бојкотираат бугарските трговски агентства во Македонија.

Отстранување од Солун

Почетокот на „Братството“ во Солун се совпаѓа со последниот период на мојот престој со служба во Солун и со моето отпуштање. Од Солун по една година ме интернираа во Битола.

— Даме Груев, Спомени

Како еден од најагилните членови на Централниот комитет, Даме го привлекол вниманието на османлиската власт. На 1 мај 1898 година Дворската канцеларија го известила Великото везирство, според укажување од османлиското комесарство од Софија, дека Даме под превезот на училиштен инспектор обиколувал насекаде и затоа треба да се следи неговото поведение .

На 10 мај 1898 година Дворската канцеларија го известило Великото везирство дека Даме бил помилуван со високо ираде. Поради недостаток на докази, најверојатно Даме бил помилуван но тој го привлекол вниманието на власта, оттука по неколку месеци во летото 1898 година власта го интернирала во Битола со што бил отстранет од Централниот комитет.

Битолски револуционерен округ

Кога говореше со својот сладок глас во неделното училиште, во собранијата, кога агитираше седнат меѓу занаетчиите или селаните... тој влеваше тих ентузијазам, влеваше боречки дух во старите срца и од нерешителните, плашливи и неверни во себе робови, тој неосетно создавање совесни граѓани, создаваше борци, тој ги омајуваше сите и ги завлекуваше во Револуционерната организација... Друг агитатор сличен на него Македонија не роди

— Васил Пасков, Даме Груев - живот и дело...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Христо Силјанов
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Битола

Веднаш по пристигнувањето во Битола, Даме презел мерки за консолидирање на организациските редови во Округот. Со помош на Тома Николов, Георги Пешков, и Аце Дорев, успеал да ги стегне редовите во Битола и пошироко. Тој презел една обиколка низ Битолскиот вилает и ги посетил Прилеп, Охрид и Лерин. Во јануари 1899 година во куќата на Владимир Карамфилов во Прилеп, била одржана средба на сите десетари и раководители под покровителство на Даме. Георги Поп Христов истакнува дека Даме:

    ... разјасни за нас многу тешки работи на Организацијата, повторно не окуражи, ни ја стегна Организацијата .

Во пролета 1899 година во куќата на Атанас Лозанчев се одржало советување под раководство на Даме. На оваа средба се дискутирало за оружјето во реоните, била изработена шифра со грчи букви за комуникација помеѓу Окружниот и останатите комитети во Битолскиот револуционерен округ. На советувањето биле утврдени и псевдонимите за градовите и селата .

Македонска револуционерна
организација (МРО)
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 

Во согласност со Уставот, Даме се залагал за вклучување во редовите на Организацијата на целокупното македонско население без разлика на неговата вера, народност и убедување. Со посредство на Даме, во Организацијата бил вклучен Евреинот, Рафаел Камхи. На една од таквите агитации на Даме, некој Влав запрашал: Арно, господине Груев, да се запишеме во Комитетот, ама дали ќе сакате да се запишеме и како Бугари (егзархисти б.н)? На прашањето, Даме одговорил:

    ... ние не се интересираме кој каков е, ние сакаме да се работи за ослободувањето на Македонија. Кога таа ќе се ослободи делете се како сакате. Дотогаш сите имаме една вера, една идеја, една народност — а тоа е да бидеме борци за Македонија .

Во учебната 1899/1900 година Даме се вработил како учител во Битолската машка гимназија . Покрај Даме во гимназијата работеле и други членови на Организацијата, тука се нашле: Тодор Луканов (псевдоним за Михаил Герџиков), Васил Пасков и Петар Мартулов и други. Според управникот на гимназијата Чентелов, Даме бил ангажиран за изведување на наставата по предметите географија, аритметика, геометрија, цртање. Во овој период Даме живеел со Герџиков и Мартулков. Присуството во гимназијата на Даме и другите членови на Организацијата, придонело учениците да се револуционизираат. Најдобро состојбата ја претставува Христо Силјанов, самиот ученик во VII завршен клас, во едно писмо во кое пишал:

    Дваесет и четири младинци ја поминавме во Битола последната година од школувањето. Повеќето од половината сме покрстени... Ние постојано се среќаваме со нашите учители. Ние сме нивни другари. Одиме кај нив секоја недела на гости, зборуваме со нив на ти, пушиме со нив, дури ги полниме табакерите со нивниот тутун. И сме горди, горди, што не третираат како зрели мажи, како револуционери, соборци... Ние знаеме дека револуционерот значи нешто како аскет, одрекувач од сите удопства и на секоја лична среќа. Затоа никој од нас нема да се ожени и да заврти дом и куќа. Никој нема да ја напушти Македонија, никој нема да замине за да го продолжи своето образование. Кој ќе се ожени или ја напушти Македонија, или ќе пристапи во универзитет, тој ќе биде подлец, предавник. Македонија не може да чека, таа нема потреба од помошта на оние кои ја ставаат универзитетската диплома погоре од потребата за нејзина слобода, таа ги одбива и проколнува оние коишто ја заменуваат со друга љубовница. Нашиот учител Даме Груев за нас е пример на самоодречен жрец за Македонија, олицетворение за револуционерен аскетизам .
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Битолска егзархиска гимназија

Под влијание на Даме, голем дел до учениците уште тогаш се изградиле како револуционери. Следната учебна година од 24 матуранти само околу 4 го продолжиле образованието во Бугарија, останатите станале членови на Организацијат, а меѓу нив се нашле: Трпен Марков, Андреј Кезепов, Христо Силјанов, Тале Христов, Георги Христов, Пандо Кљашев и други .

Во тој период, Даме агитирал и меѓу битолските граѓани преку тамошното Неделно училиште. Даме, Васил Пасков и Герџиков со прозрачни револуционерно — воспитни тенденции го привлекле битолското граѓанство. Наставниците и учениците изведувале аматерски претстави беспредметни за македонската театарска сцена — пиесите, Благородник и Егмонт од Гете.

Во пиесата Егмонт била претставена борбата на Холанѓаните против шпанскиот крал Филип II. На тој начин се ширела револуционерната идеја. Егмонт е безимениот македонски Егмонт или Гарибалди, којшто во блиска иднина ќе раководи со разрушувањето на Османлиското Царство , а Шпанците против кои се борел овој Холанѓанец се нашите сопствени тирани — Турците .

Револуционерната идеја била ширена и преку хектографираниот весник На оружје под уредништво на Васил Пасков. Даме одржувал и редовни контакти со раководителите во Битолскиот револуционерен округ. Во 1899 година се сретнал со секретарот на Крушевскиот околиски комитет — Петар Ацев. Во почетокот на јануари 1900 година, Даме и Герџиков извршиле ревизија на околиските комитети во Крушево и Прилеп . Најголем дел од својата револуционерна активноста ја вршел преку Тајната пошта. Од овој период се зачувани неколку писма на Даме испратени до Охридскиот околиски комитет. Во нив имаа инструкции за забрзување на подготовките, собирање на пари, подготовка на населението, подготовка на кадри за четите, агитација, набавка на оружје и др.

Попставрева афера

Заврши учебната година, и на 6 август 1900 бев уапсен. Повод беше убиството на поп Ставрета. Човекот што отиде да му побара пари од поп Ставре, беше доведен како комита, и беше сместен да живее кај братучед ми

— Даме Груев, Спомени
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Обвинителен акт на турски јазик со кој Даме бил осуден на 10 години затвор
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Судскиот процес бил одржан во изнајмен голем циркуски шатор, за да се потенцира важноста на процесот и поради големиот интерес на јавноста

Револуционерната активност повторно го привлекла вниманието на турската власт. Кон крајот на март 1900 година властите не го потврдиле училишното свидетелство на Даме бидејќи не бил чесен човек, согласно нивните погледи. Поради овој проблем Даме самоиницијативно заминал за Смилево каде што ја дочекал Поп Ставревата афера

Поп Ставревата афера е една од поголемите провали со кој се соочила Македонската револуционерна организација, а последиците од неа биле значителни, голем дел од истакнатите раководители биле уапсени и затворени, а тоа влијаело врз организациската дејност. Оваа афера била резултат на предавството на поп Ставре, кој одбивајќи да ги вложи во касата на Организацијата бараните 30 лири прилог, случајот го пријавил во полицијата. Ваквиот чин на предавство бил осуден од Организацијата, а поп Ставре набрзо бил погубен од Битолскиот комитет.

Убиството на овој егзархиски свештеник повлекло серија апсења на припадници на Организацијата. Така, веднаш по извршениот атентат, власта започнала со апсење на сомнителните лица. До 21 август ст. стил 1900 година во долапите на истражниот затвор се нашле околу 42 лица. Меѓу првите бил уапсен Нале Павлев, анџија во Битола, по потекло од с. Смилево, братучед на Даме. Во анот на Павлев нелегално престојувал цели 40 дена уапсениот Трифун Иванов. На 18 август во Смилево бил уапсен Груев и доведен во Битолскиот истражен затвор . Во домот на уапсениот Пенџерков, властите пронашле 4 берданки. Меѓу уапсените се нашол и учителот Христо Иванов кој примал плата и од Егзархијата и од српскиот конзулат во Битола.

Судскиот процес на обвинетите во врска со Попставревата провала се одржал во текот на месец март 1901 година во Битола. Во текот на судењето обвинетите се држеле достоинствено, ништо не признале и ги негирале сите признанија од истражната постапка. Дури и Трајко Петков кој пукал во поп Ставре и кој бил идентификуван од ранетиот, одрекувал каква било поврзаност со тој чин. Од вкупно 22 обвинети, 12 биле осудени, од кои двајца во отсуство, а 10 лица биле ослободени од обвинението. Трајко Петрев бил осуден на смрт, а на доживотна робија Глигор Димев и Петар Димев, пет лица добиле казна робија на 10 години, двајца на 3 годишен и двајца на двегодишен затвор. Помеѓу осудените на десетгодишна робија бил и Даме .

Битолски затвор

Во затворот беше и Мицко, родум од с. Латово, Кичевско. Тој бил осуден како востаник од 1881г, и дотогаш беше одлежал цели 19 години во затвор. Често се среќававме. Мицко бил србоман. Јас се обидов да повлијаам врз него, и тој, откако го пуштија од затвор, дури и ни вети да стапи во нашите чети, туку не го стори тоа, очигледно под влијание на српскиот конзул или на српските учители.

— Даме Груев, Спомени
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Затворот во Битола

Поради Попставревта афера, дел од членовите на Битолскиот револуционерен комитет ја напуштиле Македонија, а во него останале Ѓорѓи Поп Христов и Неделко Дамјанов, подоцна им се придружил и Александар Евтимов. Со дозвола на Даме, на чело на Битолскиот окружен комитет застанал Ѓорѓи Поп Христов. Тој бил приврзаник на Даме и ги извршувал неговите инструкции. Оттука, Даме и од затвор раководел со Округот. Корупцијата во турскиот затвор, особено на затворските чувари, му овозможиле без проблеми да раководи со револуционерното движење.

Тој прво бил затворен во Зандан Куле, а потоа бил префрлен во Централниот вилаетски затвор во Битола, таму останал до мај 1902 година по што бил префрлен во Подрум Кале. За престојот во затворот во своите спомени, Даме истакнал:

    Во битолскиот затвор имав право да се гледам со посетители и бев во тек со што се правеше. Имав можност да пишувам со шифра. Бев во голема соба заедно со 40 — 50 секакви затвореници. Јас и од затворот го раководев Битолскиот санџак .

Во затворот, Даме стапил во комуникација со затворениците Турци, а некои од нив побарале да бидат запишани во редовите на Организацијата, надевајќи се дека ќе добијат амнестија како политички затвореници. Во затворот тој се спријателил со Мицко Крстевски од село Латово, кој поради Демирхисарскиот заговор одлежувал веќе 19 години. Даме се обидел да го придобие на страната на Организацијата, Мицко му ветил дека ќе се приклучи на организациските чети но под влијание на српските конзули и учители тоа не го сторил.

Даме бил редовно информиран за сите случувања, во затворот го посетиле голем број на дејци: Христо Силјанов, Васил Чакаларов, Милан Матов, Никола Петров Русински и други. Корупцијата во затворот му овозможила на Даме да се сретне со најбараната личност во Македонија — Гоце Делчев . Тие двајца имале две средби. Првиот пат Делчев влегол како богат трговец, а вториот пат како селски учител. Даме и Гоце размениле мислења за голем број на важни прашања кои ја засегале целата Организација. Набргу потоа Делчев, со согласност на Даме, го реорганизирал Битолскиот револуционерен комитет.

Револуционерната активност од затворот, Даме ја водел преку тајната коресподенција. Од престојот на Даме во затворот се сочувани 29 негови писма испратени до Охридскиот револуционерен комитет, преписката ја водел со псевдонимот Јосиф Ариматејски, во писмата најчесто станувало збор за војводите, оружјето, муницијата, парите, четите и слично.

Подрум Кале

Во мај месец ме испратија во Подрум. Таму ги затеков доктор Татарчев и Хр. Матов, и заедно не држеа таму. И додека бев во Подрум, знаев како врват работите. Служејќи си со хемиско мастило водев кореспонденција со Солун, Битола, Софија. Писмата за навидум беа пишувани на турски. Протерав добро во затворот, - како во Битола, така и во Подрум.

— Даме Груев, Спомени
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Подрум Кале

На 22 мај 1902 година, Даме заедно со 52 затвореници со воз бил однесен во Солун. По петдневен престој во тамошниот затвор, Даме со останатите затвореници од Битола, бил качен на пароброд за Мала Азија. Постоеле две идеи за ослободување на Даме при неговиот транспорт. Според Данаил Крапчев, постоел план за напад на возот во воденските теснини на денот кога Даме бил пренесуван од Битола за Солун . Според Христо Матов, втората идеја се зародила кај самиот Даме, во текот на пловидбата со паробродот. Тој размислувал за киднапирање на бродот и пренасочување кон Самос или Крит .

Затворот Подрум Кале се наоѓал во градот Акија. Таму се наоѓале затвореници од разни народности и вери, осудени за разни дела од политички престапи до разбојници и криминалци. Условите биле многу лоши, а смртноста била 30 пати поголема отколку во други услови . Пред пристигнувањето на Даме, таму веќе се наоѓала поголема група на македонски револуционери осудени поради својот придонес во македонското револуционерно движење. Меѓу нив биле: Петар Поп Арсов, Мише Развигоров, Александар Икономов, Христо Татарчев, Христо Матов, Иван Хаџи Николов и Пере Тошев . Во Подрум Кале, Даме своите соборци и пријатели од Македонија ги затекнал раскарани. На една страна биле Петар Поп Арсов, Хаџи Николов, Мирасчиев и други, а од другата страна биле Татарчев, Христо Матов, Развигоров и други. Таквата поделба влијаела и врз Даме. За оваа поделба Ѓорче Петров вели:

    Тие во Подрум се беа зајале меѓу себе, Пере и Докторот (Татарчев б.н) веќе не можеа да се трпат. Даме и со Матов и со докторот беше оладен до голем степен... во затворот веќе нема општо дело и таму се раздробуваат .

Меѓутоа таквата состојба не траела долго. На 19 август 1902 година султанот Абдул Хамид II амнестирал 36 македонски затвореници, затворени поради Виничката афера и Солунската афера, со исклучок на Даме, меѓу нив се нашле: Христо Татарчев, Христо Матов, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов и Пере Тошев.

За престојот во Подрум Кале, Даме во своите спомени вели: И во Подрум знаев како врват работите. Со хемиско мастило водев коресподенција со Солун, Битола, Софија. Писмата за лице беа пишувани на турски. Добро поминав во затворот - како во Битола, така и во Подрум . Престојот во Подрум Кале завршил со Февруарските реформи, согласно кои, Даме бил помилуван и пред Велигденските празници 1903 година се нашол во Солун.

Илинденско востание

Пресни сè уште пријатните спомени од бурното време кое народот го помина последното лето, уште попријатни тие ќе бидат за идните поколенија, зашто секогаш ќе им спомнуваат за великиот акт кој не смести во редовите на достојните народи за слобода. Ова е првпат народот самиот да види дека и тој може да биде силен и дека само од него зависи кршењето на ропските синџири

— Окружно писмо на Даме испратено во името на целиот Главен Штаб, Ослободителните борби на Македонија, том два

Ставот на Даме по прашањето за востанието

Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај

— Даме Груев, Изјава за англиски новинар

Додека Даме бил во Битолскиот затвор и Подрум Кале, во редовите на македонското револуционерно движење се случиле крупни настани. Во јануари 1901 година дошло до Солунската афера во која речиси сите членови на Централниот комитет на Организацијата биле уапсени. Оваа афера на површина го исфрлила Бугаринот Иван Гарванов. Во Софија, Македонскиот комитет се нашол во рацете на Иван Цончев, кој бил близок со кнезот Фердинанд I. Набргу Цончев и неговите приврзаници ги организирале Мисијата на Атанас Јанков, Тушимското востание и Горноџумајското востание во Македонија. Во ноември 1902 година, Гарванов за нови задгранични претставници ги именувал помилуваните Матов и Татарчев. Кон крајот на ноември 1903 година, тројката Гарванов, Матов и Татарчев донеле одлука за кревање на востание во Македонија, од тука, Гарванов го свикал Солунскиот конгрес од 1903 година на кои била потврдена одлуката за кревање на востание.

Поради недостаток на извори не може да се утврди каков бил ставот на Даме додека се носела одлуката за востанието. Во своите спомени со неколку збора вака ја опишал состојбата: Затекнав веќе земено решение... Луѓето веќе се вратиле од Цариград по своите домови во Македонија. Доцна беше да се расудува. Даме се придружил на струјата која клонела кон востание, наспроти Гоце Делчев, кој негодувал по прашањето за востанието и начинот за негово водење.

Враќањето на Даме во Македонија, придонело кај Гоце да се јави надеж дека би можеле да се стори нешто по прашањето за востанието. По атентатот кај Драматица (Ангиста), Гоце заминал за Солун. Средбата се одржала на Велики Петок. За оваа средба, Даме во своите спомени вели: Дојде Делчев во Солун. Правеше приговори. Главно наоѓаше дека Серскиот санџак е наполно лишен од оружје. Ние го утешивме со ветување дека ќе се достави потребното, Делчев се успокои. Дополнително светло за оваа средба фрла Лазар Димитров кој бил единствената опозиција на Конгресот кога била донесена одлуката за востание. Тој вели дека лично го информирал Делчев дека тој и Даме постигнале согласност по прашањето на востанието, да започне кон крајот на летото и да не биде масовно, односно да има четничко-партизански карактер. Според Лазар Димитров се:

    (Со средбата се) ставило крај на спорот за подигањето на востанието... по оваа средба веќе немаше разлики меѓу Централниот комитет и дејците околу Делчев по прогласувањето на востанието .

По средбата, Даме го напуштил Солун за да учествува во работата на окружниот конгрес и да го извести за карактерот и начинот за водење на востанието. Кон крајот на април 1903 година се нашол во Битола каде што Атанас Лозанчев ги вршел последните подготовки за одржување на конгресот.

Смилевски конгрес

На конгресот ја прикажав положбата онаква каква што е: сметав за безумно да се премолчува дека некои реони воопшто не се подготвени, и дека нема да земат учество. Со Сарафов се сретнав за првпат во Смилево дома кај мене. На конгресот Сарафов беше категорички за акции. Имаше мислење порано да се започне со востанието. Не верувавме дека Турците ќе се решат да прибегнат до толкава жестокост, сосем да го сотираат населението. Сарафов во доверба кажуваше дека некој министер рекол оти ако бидеме во состојба да задржиме 60.000 турска војска, Бугарија ќе се смешала. И јас најпосле допуштив дека може да дојде до тоа. Конгресот ме избра за член на Генералштабот на битолскиот вилает, заедно со Сарафов и Лозанчев.

— Даме Груев, Спомени

Најголемиот број од делегатите веќе на 18 април 1903 година се собрале во селото Смилево. Соселаните на Даме ја сфатиле честа како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село. Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина на час, час и половина растојание, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.

По предлог на Сарафов, за претседател бил избран Даме. За секретари биле посочени и прифатени Георги Поп Христов и Парашкев Цветков. Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт, сè уште, не се созреани. На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и некои делови на други реони не се достатно подготвени. Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание. Несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на Организацијата и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:

    А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето — ќе, има ли востание или не, зашто тоа е решено — битти даваси! Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време .

Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ со тројца членови: Даме, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев . Конгресот го задолжил Главниот штаб да го одреди и датумот на востание. Бил изработен Востанички дисциплински устав, со кој се определувале правата и должностите на востаниците, на реонските горски начелства и на ГШ.

Главен штаб за II Битолски револуционерен округ

Досега сте можеле да се убедите дека Македонците си стојат на зборот, и Вам, имено Вам, би Ви следело да ги научите од нас правилата на воена чест. Но, да не говориме за тоа што нема да биде... Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над облеаната во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата

— Даме Груев, Писмо на Даме до Хусеин Хилми паша
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Повик на Главниот штаб за востанието
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Атанас Лозанчев

Со формирањето на ГШ Македонската револуционерна организација влегла во својата востаничка атмосфера. Штабот таквата состојба ја официјализирал со своето прво Окружно до центровите, селските началници и народот од 27 мај 1903 година. По завршувањето на Смилевскиот конгрес Штабот презел разни дејности за засилување на подготовките за востание. Даме и Борис Сарафов со чета започнале обиколка низ Охридско, Преспанско, Ресенско, Кичевско, Демирхисарско, Крушевско и Костурско. При оваа обиколка биле изработени детални планови за започнување на востанието во секој реон во зависност од месните услови. Главниот штаб од страна на Смилевскиот конгрес бил овластен да го одреди датумот за започнување на востанието. По долги натегања на 14 јули Даме Груев, Борис Сарафов кај селото Буф востанието да се крене на 2 август на празникот Св. Илија . Пред да започне востанието ГШ испратил предупредување до дирекцијата на Источните железници, во кое било истакнато дека во текот на востанието ќе бидат преземени напади по железничката линија. Затоа ГШ тргнувајќи од човечкиот долг ја предупредил дирекцијата да не се дозволи во екот на востанието населението во Македонија да патува со Источните железници за де избегнат невини жртви.

На празникот Св. Илија во Смилево постоела голема раздвиженост. Самиот празник ги прикривал активностите за востанието. Жените и децата пред очите на војската разнесувале муниција и соопштенија до пунктовите за напад. Даме заедно со ГШ се наоѓал над селото Бигла. Приквечер во селото војничката османлиска труба го означила времето за вечерната молитва. Кога османлиските војници извикале Падишах чок јаша, од спротивните куќи изгрмел плотун, а од сите страни се слушнало Долу Султанот!, Долу Турција! и Ура! Веднаш потоа ГШ на чело со Даме слегле во селото и се соединиле со четите што ја започнале борбата. На 3 август Генерал штабот наредил евакуација на целото население кое не е способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно. На 26 август Турците почнале со опколување на Смилево, а бројот на востаниците во селото се искачил на 600 души.

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Борис Сарафов

Османлиските сили со поддршка на артилеријата, на 28 август започнале со напад на Смилево. Одбраната била раководена од Даме и Ѓорѓи Сугарев, а востаниците во првите часови давел силен отпор, меѓутоа набргу паднале востаничките позиции кај манастирот Св. Петар, Гробот, Горановец и Арамиски Камен. Откако паднала востаничката одбрана кај Арамискиот Камен дел од турската војска се упатила кон збегот Голем Гар каде што бил извршен масакр врз неборбеното население. Биле убиени 56 души, меѓу нив имало тринеделни бебиња и 80-годишни старци, имало многу обесчестени, ранети и ограбени.

Даме со смилевските чети да се засолни во Голем Гар. Во збегот Груев им кажал на селаните дека четите преку ноќ ќе го напуштат збегот за да им избегаат на турските потери, но со тоа самите селани ќе бидат изложени на нов масакр. Затоа Даме им кажал на селаните да се предадат на турската власт. Востаниците успеале да се пробијат, а селаните следниот ден се вратиле во селото и се предале на војската.

По падот на Смилево, Даме со четите се повлекол во востаничката база Нина-Орница кај селото Боиште Демирхисарско. Во оваа област се нашла и турската армија, а Даме со четите повторно се вратил во околината на Смилево. Армијата откако го проверила Демирхисарско заминала за Битола и Кичево, Груев повторно со четите се врати во Демирхисарско, таму дошло до поголема концентрација на востаници, тука се начле и востаниците од Крушевско и Битолско, околу 1.000 души. Османлиската армија против оваа групација на востаници повторно тргнала во офанзива. Биле ангажирани 10.000 војници и башибозук, 14 топа и 4 коњанички ескадрони. Армијата се движела во 4 правци, од Смилево кон Слепче, Церово — Вирово, Ресен преку Црн Врв, Охридско — Плеќе. Утрото на 30 септември 1903 година започнала битката. По двочасовни борби, левото крило на востаниците било загрозено од правецот Лесково, затоа тоа се повлекло кон центарот за да го заштитат Главниот штаб. Пред стемнување востаниците успеале со јуриш да го пробијат обрачот на армијата и се упатиле кон Смилево и боишките шуми, а други кон Церовските Планини и кон Вирово. Во текот на Битката загинале 17 востаници, а 11 биле ранети. Христо Силјанов истакнува дека: оваа битка може да се нарече лебедова песна на Востанието во Битолско.

На 22 септември во Слоештица, Даме , Борис Сарафов и Атанас Лозанчев имале средба. На оваа средба Сарафов предложил да се побара воена интервенција од Бугарија. Меѓутоа никој од нив не сакал да замине во Бугарија за да бара помош. Затоа истиот ден Главниот штаб се обратил писмено до бугарската влада, во писмото било истакнато дека Главниот штаб поради:

    критичната и ужасна положба (се обратил до бугарската влада б.н), бугарското население во Битолскиот вилает по извршените опустошувања и жестокости од страна на турските војски и башибозук, и со оглед на тоа дека тие опустошувања и жестокости на систематски начин продолжуваат и не може да се види до каде ќе отидат.

Во момент на силно атакување на турската армија против мирното население и востаниците, на Главниот штаб му бил потребен сојузник во борбата против Отоманското Царство, тие се надевале во помошта на Бугарија и отворањето на нов фронт на исток со кои би се олесниле позициите на востаниците во Македонија и во Одринско. Даме, во истиот тој период, во писмото до Хусеин Хилми паша истакнал:

    Паша ефенди, Се обраќам кон Вас, не дека толку ми е пријатно и дека нешто сакам од Вас — да не даде Алах да сакам нешто од турски паша! — не, јас едноставно Ви препорачувам да обрнете внимание на моите зборови. Можам да ве уверам дека нема да ги повторувам. Досега сте можеле да се убедите дека Македонците си стојат на зборот, и Вам, имено Вам, би Ви следело да ги научите од нас правилата на воена чест. Но, да не говориме за тоа што нема да биде. Да, Ви беше познато дека општото востание се крена по Ваша вина. Вие, и само Вие сте виновни, за сите ужаси и насилства извршени по Ваша заповед. Ние долго и многу трпевме и нашето трпение се исцрпува. Ве предупредуваме дека ако во септември не наредите да се прекинат насилствата, грабежите и колежот на мирното немухамеданско население, тогаш ние со волјата на Семожниот создател, откако ќе и се покориме на злата неопходност. ќе извршиме такви ужаси над мухамеданското население, така што ќе ви се крене косата на Вашата глава. Вие можете да ги убедите претставниците на европските држави дека речиси сте го задушиле Востанието, може да говорите се: може да говорите што сакате, но, Вие никогаш нема да не убедите дека откако ќе се покориме и ќе го положиме нашето оружје дека ние ќе имаме гаранции за нашиот живот и имот. Јас веќе дадов заповед по цела Македонија на никој начин да не Ве слушаат и да не Ви веруваат, а кој ќе Ве послуша Вас, ќе плати со својот живот. Впрочем, Вие сте должни со нас да водите правилна војна, бидејќи во спротивен случај ние ќе ги опожариме сите турски села и ќе ги истребиме нивните жители. Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над облеаната во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата. До вашето назначување, ние ќе се задоволевме со обични реформи, но сега нема да не купите така евтино. Имајте предвид дека нашите чети се снабдени со доволно количество на потребности и ние ќе умееме да се бориме со Вас десетици години. Ако Бурите го зачудија светот со својата борба против Англија, тогаш ние уште повеќе ќе го зачудиме. Јас Ви кажав. Вашата работа е да ми поверувате на зборовите.

Палежите на селата, апелот на османлиската власт за враќање на населението по селата, советите на конзулите, гаранциите за амнестија и гласините за реформи придонеле Главниот штаб да почне да размислува за распуштање на востаничките сили. На 2 октомври 1903 година, Главниот штаб над Смилевската корија донел одлука за организирана демобилизација на востаниците. Планот за демобилизација предвидувал, распуштање на востаниците и нивно враќање дома, собирање и складирање на оружјето, засолнување на компромитираните револуционерни раководители и дејци, раководниот кадар на теренот да биде сведен на минимум, а веднаш потоа Борис Сарафов заминал за Софија. Даме започнал со спроведување на планот за демобилизација и успеал да собере околу 350 пушки. Груев на компромитираните востаници им советувал да не се предаваат на турската армија туку на дипломатските претставници. По објавувањето на демобилизацијата во Битолско останале Даме, Атанас Лозанчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев и други.

Судир со Борис Сарафов

Сарафов беше со мене. Тогаш се разделивме. Јас предложив да отидам во Леринско, но и тој го сакаше истото тоа. Борис се искажа, дека е решен да си замине во Бугарија, и се упати преку Преспанско-леринско. Со него тргнаа и некои од неговите луѓе, па и други.

— Даме Груев, Спомени

По одлуката за демобилизација, Борис Сарафов го зел знамето на Главниот штаб и заминал за Бугарија. Во Софија, сарафистите му приредиле величествен пречек. Сарафов се појавил со развиореното знаме, по излозите на софиските улици бил обесени неговите портрети, а толпата во раце го одвела во неговиот дом. Христо Силјанов вели дека: Борис беше во својата стихија. Таквиот триумфален марш предизвикал реакција кај Даме. На 15 ноември 1903 година, Даме и Лозанчев испратиле писмо до Сарафов во кое истакнале: Трипати не излажа со тоа знаме... Ти сакаш чисто и просто да го задоволиш своето его. На знамето не му е место во Софија. Предај му го на Матов и на Татарчев за да ни го испратат при првата можност . Додека Сарафов дефилирал низ софиските улици, Даме останал во Македонија со што целиот морален товар за востанието паднал врз неговиот грб.

Ставот на Даме кон Мирцштешките реформи

Помошните мисии на Англичаните донесоа малу утеха и успокојување. Од друга страна гласовите за реформите не охрабрија донекаде.

— Даме Груев, Спомени

Првиот став на Даме во однос на Мирцштешките реформи е прикажан во окружното издадено од 10 декември во кое се истакнува дека реформите се ништожни пред целта што ја гониме. Секој знае, дека ние не се боревме за жандарми и падари, туку за премавнување на омразеното турско потисништво . Меѓутоа откако ги разгледал подетално реформите, Даме испратил еден циркулар до месните комитети во Битолскиот округ кој се состоел од 12 глави. Во првите 8 глави биле претставени реформите, а во последните 4 глави биле упатствата за населението како да се жали и обраќа до странските претставници во реформскиот процес. Жалбите и барањата биле групирани во 4 области:

  • 1) Беззаконија на полицијата, жандармеријата и војската
  • 2) Беззаконие во правосудството
  • 3) Беззаконие во финансискиот оддел
  • 4) Промени во државното устројство и елиминирање на постојните неправди

Циркуларот имал за цел од сите краишта на нашата татковина да се истапи со еднакви барања и да се компромитираат реформите бидејќи Организацијата нема да ги прифати или отфрли новите австро-руски реформи, Организацијата ќе ги игнорира наполно, тие (реформите б.н) не задоволуваат ниту едно од нејзините барања. Ставот на Даме би став и на Организацијата, оттука таа одбила да учествува во реформскиот процес.

Поделба

Само обединувањето на внатрешните ќе биде во состојба да ја предоврати катастрофата и да даде нов импулс на нашата кауза надвор

— Писмо на Даме до Солунскиот револуционерен округ, Даме Груев - живот и дело...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Димо Хаџи Димов

По востанието во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата. Овие советувања се одржале во периодот од декември 1903 до февруари 1904 година, на нив учествувале истакнати раководители, војводи и началници, главно прашање кое било разгледувано е каков да биде правецот на делување по неуспешното востание.

На овие советувања дошло до оформување на две гледишта, од кои подоцна ќе произлезат две струи, едната концепција била претставена од Христо Матов кој се залагал за зачувување на централистичкиот принцип, а другата струја се залагала за децентрализација и демократизација на Организацијата.

На советувањата преовладала концепцијата за децентрализација и демократизација предводена од Серчани .

Оттука произлегла Директивата за идната дејност на Организацијата изработена од Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов со што биле поставени основите на Реформска струја.

Како одговор на Директивата, Христо Матов ја создал брошурата Основите на Организацијата од Брут (бг. основитѣ на Организацията отъ Брутъ) во мај 1904 година. Во брошурата биле претставени пет принципи околу кој ќе се групира Конзервативна струја.

Главните прашања околу кој се судриле дејците на Организацијата, се прашањето за централизација или децентрализација, односно демократизирање, како и крајната цел на самата Организација, односно автономна Македонија или оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација.

Прилепски конгрес

Тој (Ѓорче Петров б.н) наоѓаше дека строго осудувачки било за нас патриотите - револуционери да стануваме агенти на Егзархијата и на бугарската влада, кои никогаш не го сакале нашето ослободување, туку просто се стремеле за постигање на државни цели... тој отиде до таму, што напомна како многупати бугарските митрополити, Егзархијата, министрите во Софија и самиот кнез биле многу поопасни за нашето дело, отколку самите Турци. Во заклучокот тој предложи еднакво да ги истребуваме бугарските, српските и грчките конзули и митрополити како директни предавници и вистински виновници за националните расправи

— Јордан Тренков, Писмо
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Пере Тошев

Во почетокот на пролета 1904 година било донесено решение за конгрес на Битолскиот револуционерен округ. Во првите денови на мај се собрале во прилепско, следните револуционери: од битолскиот округ: Даме, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Христо Узунов, Ѓорѓи Сугарев, Георги Поп Христов, Никола Каранџулов, Петар Ацев, Георги Пешков, Јордан Тренков .

На Конгресот дошло до спротивставување на две гледишта за поредокот на Организацијата. Имено, Даме се залагал за централистичкиот поредок но не наишол на поддршка. Наспроти него била концепцијата на Пере Тошев за децентрализација на Организацијата и тој бил поддржан од сите повидни револуционери . Пере Тошев изработил предлог-статут наречен (Образец I) со кој се отфрлала мистериозната централизација. Ѓорче Петров за првиот предлог истакнува дека: И покрај силната мотивација на Пере Тошев, кој меѓу другото се потпираше на расположението и желбата на самото македонско население, неговиот предлог-статут, како крајно децентралистички и којшто не одговараше на една револуционерна организација, не беше прифатен во неговата целост .

Даме знаел дека неговиот став за централизација нема да пројде предложил нов проект-правилник познат како (Образец II) кој бил копија на првиот меѓутоа во поумерена форма . Двата проекти од страна на Ѓорче Петров му биле испратени во Софија на Борис Сарафов кој требало да ги испечати . На овој конгрес преовладало влијанието на Реформска струја, а влијанието на Даме во Битолскиот револуционерен округ, а и воопшто во Организацијата, опаднало, времето на големите авторитети минало.

Грабнување на Даме Груев

Паѓањето на Даме во рацете на Мицко беше голем морален удар за Организацијата. Тоа најмногу го почувствував јас во Кичевско кога српскиот свештеник ренегат Михаил... надмено се шеташе по чаршијата во Кичево и се фалеше нагоре-надолу пред граѓаните, дека Даме ранет се наоѓа во нивни раце и тој испратил медикаменти од Кичево за негово лекување

— Тома Николов, Ослободителните борби на Македонија, том два
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Мицко Крстевски
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Ѓорѓи Сугарев

Во пролетта 1904 година со помош на српскиот конзул од Битола била формирана првата српска чета на чело со просрпскиот војвода Мицко Крстевски. Оваа чета била составена од шестмина четници сите од Порече, а посебна помош при создавањето на оваа чета добиле од Саватие Милошевиќ. Мицко со својата чета го привлекол вниманието на самата Организација која протестирала во Белград за таквата активност. Георги Герџиковиќ, автономист од Белград, бил задолжен заедно со Христо Узунов да го поканат Мицко да се покори на Организацијата, меѓутоа наспроти тоа војводата Мицко ја засилил својата активност и неговата чета се зголемила на 30 души.

Поради ваквото држење на Мицко Крстевски, војводата Ѓорѓи Сугарев почнал да ја проследува неговата чета. Организацијата подготвила план за опколување на српската чета во Порече. Во меѓувреме дошло до судир во Црешнево, Мицко му поставил заседа на Ѓорѓи Сугарев меѓу тоа тој успеал да се извлече. По заседата, Мицко се префрлил на левата страна на Треска и се спуштил на југ. Организациските чети следејќи го Мицко се собрале во селото Слатино. Во исто време таму дошол и Даме со неколку селски милиционери.

Мицко од локалните србомани дознал за четите и решил да ги предаде на турската власт. Во селото набргу пристигала турската војска која го блокирала селото, а следното утро организациските стражари биле нападнати од аскерот и сите четници се кренале. Тие се обиделе да се пробијат и дошле во судир со војската, а притоа загинал Ѓурчин Наумов-Пљакот заедно со 4 четници. Најголемиот дел од четниците и преостанатите војводи успеале да се засолнат, но во текот на борбата Даме бил ранет и затоа тој со четникот Божин се засолнил во блиската шума. Од друга страна пак Мицко со својата чета се наоѓал во близината на селото и го набљудувал судирот. Во текот на ноќта Даме и Божин се вратиле во селото, а следниот ден во селото влегол Мицко со својата чета и ја опколил куќата во која бил сместен Даме. Следниот ден Мицко ги повел со себе Даме и четникот Божин низ Порече. По пат Мицко постепено ги разоружал и Даме разбрал дека тие се грабнати од просрпскиот војвода Мицко и затоа му укажал на Божин ако му се укаже прилика да избега, веднаш да го стори тоа и да ја извести Организацијата. Божин успеал да побегне, а во меѓувреме Ѓорѓи Сугарев и Петар Ацев започнале потрага по Груев и поминале низ селата Крапа, Локвица, Црешево и др.

По едномесечното заложништво, Белград му наредил на Мицко да го однесе Груев во Скопје и да го ослободи. Мицко го предал на главниот инспектор за српските училишта во Македонија — Јован Ќирковиќ, а тој го предал на истакнатиот член на Организацијата во Скопје — Георги Николов. Потоа Даме се упатил кон Куманово, а од таму за Бугарија. Пошироката јавност не била запознаена со подробностите на целото случување но се оставило впечаток дека еден од најголемите раководители се нашол во рацете на некој српски војвода, а тоа влијаело врз моралот на организациските луѓе.

Одмор, интервјуа и разговори

Да се одржи status quo во однос на вашите и бугарските придобивки, тоа е единствениот начин, со наша согласност, да се постигне ваша спогодба со Бугарите, а да се прекине секоја понатамошна националистичка пропаганда и да се запрат денешните непријателства помеѓу српските, бугарските и македонските чети

— Даме Груев, Ристовски Блаже, Даме Груев во извештаите на српскиот дипломатски застапник во Софија
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Даме Груев, 4 јули 1905
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Westminster Gazzete

По ослободувањето, Даме се нашол во Софија каде времето го поминал во психофизички одмор, меѓутоа и во контакти со дејците од македонското револуционерно движење. Неговото пристигање во Бугарија било проследено со интерес од многумина. Весникот Словенец на 30 ноември 1903 година напишал:

    Во Софија пристигна Даме Груев... бил тешко ранет во борба со Турците. Сега е во хотелот Ориент и зборува со најдобрите пријатели, иако од раната е многу слаб. Груев со душа и тело е оддаден на Македонија... Додека се лекувал кај војводата Крстиќ во Македонија, Турците на Крстевиќ му понудиле 100.000 франци за да им го предаде Груев. Крстиќ ја одбил понудата. Од тоа се гледа колку значи Груев за Турците .

Во овој период Даме имал интервју со рускиот новинар Кирилов, кое било објавено во весникот Новое время на 5 и 7 јануари 1905 година , а дел од интервјуто било објавено и во бугарскиот весник Ден на 17 јануари 1905 година. Кирилов во почетокот го претставил Даме како главен раководител на внатрешната организација во Македонија. Во понатамошниот текст тој напишал:

    Груев е родум Македонец и постојано живее во Македонија, дојден е овде пред еден месец да ја лекува раната, што ја добил при едно случајно судрување со турските војски, сега е речиси оздравен и се чини дека набргу пак ќе се враќа во Македонија. Тој има големо влијание не само во Македонија, туку на него сметаат и бугарската и српската влада. Турската влада ја има оценето неговата глава на 5.000 лири. Г. Груев е релативно млад човек со библиски лик, неговото расположение е стабилно... очигледно е дека постојните бури и животни тревоги не ја скршиле неговата натура .

Во текот на интервјуто Даме одговорил на повеќе прашања.. Првото се однесувало за положбата на настраданото население во текот на востанието. За состојбата Даме истакнал дека селата биле опустошени, а голем дел од населението било сместено како сардини во конзерва, во однос на таквата хуманитарна катастрофа Даме го потенцирал значењето на англиската помош .

За Мирцштешките реформи Даме истакнал дека странските офицер во Македонија не можат да сторат ништо бидејќи немаат никаква власт, а нивната улога е сведена на набљудувачи. Цивилните агенти, Даме ги оценил како македонски мачители . Според него, за да се излезе од таквата положба требало да се смени главниот инспектор Хусеин Хилми Паша и на негово место да се постави христијанин кои би бил независен од централната власт .

Во интервјуто, Даме извршил анализа за меѓународниот аспект на македонското прашање при едена турско-бугарска војна или австриска окупација на Македонија. Даме ја отфрлил можмнста од австриска окупација истакнувајќи дека на тој начин Австрија би станала конкурент на Германија .

За состојбите во Организацијата, Даме истакнал дека таа е полна со животоспособност, енергија и верба во своите идеали . За слабостите кој се јавиле по востанието, Даме одговорил дека тие биле надминати и дека се работело на подобрување на дисциплината и администрацијата. На прашањето дали идната година ќе има востание, Даме одговорил дека Организацијата нема да крене востание сè додека не заврши Руско-јапонската војна, во контекст на оваа прашање тој сакал да ги придобие симпатиите на руското јавно мнение истакнувајќи дека: Русите се наши браќа, меѓутоа потенцирал дека :

    За време на Востанието руската дипломатија беше во однос спрема нас, Македонците маќеа, меѓутоа Русија ја ослободи Бугарија, таа бездруго нема да нè остави нас да не изедат непријателите на славјанството. Така мисли нашиот народ, а така мислиме и ние .

За односите меѓу Организацијата и бугарската влада, Даме потенцирал дека тие се недружељубиви бидејќи бугарската влада се стреми внатрешната организација да ја потчини под себе , но во таквата намера владата не успеала бидејќи Организацијата дала силен отпор.

За српската и грчката пропаганда во Македонија, Даме истакнал дека: Грците отсекогаш биле најлути непријатели на Славјанството во Македонија , тие по востанието ја симнале маската и застанале на страната на Турците со сите свои интелектуални ресурси во Македонија. Затоа, Организацијата презела соодветни мерки за да се спротивстави на таквото националистичко домогнување на Грците . Во однос на српската пропаганда во Македонија, Даме одговорил дека Србите пред востанието го почистувале status quo, а во текот на востанието биле неутрални. Меѓутоа, по востанието Србите започнале да се служат со неморални средства, односно со бесплатно делење на брашно секому кој ќе се произнел како Србин. Според Даме, таквата дејност на српската пропаганда довела до меѓусебна омраза и раскол меѓу населението , а тоа водело до меѓусебно истребување.

Српско-бугарските судири во Македонија, Даме ги оценил како извор на трагизмот на положбата во Македонија, а самата положба во Македонија ја оценил како многу, многу лоша . Тој предупредил дека Србите треба да престанат со испраќање на чети за да не ја предизвикаат Организацијата на одмазда со што би дошло до самоистребување, против кое бил самиот Даме .

Според Даме, за да се излезе од таквата состојба требало да дојде до одговор меѓу српската влада и Организацијата меѓутоа врз принципи на самата Внатрешна организација, во контекст на тоа Даме дал предупредување дека: Ние не можеме да допуштиме постоење таму на друга политичка организација. Затоа, македонските Срби треба да прифатат заеднички да работата со Организацијата кој од своја страна би отворила задгранично претставништво во Белград .

На крајот од интервјуто Даме истакнал: Јас длабоко ги ценам српските државни дејци и би сакал да верувам во нивната политичка мудрост и проникливост, нивните непосредни интереси, како и нашите, барат ние да си подадеме едни на други рака на помирување во Македонија и да се спогодиме за здружена културно-политичка дејност таму .

Во текот на јануари 1905 година, Даме остварил неколку средби со универзитетскиот професор Љубомир Милетич. Во текот на овие средби Милетич ги запишал спомените на Даме. Меѓутоа поради зафатеноста на Даме овие спомени не биле завршени докрај, а пред да замине за Македонија се сретнал со Милетич и му подарил портрет со потпис и датум — 4 јули 1905 година .

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Racine Daily Journal

На 30 март 1905 година (стар стил) Даме имал разговор со српскиот дипломатски пртставник во Софија, Симиќ. На оваа средба било дискутирано за Македонското прашање и српско-бугарските односи. Во текот на разговорот Симиќ ја обвинил Организацијата дека со преврнувањето на патријаршиските села во егзархиски се ставила на страната на бугарската пропаганда, а со тој чин биле влошени односите меѓу српската и бугарскат влада. Даме во контекст на тоа истакнал дека: Србија и Бугарија треба да водат сметка за интересите на Организацијата кој и по востанието е силен фактор во Македонија кој не смее да се игнорира, а меѓу другото исткнал:

    Без наша согласност никаква ваша спогодба, доколку се однесува до Македонија, не може да има вредност .

Даме алудирал на разговорите меѓу Србите и Бугарите за поделба на Македонија на сфери на влијанија, на што Симиќ се правдал дека двете страни се дговарале за реформи во Македонија без разлика на народноста и црквите. Српско-бугарското зближување Даме го оценил како тенденција за поделба на Македонија меѓу овие две држави. Истовремено истакнуваќи дека бугарските кругови го прифатиле фактот за автономија на Македонија без задни намери за анексија , а во Бугарија само кнезот сонувал за присоединување на Македонија кон бугарската држава .

Српскиот претставник побарал Организацијата да престане со нападите врз српските села и училишта и според Симиќ со тоа би бил пстранет мотивот за српско-бугарското отимање за Македонијам, а на Бугарија да и се каже дека не треба да смета на Организацијата како на орудие за создавање на Голема Бугарија . Во однос на тоа Даме истакнал:

    Со Бугарија нам ни е лесно... но тешко е со Србија... ние имаме начин да ја натераме Бугарија да работи во согласност со нашите идеи и планови... бугарските трговски агенти и егзархиски владици не можат ништо без нас и против нас. Ние ним сме им потребни... (без б.н) нашата поддршка... тие во денешните околности во Македонија се количество без вредност

Меѓутоа Даме потенцирал дека состојбата со Србија е поинаква и затоа е потребно да дојде до пречистување на погледите врз меѓусебни односи во Македонија. Во понатамошниот тек на дискусијата Симиќ се повикал на интервјуто на Даме за весникот Новое время, истакнуваќи дека Даме на Србите им се заканил со Вартоломејска ноќ и затоа го потсетил на последиците посочувајќи го примерот со нападот на селото Загоричани од страна на андартите кога биле убиени голем број на невини македонски егзархисти . На таквото предупредување, Даме одговорил дека токму поради таквата дејност на Грците е потребно да дојде до заемна спогодба врз основа на принципите на Организацијата. Во тој контекст исткнал дека:

    ... на спогодбата, што за нас претставува неопходна потреба, и пречи вашиот и бугарскиот анатгонизам за Македонија, ние македонските револуционери, им дадовме изјави на Бугарите, само за да ги придобиеме, дека сме готови да водиме сметка за нивните придобивки во Македонија и да им го зачуваме во тој поглед status quo. Тие, со тоа можат, а и ако неќат мораат да бидат задоволни. Но, нам ни треба да знаме што сакаат Србите и што можеме да им гарантираме. Ние сме готови да им го признаеме, како и на Бугарите, она што го здобиле во Македонија. Да се одржи status quo во однос на вашите и бугарските придобивки, тое единствениот начин, со наша согласност, да се постигне ваша спогодба со Бугарите, а да се прекине секоја понатамошна националистичка пропаганда и да се запраат денешните непријателства помеѓу српските, бугарските и македонските чети. Србија и Бугарија во случај би имале да ја признаат Внатрешната организација, надвор од која други неможат самостојно да постојат, а во неа ги прима сите со еднакви права

Даме исткнал дека пропагандите предизвикуваат расцеп, таму каде што требало единство, а меѓу луѓето сееле омраза кој требало заеднички да се борат за својата слобода. Со тоа се создало расположение меѓу оние револуционери кои не знаеле за умереност и иднината. Бидејќи нивната одговорност паѓала врз Организацијата, таа настојувала злото да се сопре од корен: да претстанат националистичките пропаганди, во коишто е изворот на националистичките борби . И покрај обидот на Даме да го убеди Симиќ дека Внатрешната организација работи под лозунгот Македонија на Македонците, српскиот дипломатски претставник и понатаму сметал дека таа работи за бугарските интереси во Македонија и затоа со Внатрешната организација не може да се преговара бидејќи не се знае во чии име таа зборува .

Криза

Да би знаел каква душевна борба испитувам, и самиот би сожалувал, зошто досега не си дошол... Откако сум дојден не помнам цел ден да сум бил спокоен. Чувствувам потреба од одмор, но како можам да најдам: средства никакви, а и други, со кои ме сврзуваат само пријатни спомени, околу мене се ретки

— Писмо на Даме до Никола Дејков, Даме Груев - живот и дело...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Иван Гарванов

Кризата и поделбите кој се појавиле по Илинденското востание, во текот на 1904 и 1905 година се продлабочиле. Во овој период дошло до прегрупирање на силите, најистакнатите дејци на македонското револуционерно движење тргнале во барање на сојузници и приврзаници за наметнување на сопственото влијание.

Влијанието на Даме во Битолскиот револуционерен округ по Илинденското востание опаднало, тој презел и една обиколка низ Солунскиот округ и пошироко за наметнување на своето влијание, но ова обиколка не ги постигнала посакуваните резултати. Прилепскиот конгрес покажал дека Даме има различни погледи од Пере Тошев и Ѓорче Петров, по прашањето за идното устројство на Организацијата. Даме бил во лоши односи и со Борис Сарафов, кој преку поедини војводи го ширел своето влијание во Македонија. Поради централистичките погледи, Даме бил на спротиваната страна од Јане Сандански и Серчани, како и со дејците на Струмичкиот револуционерен округ. Тој ги расипал односите и со Атанас Лозанчев, со него во ноември 1904 година имал и физички судир .

Во август 1904 година во Софија се вратил Ѓорче Петров. Тој истакнал дека Даме е уморен и дека е потребна негова замена ако сакаат да ја продолжат и завршат борбата на Организацијата. Петров тогаш бил во коалиција со Петар Поп Арсов, Пере Тошев и Јане Сандански. Оваа групација се залагала за демократизација на Организацијата, прекинување на врските со било која бугарска влада и распуштње на актуелното Задгранично претставништво.

Според српскиот дипломатски претставник во Софија — Симиќ, во декември 1904 година македонското револуционерно движење било поделено на 4 групи, една околу Борис Сарафов, кон неа клонеле Ѓорче Петров и Васил Чакаларов, друга околу Матов — Татрчев, трета околу Даме и четврта анархистичка околку која се вртеле Петар Поп Арсов, Михаил Герџиков, Димитар Мирасчиев и други, тие биле групирани околу весникот Револуционерен лист. Симиќ истакнал дека највлијателна група била онаа на Даме, а нејзин најекспониран претставник во Бугарија бил Иван Гарванов . Симиќ исто така истакнал дека дошло до зближување меѓу Даме, Гарванов и Иван Цончев, а на спротивната страна дошло до зближување меѓу Пере Тошев, Лозанчев, Сарафов и Ѓорче Петров .

Претседател на Скопскиот револуционерен округ

Груев е мошне вешт и организатор и пропагатор, знае прилично српски, што во овој крај многу ќе му помага, а со тоа може да биде опасен противник

— Српски дипломатски претставник, Симиќ, Даме Груев во извештаите на српскиот дипломатски застапник...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Мише Развигоров, Даме, Ефрем Чучков и Атанас Бабата

Додека поделбата се продлабочувала во периодот меѓу 2 и 7 јануари се одржал Скопскиот конгрес. Во работата на конгресот доминантна улога имал војводскиот кадар и од тука биле донесени решенија кои се поништувале меѓу себе, била направена компилација од ставовите и идеите на двете крила, а во основа самиот конгрес покажал сепаратизам, бил усвоен правилник кои стапил веднаш на сила, без одобрение на општ конгрес, а Иван Гарванов бил избран за задграничен претставник на Скопскиот округ. Конгресот го избрал Даме за претседател на Скопскиот револуционерен округа.

По Прилепскиот (Подвижен) конгрес, влијанието на Даме во Битолскиот револуционерен округ, и општо во целата Организација, опаднало. Даме истиснат од Битолскиот округ, преку Скопскиот конгрес сакал да се наметне врз Скопскиот револуционерен округ и да го врати своето влијание и авторитет врз целата Организација. Даме ја прифатил поканата за претседател на Скопскиот округ и писмено се обратил до Солунскиот и Битолскиот округ барајќи од нив да го прифатат Иван Гарванов, кој бил избран за задграничен претставник на Скопскиот округ, и за нивен задграничен претставник.

Откако ја прифатил поканата за претседател на Скопскиот револуционерен округ презел една обилока низ него. На 11 април заедно со Ефрем Чучков и Атанас Бабата навлегол во Македонија. Биле посетени селат во Палановечката и Кратовската каза, а најмногу Даме се задржал на Емиршките Планини околу Султан Тепе . Оттука Даме сакал да го спречи навлегувањете на сарафовите чети во Скопскиот и Битолскиот револуционерен округ .

Обиколката на Даме била следена и од српските кругови. Српскиот дипломатски претставник во Софија, Симиќ во својот извештај од 20 април 1905 година истакнал: Груев е мошне вешт и организатор и пропагатор, знае прилично српски, што во овој крај многу ќе му помага, а со тоа може да биде опасен противник .

Бидејќи Централниот комитет се смораспуштил на 13 април 1904 година, Даме како претседател на Скопскиот револуционерен округ презел дел од кординацијата за свикување на општиот конгрес. Тој се обратил писмено до Солунскиот окружен конгрс и го поканил да испрати делегати за идниот конгрес. Даме побарал делегатите да бидат во Бугарија до 15 август, да имаат посебни полномоштва и информирал дека местото на одржување на конгресот ќе биде избрано по консултациите со Серчани и Јане Сандански. Даме побарал делегатите откако ќе пристигнат во Бугарија да стапат во контакт со Иван Гарванов и Пере Тошев, а тие ќе им дале понатамошни упатства. Во почетокот на септември 1905 година, Даме пристигнал во Софија, каде што бил пречекан од Иван Гарванов и Петко Пенчев. Веднаш по пристигнувањето во Бугарија, тој ги возобновил контактите со Пере Тошев и Ѓорче Петров со што започнале подготовките за конгресот кој требало да се одржи.

Рилски конгрес

Повеќето од нив, без сомнение знаеја дека овој конгрес има судбинско значење за ослободителното дело. Тие имаа огромна желба да се смират спротивностите и да и се даде на Организацијата тоа што ѝ недостасува - соодветен основен закон, единствено раководство, полет во работата. Но, имаше и страсни функционери кои бараа надмоќ на својата група, имаше стари дејци кои им даваа магична сила на правилниците, имаше првенци кои преку конгресот сакаа да ги вратат загубените места во организациската хиерархија, а имаше и со тешки обвинувања кои не мислеа на ништо друго, освен како да се извлечат од рацете на врховниот револуцинерен суд - општиот конгрес. Ете зошто конгресот не можеше да ја избегне двојноста, карактерсистична за парламентите - со нивните пленарни дискусии, со претходни договори кулуарски шушкања и и интриги

— Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија, том два
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Јане Сандански
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Рилски манастир

И покрај поделбата и диференцирањето на фракциите во Организацијата, најголемиот дел од дејците биле на став дека излезот од таквата состојба може да се најде само преку еден општ конгрес, кој би го воспоставил повторно единството во македонското револуционерно движење. Меѓутоа патот до општиот конгрес траел 2 години. На нему му претходеле Струмички конгрес од 1904 година, Прилепскиот конгрес и Скопскиот конгрес од јануари 1905 година. Во летото 1905 година се одржале два конгреса на Солунскиот револуционерен округ, во конгресот од јуни и конгресот од август. Потоа се одржал Струмички конгрес од 1905 година и Серскиот конгрес. Со тоа се создале услови за свикувње на општиот конгрес.

Кон крајот на септември 1905 година во Софија се собрал најголем број од делегатите кој требале да присуствуваат на Конгресот. Во главниот град на Бугарија биле извршени дополнителни советувања на кои дошло до недоразбирање околу местото за одржување на Конгресот. Јане Сандански побарал Конгресот да се одржи во Македонија и на тој начин да се повлече: чисто внатрешниот карактер и полната независност на Организацијата . Сепак најголемиот број од делегатите посочиле дека Конгресот не треба да биде вознемируван од никого и затоа предложиле тој да се одржи надвор од границите на Македонија. По преговорите било постигнато компромисно решение Конгресот да се одржи во Рилскиот манастир, во близината на македонската граница.

Конгресот го имал следниот дневен ред:

    1. Извештај за минатата дејност и сегашната положба во Организацијата по окрузи и околии
    2. Идната дејност на Организацијата
    3. Устројство и управа на Организацијата;
      а) административен оддел
      б) судски одел
      в) финансиски одел
      г) културно-економски одел
    4. Литература и печат
    5. Односот и поведението на Организацијата спрема разните теченија; a) спрема сите пропаганди б) спрема бугарскиот државнички национализам и Егзархија в) спрема врховистите, емиграцијата и јавноста во Бугарија г) спрема одделни организациски групи внатре и надвор
    6. Тактика на Организацијата
    7. Отчет за дејноста на ЦК и Задграничното претставништво

Најдолго време распрвале, дваесет дена, за точката три, односно идното устројство на Организацијата. Според Христо Силјанов по ова прашање дошле во судир две струи кои имале различна концепција по ова прашање. Двете струи Силјанов ги нарекува: радикално-реформска и умерено-конзервативна . На овој Конгрес најистакнати претставници на првата групација биле Пере Тошев, Ѓорче Петров и Јане Сандански, тие ја имале наклонетоста на најголемиот број на делегати. Оваа крило се залагало за децентрализација и демократизација на Организацијата, широка примена на изборното начело. На страната на оваа група застанал и Борис Сарафов сакајќи на тој начин да добие амнестија од обвиненијата.

На чело на другата групација застанал Даме кои се залагал за зачувување на централистичкиот хиерархиски поредок . Меѓутоа тој ја немал поддршката на најголемиот број на делегати и затоа бил подготвен на компромис, а зад него застанале Аргир Манасиев, Борис Мончев, Лазар Маџаров, Стамат Икономов и Добри Даскалов. По дваесет дневна расправа меѓу двете групи, Конгресот ги прифатил новиот Устав и Правилник на Организацијата. Христо Силјанов истакнува дека новоусвоените акти биле компромисно решение меѓу двете групации:

    со чувствително наклонување на лево

и дека отстапките за компромисот биле направени од умерено-конзервативното крило. Иако Христо Силјанов истакнува дека бил постигнат компромис, во постарата литература преовладува ставот дека влијанието на левицата преовладал на овој конгрес. Дополнителна кофузија е поделбата на левица и десница, кога е познато дека Борис Сарафов застанал на страната на радикално-реформска крило кое во постарата литература се нарекува како лево крило, а Даме бил на чело на умерено-конзервативната струја, во постарата литература познато како десно крило.

И покрај струењата бил постигнат компромис и бил усвоен новиот Устав и Правилник според кој Организацијата добила ново официјално име: Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Врз основа на штотуку усвоените нови акти за членови на ЦК биле избрани: Дамјан Груев, Пере Тошев, Тодор Поп Антов, во Претставничкото тело влегле — Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов и Димитар Стефанов, за уредник на Револуционерен лист бил избран Димо Хаџи Димов. За ревизори на Организацијата биле избрани Иван Гарванов, Никола Пушкаров и Борис Сарафов, меѓутоа тие не ја прифатиле должноста..

Одговорноста на Борис Сарафов како и на другите дејци на Организацијата биле оставени за на крајот од дневниот ред, бидејќи оваа прашање било најделикатно. Сарафов бил обвинуван од сите страни и за секакви дејствија, дека земал пари од српската влада, за пропуштање на српски чети, за препраќање на свои чети во Македонија, давање пари на разни службеници со што предизвикувал раскол и расипништво. Според Христо Силјанов фактите биле толку силни што Сарафов:не можел, а да не се чувствува за грешник . Главни обвинители на Конгресот бил Јане Сандански и серчани. Тие биле поддржани од струмичаните како и од реформските делегати, а против Сарафов биле и делегатите од Битолскиот и Солунскиот округ под влијание на Даме, нивен гласноговорник бил Борис Мончев . Сарафов морал да се брани и затоа го обвинил Јане Сандански за пасивност при Илинденското востание, а на Дамјан Груев му дофрлил што дозволил да биде грабнат од просрпскиот војвода Мицко Крстевски. Единствен кој застанал на страната на Сарафов бил Ѓорче Петров кој пак добил поткрепа од страна на Пере Тошев дека амнестирањето на обвинетите е најдобро решение со што би се разрешило заплетканото прашање. Улогата на миротворец требало да ја одигра непомирливиот противник на Сарафов, самиот Јане Сандански. На изнанедување на многумина Сандански истакнал дека во минатото сите грешеле, дека е потребно сплотување и помирување, да се остави минатото. Во тој дух се изјаснил и Ѓорче Петров, а поддршка дал и Даме. На крај конгресот изгласал опша амнестија за сите обвинети вклучително и за Сарафов .

На конгресот преовладал духот за постигнување на компромис и возобновување на единството. Со новиот устав и правилник во Организацијата требало да се воведе широка децентрализација и демократизација од највисоките до најниските раководни тела. Mеѓутоа единството кое било воспоставено траело кратко.

Нов централен комитет

Од помирувањето на Македонците не треба да се плашиме. Не е ни искрено, ни трајно. Внатрешната организација си ја одигра својата улога, сега и преостанува да ја запали и својата колиба

— Српски дипломатски претставник Св. Симиќ, Даме Груев во извештаите на српскиот дипломатски застапник...

Составот на новиот централен комитет бил компромис помеѓу фракциите во самата Организација. Даме како член ЦК ја претставувал Конзервативната струја, а Пере Тошев Реформската струја, додека пак Тодор Поп Антов бил близок со Серчани. Даме и Пере Тошев стоеле на различни стојалишта во поглед на многу прашања и тоа го отежнувало функционирањето на Централниот комитет и самата Организација. Тодор Поп Антов бил легален член, за разлика од останатите кои биле нелегални, тоа придонело да биде отежната комуникацијата помеѓу нив.

Недоразбирањата помеѓу членовите на ЦК, особено меѓу Даме и Пере Тошев, биле пречка за повторното воспоставување на единство во Организацијата. Ефтим Спротстранов истакнува дека и по Рилскиот конгрес, дејците во Организацијата се делат на три групи: Ѓорче Петров-Борис Сарафов, Даме-Христо Матов и трета околу Пере Тошев, Петар Поп Арсов и Димитар Стефанов. Според Спротстранов: Првите се за интереси и сакаат да се држат за да јадат, вторите за стариот ред во управувањето на Организацијата, а последните-за новиот Правилник . Разликите биле преголеми, оттука Организацијата и по една година од Рилскиот конгрес се наоѓала во старата состојба на внатрешни поделби и расправии .

Подземна република

Организацијата го претставува административниот механизам на една подземна Република, којашто се градеше за заштита од турската тиранија

— Даме Груев, Интервју за списанието Blackwood’s Magazine

Во февруари 1906 година Даме ја обиколувал Македонија и во кратовските планини имал средба со еден шкотски новинар кој бил дописник на единбуршкото списание Blackwood’s Magazine. Овој новинар средбата ќе ја објави во споменатото шкотското списание под наслов An Underground Republik. Во текстот, анонимниот шкотски новинар напишал дека при неговиот престој на организациската територија имал доживување како да се наоѓа на територијата на една слободна подземна република каде турската власт немала никакви ингеренции . Даме во интервјуто истакнал:

    Организацијата го претставува административниот механизам на една подземна Република, којашто се градеше за заштита од турската тиранија. Регуларните чети се полициски сили на оваа република. Тие ги извршуваат повелбите на цивилните судови. Во секое село има локален суд. Потоа, ние имаме подвижни судови, што ја обиколуваат земјата и одлучуваат за распарвиите помеѓу луѓето од различни села. Месните комитети ги претставуваат цивилните локални власи, зад нив се наоѓаат силите на четите. Локалните комитети се избираат од селаните. Тие не ја злоупотербуваат ниваната доверба .

Во понатамошниот разговор со шкотскиот новинар, Даме информирал за децентрализацијата на Организацијата и начинот на борба против османлиската власт. На прашањето што мисли за бугарската пропаганда во Македонија, Даме одговорил: Ако постои грчка и српска пропаганда, зоштоо да не може да постои и бугарска... Таа постои. Има бугарски политичари кои не се поголеми наши пријатели од Грците. Под имињата на мошне познати шефови, тие се обидуваат да испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја... Тука има место само за една организација, а таа е народна организација. Ниту Цончев, ни Сарафов не се избрани од народот иако тие се обидуваат да преминат ваму, да присвојат самоволна сила со оружје. Ние што го претставуваме народот, мора да ги сретнеме со иста сила, која тие ја применуваат против нас .

Активност на новиот централен комитет

Организацијата ќе постапи, така, како што постапува со сите, што пречат на ослободителното дело и се стремат да го клеветат и компромитираат со умисла''

— Писмо на Централниот комитет до Егзархијата, Македония...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Егзарх Јосиф I (18771915)

Во мај 1906 година, Централниот комитет се обратил писмено до сите окружни револуционерни комитети. Од нив било побарано да се уреди Организацијата според правилникот на ВМОРО, да се организираат околиски и окружни конгреси, употреба на сила за избегнување на крвава борба со пропагандите, употреба на терор само од неопходност, односите помеѓу Окружните комитети и Централниот комитет да бидат во согласност со правилникот, да се соберат информации и факти за однесувањето на владиците и претседателите на општините кон Организацијата, за да може Централниот комитет да покрене постапка пред Егзархијата . Откако Централниот комитет ги добил сите потребни информации испратил протесно писмо до егзархот Јосиф I. Во писмото било истакнато дека егзархиските чиновници се жалеле до бугарските трговски агенти во Македонија дека Организацијата:

    ... ја проследува Егзархијата и нејзината дејност, се меша во нејзините права и прерогативи и воопшто била против бугарштината во Македонија и Одринско .

Во однос на таквите обвинувања, во писмото било истакнато дека тоа се клевети со умисла да се попречи револуционерното дело, точно е дека некои од членовите на Организацијата покажувале самоволие во тој поглед, но дека егзархиските претставници се однесувале непријателски кон ослободителното дело, односно кон Организацијата. Затоа Централниот комитет побарал ваквите лица да се придружуваат да егзархискиот устав и правилник, во спротивно Организацијата со нив ќе постапи, така, како што постапува со сите, што пречат на ослободителното дело и се стремат да го клеветат и компромитираат со умисла.

Централниот комитет испратил писмо со слична содржина и до трговските агентстав во Македонија и Одринско. Во писмото, се негодувало за некорекните извештаии на агентствата до бугарската влада со што се компромитирала Организацијата и се предизвикувала недоверба кај бугарските граѓани во однос на самата Организација. Агентствата во своите извештаии до владата ја обвинувале Организацијата дека таа:

    ... систематски ги проследува Бугарската егзархија, чиновниците од бугарските трговски агентства и воопшто негува недоверба и омраза кон се што е бугарско.

Централниот комитет истакнал дека таквите обвинувања можат да произлезат само од непријатели на ослободителното дело, одделни духовници, крајно амбициозни чиновници, разни шарлатани или луѓе од лагерот на генерал Цончев. Затоа ЦК испратил предупредување дека таквите лица Организацијата ќе ги смета за злосторници и ќе ги гони и казни согласно својот правилник . Од агентствата било побарано својата активност да ја ограничат согласност своите овластувања и добро да ги проучат фактите што ги испраќаат во своите извештаии за Организацијата .

Во летото 1906 година Даме се нашол во Софија. Таму се сметил во хотелот Македонија и во јуни и август имал неколку средби со Петар Поп Арсов, Димитар Стефанов, Милан Матов, Христо Матов, Владимир Руменов, Павел Христов и Пере Тошев. Додека престојувал во Софија, Даме го избегнувал Ѓорче Петров поради неговите контакти со Борис Сарафов. На овие средби присуствувал и Ефтим Спротстранов, како соработник на Централниот комитет.

На овие средби станало збор за повеќе прашања, а посебно внимание било посветено на Петар Лигушев и неговото предавство. По ова прашање дошло до спор. Даме сакал заедно со Павел Христов да замине за Битола и да го казнат Лигушев, но тоа било протолкувано како обид на Даме да го засили своето влијание во Битолскиот револуционерен округ . Димитар Стефанов и Поп Арсов биле против заминувањето на Павел Христов во Битола поради што дошло до расправија, а тоа влијалело да не се донесе конкретно решение за предавството извршено од страна на Лигушев, а наместо Даме за Битола заминал Милан Матов кој требало да постапи во согласност со правилникот на Организацијата . Оваа расправија покажала дека дејците на Внатрешната организација не можеле да ги усогласат своите ставови за голем број на прашања, а со тоа било доведено во прашање и функционирањето на самата Организација.

Постепено на дневен ред дошло и прашањето за одржување на нов општ конгрес, кој според правилникот требало да се одржи на годишнината од Рилскиот конгрес. Секое одлагање на новиот општ когрес значело и престанок на мандатот на Централниот комитет и Претставничкото тело, со што се доведувало впод знак прашање функционирањето на Организацијата. По оваа прашање дошло до полемика меѓу Пере Тошев, кој во август се нашол во Софија, и Даме. Пере Тошев побарал, врз основа на правилникот, да се одржи конгрес во предвидениот рок дури и без присусутво на делегати од Битолскиот и Солунскиот револуционерен округ, на што Даме се спротивстваил и побарал одлагање на конгресот за 1-2 месеци, за да можат овие окрузи да изберат свои делегати за предвидениот општ конгрес. За да ја зацврсти својата позиција, Даме одбил да потпише покана за конгресот со што дошло до остара полимика меѓу него и Пере Тошев .

Ова прашање повторно било разгледано на 29 август 1906 година во хотелот Македонија. Тогаш се покажало дека Даме и Пере Тошев, едни од најголемите и најавторитетните дејци на Внатрешната организација, имаат спротивни ставови по голем број на прашања и не се во можност да соработуваат. Поради недоразбирањата, Пере истакнал дека тој ќе замине за Македонија. Даме од својата страна, прифатил да ја потипише поканата само до Битолскиот и Солунскиот округ за да ги забрзаат своите подготовките за одржување на општиот конгрес. Со оваа покана, овие два округа за последен пат биле поканети да изберат делегати за општит конгрс, а самото тоа да учествуваат во работата на предвидениот конгрес. Меѓутоа, Даме одбил да ја потпише поканата за останатите окрузи за утврдување на датумот за конгресот, а следниот ден заминал за Ќустендил . Поради недоразбирањата конгресот бил одложен за подоцна.

Последна обиколка

Оваа вечер јас ја прескокнувам границата, талкајќи, белким таму ќе најдам утеха, па макар и во гроб

—  Писмо на Даме до Димитар Ризов, Даме Груев - Спомени. Коресподенција...
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Портрет на Даме Груев со потпис и датум

Пред заминувањето од Софија, Даме имал средба со професорот Иван Георгов. Пред разделбата, сопругата на професорот го замолила Даме да им испрати една карта со слики од македонските планини. На таковото барање, Даме одговорил:

    Јас одам таму, од каде што не се испраќаат карти .

Даме заедно со Карчо, Мирчо, Гоце Петров и Андреј Нејчов се нашол во Ќустендилско. На 5 септември Од Ќустендилско му испратил картичка на Никола Дејков во која било истакнато: уште ден-два јас ќе се најдам во пеколот, за да ги споделам страданијата на оние, меѓу кои, сепак попријатно се живее . Истиот тој ден, Даме му пишал и на Мише Развигоров, во писмото било истакнато:

    Ми се сожали да не зарадувам со својот потрофел некој зебек (лесно вооружен турски војник б.н) та ти го враќам, но да не те излаже ѓаволот уште при мојот живот да го употребиш. Реално не е ништо особено, но за мене е вреден . На 7 септември, Даме испратил писмо до Димитар Ризов во кое што пишал:
Внатрешната гангрена, која продолжува да не разјадува дури и сега, ми убива секаква желба да разменам со пријатели два реда... не сум тој што го цени значењето на слично разбирање, но согласи се и ти, дали тоа може да ја има нужната вредност, кога не сме полновласни кормилари на коработ? Зе еден фарфарон можеби таа околност би била без посебно значење, но знаеш јас имам арнаутска глава и не би сакал да правам сметка на ханџијата. Ако ја имаш предвид таа внатрешна рана, лесно можеш да си објасниш на што се должи нашето мртвило во се. Злото е големо, но подобро да молкнам. Единствената надеж се полага на претстојниот општ конгрес, но ете и тој не ќе може наскоро да стане. Оваа вечер јас ја прескокнувам границата, талкајќи, белким таму ќе најдам утеха, па макар и во гроб. Знам дека при таква ненормалност, и таму нема да бидам од посебна корист, но барем нема од далеку да ги преживувам страдањата. Згора на се, пак дојде и веста за новото опустошување на Смилево . Та и само тоа да е. За секој случај, бидејќи Турчинот од шега не разбира, ти го испраќам мојот портрет за спомен

По преминувањето на границата, кон крајот на септември Даме се нашол во Солун. Неговото доаѓање било мотивирано од повеќе проблеми: неодржувањето на окружниот конгрес, изборот на делегати за општиот конгрес, дејноста на андартите, опозицијата раководена владиката Неофит и Атанас Шопов , како и потресот од Мацановата афера . Во Солун, Даме презел мерки за зацврстување на организациските редови и изработил конкретен план за дејствување во Солунскиот округ. Планот бил презентиран во куќата на Григор Попев . Планот предвидувал: атентат врз главниот инспектор Хусеин Хилми паша, атентати врз поважни објекти со странски капитал и ликвидација на драгоманот од грчкиот конулат, Аскетис. Во куќата на Попев станало збор и за опозицијата предводена од Неофит и Шопов. Во однос на оваа пршање, Даме ја презел одговорноста да ги предупреди бугарскиот трговски агент Шопов и владиката Неофит да го прекратат делувањето против Организацијата, заканувајќи со зборовите: ќе ги премавнеме без око да ни трепна . Додека Даме престојувал во Солун се одржал Солунскиот окружен конгрес, меѓутоа Даме не учествувал во неговата работа. Во писмото до Иван Гарванов, Даме известил дека тој не сака да учествува во работата на конгресот за да не биде обвинет за неметнување на влијание . Набргу потоа Даме го напуштил градот.

Убиство на апостолот

(Со смрта на Даме б.н) му се нанесе огромен удар на македонското ослободително движење. Местото што тој го имаше остана незафатено, празно. Немаше фигура што можеше да го замени паднатиот на својот боен пост македонски револуционер, немаше лице што можеше да го има авторитетот на Груев и да служи како центар за обединување на македонските сили…

— Димитар Влахов, Прилози за Даме Груев
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Сандо Китанов и Даме кај Аматовското Блато
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Српски извештај од 9 јануари 1907, за смртта на Даме Груев, според изјавите на човек од негова чета кој успеал да се спаси.

Даме преправен како селанец заминал за селото Коринте, таму стапил во контакт со својата чета и со неа заминал за Кукуш . Во градот, Даме ги посетил куќите на Бојаџиеви, Арапнакови, Влахови и груги . За да се зацврсти организациската мрежа во овој крај, Даме посетил повеќе места од Аматовското Блато до Дојранското Езеро.

Кај Аматовското Блато, Даме имал средба со америсканскиот писател Алберт Сониксен. Во Блатото останале неколку дена, а Сониксен направил и една заедничка фотографија на Даме и Сандо Китанов. За оваа фотографија Сониксен оишува: малку мислев тогаш, за вредноста што ќе ја има тој портрет за Македонците . Во овој реон, Даме со својата чета бил опколен од аскер во селото Горно Порој, но успеале да се провлечат.

Додека престојувале во оваа област се наближувало времето за одржување на општиот конгрес. Во Софија, за 15 декември (стар стил) биле закажани подготвителни советувања и затоа Даме се упатил кон главниот град на Бугарија. Даме заедно со својата придружба ја минал Беласица упатувајќи се кон Малешевско. На 9 декември 1906 (стар стил) година тие пристигнале во селото Русиново .

Четата влегла во селото и заседнала во куќата на Димитар Р. Алаѓозов, но направила фатална грешка бидејќи не обезбедила стражари внатре и околу куќата. Надвор, Иван Белчев не направил ништо за заштита на околиската чета, а потоа се сокрил и не им помогнал на другарите. Во сплетот на несреќните околности во куќата на Алаѓозови влегле двајца Турци. Тие качувајќи се по скалите ги виделе низ отворената врата комитите кои живо разговарале во собата на горниот кат. Турците наместо да побегнат, се наместиле под скалите и отвориле оган. Прв слегол по скалата Сандо Китанов, но не бил погоден. По него се симнал Даме кој се здобил со рана во десната нога. Другите четници излегле на задната врата и тргнале нагоре кон плотовите. Четникот Ѓорѓи Поп Стојанов од с. Владимирово, којшто ја следел трагата на Китанов, правејќи обид да се префрли преку плотот бил погоден од два куршума. Тој бил првата жртва блиску до куќата.

Даме Груев и Ѓорѓи Карчов излегле надвор од селото со еден смел курир Григор Митов Крапев, кој за жал бил без оружје и не можел да им дава помош. По Дамета имало неколку потери на војски, а раната која крвавела оставала траги по пресниот снег на земјата. Стасале до југоисточната стрмнина на врвот Петлец, во месноста Валмето, кај Белите Камења. Тука се отворила борба, а Даме го отстранил курирот за да не стане и тој жртва.

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Мртвото тело на Даме Груев.
Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија 
Гробот на Даме во Русиново

Според зборовите на Русински, во крвавата битка прочуениот смилевски даскал, апостолот на македонската слобода Даме Груев, ја најде својата херојска смрт на 23 декември 1906 година. Следниот ден, на 24 декември турските воени власти наредиле убиените да се кренат од местото на погубувањето и да бидат погребани. Селаните ги погребале Даме Груев, Сандо Китанов, Ѓорѓи Карчов во еден гроб кај русинската црква. Телото на Ѓорѓи Поп Стојанов си го однеле во Владимирово.

Сопствениците на куќата во Русиново, Димитар Р. Алаѓозов и неговата жена Божана без да знаат што се случило во нивната куќа и што ги чека, биле пречекани пред куќата од разлутените заптии кои без да ги прашаат ги застрелале.

Иван Белчев, кој се криел во друга куќа и не учествувал во престрелката, се скрил во јаслите на едно магаре, откако го собрал сеното врз себеси. Селската револуционерна организација, огорчена од поведението на И. Белчев врз кого се стовари целата вина за скапата жртва, го повика да одговара пред селскиот револуционерен суд. Белчев не се потчинил на Револуционерната организација туку пребегнал кај врховистите .

Во текот на истрагата, селаните изјавиле дека двајца од убиените не ги познавале и дека тие дошле од Солунско по комитска работа. Затоа воениот командант се посомневал дека станува збор за некој важен комитаџија . За точно утврдување на идентитетот на загинатите, валијата издал наредба за откопување и фотографирање на погребаните . Според Русински, откопувањето на телата било на третиот ден од Божиќ, а фотографирањето било направено од беровчанецот Гаврил Зографот .

Врз основа на фотографијата било утврдено дека станува збор за Даме и валијата Махмуд Шефкет паша, фотографијата ја претставил пред дипломатите во Солун. Еден примерок од фотографиојата добил српскиот конзул Владимир Љотиќ и истата таа фотографија ја испратил во Белград . Врз основа на фотографијата претставена од валијата Махмуд, од страна на Алфред Рапорт била изработена една скица од ликот на починатиот Даме, а скицата подоцна се нашла на првата страница на неговата книга со наслов: Во земјата на мачениците . По утврдувањето на идентитетот на убиените, главниот инспектор Хусеин Хилми паша на 10 јануари 1907 година го известил Великото везирство дека меѓу убиените разбојници се наоѓал и Даме Груев, а дека останатите биле Сандо и Карчо од Кукуш .

Врз основа на извештајот на гласвниот инспектор како и врз порнешната понуда на власта од 1.000 лири за убиство на Даме, Големиот везир предложил до Военото министерство да се наградат сите војници и офицери кои придонеле за убиството на Даме. Меѓу другото во предлогот било посочено на јузбашијата Мехмед-ага да му се додели орден Меџидие од IV степен, на јузбашијата Абдулрахман Шукри и мулјазимот Закир ефенди да им се додели орден Османије од IV степен, а на тројца жандари и 14 војници да им се додели ореден Меџидие од V степен и по 5 лири .

Врз основа на овој предлог, османскиот воен министер Риза паша го известил Големото везирство дека султанот Абдул Хамид II издал наредба за доделување на ордените и парични награди за сите учесници во убиството на Даме и неговите придружници . Убиството на Даме, го привлекло вниманието и на Србите. Владимир Љотиќ, српски конзул во Солун, на 17 јануари 1907 година (стар стил) испратил извештај, заедно со фотографијата, во кој истакнал: бев среќен да добијам една снимка од таа фотографија на мртвиот Даме . Според Димитар Ризов, тогашен бугарски дипломатски претставник во Белград, српскиот печат и српската чедничка средина ликувале за убиството на Даме. Српските кругови се фалеле дека Даме бил предаден од србоманскиот малешевски војвода Јово Стојковиќ, кој учествувал дури и во убиството на Даме .

Според сознанијата на Христо Матов, немало никакви траги за предавство на Даме и дека неговото убиство се должело на слабата организациска поставеност во селото Русиново кое било калпаво село . Убиството на Даме влијаело негативно врз целото македонско националноослободително револуционерно движење. Според Димитар Влахов: Местото што Даме го имал во македонското револуционерно движење останало незафатено, празно. Немало фигура што можела да го замени . Тоа веднаш се почувствувало, Конгресот на кој Даме брзал за да стигне, воопшто не се одржал и по неговата смрта дошло до конечен Расцеп на Македонската револуционерна организација.

Национален херој

По создавањето на независната македонска национална држава, Даме е прогласен за македонски национален херој и симбол на Република Македонија. Неговото име се споменува во химната на Македонија - Денес над Македонија, голем број на училишта, улици, населби, невладини организации и здуженија го носат неговот име . Во Македонија, државните институции и бројни невладини здруженија организираат пригодни свечености на денот на неговото раѓање или загинување .

Ширум низ Македонија се организираат бројни манифестации и музејски постановки на негови фотографии и писма . Во 2010 година на плоштадот Македонија, во главниот град на Републиката, од левата страна на почетокот од јужниот дел на камениот мост е поставен постамент на Даме Груев како коњаник .

Белешки

Галерија

Наводи

Литература

  • Ванчо Ѓорѓиев, Подземната Република, Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Скопје, 2010 (II издание, Скопје, 2011)
  • Бистра А. Цветкова, Село Смилево - Битолско во национално револуцинерното движење, София, 1979
  • Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997
  • Димитар Димески, Создавање на Македонската револуционерна организација и нејзината организациона поставеност (1893 - 1895), Историја, XXII/1, Скопје, 1896
  • Димитар Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1994
  • Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает (1893 — 1903), II издание, Скопје, 1982
  • Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.
  • Евтим Спротстранов. Дневник, Т.I (1901 — 1907), Предговор Александър Гребенаров, Съставители: Гребенаров, Ал., Милкана Бошнакова, Георги Царев. С. 1994
  • Нови моменти од животот и дејноста на Дамјан Груев, Зб. Дамајан Груев (1871 — 1906) — сто години од неговата смрт (1906 — 2006), Скопје, 2007.
  • Даме Груев — живот и дело, Том 1 и Том 2, Предговор, съставителство и бележки: Цочо Билярски, Анико, 2006
  • Дракул Симон, Македонија меѓу автономијата и дележот, т. трети и четврти.
  • Извештаи од 1903 година на српските консули, митрополити и училишни инспектори во Македонија, (редакција и коментар: Љубен Лапе), Скопје, 1955.
  • Извештаи од 1903 до 1904 година на австриските претставници во Македонија, (превод, редакција и коментар: Данчо Зографски), Скопје, 1955.
  • Лапе Љ., Нови документи за Илинденското востание, Илинденски зборник 1903 — 1955, Скопје, 1953.
  • Лапе Љ., Документи за положбата во Македонија и во Организацијата во првата половина од 1904 година, ГИНИ, В/2.
  • Татарчев Христо, Спомени, документи и материали, сьставител: Цочо Билярски, София, 1989.
  • Турски документи за оружените борби во Македонија 1903 — 1908, (превод, редакција и коментар: Драги Ѓорѓиев), Скопје, 2007.
  • Христо Узунов, Забелешки за организацијата во Охридско и Струшко, (предговор, редакција и коментар: Никола Целаковски), Охрид, 2003.
  • Вь Македония и Одринско, Спомени на Михаиль Герджиковь, (сьобщава: Л. Милетичь), София, 1928.
  • Динев Ангел, Илинденската епопеја II, приредил: Владимир Картов, Битола, 1987.
  • Димовски Цолев Ѓорѓи, Ѓорѓи Сугарев, Битола, 1988.
  • Константинов Душан, Даме Груев, Смилево, 1984.
  • Коџа, Четнички споменик, Војвода Мицко, живот и рад, Скопље, 1930.
  • Мемоари Василија Трбића, Војводе Велешког (1898 — 1918), Каиро 1944, део I, (ракопис, АО. ИНИ).
  • Революциони борби вь Азоть (Велешко) и Порѣчието, от Стефань Н. Аврамовь, София, 1929.
  • Ристески Милан, Поречието низ историјата, Скопје, 1982.
  • Ристовски Блаже, Даме Груев во извештаите на српскиот дипломатски застапник во Софија во 1905 година, Зборник — Даме Груев 1871 — 1906, истражувања и материјали, Битола, 1981
  • Христов Крум, Гоце Делчев, София, 1955.
  • Чапразов, Г. К., Спомени от революционното минало на гр. Петрич и околията, Македония. София, год. ИВ, бр. 1130 и 1131, од 24 и 25 ВИИ, 1930.
  • Чернопеев П., Костадин Самарџиев-Џемото, Илюстрация Илинден, София, кн. 8. од 1928
  • Яворов, К. Пею, Гоце Делчев, София, 1904
  • Пандевски Манол, Учителското движење во Македонија (1893—1912), „Култура", Скопје, 1962.
  • Лапе, проф. Љубен, Одбрани четива за историјата на македонскиот народ, I, Скопје, 1951
  • Катарџиев, д-р Иван, Серскиот округ од Кресненското востание до Младотурската револуција. Национално-политички борби, „Култура", Скопје, 1968
  • Из миналото на Македония, Македонски вести, София, год. I, 1936
  • Думбалаков Михаил, През пламъците на живота и революцията, II, София, 1937
  • В Македония и Одринско. Спомени на Михаил Герџиков, София, 1928
  • Първанова, Зорка. Възстановяване на въоръжената борба и възстановяването на ВМОРО, во: Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи (1878 — 1944). Том 3, Освободителното движение след Илинденско-Преображенското въстание 1903 — 1919, МНИ, София
  • Елдъров, Светлозар. Офицерските братства и освободителната борба. – во: Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи 1878 — 1944, том 3 (Македонски научен институт, София 1997
  • Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 — 1944 в документи, том 1 1878 — 1912
  • Георгиев, Георги. „Македоно-одринското движение в Кюстендилски окръг (1895 — 1903)", Македонски научен институт, София, 2008
  • Битоски Крсте, Македонија и кнежевството Бугарија (1893 — 1903), Скопје. 1977
  • Петар. П. Арсов, Потекло на револуционерното движење во Македонија и првите чекори на Солунскиот комитет за придобивање на политички права за Македонија дадени од Берлинскиот конгрес, Билтен на временото претставништво на обединетата бивша револуционерна организација, Но. 8, Софија, 19.07.1919
  • Првиот централен комитет на ВМРО, Спомени на д-р Христо Татарчев, соопштува Л. Милетиќ, Софија, 1928
  • Основањето на четничкиот институт. Испраќање списоци на Егзархијата. Конгресите пред 1899 г. (од спомените на Ив. Х. Николов), Ил. Илинден III/6 (76), Софија, 1936

Надворешни врски

Даме Груев: Потекло, Образовна одисеја, Враќање во Македонија  Статијата „Даме Груев“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).

Tags:

Даме Груев ПотеклоДаме Груев Образовна одисејаДаме Груев Враќање во МакедонијаДаме Груев Волја на револуционерна МакедонијаДаме Груев Национален херојДаме Груев БелешкиДаме Груев ГалеријаДаме Груев НаводиДаме Груев ЛитератураДаме Груев Надворешни врскиДаме Груев187119 јануари190623 декемвриМакедонска револуционерна организацијаРусиновоСмилево

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СлаткаристикаКрвЗоки ПокиДен на независноста на МакедонијаВрутокКоле ЧашулеИсламски календарПреспавЃомлезеМаркетингСписок на македонски филмовиИракОхридски топчест сунѓерБорис ТрајковскиАмонијакИтар ПејоАлиса во земјата на чудатаСпоменка (книга)МакедонциЦрешаРепублика КосовоСписок на змии во МакедонијаБарањаСенкаБујар ОсманиВооружени сили на ИранЦионизамЖељко СамарџиќНепалГемиџииОпштина Демир ХисарЦрн дробКатица ЌулавковаСиријаРак на белите дробовиХрватскаЧавин де ХуантарМоликаАзијаЛокални избори во Македонија (2021)Македонски парламентарни избори, 2011Старецот и моретоСДСМСвети НиколеАлгиСвети Климент ОхридскиГаличникРазловечко востаниеОпштина КумановоСемирамидини висечки градиниРомантизамАртан ГрубиЕндометриозаЗнаме на МакедонијаСмрекаПисмоБугаријаМакедонска крвава свадбаАлпиУрошевацКвадарЕвропаМатка (кањон)Македонски парламентарни избори (2006)Големи и мали (роман)Македонско девојчеСреден векТахикардијаКвадратКожуфПрезидиум на АСНОМСолунска ГлаваМакедонски парламентарни избори (2024)Голем ГрадДенес над МакедонијаТоше ПроескиАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан🡆 More