Добовјани: село во Општина Струга

Добовјани — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Добовјани
Добовјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Панорама на селото

Добовјани во рамките на Македонија
Добовјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Добовјани
Местоположба на Добовјани во Македонија
Добовјани на карта
Координати 41°15′1″N 20°39′36″E / 41.25028° СГШ; 20.66000° ИГД / 41.25028; 20.66000
Регион Добовјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Добовјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Струга
Население 237 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6330
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26015
Надм. вис. 790 м
Добовјани на општинската карта
Добовјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Добовјани во рамките на општината
Добовјани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Добовјани на Ризницата

Географија и местоположба

Селото Добовјани се наоѓа во централниот дел на Струшко Поле, на десната страна на Црн Дрим, во Општина Струга. Селото до 2004 година припаѓало на сега непостоечката Општина Велешта. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 790 метри. Добовјани се наоѓа на 12,1 километар оддалеченост од градот Струга. Селото поседува еден од најмалите атари во Република Македонија - само 1 квадратен километар.

Историја

Селото било зафатено со борбите за време на Илинденското востание.

Познатиот српски писател Бранислав Нушиќ во својот патопис Крај бреговите на Охридското Езеро вака го опишува селото Добовјани во првата половина на XX век:

Погоре од Велешта, на Дрим, лежи селото Добовјани со 35 арнаутски куќи. Ова село лежи од двете страни на реката, а од десната страна има само три куќи. Куќите се многу расштркани. Тука е и мостот на Дрим преку кој води пат за Dебар и Струга, а тука е и друмскиот ан кој го држат Арнаути, синови на некојси Шаит од Добовјани.

На крајот на XIX век, селото дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.

Според податоците од 1873 година, селото имало 42 Македонци мажи.

Стопанство

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште зафаќа 79.8 хектари. Селото припаѓа на хидросистемот „Струшко поле“, поточно на потсистемот „Ложани“.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948173—    
1953197+13.9%
1961261+32.5%
1971306+17.2%
1981367+19.9%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
1994424—    
2002475+12.0%
2021237−50.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добовјани живееле 390 жители, од кои 240 Македонци и 150 Албанци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дабовјани е претставено како мешано македонско-албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.

Пописот во 1991 година не бил целосно одржан во Добовјани, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема целосни податоци.

Добовјани е средно по големина село во околината на Струга, коешто броело 261 жител во 1961 година, додека во 1994 година бројот се зголемил на 424 жители, албанско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 475 жители, од кои 473 Албанци и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 237 жители, од кои 235 Албанци и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 390 173 197 261 306 367 0 424 475 237

Родови

Добовјани е албанско село.

Родови во селото се: Мусаи (12 к.) доселени се од областа Матија во Албанија, они се први доселени во селото, доселени се во 1800та година. Го знаат следното родословие: Алија (жив на 54 г. во 1980 година) Шабан-Реџеп-Аљуш-Ајдар-Муса, основачот на родот кој се доселил; Туши (14 к.) доселени се од Дебарско, дошле после претходниот род; Полиси (12 к.) доселени се од селото Полис во близина на Елбасан, Албанија; Халку (6 к.) доселени се од дебарско; Дешку (2 к.), Шеху (2 к.), Винца (1 к.) и Каца (1 к.) доселени се од соседното поголемо село Велешта, подалечно потекло на овие родови е од дебарско.

Самоуправа и политика

За време на избори се гласа во основното училиште.

Литература

  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 97 стр.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Добовјани Географија и местоположбаДобовјани ИсторијаДобовјани СтопанствоДобовјани НаселениеДобовјани Самоуправа и политикаДобовјани ЛитератураДобовјани ПоврзаноДобовјани НаводиДобовјани Надворешни врскиДобовјаниОпштина СтругаСтруга

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Државни празници во БугаријаТеодосиј СинаитскиБорис ТрајковскиФјодор Михајлович ДостоевскиГраѓанска опција за МакедонијаБлагој ДавковНастинкаКантарионВили БрантАкутен панкреатитМинистер за здравство на МакедонијаМаксим ДимитриевскиСашо ОрдановскиТодор СкаловскиИндијаРусијаКрал МаркоОтоманска МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021)АзотЗијадин СелаСпоменик „Илинден“26 Април (спортска сала)ХемороидСписок на држави и територии во ЕвропаСкопски земјотрес (1963)Мултипла склерозаПетар Поп АрсовХипотироидизамПресметување на датумот на ВелигденБујар ОсманиПолскаЦеребрална парализаЧарлс IIIЗоран ЗаевБистрица (Велешко)Солунска Глава’РбетнициСписок на македонски филмовиХомеопатијаСписок на реки во МакедонијаФлуконазолОпштина Ѓорче ПетровВаршавски договорЃорче ПетровМасакрот кај ВејцеАДХДИлинка МитреваГрб на МакедонијаАнгинаМакедонциМакедонски парламентарни избори (1994)МаркетингКожичка на пенисРисКирилицаМендух ТачиЛабуништаЧешкаИсус ХристосМладотурска револуцијаХристо УзуновПопис на населението во Македонија (2021)Општина СтуденичаниЛасерДискус хернијаСпоменка (книга)СкриеносеменициДоксициклинРимско ЦарствоЉубчо ГеоргиевскиВевчаниСписок на градови во ГерманијаМакедонска револуционерна организацијаЈугославијаСписок на градови во Македонија по населениеРепублика КосовоМарјан БожиновскиМакедонска азбука🡆 More